Алтернатива ќе одлучува дали е за избори или за зголемување на мнозинството


Пратеникот Скедер Реџепи од Алтернатива изјави дека од денеска претстојат два големи предизвика – едниот е сите политички чинители да седнат и консензуално да го донесат буџетот за следната година, па да одат на брзи парламентарни избори, а вториот да се прошири мнозинството. Реџепи најави дека партиските тела на Алтернатива деновиве ќе одлучат кои од […]

СДСМ му рече „не“ на ВМРО-ДПМНЕ за брзи избори


СДСМ го одби барањето на ВМРО-ДПМНЕ за организирање брзи парламентарни избори, откако вчера не успеаја да изгласаат недоверба на владата.   -Христијан Мицкоски треба да излезе пред граѓаните за да им се извини и да даде оставка. Криење зад брзи избори навистина нема смисла пред граѓаните по толку кажани лаги. Сега не е време за […]

Хоџа се повлече од функцијата министер


Аријанит Хоџа, министерот за земјоделство, од редовите на Беса, објави дека се повлекува од функцијата. На прес-конференцијата што се одржа пред Владата, Хоџа кажа дека оставката е поради нарушување на демократските вредности во државата, додавајќи дека од функција се повлекуваат и двајцата заменици-министри. „Kако што ветив минатата недела дека поради нарушување на демократијата на локалните […]

Борисов: ЕУ ќе ја понижи Бугарија за зелено светло за Северна Македонија, поради лошите политики на Радев


ЕУ ќе ја понижи Бугарија со цел Северна Македонија да добие зелено светло за почеток на преговорите и сето тоа е поради неуспешната надворешна политика на Румен Радев, изјави за Нова ТВ поранешниот бугарски премиер и лидер на партијата Граѓани за европски развој на Бугарија (ГЕРБ), Бојко Борисов. Како што јави дописникот на МИА од […]

Маричиќ: Лекциите од минатото се научени, а македонската иднина е европска


Нов ден, нова надеж, научени лекции и иста цел. Вчерашниот неуспех на ретроградните сили да ја урнат Владата е само дополнителна обврска за нас, да продолжиме во битката за нашата европска иднина, напиша денеска министерот за правда Бојан Маричиќ, на неговиот фејсбук статус. Од денеска, вели тој, целата енергија ќе ја насочиме кон решавање на […]

Грчките медиуми: Заев се спаси во последната минута


„Северна Македонија: Владата на Заев ја преживеа иницијативата за недоверба поради немање кворум во Собранието“, „Пораз за опозицијата во Северна Македонија, која не обезбеди 61 пратеник за да го „турне“ Заев“, „Северна Македонија: Како Заев го надмина предлогот за недоверба“, „С. Македонија: Трилер седница за гласањето недоверба на Заев“, „Северна Македонија – Заев се спаси […]

Ахмети се јави, надвладеала совеста


Лидерот на ДУИ, Али Ахмети, по вчерашните случувања во Собранието, каде што пропадна гласањето недоверба на Владата, преку својот фејсбук профил порача дека преовладала свеста за прозападните вредности и за заедничките достигнувања: „Пријателството со САД и ЕУ, но и со земјите од регионот е без алтернатива и неприкосновено под никакви услови и под никакви околности. […]

Кастриот Реџепи ќе одржи прес конференција идниот понеделник


Пратеникот од Движењето БЕСА, Кастриот Реџепи најави дека во понеделник на прес-конференција ќе се појави пред новинарите. Тој ја повика неговата партија да не презема чекори кои ќе ги оштетат партиските структури и активности. -Следниве денови ќе имаме можност подиректно да ве информирам за сѐ. Во однос на медиумите и интересот, ги разбирам и ги […]

СДСМ: Дали таткото на Јаулески учествувал во нелегално финансирање на политичка партија?


