Маричиќ промовираше нов проект на ЕУ за забрзување на нашите реформи


 Во Секретаријатот за европски прашања, во пресрет на почетокот на новиот проект „Поддршка за реформи на политики, пристапување и ефективност (SUPRAE)“, финансиран од Европската Унија, се одржа првиот состанок на кој присуствуваа заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања и главен преговарач со ЕУ, Бојан Маричиќ и шефот на секторот за соработка на Делегацијата […]

СДСМ: На кои политичари Мицкоски им велел дајте ми власт и ќе го сменам Уставот?


На кои домашни и странски политичари Мицкоски им велел дајте ми власт и ќе го сменам Уставот?-прашува СДСМ во една од повеќето преписки меѓу двете партии во кои взаемно се обвинуваат. -На лицемерието на Христијан Мицкоски му нема крај. Како докажан анти – ЕУ политичар јавно декларира дека ВМРО-ДПМНЕ е против уставните измени, па дури […]

Ковачевски: Најважно беше финансиски да ги заштитиме најзагрозените граѓани од кризата


  За мене беше најважно да ги заштитиме финансиски најзагрозените граѓани, пензионерите со мали пензии, самохраните родители, социјалните случаи, другите ранливи категории граѓани, а од друга страна да се заштити и достоинството на работниците. Тоа е основата на социјалдемократијата која Куманово многу добро ја познава, порача вечерва претседателот на СДСМ и премиер Димитар Ковачевски на трибината „Силно […]

Тупанчески: Некој функционер искористил дискреционо овластување за да дозволи предвреме правосуден испит


Министерот за правда Никола Тупанчески денеска, одговарајќи на новинарско прашање во врска со наводите дека синот на претседателот на Собранието, Талат Џафери, положил правосуден испит пред да заврши факултет, истакна дека дефинитивно некој функционер го искористил дискреционото право, потенцирајќи дека доколку постојат случаи кои граничат со примената на законот, тогаш треба да реагираат надлежните институции. […]

Пенов: Поголема децентрализација ќе има кога ќе има волја


 Процесот за поголема децентрализација на општините е зависен од политичката волја. Ова е резимето на одговорот на министерот за локална самоуправа Ристо Пенов на новинарско прашање кога и како ќе имаат општините поголеми надлежности. Министерот Пенов по денешното потпишување на договор со Општина Тетово, појасни дека најмногу се мисли на финансова децентализација односно општините да […]

Штајнмаер испи чај и изеде баклава во Скопската чаршија


Германскиот претседател Франк-Валтер Штајнмаер и неговиот домаќин, шефот на државата, Стево Пендаровски, утрово посетија работилница за филиграни во Старата скопска чаршија, каде се запознаа со изработката на накит и експонати на македонски рубин. Двајцата претседатели потоа во кафе бар во ориентален стил пиеја чај и беа послужени со домашно подготвена баклава и трилече. Оттаму се […]

Штајнмаер на прошетка низ Скопската чаршија и на средба со екипата на „Медена земја“


Германскиот претседател Франк – Валтер Штајнмаер во рамки на дводневната официјална посета на земјава денеска ќе прошета низ Старата скопска чаршија, а во Чифте аман ќе се сретне со екиптата на македонскиот документарен филм „Медена земја“. Тој ќе има средба и со младинци посетители на Политичкото училиште на Претседателскиот центар за политичко образование. Попладне Штајнмаер […]

Државна вечера во чест на претседателот на Германија, Франк-Валтер Штајнмаер


По повод официјалната посета на претседателот на Сојузна Република Германија, Франк Валтер Штајнмаер, беше приредена државна вечера, на која беа поканети претставници од државниот врв, пратеници, претставници од политичките партии, како и стопанственици од бизнис-секторот коишто остваруваат економска соработка со Германија. Во рамки на свечената вечера, соопшти Кабинетот на Пендаровски, двајцата претседатели имаа протоколарни обраќања […]

Пендаровски и Штајнмајер положија венци на гробот на Гоце Делчев


Во рамки на официјалната посета на претседателот на Сојузна Република Германија, Франк-Валтер Штајнмајер на Република Северна Македонија, денеска претседателот Пендаровски и претседателот Штајнмајер положија венци на гробот на македонскиот револуционер Гоце Делчев во црквата „Св. Спас“ во Скопје. Двајцата претседатели, по завршувањето на церемонијата на положување венци, ги разгледаа иконостасот, иконите и фрескоживописот во црквата […]

Штајнмајер до пратениците: Не скршнувајте на последните метри


Свесен сум дека патот кон Европската Унија е сè освен лесен, дека довербата и трпението во преговорите ќе бидат оптоварени, но мојата молба до вас пратеници, но и до сите граѓани на Северна Македонија е да продолжите да чекорите по патот на пристапниот процес и тоа решително, не скршнувајте на последните метри, порача претседателот на  […]

