Нема одложување на европскиот систем ЕЕС, целосна примена од 10 април


  Имплементацијата на ЕЕС – европскиот систем за влез и излез за регистрација на граѓани на земји кои не се членки на ЕУ – нема да биде одложена, изјави Европската комисија за Н1. Со тоа Европската комисија ја негираше веста објавена од некои медиуми во регионот дека имплементацијата на ЕЕС се одложува од април до […]

Гаши и група македонски пратеници и функционери во посета на САД


   Претседателот на Собранието, Африм Гаши, престојува во работна посета на Вашингтон, каде што оствари низа средби со високи претставници на американските институции и на меѓународни организации во рамките на зајакнувањето на билатералните односи и меѓупарламентарната соработка. Гаши, како што соопшти собраниската прес-служба, остварил средба со членката на Конгресот на САД, Клаудија Тени, копретседателка на […]

Владата им „скрои“ закон на бугарските клубови


Владата го стави на јавна расправа Нацрт- законот за здруженија и фондации, чие носење беше директно испровоцирано од активностите на бугарските здруженија и клубови, кои доведоа до физички инциденти, пораст на говорот на омраза и најниско ниво на македонско-бугарските односи. Со новиот закон пред се треба да се уреди како ќе се (зло)употребуваат имиња на […]

Жерновски: Зборува ли некој воопшто вистина во оваа влада?


  Екс-амбасадорот и член на СДСМ, Андреј Жерновски, реагира на контрадикторните изјави од претставници на Владата во врска со состојбата на буџетот, оценувајќи дека дилемата сега не е кој лаже, туку дали некој од нив воопшто ја зборува вистината. „Последните јавни контрадикции меѓу премиерот и неговите министри не се обичен комуникациски пропуст. Тие се аларм. […]

Сиљановска им кажа на Арапите што правиме за да влеземе во ЕУ


Регулативата не е само за контрола, туку станува збор за создавање предвидлив простор каде што општествената доверба може да расте, рече претседателката Гордана Сиљановска-Давкова во своето обраќање на Глобалниот форум за владини регулативи и правда, во рамки на Светскиот самит на владите во Дубаи. Во обраќањето на тема „Законодавството како овозможувач на владеењето на правото“ […]

Петте тона дрога преминаа преку границата, партиите во судир кој е виновен


  Забележливо е дека надлежните претставници на власта молчат за големиот шверц на марихуана од Македонија во Србија (пет тони), но затоа партиите ја презедоа агендата наместо државните органи. „Трет ден по ред власта молчи за огромниот картелски скандал со заплената на пет тони дрога во соседна Србија, која дошла од Македонија. Нема ниту еден […]

Владата ја усвоила програмата за 2026, портпаролката не ја спомена ЕУ


  Портпаролката на Владата, Марија Митева, на прес-конференција објави дека кабинетот на Христијан Мицкоски на денешната седница ја усвоил програмата за работа во 2026 година, но во нејзиното подолго уводно излагање не ја спомена Европската унија. Иако рече дека владата е посветена на „европската иднина“. Таа главно ги наведе работите што веќе се во тек, […]

Беким Сали се сретна со Марта Кос, разговарале за членството во ЕУ


  На вториот ден од посетата на Брисел првиот вицепремиер и министер за европски прашања, Беким Сали, денеска се сретна со еврокомесарката за проширување Марта Кос. На средбата Сали ѝ рекол на Кос дека владата е посветена на членството на Македонија во Европската унија и спроведувањето на реформите. „Овој позитивен моментум треба да се искористи […]

СДСМ бара украденото да се врати кај народот


СДСМ бара украденото да се врати кај народот, по вчерашната изјава на премиерот Христијан Мицкоски кој тврдеше дека власта е решена да се спорави со корупцијата и да го одзема имотот стекнат на нелегален начин. „Во време кога во буџетот недостасуваат 2 милијарди евра зад грбот на народот власта спроведува грабеж преку криминални тендери.  161 […]

Сали ќе се сретне со Кос во Брисел


Првиот вицепремиер и министер за европски прашања Беким Сали, кој од вчера престојува во дводневна официјална посета на Брисел, денеска ќе се сретне со еврокомесарката за проширување Марта Кос. Покрај со Кос, во текот на својата прва посета на Брисел од стапувањето на должноста, Сали ќе има средба и со генералниот директор на Генералниот директорат […]

Сиљановска на Светскиот самит на лауреати: Вештачката интелигенција треба да се регулира


