„Политико“: Бугарија губи пријатели со голема брзина


Бриселски „Политико“ пишува дека по вчерашниот состанок на Советот за општи работи, на кој Софија повторно стави блокада за Македонија, Бугарија е изолирана. Во текстот насловен: „Заборавете на проширувањето, продолжува да вели Бугарија“, неколку дипломати на „Политико“ му изјавиле дека Софија продолжува да го блокира одржувањето на првата меѓувладина конференција поради домашни историски политики кои […]

Партиите блиску до договор за измени на Изборниот законик согласно препораките на ОБСЕ/ОДИХР


Работната група за подготовка на измените на Изборниот законик формирана од Министерството за правда е блиску до договор во однос на препораките на ОБСЕ/ОДИХР, информираат за МИА од Министерството за правда, посочувајќи дека преостанува уште малку време за усогласување на ставовите бидејќи предлогот треба да биде доставен до Собранието. Во однос на изборниот модел, главниот […]

Седница на собраниската Законодавно-правна комисија


Во Собранието за денеска е закажано продолжение на 60.  седница на Законодавно-правната комисија. Комисијата треба да расправа за Предлог законот за изменување и дополнување на Законот за субвенциониран студентски оброк, по скратена постапка, во второ читање (поднесен од: Дарко Каевски, Лолита Ристова, Марија Костадинова, Жаклина Лазаревска, Бисера Костадиновска Стојчевска, Даниела Колева, Драгица Ѓавочанова, Ненад Коциќ, […]

Османи: Сè уште има енергија и кредибилност процесот на евроинтеграција


 Важна констатација и одлука од денешниот состанок е дека Словенија, словенечкото претседателство, го презема португалскиот предлог и продолжува да работи на него со еден силен одек на поддршка од 26  земји членки којшто е невиден досега во однос на кое било прашање во Европскиот совет, рече министерот за надворешни работи Бујар Османи. Според Османи, и […]

Вархеји: Почеток на преговорите со С. Македонија и Албанија останува приоритетно прашање


Почеток на преговорите за пристапување во ЕУ со С Македонија и Албанија останува приоритетно прашање, порача вечерва еврокомесарот за проширување и соседска политика Оливер Вархеји по состанокот на Советот за општи работи во Луксембург. -Во врска со ситуацијата со Албанија и С. Македонија,  во текот на изминатите месеци, направено е многу и постигнат е значителен […]

Димитров: Не креваме раце, нашите позиции се кристално јасни


Не креваме раце, правиме се што можеме во рамки  на едно европско достоинствено решение, мислам дека нашите позиции стојат на кристално јасни позиции, мислам дека проблемот веќе е поголем од нашата мака, лекциите и пораките ги слуша целиот Балкан и се повеќе слушаме земји членки коишто велат вие испорачавте, мора да најдеме начин и ние […]

Нема преговори за Македонија, блокадата на Бугарија сега ќе ја решава словенечкото претседателство


Иако имало „длабока дебата“ за проширувањето на Европската унија и датумот на првите меѓувладини конференции со Македонија и Албанија, не беше постигнат договор, објави попладнево на прес конференција португалската министерка за европски прашања Ана Паола Закаријас. „И покрај сите напори не беше возможно да се постигне договор за отворање на преговарачкиот процес за Македонија и […]

Деманти од Владата: Заев не разговарал со Ахмети околу знамето, грбот и химната


Извори од кабинетот на премиерот велат дека ниту во Владата, ниту во владејачката партија СДСМ, ниту со Зоран Заев е разговарано за промена на знамето, грбот или химната на државата. Лидерот на ДУИ, Али Ахмети, во дебатна емисија на ТВ Клан во понеделникот изјави дека „се разговарало и за химната и за грбот и за […]

Бугарија ја поддржа Албанија за преговори со ЕУ во Луксембург


На состанокот бугарскиот претставник рекол дека Софија е отворена за конструктивен дијалог со Скопје за време на словенечкото претседателство   Министерството за надворешни работи на Бугарија попладнево ги соопшти причините зошто ја блокирало уште еднаш Македонија во ЕУ и објави дека нејзиниот претставник на седницата на Советот за општи работи во Луксембург го поддржал отворањето […]

