Собранието не прифати по скратена постапка да се донесе закон за амнестија за осудените за 27 април


Во Собранието попладнево на 106-тата седница не беше прифатено по скратена постапка да се донесе Предлог-закон за амнестија на лицата осудени за настаните во Собранието на 27 април 2017, поднесен од пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, на иницијатива на адвокатите Јанаки Митревски и Драган Пешевски. Пратеничката Дафина Стојаноска од ВМРО-ДПМНЕ во образложението ги повика колегите пратеници […]

Министерот Лога веќе го потпиша решението против името Ванчо Михајлов за клубови


Министерот за правда Кренар Лога го потпиша решението со кое се одбива употребата на името Иван Михајлов за истоименото здружение од Битола. Ваквата одлука на министерот уследи откако денеска Комисијата за употреба на имиња на личности даде негативно мислење за употребата на името Иван Михајлов.  „Министерот Лога го потпиша решението имајќи го предвид негативното мислење […]

Прашањето за предвремените избори е затворено, парламентарните избори ќе бидат во редовниот термин


Прашањето за предвремените парламентарни избори кое Мицкоски го најавуваше во декември, па го презакажа за јануари, па за средината на февруари е затворено – изборите ќе бидат во редовниот термин, потврди денеска премиерот Димитар Ковачевски. Мицкоски, посочи, тврдеше дека има парламентарно мнозинство од 61 пратеник, на крај се покажа дека оваа Влада има зголемено парламентарно […]

Негативно мислење на Комисијата за употребата на името Иван Михајлов


  Комисијата за употреба на имиња на личности на денешната седница даде негативно мислење за употреба на името Иван Михајлов поднесено од здружението Културен центар ,,Иван Михајлов“ од Битола.  Заклучокот од седницата ќе се проследи до министерот за правда кој ќе треба да донесе одлука по претходно добиеното негативно мислење од Комисијата. Комисијата смета дека […]

Мицкоски пак повикува на предвремени избори без техничка влада


  Лидерот на опозицијата денеска од Битола уште еднаш го повтори повикот за предвремени избори велејќи дека неговата партија ВМРО-ДПМНЕ ќе се согласи да оди на нив и без техничка влада. „Ние јавно подадовме рака за предвремени парламентарни избори, дури и рековме ако е услов 100 дена техничка влада, јавно се откажуваме и ја фрламе […]

Упад во бугарскиот културен центар во Скопје, Софија веднаш реагираше


  Непознати лица синоќа упаднале во Бугарскиот културно-информативен центар во центарот на Скопје на улица Македонија, соопштуваат од Бугарското министерство за надворешни работи. „Ноќта меѓу 15 и 16 март 2023 година непознати лица упаднале во зградата на Културно-информативниот центар на Бугарија во Скопје, Република Северна Македонија. Во инцидентот, причинета е материјална штета на задниот ѕид […]

„Тој доаѓа“: ДУИ влезе во нова кампања за реинвентирање


  Ако се суди според реториката на ДУИ изборите за новиот парламент се пред порта. Само што не почнала продолжената кампања за нив. За да го смири револтот на отпадничката група на Изет Меџити, Муса Џафери и другите, како и нивниот голем број приврзаници, раководството на ДУИ почна преку социјалните мрежи да го споделува слоганот […]

Жозеп Борел денеска и утре во посета на земјава


Високиот претставник на ЕУ за надворешни работи и безбедносна политика и потпретседател на Европската комисија, Жозеп Борел, денеска и утре ќе престојува во официјална посета на земјава, каде како што е најавено, ќе ја предводи делегацијата на ЕУ на 16-тиот состанок на Советот за стабилизација и асоцијација меѓу ЕУ и Северна Македонија. Борел, според агендата, денеска […]

Пред пратениците законски измени за поедноставна и побрза достава на лекови


Во Собранието денеска ќе се гласа за изменување и дополнување на Законот за здравствено осигурување, по скратена постапка, чиј предлагач е Владата. Што побрзо се усвојат законските измени, толку побргу пациентите ќе имаат поедноставна и побрза достава на сите лекови, изјави деновиве проф. д-р Ана Данева Маркова, советник за здравство на премиерот, во одговор на […]

Избор на уставен судија и Предлог законот за амнестија на осудените од 27 април пред пратениците


Предлогот за избор на судијата Елизабета Дуковска од Апелацискиот суд Скопје за судија на Уставниот суд на Република Северна Македонија е на дневен ред на денешната 106. собраниска седница. Дуковска е предлог на Судскиот совет на Република Северна Македонија за нова уставна судијка. Таа е судијка од 2004 година, работела во двата основни суда во […]

МНР: Не постоеја индикации за можен напад врз Османи при неговата посета на Молдавија


