ВЛЕН тврди дека Рамадани не користел говор на омраза


Во нашата кампања, ниту еден кандидат не користел говор на омраза, туку зборувал за патишта, училишта, водовод, економски развој, за реалните проблеми на луѓето, тврдат од ВЛЕН, откако од Левица обвинија дека кандидатот за градоначалник на Општина Брвеница од оваа коалиција, Хаќим Рамадани, дава изјави што предизвикуваат етнички тензии и шират национал-шовинизам. Настапот на Рамадани …

ВЛЕН тврди дека Рамадани не користел говор на омраза Read More »

Мицкоски од Брвеница: Говорот на противкандидатот на Илиевски е за жалење!


Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ , Христијан Мицкоски,  од Брвеница испрати порака дека сите кои и мислат добро и работат за иднината на Македонија имаат поддршка од него и Владата без разлика на етничката, верската и политичката определеност. Тој ги повика граѓаните на Брвеница да дадат поддршка за кандидатот за градоначалник Јовица Илиевски и на втори ноември …

Мицкоски од Брвеница: Говорот на противкандидатот на Илиевски е за жалење! Read More »

СДСМ се уште без одлука кого ќе поддржи во вториот круг во Скопје и Кичево


Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, најави дека  конечната одлука за тоа како ќе се постави партијата во општините каде што нема свој кандидат во вториот круг ќе биде донесена во следните денови. Во контекст на повиците за етичко гласање и поставеноста кон кандидати од други партии, Филипче потенцираше дека одлуката ќе биде резултат на внатрешна …

СДСМ се уште без одлука кого ќе поддржи во вториот круг во Скопје и Кичево Read More »

Филипче: Трајановски е неколкукратно подобар кандидат за Аеродром од тој на ВМРО-ДПМНЕ


Александар Трајановски, кандидат за градоначалник на општина Аеродром, најави денес нови игралишта, безбедни улици и пристапни тротоари како визија за општината. -Нашата визија за јавниот простор е да биде уреден согласно реалните потреби на граѓаните. Тоа значи безбедни улици, достапни тротоари и места за рекреација каде што сите, од најмладите до највозрасните, ќе се чувствуваат …

Филипче: Трајановски е неколкукратно подобар кандидат за Аеродром од тој на ВМРО-ДПМНЕ Read More »

Илиевски очекува албански гласови во Брвеница


Јовица Илиевски, кандидат за градоначалник на општина Брвеница од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, денес даде изјава за медиуми во која истакна дека без разлика на етничката припадност тој во текот на изминатиот мандат како градоначалник, а со план и во наредниот, е фокусиран на проекти, со што кажа дека и општината ќе продолжи да ја води …

Илиевски очекува албански гласови во Брвеница Read More »

Филипче најави кадровски промени во раководството на СДСМ по изборите


Лидерот на СДСМ, Венко Филипче, денеска најави кадровски промени во раководството на партијата по завршувањето на локалните избори. Тоа, како што рече, се должи на резултатот на изборите во првиот круг особено во некои скопски општини. -За мене во изминатата година и пол, после таков тежок пораз лани, по интензивна работа, сега овие избори се …

Филипче најави кадровски промени во раководството на СДСМ по изборите Read More »

ВМРО-НП: Повеќе се одбележува српската окупација од државните празници во Македонија


ВМРО-Народна партија искажува голема загриженост што оваа година прославата на „Битката на Зебрњак“ после која е окупирана Македонија и со која започнува 23 годишната српска окупација на нашата земја беше одбележана на многу помпезен начин и со поголема манифестација отколку Денот на македонската револуционерна борба. Исто така загрижени сме што бројот на настани со кои …

ВМРО-НП: Повеќе се одбележува српската окупација од државните празници во Македонија Read More »

Вреди: Албанците се разбудија – почнува новата ера без ДУИ


Политичката коалиција ВЛЕН преку соопштение до јавноста порача дека кај граѓаните се чувствува еуфорија и надеж дека „ДУИ конечно го завршува своето политичко поглавје“. Од ВЛЕН велат дека по повеќе од две децении „лошо владеење, измами и ароганција“, Албанците бараат вистински промени и нов пристап во политиката. „ВЛЕН служи како најдобар пример за модерна албанска …

Вреди: Албанците се разбудија – почнува новата ера без ДУИ Read More »

Герасимовски: Поддршката од центарци за вториот круг се зголемува, победуваме во недела!


Кандидатот за градоначалник на Општина Центар од редовите на СДСМ, Горан Герасимовски, синоќа беше на терен, на средби со граѓаните „од врата до врата“. Поддршката од центарци во пресрет на вториот круг од локалните избори за Герасимовски значително се зголемува. Тој, на вчерашните средби доби поддршка да продолжи да ја води општината како во изминатите …

Герасимовски: Поддршката од центарци за вториот круг се зголемува, победуваме во недела! Read More »

Мицкоски очекува 59 градоначалници


Резултатите од првиот круг на локалните избори јасно покажуваат дека граѓаните го избрале ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата како своја опција, порача денеска претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, во општина Лозово во рамки на изборната кампања, повикувајќи ги граѓаните за поддршка во вториот круг од локалните избори. Мицкоски изрази поддршка за кандидатот и актуелен градоначалник на Лозово, …

Мицкоски очекува 59 градоначалници Read More »

Ивановска нема да им кажува на граѓаните за кого да гласаат: Секој граѓанин си е здраворазумен и има одговорност за својот глас


