Џафери: Да ја чуваме татковината


На патот на нашето растење и созревање, воедно и опстојување како држава, се соочувавме со многу предизвици кои не научија дека еднаш добиена држава, не значи и засекогаш гарантирана држава, напротив, значи дека секој нов ден е благослов, и дека секој нов ден е можност и шанса да научиме повеќе за тоа како да живееме […]

Пендаровски: Независноста е нашето најголемо достигнување


Претседателот Стево Пендаровски на прославата на 30-годишнината од независноста одговори на дилемата што ја поставуваат некои во државата – дали ја заслуживме и дали ја оправдавме независноста? Притоа тој оцени, дека со сите слабости во раководењето со државата, по сите иселени, независноста е нашето најголемо достигнување и дека нема трошка сомнеж во тоа. Ова е […]

Фото галерија од дефилето по повод независноста


Со интонирање на државната химна, почна официјалниот дел од церемонијата по повод јубилејот – 30 години независност на државата што се одржува во центарот на Скопје, пред Парламентот. Претходно се одржа дефилето на кое беа преставени дравствени работници, спортисти, пожарникари, припадници на полицијата и армијата, рудари, земјоделци, волонтери на Црвен крст, извидници, национални ансамбли и […]

Макрон: Вашиот успех е пример за регионот


  Францускиот претседател Емануел Макрон упати честитка до претседателот на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски по повод 8 септември, Денот на независноста. -По повод националниот празник на Република Северна Македонија, во име на Франција и во мое лично име, Ви ги упатувам моите најискрени честитки. Сакам и да Ви го пренесам моето воодушевување за патот кој […]

Николчо Илиев кандидат за градоначалник на Кочани


Актуелниот градоначалник на општина Кочани, Николчо Илиев е кандидатот на СДСМ и Коалицијата „Најдоброто за мојата општина“ за градоначалник за претстојните локални избори.    -Со бројните реализирани проекти, со големата поддршка од граѓаните и членството, Илиев е најдобрата понуда за Кочани и за следните четири години.  Кочани мора да продолжи да се развива и напредува, […]

Почна централната церемонија по повод јубилејот – 30 години независност


Со изведба на делото „Симфонија за филхармонија“ од композиторот Живоин Глишиќ, попладнево пред Парламентот почна централното одбележување на јубилејот – 30 години независност на државата. Здравствени работници, спортисти, пожарникари, полицајци и војници, рудари, земјоделци, волонтери на Црвен крст, извидници, национални ансабли и културно-уметнички друштва дефилираат во центарот на главниот град, по што ќе стартува и […]

ВМРО-ДПМНЕ со паралелна прослава за независноста


Исто како и за 2 Август, и за Денот на независноста ВМРО-ДПМНЕ  организира  паралелна прослава во Битола. Додека трае централната прослава пред Собранието, лидерот на оваа партија ќе се обраќа пред својата публика на својата прослава. Ваквото однесување не наиде на разбирање и на тие што се дел од тоа сценарио, како што претходно на […]

Груби: Албанците беа за независност


Првиот заменик на претседателот на Владата и министер за политички систем и односи меѓу заедниците, Артан Груби, им го честита на граѓаните 8 Септември, Денот на независноста. -Последните 30 години не научија дека кога заедно ја градиме иднината, врз основа на меѓусебното почитување и рамноправност, прегрнувајќи ги вредностите, разликите и диверзитетот како можност а не […]

Честитка од Софија: Бугарија е подготвена секогаш да и помогне на Македонија


Бугарскиот министер за надворешни работи Светлан Стоев денеска упати честитки по повод 8 Септември, Денот на независноста на Северна Македонија, соопшти прес-центарот на бугарското МНР. Мминистерот Стоев потенцира дека Бугарија беше првата земја во светот што ја призна независноста на тогашна Република Македонија, а искажаната бугарска поддршка за стремежите на младата држава беше природен и искрен чекор, […]

Договор на СДСМ со 20 партии за заеднички настап на локалните избори


СДСМ и уште 20 партии попладнево потпишаа Договор за заеднички настап на претстојните локални избори. Како што изјави лидерот на СДСМ Зоран Заев по заедничката средба во партискиот штаб, дефинирани се соработки на повеќе нивоа, заеднички советнички листи и 69 градоначалници. Вака поставена, рече Заев, коалицијата е гарант дека ќе продолжи напредокот на државата, равзојот […]

