Од 1 јули Северна Македонија го презема претседавањето со Процесот за соработка во Југоисточна Европа


Министерот за надворешни работи, Бујар Османи утре ќе учествува на состанокот на министрите за надворешни работи на Процесот за соработка на Југоисточна Европа (ПСЈИЕ), што се одржува во Будва. Состанокот се случува на неполн месец пред формалното преземање на претседавањето од страна на Република Северна Македонија, на 1 јули.  Како што соопшти Министерството за надворешни […]

Претседавачот на ОБСЕ објави план во девет чекори за деескалација на тензиите на северот на Косово


Претседавачот со ОБСЕ, министерот Бујар Османи, објави план во девет чекори за деескалација и нормализација на тензиите на северот на Косово. Планот, како што се наведува во соопштението од Министерството за надворешни работи, е во насока на постигнување траен мир и стабилност на северот на Косово и враќање на косовските Срби во институциите и демократските […]

Спасовски за „Политика“: Со вметнување на Бугарите во Уставот ќе заврши тезата дека сме еден народ


Просперитетот на граѓаните зависи од исполнувањето на обврските на државата, кои вклучуваат уставни измени, бидејќи ова е чекор за иднината на државата. Парламентот е дом на демократијата, каде треба да преовладува мислењето што е во интерес на државата. Само декларативно, лицемерно е да се каже дека сакаме да бидеме во ЕУ без да преземеме политичка […]

Мицкоски преферира тет-а-тет средба со Ковачевски


Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски преферира да има тет-а-тет средба со премиерот Димитар Ковачевски бидејќи, како што вели, според неговото досегашно искуство од тимските средби никогаш не произлегуваат заклучоци.  Во гостување на емисијата „360 степени“ на Алсат телевизија, Мицкоски рече дека досега немаат добиено официјална покана за средба.  –  Моето искуство покажало дека на таков […]

Ахмети и Груби го посетија семејството на Хашим Тачи кому му се суди во Хаг


На социјалните мрежи Ахмети објави фотографии од средбата и порача дека Тачи и неговите пријатели го бранат достоинството на ОВК и како победници ќе се вратат во својата земја. „Денеска го посетив семејниот дом на мојот пријател и поранешен претседател на Косово, Хашим Тачи, за да им дадам поддршка и сила на неговите родители и […]

Средба Ковачевски-Агелер: По членството во НАТО, земјава треба да стане членка на ЕУ


Премиерот Димитар Ковачевски денеска имаше средба со амбасадорката на САД во земјава, Анџела Прајс Агелер, на која е разговарано за суштинските прашања во врска со напредокот на Северна Македонија во евроинтеграциите, информираат од владината прес-служба. На состанокот била реафирмирана јасната порака на САД дека земјава по членството во НАТО, треба да стане членка и на […]

И Ковачевски и Мицкоски ги кажаа ставовите пред средбата за која се уште не е соопштен термин


  Се уште нема најава кога ќе се одржи средбата помеѓу премиерот и лидер на СДСМ Димитар Ковачевски и претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски со своите тимови. И покрај тоа тие во јавноста веќе ги кажаа своите ставови за евроинтеграцискиот процес и за уставните измени.  Ковачевски како теми ги предложи одлуките потребни за европската интеграција […]

Џафери учествува на состанокот на спикери на парламенти на земји членки на НАТО во Вилнус


Претседателот на Собранието Талат Џафери учествува на Состанокот на спикери на парламенти на земји членки на НАТО, кој се одржува денеска и утре во Вилнус.  Во состав на македонската делегација се пратениците Миле Талевски, Драган Ковачки и Вјолца Адеми. На настанот ќе учествуваат претседателите на парламентите на земјите членки на НАТО, претседателката на Парламентарното собрание […]

Една година Стратешки дијалог меѓу Македонија и САД


Денеска одбележуваме една година од Стратешкиот дијалог меѓу Северна Македонија и САД, што беше одржан на 2 јуни 2022 година, во Вашингтон. Дијалогот беше лансиран од страна на министерот за надворешни работи, Бујар Османи и државниот секретар на САД, Антони Блинкен, со што беше отворено ново поглавје во билатералните односи и меѓу двете земји. Министерот […]

Радев се жалел од Скопје на самитот во Молдавија


  Бугарскиот претседател Румен Радев ѝ се пожалил на претседателката на Европскиот парламент, Роберта Мецола, дека било недопустливо земји кандидати за членство во ЕУ да се мешале во содржина на европски документи. Тоа е наведено во соопштението пренесено од канцеларијата на Радев за неговата средба на самитот на Европската политичка заедница во Кишињев, Романија. Во […]

