Од петок 29 јануари влез во Бугарија само со негативен PCR тест


Новото правило ќе трае до 30 април. Тоа важи за сите - и за оние што доаѓаат од ЕУ и за земјите кои не се членки на Унијата, како Македонија: граничниот премин Деве Баир

СОФИЈА – Од 29 јануари ќе биде потребен негативен PCR тест за корона вирус за влез во Бугарија. Бугарскиот министер за здравство издаде наредба во четвртокот вечерта со која се бара патниците кои пристигнуваат и од ЕУ и од другите земји да презентираат документ дека не се носители на вирусот, што мора да се направи во рок од 72 часа пред  пристигнувањето на границата. Документот мора да биде напишан на латиница.

Бугарските државјани и лицата со статус на постојано, долгорочно или продолжено престојувалиште и членовите на нивните семејства можат да изберат помеѓу тест и 10-дневен карантин.

Возачите на камиони, автобуси, екипажи на авиони и бродови и транзитни патници се ослободени од условот за негативен резултат на PCR тест.

Новата правило за влез во Бугарија е на сила до 30 април. Бугарските власти ги објаснија мерките со потребата да се заштити здравјето на Бугарите од новите варијанти на корона вирусот, за кои се претпоставува дека полесно се пренесуваат. (Ј.Д.)