Џафери за утре ја закажа седницата за гласање на Пенов и уставните судии


Претседателот на Собранието Талат Џафери за утре во 11:00 часот го закажа продолжението на 88. седница на која се очекува да заврши расправата и да се гласа за избор на Ристо Пенов за нов министер за локална самоуправа, а потоа и на двата предлози за уставни судии. На денешната средба со новинарите, одговарајќи на прашањето […]

Мицкоски пак го смени ставот, сега нема да поддржи уставни измени


Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски денеска го повтори ставот на партијата дека нема да поддржат уставни измени во Собранието под постојните услови. – Ако мислат дека пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ ќе ги поддржи овие уставни измени под овие услови и овие околности, тогаш еве јавно кажувам дека тоа нема да се случи. Ние имаме јасна […]

Беса би разговарала за укинување на Бадентеровиот прицип


  Партијата Беса партија е подготвена да разговара за укинување на Бадентеровиот принцип и балансерот, но под услов да се воведе нов механизам за унапредување на правата на немнозинските заедници. Можеби не е дојдено сега времето да се укине Бадентер, рече денеска на прес-конференција во Тетово претседателот на Беса, Билал Касами. „Но ако се расправа […]

Џамбаски лут и поради договорот со Фронтекс


Бугарскиот европратеник од редовите на ВМРО-БНД, Ангел Џамбаски, ги нападна политичките партии во Бугарија ДПС, ГЕРБ, Продолжуваме со промените и Демократска Бугарија поради потпишувањето на договорот со Фронтекс меѓу Европската Унија и  Македонија дека дозволиле легитимирање за „лагата македонски јазик“. „Вчера Урсула фон дер Лајен и Димитар Ковачевски потпишаа договор за управување со границите. Се […]

Џафери нема да биде фракција во ДУИ


„Во сабота ќе присуствувам на состанокот на новото раководствот на ДУИ, и покрај тоа што органокот на партијата од Гостивар не е задоволно од овој нов состав“, изјави претседателот на Собранието, Талат Џафери на редовниот брифинг со новинарите. Во однос на тоа дали со револтот што го покажа на претходниот сотанок значи дека ќе има […]

Мицкоски ќе оди во Благоевград за да ги поддржи Македонците во Бугарија


  Делегацијата на ВМРО-ДПМНЕ ќе оди во Благоевград на отворањето на македонскиот клуб за да им даде поддршка на тамошните Македонци. Тоа го изјави претседателот на партијата, Христијан Мицкоски пред денешниот партиски настан во хотелот „Хилтон“ во Скопје. Тој рече: „Ние немаме антибугарско расположение, ние имаме промакедонско расположение. Очекувам тоа да помине во духот на […]

Мицкоски сега вели дека „македонскиот јазик е завршена работа“


Македонскиот јазик е завршена работа, признаен од Обединетите Нации и кодифициран со сите јазични и научни нишани и поради тоа, ова прашање никој не треба ниту да го отвара, ниту да го подотворува, вели преседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски околу  потпишаниот договор со ФРОНТЕКС. „Затоа велам, еден од стотиците кои што се потпишани во минатото. […]

Џамбаски се жали во бугарската влада за клубот „Никола Вапцаров“


Недопустливо е во срцето на Пиринска Македонија да биде отворен клуб кој ќе сее сепаратизам и антибугарски тези, напиша бугарскиот европратеник Ангел Џамбаски во писмото до Владата на Бугарија околу  македонскиот културен клуб „Никола Вапцаров“, што треба да биде отворен на 30 октомври во Благоевград. – Недопустливо е во срцето на Пиринска Македонија да биде […]

Османи и Сарацин разговарале за Берлинскиот процес


  Еден ден по претседателката на Европската комисија во Скопје пристигна и специјалниот пратеник на Германија за Западен балкан, Мануел Сарацин. Тој имаше денес средба со Бујар Османи, министерот за надворешни работи. Османи изразил големо задоволство од позитивниот исход од министерскиот состанок во рамки на Берлинскиот процес одржан минатата недела и усвоената декларација за имплементација […]

Лајен твитна на македонски


  Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, твитна на македонски јазик за потпишувањето на Договорот за статус со Европската агенција за гранична и крајбрежна стража – Фронтекс.   Лајен денес ќе ја посети Тирана, како втора станица на нејзината турнеја низ регионот. Синоќа таа имала организирана вечера од страна на претседателот Стево Пендаровски […]