Александар Николоски во Луксембург помагал за датум за преговори


Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски, денеска во Луксембург каде што се одржа Советот за општи работи на ЕУ, оствари средби со министерот за надворешни работи и трговија на Република Унгарија, Петер Сијарто, министерот за надворешни и европски прашања на Република Хрватска, Гордан Грлиќ Радман и претставници од Европската комисија каде што се разговараше за стратешките […]

Пендаровски вели: Мора да бараме алтернативи, САД на прво место


Претседателот Стево Пендаровски денеска го отвори прашањето дека доколку продолжи понатаму блокадата на Бугарија, а ЕУ го држи под мраз проширувањето Македонија „мора да бара алтернативи“. Зборувајќи на панел дискусија на тема „Триесет години независност и евро-атлантските перспективи на Република Северна Македонија“, во организација на невладината организација „Еуропроспера“, Пендаровски рече дека „треба да ја донесеме […]

Османи: Само Радев има мандат да го повлече ветото


Можноста да се добие почеток на преговори за членство на 24 и 25 јуни на Самитот на лидери на ЕУ е теоретска, имајќи предвид дека во моментот во Бугарија има комплексни политички услови и контекст, и единствено претседателот на државата има целосен политички мандат и можност да се повлече ветото, односно да се донесе одлука на […]

Рот: Да ја исполниме нашата обврска кон Mакедонија СЕГА!


Шефот на германската дипломатија Микаел Рот пред почетокот на расправата за Македонија и за Албанија во ЕУ повика билатералните прашања да не ја држат заложник целата Европска унија. „Оставете билатералните прашања да се третираат билатерално, без да се блокира целата Европската унија да се движи напред. Да размислуваме стратешки и да сфатиме дека треба да […]

Шведска силно ја поддржува евроинтеграцијата на Македонија


 На билатерална основа имаме одлични односи долго време со Северна Македонија. Шведска силно ја поддржува европската интеграција на Северна Македонија и реформската агенда на земјата, изјави денеска во Скопје шведската министерка за надворешни работи Ан Линде, на заедничка прес-конференција со шефот на дипломатијата Бујар Османи. Линде, која во рамките на шведското претседателство со Организацијата за […]

Османи на Линде и го врачи постхумното признание за Ана Линд, по повод 30 години независност


Шефот на дипломатијата Бујар Османи, посетата на неговата шведска колешка Ан Линде на Скопје, ја искористи да и го врачи постхумното признание по повод 30 години независност, за Ана Линд, поранешна министерка за надворешни работи на Шведска и претседавач со Советот на ЕУ во 2001. – Ние особено го вреднуваме придонесот на Ана Линд, низ призмата […]

Пендаровски: ЕУ е одговорна за блокадата на преговорите, не ние


Претседателот Стево Пендаровски изјави дека раководството на Европската унија и европските партнери се одговорни за големото одложување на процесот на интеграција на Македонија и Турција, кои со години имаат статус на кандидати. Во интервју за турската агенција Анадолија, Пендаровски ги стави Македонија и Турција заедно како кандидати кои чекаат 16 години за придвиќување на процесот […]

Бугарија не попушта за Македонија, ЕУ не сака одвојување од Албанија


Министрите за европски работи на ЕУ до предмалку дебатираа во Луксембург за усвојувањето на преговарачката рамка за Северна Македонија и Албанија, според дипломатски извори од ЕУ, Бугарија одбила да попушти, јавува дописничката на МИА од Брисел. Дебатата за проширувањето претпладнево на министерскиот состанок во Луксембург била прилично интензивна, пренесуваат дипломатите, посебно во однос на Северна […]

Грлиќ Радман: Отворање преговори со Северна Македонија и Албанија што е можно поскоро


Северна Македонија и Албанија ги исполнија сите критериуми за отворање на пристапните преговори, а Косово заслужува визна либерализација. Тоа го нагласи денеска во Луксембург, хрватскиот министер за надворешни работи Гордан Грлиќ Радман. – Албанија и Северна Македонија ги исполнија сите критериуми и веруваме дека треба да се отворат пристапни преговори со нив што е можно […]

Ирена Јовева : Многумина во ЕП сметаат дека уцените кон Северна Македонија се претерани и неприфатливи


Франција – Билатералните прашања не смеат да се користат за блокирање на европскиот пат. Такви прашања можат да се решаваат во меѓувреме, но билатерално и не може да бидат поврзани со преговорите. Европскиот пат не смее да биде жртва или заложник на политиката и историските расправии. Европската Унија е создадена врз принципите на плурализам и единство […]