Заев: Добредојдени се пријатели кои сакаат да помогнат, но спорот со Бугарија е сепак билатерален


Секојпат се добредојдени пријатели кои сакаат да помогнат, но дефинитивно ова е билатерален спор и така треба да го решиме, реше денеска премиерот Зоран Заев. Во вчерашниот телефонски разговор со неговиот бугарски колега, премиерот Јанев, Заев рече дека се договорени некои следни чекори кои верува, како што истакна, дека ќе бидат потврдени и од бугарска […]

Основана нова политичка партија Движење за демократија права и слобода


Пред неколку дена во Битола е основана нова политичка партија Движење за демократија права и слобода (ДПС). На основачкото собрание одржано во Битола за претседател на ДПС е избран долгогодишниот граѓански активист Един Јакуповиќ, кој во своето кратко обраќање изјави дека ја прифаќа одговорноста да го предводи ДПС со тим кој е составен од многу […]

Панел „Патот до Преспа форум за дијалог“ во организација на МНР


Панел „Патот до Преспа форум за дијалог“ во организација на Министерството за надворешни работи денеска ќе се одржи во Скопје како воведен настан за претстојниот Преспа Форум дијалог кој ќе се одржи на 1 и 2 јули 2021 година. Домаќин на настанот е министерот за надворешни работи  Бујар Османи, а  панелот е замислен како дискусија […]

Скопје и Софија согласни дека е потребен конструктивен дијалог и дека европската иднина на Македонија има перспектива


Европската иднина на Северна Македонија има перспектива и двете држави треба да работат со уште поголема доверба и дијалог, кој треба да се води меѓу рамноправни соговорници, без потценување, со меѓусебна почит за да се постигне напредок и прогрес, порачаа вчера од Рим македонскиот и бугарскиот претседател Стево Пендаровски и Румен Радев. Потребата од дијалог […]

Инциденти со Бугари во Загреб по острата изјава на Зоран Милановиќ за Македонија


На неколку бугарски државјани остро им било забележано дека Софија води „валкана политика против Македонија“. Полицијата ги истражува инцидентите   Острата изјава на хрватскиот претседател Зоран Милановиќ против бугарската блокада на Македонија веројатно е поврзана со неколку инциденти против бугарски државјани во Загреб. Како што пишува „Јутарњи лист“ се случиле три инциденти, полицијата истражува два […]

Заев разговараше со бугарскиот премиер Јанев


Политичките лидери на двете земји имаат одговорност да создадат услови за дијалог и за конструктивни разговори, заклучија денеска во телефонски разговор премиерите на Северна Македонија и Бугарија, Зоран Заев и Стефан Јанев. Заев му го честита изборот на Јанев за претседател на службената Влада на Република Бугарија и му посака плодна и успешна работа. Како […]

Радев: Не ни требаат ни посредници ни преведувачи, решени сме да изградиме мостови меѓу двете држави


Македонија има европска перспектива, но на тоа треба да работат двете земји со уште поголема доверба и поинтензивен дијалог. Ние, двете држави, треба заедно да ги  решиме тие нешта, не Брисел, не Париз, не Берлин, туку ние взаемно, порача во заедничка изјава со претседателот Стево Пендаровски бугарскиот претседател Румен Радев од Рим. Тој оцени дека […]

Мицкоски бара од ЕУ преговори во јуни, а нови договори ВМРО-ДПМНЕ нема да почитува


Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, денеска од Прилеп побара Европската унија Македонија „да отпочне безусловни преговори за влез во ЕУ уште во јуни, бидејќи тоа не е нешто кое што Република Македонија го бара како милостина, туку таа тоа го заслужува“.  Според него, Македонија е една од земјите која што направила најголем број отстапки и […]

Радев: Нема потреба од посредници меѓу Софија и Скопје


Немаме потреба од посредници, никој од нас подобро не ја знае нашата историја. Решението на проблемите зависи од нас, од конструктивниот дијалог врз историски документи и извори на кои ќе работи заедничката комисија, изјави денеска во Рим бугарскиот претседател Румен Радев во врска со предлогот европските историчари да се вклучат во бугарско-македонската историска комисија. Радев […]