Ковачевски: Средбата со Мицкоски треба да се одржи наредните денови


Лидерската средба помеѓу премиерот и претседател на СДСМ Димитар Ковачевски и претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски и нивните тимови ќе се одржи во наредните денови. Премиерот Димитар Ковачевски во интервју за ТВ Сител вечерва ги повтори веќе најавените теми за разговор од негова страна. -Ќе повикам на лидерска средба и тоа темите ќе бидат како […]

Ковачевски и Зеленски во прегратка во Кишињев


  Македонија на самитот на Европската политичка заедница во Кишињев ја претставува премиерот Димитар Ковачевски. Тој таму веднаш по пристигнувањето имаше средба со украинскиот претседател Володимир Зеленски. На средбата беше и албанскиот премиер Еди Рама. Ова е прва средба на Ковачевски со Зеленски. Ковачевски на Фејсбук напиша: „Задоволство ми е што имав прилика да се […]

Ново мнозинство во Советот на Битола, ВМРО-ДПМНЕ изгледа оди во опозиција


  БИТОЛА – Битолскиот Совет како „распашана команда“ – со оваа фраза советникот на Левица, Горан Велевски, ја опишува ситуација на политичката сцена во Битола, откако претседателката на Советот, Габриела Илиевска, заедно со советниците од независната листа „Поинаку“ на предлог на СДСМ и со поддршка на Левица изгласаа смена на управните и надзорните одбори на […]

Европските лидери се среќаваат под руската сенка, во Молдавија


  Собирањето на повеќе од 40 европски лидери во Молдавија во четврток ќе биде симболичен прст во окото на Владимир Путин – знак на колективна посветеност да се здружат рацете против Москва. Тоа е исто така голем ризик. Буквално и метафорично, вториот самит на таканаречената Европска политичка заедница се одржува во дворот на Русија, регион […]

Ковачевски на вториот самит на Европската политичка заедница во Кишињев


Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Димитар Ковачевски придружуван од страна на заменик-претседателот на Владата на Република Северна Македонија задолжен за економски прашања Фатмир Битиќи, на 1 јуни 2023 година (четврток) ќе учествува на вториот состанок на Европската политичка заедница во Кишињев, Молдавија. Трите главни теми за кои ќе се разговара на самитот се […]

Слободно движење низ Западен Балкан со лична карта


Во Република Северна Македонија, Република Албанија и Република Косово денеска стапуваат во сила трите договори потпишани на 3 ноември 2022 година, во рамките на Берлинскиот процес – Договорот за слободно движење во Западен Балкан со лични карти, Договорот за признавање на високо образовните квалификации и Договорот за признавање на стручните квалификации на доктори, стоматолози и […]

Макрон ја чека Македонија во ЕУ, клучниот чекор се уставните измени


  Премиерот Димитар Ковачевски денеска во Братислава се сретна со претседателот на Франција, Емануел Макрон, на која, како што информираат од владината прес-служба, било разговарано за процесот на проширување на ЕУ и интеграцијата на Северна Македонија во Унијата. Макрон ја поздравил одлучноста на Владата да работи на реализирање на европската агенда и потенцира дека на […]

Фон дер Лaјен: Уставните измени се во корист на земјата


  Премиерот Димитар Ковачевски се сретна со претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лaјен, во Братислава, каде што учествува на глобалниот безбедносен форум на „Глобсек 2023“. Ковачевски ја потенцирашe заложбата на Владата за исполнување на реформите во клучните поглавја од пристапниот процес во ЕУ и притоа се заблагодари за поддршката од Европската комисија и […]

Ковачевски е рационален оптимист за средбата со Мицкоски


  Премиерот Димитар Ковачевски во изјава за МИА дадена во Братислава вели дека на средбата со лидерот на опозицијата Христијан Мицкоски ќе се разговара за две работи – за одлуките потребни за европската интеграција на државата и за добрососедските односи. „Тоа е нешто што ќе го разговараме со претседателот на ВМРО-ДПМНЕ и со неговиот тим, […]

Османи и германската министерка Лирман разговараа за уставните измени


  Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, денеска, во рамки на учеството на безбедносниот форум Глобсек во Братислава, имаше билатерална средба со министерката за Европа и клима на Германија, Ана Лирман. Во фокус на разговорите беше нашето европско досие, при што Османи брифираше за претстојниот процес на донесување на уставните измени, со цел отворање на […]