Гир: Владата и опозицијата заедно да работат за спроведување на европската агенда


Ги отворивме пристапните преговори, а во срцето на тие преговори е почитување на законот и спречување на корупцијата, но секако најкруцијално значење кога зборуваме за овие реформи е и Владата и опозицијата заедно да работат за спроведување на европската агенда, изјави денеска шефот на Делегацијата на ЕУ во земјава Дејвид Гир, по промоцијата на проектот […]

Штајнмаер: Преговарајте со акцент на иднината, не барајте пречки во минатото


 Германскиот претседател Франк-Валтер Штајнмаер порача денес на прес конференција со претседателот Стево Пендаровски дека Македонија и во минатото се соочуваше со посебни услови и оптоварувања во пристапниот процес и дека тој и во минатото беше поврзан со многу историски прашања и се бавеше со нив. „Но, рече Штајнмаер, кога зборуваме сега за пристап во ЕУ […]

Клубот „Ванчо Михајлов“ не ги отстранува спорните содржини од социјалните мрежи


 Клубот „Ванчо Михајлов“ од Битола не ги отстрани спорните содржини од социјалните мрежи иако рокот за тоа истече, а денеска истекува и рокот за останатите препораките во однос на името и содржината, па доколку не постапи по нив, следува прекршочна постапка, порачаа од Комисијата за спречување и заштита од дискриминација (КСЗД) на денешната прес-конференција. Како […]

Пендаровски: Штајнмаер имаше значајна улога за надминување на бугарската блокада


Посетата на еден германски претседател е секогаш важен настан, дури и кога се во прашање најголемите држави во светот, а не пак кога доаѓаат во една мала европска земја како нашата. Иако, тој сигурно не би сакал за тоа многу да се зборува, морам да споменам дека претседателот Штајнмајер имаше значајна улога во напорите да […]

Во Грција се случи незамисливото: Регистриран е Центар за македонски јазик


  Во Грција се случи извонреден настан за афирмацијата на македонскиот јазик што само пре деноколку години изгледаше речиси невозможен. Беше судски регистриран Центар за македонскиот јазик во Грција, што е еден од плодовите на Преспанскиот договор, новото разбирање меѓу двете земји и олабавување на стереотипите и прерасудите на на грчките државни институции. Веста дека […]

(Во живо) Свечен пречек на Штајнмаер во Скопје


Претседателот Стево Пендаровски на 29 и 30 ноември 2022 година ќе биде домаќин на претседателот на Сојузна Република Германија, Франк-Валтер Штајнмајер, кој ќе престојува во дводневна официјална посета на Република Северна Македонија.  Претседателот Штајнмајер на официјална церемонија ќе биде пречекан со највисоки државни и воени почести, по што ќе следува тет-а-тет средба на претседателите Пендаровски и Штајнмајер и пленарен состанок на делегациите на Северна Македонија и Германија. Во рамки на […]

Штајнмаер пристигна во Скопје, го пречека вицепремиерот Маричиќ


Заменик-претседателот на Владата задолжен за европски прашања, Бојан Маричиќ, го пречека претседателот на Сојузна Република Германија, Франк-Валтер Штајнмаер, кој штотуку пристигна на Меѓународниот аеродром Скопје. „Моја е честа да му посакам срдечно добредојде на претседателот на Сојузна Република Германија, Франк-Валтер Штајнмаер! Првата официјална посета на претседателот Штајнмаер, после само четири месеци од почетокот на пристапните […]

Османи во Букурешт на состанок на Северно-атлантскиот Совет на НАТО


Од Минхенската лидерска средба, шефот на дипломатијата, Бујар Османи, денеска и утре ќе учествува на НАТО состанокот на Северно-атлантскиот совет, на ниво на министри за надворешни работи, во Букурешт, Романија. Како што соопшти МНР, во фокусот на разговорите на НАТО – министерскиот состанок ќе бидат актуелните безбедносни состојби, ситуацијата во Украина и политичката и практична […]

Штајнмаер во дводневна посета на Северна Македонија


Претседателот Стево Пендаровски денеска и утре ќе биде домаќин на претседателот на Сојузна Република Германија, Франк-Валтер Штајнмаер, кој ќе престојува во официјална посета на Република Северна Македонија. Претседателот Штајнмаер на официјална церемонија ќе биде пречекан со највисоки државни и воени почести, по што ќе следува тет-а-тет средба на двајцата претседатели и пленарен состанок на делегациите на Северна Македонија и Германија. Во […]

Ковачевски: Мицкоски секое утро проверува што кажал Апасиев


Премиерот Димитар Ковачевски на трибина во велес го нарече лидерот на Левица Димитар Апасиев „агент на хаосот“ кој верува дека, колку  е полошо за земјата – толку е подобро за него. -Неговата цел е да запали оган и да уништи се што е создавано, ете каде многу луѓе грешат, и тука е токму опасноста. Економската […]