Коридорот 8 ќе добие и политички формат


  На состанокот на министрите за надворешни работи на четирите земји низ кои поминува Коридорот 8 во Бриндизи, Италија, заклучено е тој да добие своевиден политички формат. Министрите заклучија дека треба да се организираат годишна политичка средба, годишен бизнис форум, средби во градовите кои са на трасата на овој коридор, како и редовна дискусија во […]

Навивач на бугарски „Левски“ прободен со нож во Скопје, десет приведени од полицијата (ВИДЕО)


Натпреварот меѓу Шкупи и Левски беше означен како пресметка од висок ризик и безбедносните сили беа распоредени пред стадионот уште во раната фаза на денешниот ден, но ниту добрата подготовка не спречи инциденти. Најпрво дојде до немили сцени во Чаир откако неколку бугарски автомобили беа нападнати од навивачи на Шкупи, а хаосот продолжи и пред […]

Пендаровски: Крајниот рок за гласање за уставните измени е 30 ноември


  Не верувам дека гласањето за уставните измени ќе биде на 17 август, не затоа што се колективните одмори во прашање, туку затоа што нема да биде завршена дебатата. И да почне дебатата, не може да заврши толку брзо за да имате гласање на 17 август. Мојата проценка е дека или ќе се направи сериозен […]

Изет Меџити, Мерита Коџаџику и Кастриот Реџепи ќе дејствуваат како независни пратеници


Доскорешните пратеници на ДУИ, Изет Меџити и Мерита Колчи Коџаџику и пратеникот Кастриот Реџепи, кои најавија формирање на ново политичко движење, преку видео на социјалните мрежи сооппштија дека од денеска ќе дејствуваат како независни пратеници. -Денеска, официјално писмено го информиравме и претседателот на Собранието на Република Северна Македонија дека ќе делуваме како независни пратеници. Ве […]

Фондацијата на Заев ќе го финансира весникот на Македонците во Албанија


Поранешниот премиер Зоран Заев објави дека ќе го финансира редовното излегување на весникот на заедницата на Македонците во Албанија – „Преспа“. -Чест и обврска е да се дава поддршка на употребата на македонскиот јазик. Преку нашата Фондација го поддржуваме редовното издавање на „Преспа“ – весникот на заедницата на Македонците во Албанија. Го помагаме информирањето на […]

И Беса се дели – Аријанит Хоџа и Басри Бајрами ќе формираат нова партија


  Албанскиот политички блок и натаму се дели. По отцепувањето на „огнените“ од ДУИ, сега и Беса, партијата на градоначалникот на Тетово, Билал Касами, ќе се расцепува. Аријанит Хоџа, кој беше заменик-претседател на Беса и поранешен министер, заедно со пратеникот Басри Бајрами денеска на прес-конференција соопштија дека ќе формираат нова политичка партија.  Хоџа на прес-конференција […]

Аријанит Хоџа и пратеникот Басри Бајрами формираат нова политичка формација


 Аријанит Хоџа, кој беше заменик претседател на Движењето БЕСА и поранешен министер и пратеникот Басри Бајрами денеска на прес-конференција информираа дека ќе формираат нова политичка партија.  Хоџа на прес-конференција соопшти дека почнувајќи од денеска тој и повеќемина негови сопартијци од денеска ќе функционираат како посебна политичка формација и оти ги отвораат вратите за сите оние […]

Можно е да има расправа за уставните измени, а гласањето да се одложи


  Расправа за уставните измени на 18 август ќе има, но можно е да нема гласање – е најавата од спикерот на парламентот, Талат Џафери, по информациите од партиите дека ако дотогаш не се обезбедат потребните гласови, гласањето за потребата од уставни измени да се одложо, додека не се создада услови да успее. „Можно е […]

Министерот Османи на квадрилатерален министерски состанок во Италија за Коридорот 8


Министерот за надворешни работи Бујар Османи денеска ќе престојува во работна посета на Италија, каде заедно со потпретседателот на Советот на министри и министер за надворешни работи и меѓународна соработка на Италијанската Република, Антонио Тајани, заменик претседателката на Владата и министерка за надворешни работи на Република Бугарија, Марија Габриел и министерката за надворешни работи на […]

