Бујар Османи го осуди исвиркувањето на македонскиот јазик


Сигурно е за осуда, јас бев таму и тоа беше една група на тинејџери, изјави министерот за надворешни работи, Бујар Османи за исвиркувањето на македонскиот јазик на прославата по повод Рамковниот договор.

„Политичарите сакаат да им внесат страв, народот не може да се асимилира.Беше тоа група на млади лица кои се обидуваат да злоупотребат. На тоа претходеа и некои пејачи кои одбиваа да настапуваат“, рече Османи во „Жешко политичко лето“.