Два дена до денот „Д“ – може ли Бугарија да се откаже од најавеното вето за преговори на С. Македонија со ЕУ


На два дена од Европскиот совет на 8 декември премиерот Зоран Заев не го напушта оптимизот дека сепак е можно Бугарија да се откаже од најавеното вето за почеток на пристапните преговори за С. Македонија до крајот на годинава во рамки на германското претседателство. Потврди дека со Република Бугарија се постојано отворени каналите за комуникацијата …

Два дена до денот „Д“ – може ли Бугарија да се откаже од најавеното вето за преговори на С. Македонија со ЕУ Read More »

Филипче: Изборите на 13 декември ќе бидат целосно безбедни по здравјето


Претседателот на комисијата за здравство на СДСМ, Венко Филипче вечерва од Штип, во онлајн обраќањето до граѓаните истакна дека нема ниту еден подобар начин човек покаже и докаже дека се вложил себе, од спасување човечки животи. – Резултатот на доктор Сашко Николов е илјадници спасени животи, и тоа на врвен начин со ниво на експертиза …

Филипче: Изборите на 13 декември ќе бидат целосно безбедни по здравјето Read More »

Заев: Очекувам исчекор од пријателска Бугарија, нема дилеми во употребата на придавката „македонски“


Договорот од Преспа прави јасна дистинкција кога се употребува придавката „македонски“, тоа е наша идентитетска придавка. Патот напред се решенија преку дебата и разговори. Реално очекувам пријателска Бугарија  да направи исчекор, изјави денеска премиерот Зоран Заев . -Придавката „македонски“ е употреблива насекаде во светот на сите меридијани низ светот. Тој е признаено. Тоа е идентитетска …

Заев: Очекувам исчекор од пријателска Бугарија, нема дилеми во употребата на придавката „македонски“ Read More »

„24 часа“ сега најавува тргање на бугарското вето за Македонија 


Според бугарскиот весник „24 часа“, во текот на следната недела се очекува компромис за спорот меѓу Македонија и Бугарија, така што Софија ќе добие гаранција дека во секое време ќе може да ја блокира Македонија откако земјава ќе ги почне преговорите. Како што објавува весникот, идејата на влијателни европски политичари е да ѝ се гарантира …

„24 часа“ сега најавува тргање на бугарското вето за Македонија  Read More »

Заев и Каракачанов се смирија, си закажаа кафе или ракија


По десетдневен молк бугарскиот министер за одбрана Красимир Каракачанов се приклучи на интервјуто на премиерот Зоран Заев за Канал 77, каде што остана на своите ставови што, како што нагласи, не ги сменил со децении, но со многу попомирлив тон. Интервјуто на некој начин навести дека престои пресврт во спорот меѓу Македонија и Бугарија и …

Заев и Каракачанов се смирија, си закажаа кафе или ракија Read More »

Заев: Пријателските чекори кон соседите не се на сметка на нашиот идентитет и достоинство


Секогаш ќе бидеме страна која прави пријателски чекори кои отвораат перспективи за меѓусебните односи со соседите, вклучувајќи ја и Бугарија, но никогаш за сметка на тоа нема да ги доведеме нашите идентитет и достоинство за кои никогаш нема да се преговара, а тоа е нашиот идентитет како Македонци кои говорат македонски јазик, истакна премиерот Заев …

Заев: Пријателските чекори кон соседите не се на сметка на нашиот идентитет и достоинство Read More »

Каракачанов не слушнал дека Холандија и Данска ја поддржале Бугарија


Министерот за одбрана на Бугарија, Красимир Каракачанов, денеска изјави дека „не чул таква информација“ оти Холандија и Данска ја поддржале Бугарија во блокадата на Македонија, како што напиша бугарскиот весник „24 часа“, а претходно тоа го објави и пратеникот Антонио Милошоски. Каракачанов се вклучи во интервјуто со премиерот Зоран Заев во емисијата „Стадион“ на Радио …

Каракачанов не слушнал дека Холандија и Данска ја поддржале Бугарија Read More »

СДСМ: ЕУ оцени дека Мицкоски е извор на лажни вести


Профилот на социјалните мрежи на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски и на неговиот ментор од Будимпешта, како и на неколку медиуми блиски до опозицијата се извори на дезинформации,тврди денес СДСМ повикувајќи се на документ на Европската унија.   -Ова се наведува во студијата посветена на мапирање на лажните вести, подготвена од Генералниот директорат за надворешна …

СДСМ: ЕУ оцени дека Мицкоски е извор на лажни вести Read More »

Отворено писмо на 30 бугарски интелектуалци до Борисов: Неприфатливо е оспорувањето на македонската нација и јазик, почеток на преговори веднаш


Бугарската влада веднаш да го одобри почетокот на пристапните преговори на Северна Македонија со ЕУ, а дебатите, наместо за историски прашања, да се префрлат на полето на соработката во културата, економијата, политиката, екологијата…, бараат група бугарски интелектуалци во отворено писмо упатено до премиерот Бојко Борисов, министерката за внатрешни работи Екатерина Захариева, амбасадорите на земјите-членки на ЕУ во …

Отворено писмо на 30 бугарски интелектуалци до Борисов: Неприфатливо е оспорувањето на македонската нација и јазик, почеток на преговори веднаш Read More »

Армаколас: Блокирањето на Северна Македонија е неправедно, Грција би можела да преземе иницијативи


Ќе бидам многу јасен. Сметам дека блокирањето на процесот за почеток на пристапни преговори на Северна Македонија е неправедна разврска, вели професорот од Универзитетот „Македонија“ во Солун и виш научен соработник во грчката Фондација за надворешна политика „ЕЛИАМЕП“, Јанис Армаколас. Во разговор со дописничката на МИА од Атина, професорот Армаколас ги анализира последните случувања на …