Утре завршува увидот во Избирачкиот список


 Заклучно со вторник, 7 септември, вкупно 13.502 лица се провериле во Избирачкиот список, поднесени се вкупно 122 барања за запишување во Избирачкиот список, 31 барање за бришење на податоците од Избирачкиот список и 39 барања за измена на податоците во Избирачкиот список.   Исто така, до Државната изборна комисија, на е-маил адресата [email protected]  се поднесени вкупно 73 барања.   Постапката за јавен увид […]

Заев: Почит кон генерацијата што го зачува континуитетот на државноста


Беше чест да се сретнам со дел од пратениците на првиот состав на Собранието на самостојна Република Македонија, која ги постави темелите на независноста на нашата држава, на церемонијата за доделување на орденот „8 Септември“ на Стојан Андов, прв претседател на првото повеќепартиско Собрание, и на пратениците во Собранието на Република Македонија во мандатниот период […]

Орден „8 Септември“ за првиот претседател на Собранието Андов и пратеници во мандатниот период од 1990 – 1994 година


Претседателот Стево Пендаровски со орден „8 Септември“ денеска ги одликува Стојан Андов, прв претседател на првото повеќепартиско Собрание, како и пратениците во Собранието на Република Македонија во мандатниот период од 1990 до 1994 година. Во своето обраќање Пендаровски порача дека политичките елити во земјата треба одново да постигнат единство околу најважните прашања за иднината на […]

Блинкен испрати честитка за независноста


Државниот секретар на САД, Антони Блинкен, испрати писмо до шефот на дипломатијата, Бујар Османи, во кое честита 30-години независност и порачува дека САД се големи поддржувачи на Северна Македонија. „САД се покрај вас додека вие продолжуваше со вашите напори за зголемување на просперитетот на сите ваши граѓани, унапредувајќи го владеењето на правото и засилувајќи ги […]

Мицкоски: Денот на независноста – круна на борбата за независна, самостојна и суверена македонска држава


Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски честитајќи им го на граѓаните 8-ми Септември, Денот на независноста, потенцира дека овој празник е круната на борбата за независна, самостојна и суверена македонска држава, денот кога се исполни идеалот на Илинденците и борците од НОБ, но и илјадниците храбри синови и ќерки кои се бореа и ги положија своите […]

Демократскиот сојуз оди на избори со СДСМ


Претседателството на Демократскиот сојуз, на седницата одржана на 7 септември, донесе Одлука на претстојните локални избори да настапи заедно со СДСМ. -Демократскиот сојуз подолго време се подготвува за учество на изборите при што врз основа на темелни анализи, сондажа на јавното мислење и изборните правила, како и програмските определби, одлучи да ја продолжи соработката со […]

Цвеќе за покојните претседатели Киро Глигоров и Борис Трајковски (фото)


Претседателот Стево Пендаровски, премиерот Зоран Заев и бројни други делегации претпладнево положија венци свежо цвеќе на вечните почивалишта на поранешните претседатели на државата Киро Глигоров и Борис Трајковски со што започна одбележувањето на 30-годишнината од независноста. Поранешните претседатели на државата Глигоров и Трајковски дадоа значаен придонес во воспоставувањето на самостојната државност на нашата земја. Во […]

Ќучук: Северна Македонија стана успешен модел за мултиетничка коегзистенција и фактор на стабилност на Западен Балкан


Специјалниот известувач во Европскиот парламент за Северна Македонија, Илхан Ќучук упати честитка до граѓаните по повод Денот на независноста посочувајќи дека нашата земја стана успешен модел за мултиетничка коегзистенција и фактор на стабилност на Западен Балкан. -Северна Македонија има посебно место во моето срце за нејзините прекрасни луѓе со кои имав можност да се сретнам […]

Привршуваат подготовките за локалните избори, ОБСЕ/ОДИХР ги проверува терминалите за отпечатоци од прсти


Мисијата на ОБСЕ/ОДИХР го започна процесот на набљудување на локалните избори закажани за 17 октомври, остануваат уште два дена за увид во Избирачкиот список и четири дена за поднесување кандидатури за градоначалници и советнички листи за изборите. Обуките за употреба на терминалите за вчитување на отпечатоци од прсти се отпочнати. Првпат на овие избори во […]

Честитка од Џо Бајден – САД остануваат силни поддржувачи на Македонија


Претседателот на Соединетите Американски Држави, Џо Бајден, по повод 8 Септември, Денот на независноста, упати честитка до претседателот, Стево Пендаровски во која се нагласува дека САД остануваат силни и непоколебливи поддржувачи на Македонија. Еве ја во целост честитката на Бајден. „Почитуван господине претседател, Во име на американскиот народ, го честитам денот на независноста на Северна Македонија. […]