Нема да ги повикувам граѓаните да гласаат за еден или друг кандидат, бидејќи секој граѓанин си е здраворазумен, има право на гласање и има одговорност кому ќе го даде својот глас, порача кандидатката за градоначалничка на Општина Центар, Билјана Ивановска, за која изборната трка заврши во првиот круг, денеска, на прес-конференција заедно со избраните советници …

Ивановска нема да им кажува на граѓаните за кого да гласаат: Секој граѓанин си е здраворазумен и има одговорност за својот глас Read More »

Вреди: Со својот речник, Али Ахмети стави катанец на НАИ


Во Вреди се „шокирани, но не и изненадени“, откако го слушнале Али Ахмети, кој, како што велат во соопштение, „повторно избувнува со банален, навредлив и недостоен јазик за човек кој некогаш тврдеше дека ги претставува Албанците“. „Од ‘загарите’ до ‘газиместан’, овој срамен јазик е најјасен доказ за губењето на контролата, паниката и политичкиот крај на …

Вреди: Со својот речник, Али Ахмети стави катанец на НАИ Read More »

Се интензивираат активностите на противкандидатите за градоначалници на осум дена пред финалното гласање на 2 ноември


Изминаа шест дена од првиот круг налокалните избори 2025. Вториот круг ќе се одржи на 2 ноември (недела), според податоците на Државната изборна комисија, во 32 општини и Градот Скопје. Во меѓувреме во Македонски Брод и за Могила двајца од кандидатите се повлекоа од трката за градоначалник во вториот круг на изборите, но од ДИК …

Се интензивираат активностите на противкандидатите за градоначалници на осум дена пред финалното гласање на 2 ноември Read More »

Претседателот на скопската организација на СДСМ, Галетановски, поднесе оставка


  Пет дена по локалните избори претседателот на Градската организација на СДСМ на Скопје, Ѓорѓи Галетановски, поднесе оставка. Причините се во лошиот резултат на СДСМ на изборите во главниот град каде кандидатот за градоначалник, Каја Шукова, заврши на четвртото место, а СДСМ освои само пет советнички места. Оставката на Галетановски ја соопштија неколку медиуми, но …

Претседателот на скопската организација на СДСМ, Галетановски, поднесе оставка Read More »

Ахмети го нарече ВЛЕН „здружение Газиместан“


  Али Ахмети, Лидерот на ДУИ, во прво обраќање по локалните избери рече дека не гледа потреба да се повлече од политиката бидејќи излегол како победник во првиот круг заедно со коалицијата Национална алијанса за интеграција. Тој ја нарече коалицијата ВЛЕН „здружение Газиместан“. Бидејќи губитникот излегува да тврди дека е победник. „НАИ на овие избори …

Ахмети го нарече ВЛЕН „здружение Газиместан“ Read More »

Колкаво е разочарувањето на Мицкоски од Касами? Бараше почит, а не го добил


  Премиерот Христијан Мицкоски вчера на два пати со горчливи и предупредувачки зборови се осврна на изјавата на тетовскиот градоначалник (кој бара уште еден мандат) и лидер на Беса, Билал Касами, во која тој рече дека ќе го поддржат кандидатот на ДУИ во вториот круг во Кичево. Иако не го спомена по име Касами, Мицкоски …

Колкаво е разочарувањето на Мицкоски од Касами? Бараше почит, а не го добил Read More »

И Николоски го нападна Билал Касами


  Прво премиерот, а потоа вицепремерот му се нафрлија на градоначалникот на Тетово, Билал Касами откако тој изјави дека во Кичево коалицијата „Вреди“ ќе го поддржи кандидатот на ДУИ за вториот круг. Александар Николоски денеска му порача на Касами дека соработката во владата може да продолжи само врз „основа на принципи и вредност“. „Ветивме дека …

И Николоски го нападна Билал Касами Read More »

Според Апасиев Мицкоски бил видовит – прв спомна политички глодари


„А ова било тоа, уствари, Мицика шо не’ викаше ПОЛИТИЧКИ ГЛОДАРИ… Пази што посакуеш, баце, може и да ти се оствари! Еве, цело Скопје со стаорци го напраивте од инат. Штеточини“, објави на Фејсбул лидерот на Левица Димитар Апасиев. По него испажа дека Мицкоски го најавил тоа што ќе го прави или барем бил видовит …

Според Апасиев Мицкоски бил видовит – прв спомна политички глодари Read More »

Вреди контра Касами, ја отфрли поддршката за Дехари во Кичево


Коалицијата Вреди потсети дека побарала кандидатот на ДУИ за Кичево Фатмир Дехари да се повлече од изборната трка по објавените компромитирачки материјали и дека кичевци мора сами да ја донесат пресудата на гласањето на 2 ноември. „По објавувањето на компромитирачките материјали, коалицијата Вреди побара повлекување на кандидатот на НАИ од трката за да се заштити достоинството …

Вреди контра Касами, ја отфрли поддршката за Дехари во Кичево Read More »

Николоски со полна уста успеси: Бенефитите од средбите во Лондон ќе ги видиме наредните години


Македонија го имаше ексклузивитетот да има посебна билатерална агенда во рамки на Самитот на Берлинскиот процес што се одржа во Лондон. Покрај тет-а-тет средбите со премиерот Стармер, билатералните средби со министрите во Владата, имавме чест да бидеме примени од страна на кралот Чарлс, а честа за Македонија е уште поголема, бидејќи имаше и двајца уметници …

Николоски со полна уста успеси: Бенефитите од средбите во Лондон ќе ги видиме наредните години Read More »