Армаколас: Блокирањето на Северна Македонија е неправедно, Грција би можела да преземе иницијативи Read More »

Студија на ЕУ го посочува Христијан Мицкоски како извор на дезинформации


Профилот на социјалните мрежи на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ е наведен заедно со оние на Миленко Неделковски и Никола Груевски како извор на дезинформации. Во студија на ЕУ се наведуваат и повеќе македонски медиуми   Дезинформациите остануваат моќна сила кои ги нарушуваат состојбите во внатрешната политика во Северна Македонија, иако по промената на власта тие се истуркани …

Студија на ЕУ го посочува Христијан Мицкоски како извор на дезинформации Read More »

Бучковски: Верувам дека со Бугарија можеме да најдеме решение за нашата иднина


 Македонската Влада е свесна дека треба да изготви патоказ за да покаже дека е цврсто посветена на имплементацијата на Договорот за добрососедство со Бугарија, изјави поранешниот премиер и актуелен специјален пратеник за Бугарија, Владо Бучковски. Во интервју за БНР, Бучковски рече дека тимовите на двете министерства за надворешни работи на Северна Македонија и на Бугарија …

Бучковски: Верувам дека со Бугарија можеме да најдеме решение за нашата иднина Read More »

Метју Палмер: Северна Македонија направи доволно за да се одржи меѓувладината конференција


Пристапниот процес во ЕУ треба да се базира на принципи, а Северна Македонија има направено доволно реформи да го оправда одржувањето на првата меѓувладина конференција. билатералниот спор со Бугарија треба да се решава надвор од пристапниот процес, изјави за Гласот на Америка Метју Палмер, заменик-помошник државен секретар на САД за Европа и Евроазија. Тој се …

Метју Палмер: Северна Македонија направи доволно за да се одржи меѓувладината конференција Read More »

Вархеи порачува да продолжиме да бараме решение со Бугарија


Портпаролката на Европската комисија, Ана Писонеро, на барање на „Независен“ ја објасни позицијата на еврокомесарот Оливер Вархеи околу ветото на Бугарија и тврдењето на „Политико“ деновиве дека за ова прашање е многу тивок.    „Ги охрабруваме двете страни да ги продолжат напорите да најдат решение за  отворените билатерални прашања. Се надеваме дека наскоро може да …

Вархеи порачува да продолжиме да бараме решение со Бугарија Read More »

И данското МНР демантира дека го поддржува ветото на Бугарија


Министерството за надворешни работи на Данска ги демантира вестите дека го поддржува ветото на Бугарија за почеток на пристапните преговори на Македонија со ЕУ, посочуваат од данското Министерство за надворешни работи. -Информациите објавени во бугарските медиуми кои укажуваат на тоа дека Данска се приклучила кон ветото на Бугарија за пристапните преговорите на Северна Македонија во …

И данското МНР демантира дека го поддржува ветото на Бугарија Read More »

(Видео) Историската комисија со нула резултат, се сопнале на „македонски“ и Цар Самоил


Голем дел од дводневната средба бил посветен на усвојување на записниците од две претходни средби кои останале непотпишани поради употребата на придавката „македонски“. Бугарските историчари инсистирале во учебниците Цар Самоил да се означува единствено како бугарски владетел   По дводневни дискусии, македонско-бугарската Комисија за историски прашања завршила со „нула резултат“, при што според изнесеното на …

(Видео) Историската комисија со нула резултат, се сопнале на „македонски“ и Цар Самоил Read More »

СДСМ: Нема ден да нема лажна вест од ВМРО-ДПМНЕ


СДСМ тврди дека нема ден да нема лажна вест на ВМРО-ДПМНЕ, а последната е  искажана од пратеникот Антонио Милошоски за наводна поддршка од други земји за ветото на Бугарија, што ја демантираа странските амбасади.  „Нема ден, а да не биде демантирана некоја лажна вест излезена од системот за лаги на ВМРО-ДПМНЕ кој очигледно деновиве прегоре …

СДСМ: Нема ден да нема лажна вест од ВМРО-ДПМНЕ Read More »

Македонија претседавач со ОБСЕ во 2023 година


Кандидатурата на Северна Македонија со Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ) за претседавач на организацијата беше прифатена со консензус од 56 земји учеснички на министерскиот состанок на ОБСЕ во Тирана, со што и официјално на државава и е доделено претседавањето со организацијата во 2023 година, информира денеска на прес-конференција шефот на дипломатијата Бујар …

Македонија претседавач со ОБСЕ во 2023 година Read More »

И Османи го демантира Милошоски дека некои земји застанале зад Бугарија


Имаме недвојбена поддршка не само од Холандија, туку од сите земји членки на ЕУ. Останува прашањето со Република Бугарија, изјави денеска министерот за надворешни работи Бујар Османи, одговарајќи на новинарско прашање во однос на информациите во некои медиуми дека и Холандија и Данска се против почнување на преговори на земјава со Унијата. Османи рече дека …

И Османи го демантира Милошоски дека некои земји застанале зад Бугарија Read More »

Холандската амбасада демантира: Лажна вест е дека го поддржуваме ветото на Бугарија


Холандија сметаше и сѐ уште смета дека Северна Македонија има постигнато добар напредок и дека меѓувладината конференција може да се одржи веднаш штом се усвои преговарачката рамка, се вели во реакцијата од холандската амбасада во Скопје Известувањата во некои медиуми дека Холандија ѝ дала поддршка на Бугарија во блокирањето на преговарачката рамка за почеток на …

Холандската амбасада демантира: Лажна вест е дека го поддржуваме ветото на Бугарија Read More »