Протест пред Владата против францускиот предлог


Пред Владата вечерва се одржува протест против прифаќањето на францускиот предлог за тргање на бугарското вето и отворање на преговорите за членство на Северна Македонија во ЕУ. Протестот под мотото „УЛТИМАТУМ – Не благодарам“ го поддржаа повеќе политички партии и граѓански организации. Тие се против тоа Владата да го потпише францускиот предлог кој, како што […]

Ковачевски: Македонскиот ќе биде официјален јазик на ЕУ, нема никакви фусноти и дополнувања


 Премиерот Димитар Ковачевски преку објава на фејсбук ги демантира како што наведува, лагите и шпекулациите во врска со францускиот предлог, и порачува дека македонскиот јазик ќе биде официјален јазик на Европската Унија, без никакви фусноти и дополнувања. – Се појавија многу лаги и шпекулации врзани со францускиот предлог. Сакам да бидам кристално јасен: македонскиот јазик […]

Османи: Неприфаќањето на предлогот носи ризици за бесперспективност, кризи, меѓуетнички тензии


Министерот за надворешни работи Бујар Османи смета дека предлогот доставен од француското претседателство со ЕУ е добар, ни го отвора патот и ни овозможува да го фатиме последниот воз за ЕУ. Неговото неприфаќање носи ризици за бесперспективност, кризи, меѓуетнички тензии, и заглавување во балканската кал. –Веќе почнаа официјално да се отвораат теми за нови унии, за […]

Пендаровски го свика Советот за безбедност за францускиот предлог


Претседателот Стево Пендаровски за утре напладне во неговиот кабинет свика состанок на Советот за безбедност на кој ќе се разгледува модифицираниот предлог на француското претседателство со ЕУ за почеток на пристапните преговори на Република Северна Македонија со Европската Унија. На седницата, покрај членовите на Советот за безбедност, ќе присуствува и заменикот на претседателот на Владата […]

Не смееме повеќе да губиме време на Западен Балкан, вели Бербок


Не смееме повеќе да губиме време во интеграцијата и зближувањето на земјите од Западен Балкан кон ЕУ, изјави германската министерка за надворешни работи Аналена Бербок. Според неа, „не смее да има простор на Балканот што може да го пополни Русија или други актери“. „Во побрзото поврзување на земјите од регионот со ЕУ не се работи […]

Ковачевски разговараше со Стејт департментот за францускиот предлог


  Премиерот Димитар Ковачевски вечерва телефонски разговараше со советникот на Стејт департментот, Дерек Шолет, во присуство на амбасадорката на САД, Кејт Мери Брнз. Ковачевски изрази огромна благодарност до Стејт департментот и рече дека високо ги цени поддршката и интересот за нашата земја во овие клучни моменти за државата. Тој го информираше советникот Шолет за процесот […]

Во уставот на Хрватска се набројани 22 малцинства, меѓу нив и Бугарите


  Една од најжешките теми околу усвојувањето на преговарачката рамка предложена од Франција е и впишувањето на Бугарите во македонскиот Устав. Околу можноста за внесувањето на Бугарите во Преамбулата често се споменува уставот на Хрватска во кој се наведени малцинствата што живеат во таа држава. Во преамбулата на хрватскиот устав се споменуваат дури 22 малцинства, […]

Франција нуди македонски јазик, безусловен почеток на преговорите и историјата надвор од рамката


  Имаме на маса предлог што ги задоволува нашите барања и јас се надевам дека ќе бидеме на висина на задачата и со студени глави, со одговорност и со државничко однесување ќе го направиме овој исклучително значаен исчекор за државата – порача премиерот Димитар Ковачевски попладнево пред новинарите, претставувајќи го предлогот на француското претседателство за […]

Мицкоски повикува на општ протест против францускиот предлог


  Споменувајќи ги Даме Груев, Гоце Делчев, Јане Сандански… Христијан Мицкоски денеска, во првата реакција по објавувањето на францускиот предлог, ги повика граѓаните утре, сабота, на протест пред Владата за да се „спаси процесот на преговори со Европската унија“. Во објавата за протест тој ги повика луѓето од цела Македонија, но и однадвор, за да […]

За Никола Димитров ова биле едни од најцрните денови во независноста


  Освен што оцени дека во конечниот француски предлог била сменета само опаковката, а не содржината, поранешниот министер за надворешни работи, Никола Димитров излезе денеска со политички повик владата веднаш да падне ако не го одбие одвој документ. Во својата подолга објава на Фејсбук, откако Владата го објави францускиот предлог, Димитров оцени дека „живееме едни […]