  СДСМ прашува дали таткото на пратеникот Јован Јаулески учествувал во нелегално финансирање на ВМРО-ДПМНЕ, па затоа реагира партијата.    -Вчера се објавија информации дека Управата за финансиска полиција спроведува предистражна постапка за препродажба на нива, поврзана со нелегално финансирање на политичка партија. Истовремено, пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Јован Јаулески лажно обвинуваше дека се врши претрес […]

Министерот Арјанит Хоџа за денеска најави оставка


Актуелниот министер за земјоделство Арјанит Хоџа, член на Беса, ќе се повлече од функцијата. Тој за денеска најави конференција за медиуми. Партијата Беса до локалните избори беше дел од владината коалиција, по што реши да се приклучи на новото собраниско мнозинство и да се потпише на иницијативата за гласање за доверба на Владата заедно со […]

Џафери официјално стави крај на иницијативата за недоверба на владата


Претседателот на Парламентот Талат Џафери, кој си замина од Собранието за да не и прави кворум за уривање на владата на опозицијата, нешто по 23 часот се врати во парламентарната сала за да означи официјално крај на седницата на која требаше да се гласа за доверба на владата, но за која не се собраа доволно […]

Алиби изјави од ВМРО-ДПМНЕ: Го спасија Заев, сега им е виновен Пендаровски


Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски, одговарајќи на прашање за тоа дали ВМРО-ДПМНЕ би се согласило да присуствува на лидерска средба за решавање на новонастанатата ситуација, рече дека ќе се направи се што е потребно за да се стигне до предвремени избори кои би значеле решавање на настанатата криза, иако претседателот Пендаровски денеска потфрлил во својата […]

Џафери очекува од денес да се знае новото владино мнозинство


  Синоќа нешто по 11 часот спикерот на Парламентот Талат Џафери се врати во Собранието и порача дека процедурата мора да биде испочитувана и да се заврши седницата.  -Ќе ја затвориме и ќе констатираме дека не е изгласана недоверба на Владата. Има процедура, мора да се заврши, рече тој.  Претходно, во дебатниот магазин „Click Plus“ […]

За Николоски ова е црн ден за демократијата, бара избори (ВИДЕО)


Денес во Македонија се сруши демократијата и имаме црн ден што ќе остане запишан во страниците на историјата. Беше киднапиран пратеник и видовме како режимот на власт се транформира во најкриминоген режим на просторот на Европа – рече пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски, пред да соопшти дека тој и пратениците на опозицијата си заминуваат од […]

Апасиев повикува на радикализиција за да падне власта


    Лидерот на Левица, Димитар Апасиев, истакна дека состојбата е алармантна и дека демократијата е парализирана. „Ова е преседан кој ќе ни се врати од глава. Кога можете пратеник да киднапирате и да држите… Не знам дали го видовте видеото, мене ми изгледаше како оние заробеници на терористички организации пред егзекуција. Ситуацијата е опасна, […]

Касами: Видеото на Реџепи е направено под присила


Претседателот на Движењето Беса Биљал Касами вечерва по објавувањето на видеото на Кастриот Реџепи, изјави дека е убеден дека видеото е направено под присила. Тој вечерва пред Парламентот рече дека се грижи за безбедноста на пратеникот. – Веруваме и убедени сме дека ова видео е направено под присила бидејќи е направено во моментот кога јас […]

„Добро сум и на сигурно“, се јави Кастриот Реџепи со видео порака


Откако првенците во новиот опозициски фронт повеќе пати денеска изјавуваа дека Кастриот Реџепи наводно бил киднапиран, пратеникот од кој зависи дали ќе падне владата се огласи со видео порака и им порача да не се грижат и дека е добро. „Добар сум, не се грижете за мене и им благодарам на сите за поддршката и […]

СДСМ бара Мицкоски да преземе одговорност за „циркусот“ во Собранието


Координаторот на пратеничката група на СДСМ, Јован Митревски, изјави вечерва дека по подлг период лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, конечно кажал една вистина – дека постојното парламентарно мнозинство ќе се зголемува.  „Сѐ друго е резултат на на докажаниот губитник Христијан Мицкоски. Тој ја излажа јавноста дека има ново мнозинство од 61 пратеник и сега да […]

Нуланд побарала од Дендијас Грција да биде лидер во регионот


Потсекретарот за политички работи на Стејт департментот, Викторија Нуланд, вчера разговарала со грчкиот министер за надворешни работи, Никос Дендијас, за случувањата во Западен Балкан и побарала Грција да биде лидер во приклучувањето на регионот кон ЕУ. Во објавата на Твитер Нуланд пишува дека ѝ се заблагодарила на Грција за „нејзиното лидерство“ во регионот и за […]

Мицкоски разочаран, се прашува дали вреди да се занимава со политика натаму


„Се срамам што сум дел од ова политичко мочуриште“, им изјави лидерот на ВМР-ДПМНЕ на новинарите во Собранието Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, со Александар Николоски и други членови на партијата, даде изјава на излегување од Собранието во која им се извини на македонските граѓани што мора да се сведоци на ваков „политички циркус“ и […]