Петковски: Алтернатива бараше премногу


Претседателот на НСДП, Тито Петковски вечерва изјави дека на Македонија не и се потребни вонредни парламентрани избори.Рече дека ако има избори, ќе влеземе во турбуленции, а реформите ќе бидат во застој и никој не гарантира дека потоа ќе имаме стабилна Влада.

„Мислам дека е добро што се зголемува парламентарното мнозинство за уште 4 пратеници“, изјави Петковски.

Вели дека сепак ќе остане една горичина дека Алтернатива барала премногу.

„Алтернатива го искористи моментот. Алтернатива излезе со максималистички барања“, рече Петковски.Вели дека оваа партија има 15 до 20 пати повеќе привилегии од нив, но сепак смета дека е важна големата слика, да имаме стабилна Влада.

измислуваат нови работни места“, рече Петковски.

Од НСДП нема да бараат ништо, со образложение дека во моментов е најважна евроинтеграцијата на земјата, но Мирослав Јовановиќ од Српска странка изрази незадоволство што Алтернатива ќе добие министер без ресор, нешто за што претходно било договорено дека нема да го има. Ако биде исполнето ваквото барање на Алтернатива, тој ја најави можноста дека и тие ќе бараат министер без ресор. Но, се надева дека до такво нешто нема да дојде. 

Јовановиќ најави дека преговорите ќе траат уште недела дена. „Потоа кога ќе биде избран новиот претседател на СДСМ на 12 декември, заедно со премиерот да седнеме и да се договирме за сите детали. Мислам дека идната недела околу 14 декември треба да се договориме за сите детали“, рече Јовановиќ.

Премиерот Зоран Заев имаше средба со коалиционите партнери, со цел да им образложи што е договорено со Алтернатива, за влез во Владата. На средбата, на изненадување на другите, присуствувал и Кастриот Реџепи, пратеникот на Беса кој го растури најавеното парламентарно мнозинство на опозицијата.