Ковачевски: Македонскиот јазик во преговарачката рамка е македонски јазик


Македонскиот јазик во преговарачката рамка е македонски јазик. Сите наши идентитетски прашања се заштитени, бидејќи тоа беа нашите елементарни барања по кои се придржувавме во преговорите, изјави премиерот Димитар Ковачевски по денешната средба со коалициските партнери во врска со францускиот предлог за тргање на ветото од Бугарија и отворање на пристапните преговори со ЕУ. -Ова […]

Османи: Доколку Владата одлучи да го одобри пакетот, може веднаш да се потпише протоколот со Бугарија


Доколку Владата донесе одлука после консултативниот процес дека го одобрува пакетот, тогаш јас можам веднаш да организирам средба на меѓувладината комисија со Република Бугарија и да пристапиме кон потпишување на протоколот. Мислам дека тоа временски би коинцидирало со истиот ден кога Советот на ЕУ ќе ја усвои преговарачката рамка и целиот овој процес. Ова е […]

Маричиќ: Историските прашања нема да се дел од преговарачката рамка


Во оваа фаза ние се уште ги разгледуваме документите во пакет, така како што се предложени и откако сите документи ќе бидат разгледни, ќе се согласиме или нема да се согласиме, зависно од исходот, но доколку се согласиме на овој пакет, тоа ќе подразбира и брзо започнување на сите процедури, одговори вицепремиерот за европски прашања […]

Владата го објави францускиот предлог


На владината веб страница поладнево е објавен францускиот предлог за отстранување на бугарското вето и за старт на преговорите за членство на Република Северна Македонија во Европската унија. Францускиот предлог во интегрална форма беше објавен веднаш по средбата на премиерот Димитар Ковачевски со лидерите на партиите од владината коалиција. Ковачевски најави дека ќе се отвори […]

Фон дер Лајен разговарала со Ковачевски – договорот е на дофат


Претседателката на Европската комисија, Урсула Фон дер Лајен соопшти дека телефонски разговарала со македонскиот премиер Димитар Ковачевски и дека ги поздравува информациите дека Македонија и Бугарија се блиску до договор. „Имав добар телефонски разговори со премиерот Ковачевски. Ги поздравувам вестите дека Северна Македонија и Бугарија се блиску до договор кој ги зема предвид интересите и […]

ДУИ: Ова е шанса што не треба да се пропушти


Демократската унија за интеграција ја поздравува конструктивната улога на француското претседателство за изнаоѓање прифатливо решение за спорот на нашата земја со соседна Бугарија и цени дека предлогот даден во форма на идеи за решение е добра основа за завршување на спорот и за одблокирање на нашиот европски пат. -Нашата земја е пред историска одлука, онаа […]

(Видео) Прес на Ковачевски со коалицијата


  Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Димитар Ковачевски, ќе одржи прес-конференција во Медија центарот на Владата на Република Северна Македонија, на која ќе присуствуваат и членовите на владината коалиција.

Трајанов сака да ги види двата предлога


Претседателите на партиите коишто се дел од владината коалиција денеска пред средбата во Владата изјавија дека очекуваат премиерот Димитар Ковачевски да ги информира за францускиот предлог со којшто би се тргнало ветото за влез на земјата во ЕУ. Претседателот на Демократскиот сојуз Павле Трајанов вели дека прво и најбитно е тоа што  ниту првиот, ниту […]

Синодот на МПЦ-ОА со апел за зачувување на македонските национални интереси


  Апел за неприкосновено зачувување на македонските национални интереси, упати Светиот архијерејски синод (САС) на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија (МПЦ – ОА). Синодот на МПЦ-ОА соопшти дека вчера на седница се освнрал на случувањата поврзани со нашиот евроинтеграциски процес. Синодот очекува на транспарентен начин, Владата во содејство со сите надлежни општествено-политички фактори во […]

Ковачевски на средба со коалициските партнери за францускиот предлог


Премиерот Димитар Ковачевски претпладнево во Владата ќе има средба со лидерите на партиите од владината коалиција на која ќе се разгледува предлогот на француското претседстелство. Ковачевски на фејсбук објави дека средебата со која се отвора процес на широки консултации, ќе се оджи во 11 часот.   – Веднаш по средбата, предлогот во интегрална форма ќе […]