Пендаровски му подари дрес од фудбалската репрезентација на папата Франциско


Претседателот Стево Пендаровски денеска во Ватикан имаше аудиенција кај папата Франциск. Како што објави шефот на државата на Фејсбук, потврдено е искреното пријателство и длабоките врски меѓу Светата Столица и Република Северна Македонија. „Добивме поддршка и благослов да продолжиме посветено да работиме за мир, среќа и благосостојба на сите наши граѓани. Врз темелите на бесмртното […]

Растат гласовите во Бугарија дека нема да има договор во јуни. На хорот се приклучи и историчарот Стефан Дечев


Како што се интензивираат разговорите околу португалскиот предлог за решавање на спорот меѓу Бугарија и Македонија, така се зголемува бројот на политичарите и историчарите во Софија кои мислат дека во јуни нема да се случи ништо позитивно. Пред некој ден тоа го изјави и известувачот за Македонија во Европскиот парламент, Илхан Ќучук кога наеднаш ги […]

Од идната седница пратениците во редовната сала, нема веќе ковид блокади


Пратениците во Собранието се вакцинирани со втората доза и, со оглед на тоа дека поминаа повеќе од две недели од ревакцинацијата, претседателот Талат Џафери планира наредната седница да биде во редовната сала. На тоа сепак, нагласи Џафери, треба да претходи препорака и оценка на Комисијата за заразни болести на Министерството за здравство.  Наредната седница треба […]

Умерен оптимизам за решение на спорот со Бугарија во јуни


Состанокот на Советот за општи работи на ЕУ на 22 јуни за време на португалското претседателство за Германија е добра можност Скопје и Софија да дојдат до решение на проблемот прифатливо за двете страни. Скопје пак е умерен оптимист дека тоа е можно, но само доколку постои добра волја и кај Софија. Германскиот државен министер […]

Рот: Не ја искачивме планината, но заедно можеме да го направиме тоа (Видео)


Толку е убаво повторно да си овде, ја почна прес-конференција Михаел Рот, германски државен министер за Европа, кој денес престојува во Скопје. „Сѐ уште не ја качивме планината, но само солидарно и заедно можеме да го направиме тоа. Некои од вас можеби се прашаа каде беше Европа изминатите месеци и недели. Сакам да ве убедам […]

(Видео) Пендаровски од Рим: Радев е културен и сериозен, но се држи до бугарските барања


Италија ќе се заложи за Македонија и за целиот Западен Балкан, кој предолго остана во чекална, процесите за интеграција да се забрзаат, изјави претседателот Стево Пендаровски по средбата со претседателот на Италија Серџо Матарела. Околу спорот со Бугарија Пендаровски рече дека не разговарал со Матарела во деталји бидејќи тоа не е негова обврска, дека предлогот […]

Димитров – Која: Почетокот на пристапните преговори неопходен импулс за спроведување на реформите


Вицепремиерот задолжен за европски прашања Никола Димитров денеска имаше средба со шефот на Мисијата на ОБСЕ во Северна Македонија, амбасадорот Клеменс Која, на која било разговарано за тековните состојби и приоритетите во процесот на демократизација и европеизација на македонското општество. Посебен фокус бил ставен на областите каде ОБСЕ активно и во континуитет обезбедува поддршка како […]

Пендаровски и Радев ќе ја обновуваат довербата меѓу двете земји


Македонскиот и бугарскиот претседател денеска од скопскиот аеродром порачаа дека е време да биде обновена довербата меѓу двете земји откако односите паднаа на најниско ниво по блокадата на Софија на европскиот пат на Македонија. Авионот со Румен Радев денска слета во Скопје за да го земе Стево Пендаровски  и заедно да заминат на чествувањето на […]

Добрила Кацарска на чело на Уставниот суд


Неколку месеци по нејзиниот избор за уставен судија, Добрила Кацарска денеска беше избрана за нов претседател на Уставниот суд. Таа добила шест гласа од деветте уставни судии што претставува неопходното двотретинско мнозинство. Досегашниот претседател Сали Мурати ја закажа седницата за избор на нов претседател затоа што нему и на уште двајца уставни судии (Никола Ивановски […]

(ВИДЕО) Средба на Пендаровски со Радев


Во интерес на регионот и на македонскиот и бугарскиот народ е да ги негуваме добрососедските односи. Сите отворени прашања да ги решаваме во духот на меѓусебното разбирање и доверба, напиша на Фелсбук по кусата средба со бугарскиот претседател Румен Радев шефот на државата Стево Пендаровски, пред да заминат заедно за Рим.