Москва протера уште еден македонски дипломат, колкумина останаа во амбасадата


Ако продолжи меѓусебното протерување на идпломати на Македонија и Русија постои реална опасност малубројната македонска амбасада во Москва да остане без персонал. Руското министерствот за надворешни работи денеска кусо соопшти дека уште еден вработен во амбасадта на Македонија во Русија е прогласен за персона нон грата. Ова е одговор на постапката на македонските власти во август кога протераа руски дипломат.

„На 4 октомври в.д. амбасадорката на Република Северна Македонија во Руската Федерација Оливера Чаушевска-Димовска, беше повикана во Министерството за надворешни работи на Русија, каде што ѝ беше врачена нота од Министерството со која се прогласува за вработен во Амбасадата на Северна Македонија во Москва за персона нон грата“, еоопштио руското министерство

Во текот на една година Македонија им одзеде акредитации на двајца дипломати од Руската Федерација поради различни активности недозцволени во дипломатската практика.