Предизвици за 2022 година во односите меѓу  Македонија и Грција


Низа средби и посети на највисоко ниво, некои од нив и со историски карактер, потпишани договори за соработка, заложби за продлабочување на соработката,  ја одбележаа 2021 година во македонско – грчките односи, кои се чини дека влегоа во нормален тек, се движат во нагорна линија, мразот веќе одамна е скршен, а довербата сѐ повеќе се […]

Француската амбасадорка во Бугарија нуди посредување меѓу Софија и Скопје


Француската амбасадорка во Бугарија, Флоренс Робин, изјави дека за нејзината земја прашањето за проширувањето на ЕУ со Северна Македонија и Албанија е исклучително важно и како претседавач со ЕУ во првата половина на 2022 година Франција ќе понуди посредување за справување со спорот меѓу Софија и Скопје. На овој начин, како што вели во изјавата […]

Можен тридневен сообраќаен хаос во Скопје, доаѓа Илир Мета


Министерството за внатрешни работи известува за посебен сообраќаен режим во  Скопје  во наредните три дена, понеделник, вторник и среда, поради официјалната посета на претседателот на Албанија Илир Мета на Северна Македонија. МВР во наведените денови ќе преземе мерки за посебен сообраќаен режим на сообраќајниците  на поширокото централно подрачје на Скопје. СВР Скопје апелира  до сите […]

Премиерите да ги надминат недоразбирањата – отворено писмо на граѓани од Македонија и Бугарија


Граѓанското здружение за бугарско-македонско пријателство „Под едно небо“, заедно со Институтот за балкански перспективи, Бугарскиот културен клуб – Скопје и Бугарско-македонска стопанска комора упатија отворено писмо до премиерите на Бугарија и на Република Северна Македонија, во кое ја поздравуваат желбата на двајцата премиери за промени и за искористување на следните месеци за постигнување позитивни резултати. […]

Петков во Скопје на 30-годишнината од признавањето на независноста од Бугарија


Министерството за надворешни работи на Република Северна Македонија известува за посета на висока делегација од Република Бугарија предводена од премиерот Кирил Петков на Скопје, на 18 јануари. Во придружба на бугарскиот премиер е и министерката за надворешни работи, Теодора Генчовска, како и министерот за транспорт и врски, Николај Сабев.   Посетата е планирано да се […]

МНР: Нашите граѓани и дипломатскиот персонал во Казахстан се безбедни


Министерството за надворешни работи соопшти дека редовно ја следи состојбата во Казахстан и дека преку Амбасадата во Нур – Султан е во постојана комуникација со нашите државјани кои се наоѓаат во земјата. -И покрај честиот прекин на интернет и телекомуникациските мрежи, сепак се остварува редовен контакт со нашите државјани, кои се наоѓаат на безбедни локации. Засега […]

Односите меѓу Македонија и Грција во нагорна линија во 2021 година


Низа средби и посети на највисоко ниво, некои од нив и со историски карактер, потпишани договори за соработка, заложби за продлабочување на соработката, ја одбележаа 2021 година во македонско – грчките односи, кои се чини дека влегоа во нормален тек, се движат во нагорна линија, мразот веќе одамна е скршен, а довербата сѐ повеќе се […]

Радев закажа состанок за Македонија во понеделник


Претседателот на Бугарија Румен Радев за во понеделник свика состанок на Советодавниот совет за национална безбедност, соопшти прес-службата на претседателот. Темата е „Интеграција на Западен Балкан во ЕУ, улогата на Бугарија во проширувањето на ЕУ и во процесот на стабилизација и асоцијација: Република Северна Македонија и Албанија“. Премиерот Кирил Петков пред Народното собрание на Бугарија денеска […]

Османи на вонреден состанок на НАТО за Русија


Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, денеска учествуваше на вонредниот состанок на Северноатлантскиот совет на НАТО на ниво на министри за надворешни работи, што се одржа преку видео – конференциска врска.Состанокот беше посветен на руското воено групирање околу границата со Украина, како и на други прашања поврзани со европската безбедност. Вонредниот состанок се одржа во […]

Бугарија против Северна Македонија – има ли пат напред?