Не бевме информирани, ниту постоеја индикации за какви било закани или можен напад врз делегацијата на ОБСЕ, ниту кон претседавачот со Организацијата, министерот за надворешни работи Бујар Османи за време на неговата посета на Молдавија, коментираат денеска од МНР по појавените информации во јавноста за можен напад врз делегацијата на ОБСЕ при посетата на Молдавија, […]

Бугарија се обидела да ги смени заклучоците и за ССА, но наишла на европски ѕид


(Од нашиот известувач) БРИСЕЛ – Се обидуваме за една година да го завршиме тоа што Србија го заврши за две, изјави денес по средбите и скринингот во Брисел вицепремиерот за европски прашања, Бојан Маричиќ. Според него, притисокот за решавање на спорот околу Косово и прашањето за Македонија сега е голем, бидејќи идната е изборна година во ЕУ […]

Објавена агендата за средбата Курти – Вучиќ во Охрид


Премиерот на Република Косово, Албин Курти в сабота во Охрид ќе се сретне со српскиот претседател Александар Вучиќ, во рамки на дијалогот Косово – Србија посредуван од Европската Унија. Курти и Вучиќ веќе го потврдиле нивното учество на оваа средба, јавува косовската Радио-телевизија. Косовската телевизија информира дека според добиеното официјално известување од делегацијата на ЕУ […]

Османи во Шведска доби цврста поддршка за европскиот пат на Македонија


  На министерот за надворешни работи Бујар Османи денеска за време на посетата на Шведска, актуелен претседавач со ЕУ, му беше искажана целосна поддршка за македонскиот пат кон Унијата. На средбата со министерот за надворешни работи Тобијас Билстром беше реафирмирана поддршката на Шведска за нашата евроинтеграција, а беше нагласена неопходноста од донесувањето на уставните промени, […]

Македонија стигна до четвртиот кластер, денес почна скринингот за животна средина и транспорт


  (Од нашиот известувач) БРИСЕЛ – Вицепремиерот Бојан Маричиќ со членовите на работната група за транспорт учествуваа денес во Брисел на објаснувачкиот скрининг за оваа област (Поглавје 21), со што практично почна скринингот и за Кластерот 4, озаглавен како „Зелената агенда и одржлива поврзаност“ –  од шестте што до ноември годинава треба да ги заврши […]

Првата дама Ѓоргиевска во Абу Даби со активности за поддршка на жените, децата и човековите права 


Сопругата на претседателот, Елизабета Ѓоргиевска која го придружува претседателот Пендаровски во официјалната посета на Обединети Арапски Емирати, денеска во Абу Даби оствари средби со генералната директорка на Генералната унија на жени Н.Е. г-а Нура бин Калифа Ал Суваиди и Н.Е. г-а Рем бин Абдула Ал Фаласи, генерaлна секретарка на Врховниот совет за мајчинство и детство.  […]

Уставните амандмани ќе дојдат во Собрание пред летото, Маричиќ не е сигурен за исходот (Видео)


  БРИСЕЛ – Вицепремиерот за европски прашања и главен преговарач со ЕУ, Бојан Маричиќ, денес по скринингот во Брисел рече дека очекува амандманите за промена на Уставот да влезат во процедура во Собранието пред летото и дека идеално би било тоа да се случи пред јули. Според него, наредните недели Министерството за правда ќе го […]

Пендаровски во Абу Даби се сретна со лидерот на Емиратите


  Претседателот Стево Пендаровски, денеска во Абу Даби, оствари средба со Шеик Мохамед бин Заед ал Нахјан, претседател на Обединетите Арапски Емирати и Владетел на Абу Даби. На средбата беа разменети мислења околу можностите за продлабочување на билатералните односи, интензивирање на економската соработка, актуелните меѓународни и регионални прашања, како и за надворешните приоритети и политичките […]

Заев стави потпис Албанец да биде премиер, тврди Груби


  Втор член од владата од ДУИ во два дена повторно се навраќа на темата Албанец-премиер во кабинетот кој ќе биде технички пред изборите. По министерот за надворешни работи, Бујар Османи, тоа синоќа го направи и вицепремиерот Артан Груби кој на косовска телевизија го толкуваше она што го кажа неговиот партиски колега. И зборуваше како […]

Во Собранието продолжува 71. седница


Собранието денеска треба да ја продолжи 71. седница, на која на дневен ред се повеќе точки. Се очекува пратениците да дебатираат за годишните извештаи на Народниот правобранител за степенот на обезбедувањето, почитување, унапредување и заштита на човековите слободи и права 2021, за работата на Судскиот совет за 2021 и на Државната комисија за спречување на […]