Османи од утре во работна посета на Рим и Ватикан


Министерот за надворешни работи на Република Северна Македонија, Бујар Османи, од утре ќе биде во работна посета на Италијанската Република и Светата Столица. Во рамки на посетата на Италија, Османи ќе оствари средба со неговиот домаќин, министерот за надворешни работи и меѓународна соработка на Италијанската Република, Луиџи Ди Мајо, а во агендата е предвиден и […]

Мицкоски од креветот во Инфективна ја одби понудата на Заев до ВМРО-ДПМНЕ


Во одговор до премиерот Зоран Заев на неговата понуда за поширока коалиција со ВМРО-ДПМНЕ, но без Христијан Мицкоски, лидерот на партијата соопшти дека се наоѓа на Инфективната клиника во сериозна здравствена ситуација по заразувањето со Ковид-19. „Имам една порака до вас, господа од власта, заедно со вашите лакеи, за мене денес е исклучително тежок ден. […]

Ахмети не гледа логика во правењето влада со опозицијата


Лидерот на ДУИ, Али Ахмети, ја искоментира изјавата на премиерот Зоран Заев околу евентуалното вклучување на ВМРО-ДПМНЕ во една поширока владина коалиција, велејќи дека за тоа не се разговарало, како и дека нема простор за такво нешто. „Мислам дека овие настани произлегуваат од дневна политика, нема нешто за истакнување, нема некои дијалози или слично за […]

Заев би правел влада со опозицијата, но без Мицкоски


Нудиме соработка од секој можен аспект. Сè што треба да направиме, да направиме, но дефинитивно мора да имате човек од другата страна, за да разговарате. Првпат го кажувам ова, сакам да отворам дебата за заедничка власт на Влада со опозицијата, изјави премиерот Зоран Заев. „Сакам да отворам дебата за заедничка власт и влада со опозицијата. […]

Според Ангел Димитров 10 отсто од граѓаните на Македонија станале Бугари


Претседателот на бугарската историска комисија, Ангел Димитров, во емисијата „Сабота 150“, ги нарече бесплодни состаноците со македонските историчари бидејќи не даваат резултат. Според него Љупчо георгиевски е единствен политичар кај нас кој бара позитивен исход. „Исклучително ми е незгодно што треба да ги опишам нашите состаноци како бесплодни. Кога не постигнуваме резултати, значењето на активноста […]

Со антикорупцискиот план Владата ќе спречува корупција на актуелната власт и ќе ги демонтира инсталациите на претходната


Ред, правда и дисциплина, е насловот и пораката од Планот за борба против корупција кој Владата го најави со Акцијата 21 за воведување на европските стандарди во нашата држава. Премиерот Зоран Заев и вицепремиерот задолжен за борба против корупција Љупчо Николовски, најавија поставување функционален систем за институциите кои стојат во првите борбени редови против корупцијата. […]

Европската Комисија бара од сите да не го политизираат пописот


Белгија– На прашање на МИА за изјавите на бугарскиот претседател пред пописот во Северна Македонија, од Европската Комисија бараат сите страни да се однесуваат конструктивно и да не го политизираат процесот, јави дописничката на МИА од Брисел. Македонската влада и македонскиот претседател обвинија за неоправдани притисоци од страна на иницијативата на бугарскиот претседател Румен Радев […]

Одбивањето на Фрчкоски не е преседан ни за САД, ни за дипломатијата


Слична судбина имаше кандидатурата на Радмила Кипријанова во времето на владата на ВМРО-ДПМНЕ и Демократска алтернатива, која не стигна до тоа да не добие агреман, бидејќи САД веднаш сигнализираа дека нема да ја прифатат   Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, се мачеше денес да им објасни на медиумите дека давањето агремани на кандидат за […]

Владата појаснува: Софија нема побарано Бугарите да влезат во Уставот


По денешната изјава на министерот за надворешни работи, Бујар Османи, дека тој нема ништо против Бугарите како етничка заедница да влезат во Уставот, но дека такво нешто досега не било побарано, Владата во изјава за „Независен“ вели дека Македонија е „граѓанска држава и нашиот устав ги гарантира правата на сите граѓани без оглед на нивната […]

Бугарската БНТ- телевизија или пропаганда?