  Промената во светот бара промена во образованието, гледање на реалноста низ очите на новите генерации, рече претседателката Гордана Сиљановска-Давкова во своето обраќање на Светскиот самит на лауреати, што денеска се одржува во Дубаи, во пресрет на Светскиот самит на владите. „Вештачката интелигенција е дел од новиот модел на образование. Таа не може и не […]

Сиљановска и Муцунски на средба со Македонци во Дубаи


Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, заедно со претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, денеска во Дубаи оствари средба со Македонци кои живеат и работат во Обединетите Арапски Емирати – успешни професионалци кои со своето знаење и искуство даваат значаен придонес за локалната економија. По средбата, министерот Муцунски истакна дека Македонците во дијаспората претставуваат важен […]

Вицепремиерот Беким Сали во прва посета на Брисел


  Првиот вицепремиер и министер за европски прашања, Беким Сали, денеска и утре престојува во прва официјална посета на Брисел од стапувањето на должноста. Сали посетата на Брисел ја почна со средба со кипарската амбасадорка при Европската унија, Кристина Рафти, чија земја е актуелен претседавач со Советот на ЕУ. Во фокусот на разговорите биле реформската […]

СДСМ го повика обвинителството да отвори случај за петте тони дрога


„Во соседна Србија е запленета огромна количина од 5 тони дрога, која дошла преку Македонија, а меѓу уапсените има и косопственик на македонска фирма. Ова е огромен криминален, картелски скандал за кој мора да има одговорност“, рече на прес-конференција генералниот секретар на СДСМ, Александар (Саша) Димитријевиќ.  Според него клучното прашање на кое власта мора веднаш […]

И новиот закон за раководна служба е „врата“ за партизација и клиентелизам


Институтот за демократија Социетас Цивилис објави дека новиот Предлог-закон за високи раководители во органите на државната управа и фондовите, кој е предвиден како клучна мерка во Стратегијата за реформа на јавната администрација (2023–2030), не воспоставува суштинска деполитизација и професионализација на високата раководна служба. Во документот се нотираат неколку клучни ризици: -Врзување на мандатите на државните […]

Со повлекувањето на Кедев се разоткрива и целото сценарио против Филипче, тврди СДСМ


Повлекувањето на Сашко Кедев од здравствениот совет на Министерството за здравство е голем скандал и се разоткрива и целото сценарио против претседателот Филипче, се вели во соопштението на опозициската СДСМ. „Ништо не е случајно. Повлекувањето на Кедев е примено во Министерството за здравство на 23 јануари. Како причини тој наведува незадоволство од „започнатите контролни процеси“. […]

Меморандум за соработка меѓу СДСМ и СДП од Хрватска, двете партии ќе формираат работни групи


  Во рамки на посетата на Загреб им присуството на конгресот на Социјалдемократската партија на Хрватска, претседателот на СДСМ, Венко Филипче, и претседателот на СДП, Синиша Хајдаш Дончиќ, потпишаа Меморандум за соработка меѓу двете партии. Со потпишувањето на Меморандумот, СДСМ и СДП Хрватска ја потврдуваат заедничката посветеност на вредностите и принципите на европската социјалдемократија, како […]

Филипче на конгресот на хрватската СДП во Загреб: Авторитаризмот и олигархијата го напаѓаат трудот


  Претседателот на СДСМ, Венко Филипче денеска во Загреб се обрати на Конгресот на Социјалдемократската партија на Хрватска посветен на подготовка на новата програма и стратегија во пресрет на следните парламентарни избори.  Во своето обраќање, Филипче потенцираше дека победа на СДП Хрватска на следните избори ќе значи победа за сите социјалдемократи во регионот, но и […]

Мицкоски можеби ќе појде во синдикатите в понеделник, но постави услов


  За премиерот немало проблем да отиде в понеделник во седиштето на Сојузот на синдикатите на Македонија, но не кажа дали е подготвен да го потпише колективниот договор за зголемување на работниците од 40 отсто. Во игра на зборови тој рече: „Не е проблем јас да појдам во ССМ, понудата е на маса. Нека се […]

ЛДП го советува вицепремиерот Николоски да оди на курс за ЕУ, не ги познавал правилата


  Либерално-демократската партија (ЛДП) денеска преку соопштение вели дека била изненадена од непознавањето за правилата на Европската унија на вицепремиерот и министер за транспорт по последните случувања со протестите на транспортерите. Николоски во гостување на Сител рече дека „таргет за влез во ЕУ кој сега е нов е 2030 година. За една земја да стане […]