Тупанчески: Она што го кажа Фон дер Лајен влева надеж дека сме на вистинскиот пат за реформите во правосудниот систем


Министерот за правда Никола Тупанчески во синоќешното гостување во дебатната емисија 24 Анализа рече дека она што го кажа претседателката на ЕК Урсула Фон дер Лајен на прес-конференцијата влева надеж, оптимизам дека сме на вистинскиот пат во однос на реформите во правосудството. -Траекторијата по која се движиме во моментов е вистинската патека до која што […]

Во Собранието седница за пратенички прашања


  Во Собранието денеска ќе се одржи седница за поставување пратенички прашања. Ваква пленарна седница вообичаено се одржува секој последен четврток во месецот, а согласно практиката, први прашања на премиерот и министрите им поставуваат пратеници од опозицијата. 

Средба на Пендаровски со Фон дер Лaјен


Претседателот Стево Пендаровски ја прими претседателката на Европската Комисија, Урсула фон дер Лaјен, која престојува во посета на Република Северна Македонија.   На средбата беше разговарано за текот на европските интеграции на Северна Македонија и натамошните фази во преговорите, ситуацијата во регионот на Западен Балкан, особено во светло на руската воена агресија врз Украина и […]

Дер Лајен најави 80 милиони евра буџетска помош за Македонија за енергетската криза


  Претседателката на Европската комисија, Урсула Фон дер Лајен, на прес конференцијата со премиерот Димитар Ковачевски вечерва рече дека се сеќава на последната посета на Скопје и на се што ветила притоа, вклучувајќи го и тоа дека нашиот јазик во ЕУ ќе се нарекува македонски  и дека ќе почне скрининг процесот со Македонија.  „Тоа што […]

Официјален пречек на Фон дер Лајен пред Владата (фото)


Владина делегација предводена од премиерот Димитар Ковачевски попладнево, на платото пред Владата, со највисоки почести ја пречека претседателката на Европската комисија Урсула Фон дер Лајен. На официјалниот пречек присуствуваа вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ, министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, министерот за надворешни работи Бујар Османи и министерот за економија Крешник Бектеши. Фон дер […]

Расправата за предлогот Пенов да биде нов министер за локална самоуправа продолжува в петок


  Во Собранието денеска втор ден пратениците расправаа за предлогот Ристо Пенов да биде нов министер за локална самоуправа. И денеска ставовите на пратениците од опозицијата и власта беа спротивставени. Според првите, власта со овој предлог прави дефокус на јавноста од вистинските проблеми и наместо да понуди решенија за економската и енергетската криза и да […]

Ниту има дозвола ниту забрана за македонскиот клуб, вели градоначалникот на Благоевград


  Ова е сосем приватна работа и нема никаква врска со општината, изјави градобначалникот на Благоевград околу отворањето на македонскиот клуб „Никола Вапцаров“. Во изјава за бугарскиот весник „24 часа“ Илко Стојанов вели: „Ниту издадов дозвола, ниту забрана за отворање приватен македонски културен клуб. Ако некој шпекулира со моето име и институцијата на градоначалникот, тоа […]

Пратениците втор ден расправаат за предлогот Ристо Пенов да биде нов министер за локална самоуправа


Во Собранието денеска продолжи дебатата на пратениците за предлогот Ристо Пенов да биде нов министер за локална самоуправа. Расправата траеше два часа, по што потпретседателот на Собранието Горан Мисовски даде пауза до 15 часот. Според опозициската ВМРО-ДПМНЕ, денеска наместо да се разговара за мерки и помош на граѓаните се дискутира за министерски функции и фотелји. […]

Делегација на ВМРО-ДПМНЕ со Мицкоски ќе оди на отворањето на клубот во Благоевград


  Поголема делегација на ВМРО-ДПМНЕ, на чело со претседателот Христијан Мицкоски, ќе оди на отворањето на македонскиот клуб „Никола Вапцаеров“ во Благоевград на 30 октомври. Во неа ќе бидат и пратениците Рашела Мизрахи и Драган Ковачки, како и Александар Пандов од патриотскиот инситутут на партијата. Тоа го изјавија од партијата за „360 степени“. Организаторите на […]