    Политичката партија ГРОМ реагира на емитувањето на бугарската национална телевизија БНТ во Македонија , оценувајќи дека предвидувањата се оствариле и дека  уште со првото вчерашно емитување во Македонија БНТ „арогантно, некултурно и до крај безобразно ја презентираше својата шовинистичка пропаганда“. БНТ, по повод ослободувањето на Бугарија и Санстефанскиот договор вчера емитуваше документарец во […]

ДУИ подготвена да преговара со Алтернатива, таа и е верна на Алијансата


  ДУИ е подготвена да преговара и да ја земе опозициската Алтернатива во парламентарното мнозинство, секако доколку таа ја прифати програмната и стратешкиот владин план, изјави за емисијата Клик Плус министерот  Бујар Османи.  Османи вели дека Албанците треба да имаат и опозиција истакнувајќи дека другите опозициски партии не се подготвени да ја водат државата. Но […]

СДСМ ќе поддржи една изборна единица за следните парламентарни избори


Премиерот Зоран Заев денеска изјави дека СДСМ ќе даде поддршка на предлогот на помалите политички партии за избор на пратеници во една изборна единица, што, како што нагласи е и нивно изборно ветување, бидејќи тоа, според него, значи унапредување на демократијата и давање шанса на помалите партии за рамноправност. – Ние сме за една изборна единица. Уште […]

Помалите парламентарни партии поддржани од СДСМ поднесоа измени на Изборниот законик со барање Македонија да биде една изборна единица


Пратениците од Деморатски сојуз, Левица, ВМРО-НП, ЛДП и СДСМ до Собранието денеска поднесоа Предлог закон за измени и дополнувања на Изборниот законик, со којшто се предвидува Северна Македонија да биде една изборна единица на следните парламентарни избори наместо шесте изборни единици во коишто досега се бираа пратеници. -Се предвидува Македонија да биде една изборна единица, […]

Заев не сака да ги коментира пишувањата за Фрчкоски додека не завршат постапките за амбасадори


 Премиерот Зоран Заев денеска не сакаше да ги коментира пишувањата во дел од медиумите за Љубомир Фрчкоски за амбасадор во Вашингтон. Одговарајќи на новинарски прашања, Заев рече дека ниту Владата, ниту било која институција коментира амбасадори додека не завршат постапките. – Можам да потврдам дека ниту Владата, ниту било која институција коментира амбасадори додека не […]

Бугарите не барале да влезат во Уставот, Османи сам им нуди


Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, изјави денес дека во ниту една прилика досега, додека разговарал со бугарски преставници, не било побарано да се внесе бугарската етничка заедница во Уставот, но ако некој го користи тој аргумент за да тврди дека се нарушени нивните права, тој нема никаков проблем да го поддржи тоа, поврзувајќи го […]

Резолуција на ЕП за Македонија: Брисел треба да покаже јасна волја за меѓувладината конференција


Европратениците од Комисијата за надворешна политика на Европскиот парламент (ЕП) гласаа за извештајот за Македонија дека Европската унија (ЕУ) треба да покаже јасна политичка волја и да ја одржи првата меѓувладина конференција, што официјално ќе го означи почетокот на пристапните преговори, јави дописникот на Радио Слободна Европа од Брисел. „Ова треба да се направи што […]

Османи не е против Бугарите да се спомнат и во Уставот


  Бугарите во земјава треба да се чувствуваат како слободни граѓани, кои ќе ги имаат сите права, вели министерот за надворешни работи Бујар Османи. „Бугарите во Северна Македонија треба да се чувствуваат како апсолутно слободни граѓани кои може да се организираат како колективна заедница, и ќе ги имаат сите права, па ако треба и нивно […]

Османи: Никогаш не сме кажале дека Фрчкоски е кандидат за амбасадор


Министерството за надворешни работи во ниту еден момент не кажа дека Љубомир Фрчкоски е кандидат за амбасадор, изјави шефот на дипломатијата Бујар Османи во синоќешното гостување на ТВ21. – Во ниту еден момент ние не сме кажале дека е кандидат или дека е отфрлен или прифатен, затоа што процедурите на кандидатури на амбасадор, односно амбасадори, […]

ВМРО-ДПМНЕ се надмина во примитивизмот: Фрчковски бил женомрзец, атентатор и лустриран кодош


ВМРО-ДПМНЕ се надмина денес во омилениот „спорт“, девалвација на луѓе, овојпат околу шпекулацијата дека Љубомир Фрчкоски е одбиен како предлог за амбасадор од САД.   -Државава ја тресе нов скандал, вратен е  предлогот за Љубомир Фрчковски за амбасадор во САД поради тепање на жени, нерасветлен атентат врз Глигоров и лустриран кодош. Заев со нов скандал за […]

Ќучук: Комисијата за надворешни работи на ЕП го усвои Извештајот за напредокот на Северна Македонија на патот кон ЕУ


 Комисијата за надворешни работи на Европскиот парламент ги усвои извештаите за напредокот на Северна Македонија и Албанија на патот кон ЕУ, информира европратеникот и известувач за земјава Илхан Ќучук. Во изјава на Бугарското национално радио (БНР), Ќучук нагласи дека документите биле усвоени откако попладнево бил постигнат компромис околу Извештајот за земјава. Според Ќучук, во Извештајот […]