Новата про-европска влада во Софија ветува дека ќе најде начин да го надмине ќорсокакот поради ветото за отворање на преговорите на Северна Македонија со ЕУ. Какви се шансите за компромис? Професорот по културна антропологија на Универзитетот во Софија, Ивајло Дичев, во анализа за Дојче Веле оценува дека не постои рационално објаснување за бугарското вето за […]

Мицкоски: „Трифонов е македономразач, а Бучковски авантурист“


  Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, денеска ја заостри реториката кон одредени политичари во Бугарија, нарекувајќи го коалицискиот партнер во тамошната владата, Слави Трифонов, „комедијант и еден од најголемите макодономразачи“. во изјава пред Соборниот храм во Скопје, на новинарско прашање во врска со предлогот на Слави Трифунов да се симне бугарскиот визен режим од САД […]

Коалицијата има јасен став за Македонија, изјави бугарскиот премиер Петков


  Ставот на Бугарија за преговарачкиот процес со Република Северна Македонија е зачувува како што е наведено во точките од коалицискиот договор, изјави денеска бугарскиот премиер Кирил Петков во Собранието. Тој потврди дека на 18 јануари ќе биде во Скопје. Петков тоа го изјави на седница за пратенички прашања, како одговор на прашање на поранешната […]

Радев: Решавање на спорните прашања за отворање на преговорите со ЕУ


Бугарија е најголемиот поддржувач на европската интеграција на земјите од Западен Балкан и особено на братска Република Северна Македонија, изјави претседателот на Бугарија Румен Радев. Како што јави дописникот на МИА од Софија, Радев додава дека тоа ќе зависи од индивидуалниот напредок и исполнувањето на копенхашките критериуми за членство од страна на сите земји кандидати. […]

Кои се Французите кои македонската дипломатија треба да ги знае овие шест месеци


  Париз на 1 јануари го презеде претседателството со ЕУ за наредните шест месеци. Во новогодишното обраќање претседателот Емануел Макрон изјави дека „2022 година мора да биде пресвртница за Европа“ и најави амбициозна агенда за блокот што може да ѝ служи и на неговата домашна кампања за изборите во април годинава. По подолго време незаинтересираност […]

Џозеф: Недозволива толеранција на ЕУ за бугарската блокада на Македонија


ЕУ не прави ништо и со тоа ѝ дозволува на Бугарија, која секако не е меѓу најмоќните членки, да го спречи официјално Скопје да преговара со Брисел, вели во интервју за Радио Слободна Европа Едвард Џозеф, предавач на Универзитетот Џон Хопкинс во Вашингтон. Во интервјуто за Радио Слободна Европа на прашањето на новинарот Драган Штављанин дали […]

Посетата на бугарскиот премиер Петков на 18 јануари, Скопје и Софија подготвени за конструктивен дијалог


Новиот бугарски премиер Кирил Петков првата посета на Северна Македонија ја најави за 18 јануари. Од Скопје уверување за подготвеност за конструктивен дијалог за надминување на разликите. Претседателот Стево Пендаровски уверува дека Северна Македонија останува фокусирана на европската агенда и е подготвена за дијалог со Република Бугарија во насока на надминување на постоечката состојба. Тој […]

Србија и Македонија во 2021 преку „Отворен Балкан“ и вакцинација до најдобри можни односи


Србија во 2021 година покрај евроинтегративните процеси, дијалогот со Косово и реформите, на надворешно-политички план имаше напнати односи со Хрватска, БиХ, Црна Гора, Косово, а единствен сосед со кој односите се развиваа кон градење на најдобри можни односи, беа односите со Северна Македонија. Три од повеќето дадени изјави на српскиот претседател Александар Вучиќ во текот […]

Петков за Блумберг: Мојата прва посета на Северна Македонија најверојатно на 18 јануари


Бугарскиот премиер Кирил Петков најавува дека датумот на неговата прва посета на Северна Македонија најверојатно ќе биде 18-ти јануари. Во интервју за ТВ Блумберг, како што јави дописникот на МИА од Софија, Петков вели дека со Ковачевски сакаат да создадат сосема поинаква рамка за разговорите. Посочува дека досега главниот фокус беше на историската дебата, но […]

Седница на ЦО на СДСМ за составот на новиот владин кабинет на 10 јануари


Разговорите и консултациите околу составот на новата влада и новата владина програма, се во финална фаза. Во понеделник се очекува да има седница на Централниот одбор на СДСМ на која претседателот и мандатар Димитар Ковачевски ќе ги презентира имињата за составот на владиниот кабинет, по што ќе продолжи соодветната процедура во Собранието, изјави заменик – […]

Шекеринска нема амбиции да биде идниот НАТО амбасадор


Министерката за одбрана Радмила Шекеринска денеска изјави дека нема амбиции да биде идниот амбасадор на НАТО. Таа додаде дека во моментов се фокусира на нејзината работа како министерка за одбрана, а за тоа што ќе се случува во иднина, како што напомена ќе биде познато, бидејќи ништо не останало тајна во нашата држава. – Не […]