Стартува мисијата на ЕК за оценка на правосудниот систем во земјава


Европската комисија е многу загрижена за последните случувања во областа на владеењето на правото и борбата против корупцијата во Северна Македонија, особено во однос на Судскиот совет и за таа цел во земјата испраќа оценска мисија за неговата работа, изјави за МИА портпаролката на ЕК, Ана Писонеро, во пресрет на денешниот почеток на дводневната посета […]

За злоупотребата на европските фондови мора да има одговорност, вели амбасадорот Гир


  БИТОЛА – Одблиску ќе го следиме расчистувањето со криминалот со европските фондови во Македонија доколку истрагата на Европската служба против измами (ОЛАФ) има исход, порача денеска од Битола евроамбасадорот Дејвид Гир. Од вкупно 36 истраги на Западен Балкан, дури 18 се однесуваат на злоупотреба на европските фондовите во Македонија. Европската служба против измами (ОЛАФ) […]

Утре стартува мисијата на ЕУ за мониторинг на судскиот систем


Како што неодамна најави амбасадорот Дејвид Гир, шеф на Делегацијата на Европската Унија, Европската комисија распоредува мисија за рецензија во Северна Македонија за да се фокусира на функционирањето на Судскиот совет. Тим експерти од земјите-членки на ЕУ ќе ја испита институционалната рамка на Судскиот совет и ќе предложи краткорочни и среднорочни мерки, вклучително законодавни и […]

Пратеникот Бастри Бајрами од Беса од денеска ќе дејствува како независен


  Досегашниот пратеник на Движењето Беса, Бастри Бајрами, информира дека од денеска ќе дејствува како независен. „Јас долупотпишаниот пратеник Бастри Бајрами, Ве информирам дека од денес ќе дејствувам како независен пратеник во Собранието на Република Северна Македонија“, се вели во известувањето на Бајрами испратено до спикерот Талат Џафери. Досега сѐ уште нема никакви официјални информации […]

Пратениците во посета на Агенцијата за разузнавање


Членовите на собраниската Комисија за надзор над работата на Агенцијата за национална безбедност и на Агенцијата за разузнавање денеска ќе оствари надзорна посета во просториите на Агенцијата за разузнавање. Оваа Комисија ги разгледува прашањата што се однесуваат на почитување на правата и слободите утврдени со Уставот и закони од страна на АНБ и Агенцијата за […]

Арта Биљали Зендели: Нездраво e од првиот ден на оваа влада да се бараат предвремени избори


Пратеничката од ДУИ, Арта Биљали Зендели во вечерашното гостување во Само вистина, кажа дека не било здраво три години да се повторува една иста работа, како што тоа го правеле од ВМРО-ДПМНЕ, алудирајќи на нивното барање за предвремени парламентарни избори. „ВМРО-ДПМНЕ бараше избори уште од 30, 31 август 2020 година, откако се формираше Владата и […]

Милошоски тврди: Уште еден пратеник од власта нема да гласа за уставните измени


Денеска имавме пријатно изненадување, уште еден пратеник обелодени дека е против уставните измени. Пратеникот на Партијата на движењето за правата на Турците објави дека ги смета овие амндмани за неуставни, изјави вечерва за ТВ Сител Антонио Милошоски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ. Тој истакна дека власта бркајќи пратеници во опозицијата и споменувајќи раздор, почнала да ги губи […]

Жешка расправа за уставните измени: СДСМ повика на разум, ВМРО-ДПМНЕ зборува за предавство


  СДСМ повикува на разум, ВМРО-ДПМНЕ зборува за предавство. Вака почна денес долгоочекуваната седница на Комисијата за уставни прашања на која премиерот Димитар Ковачевски им порача на пратениците дека сега е на нив ред да донесат одлука битна за интересите на државата и ги повика сите партии да ги изненадат граѓаните постигнувајќи консензус за измените […]

Османи: Нема поголема бугаризација од вадењето бугарски пасоши


Иднината на државата не е одговорност само на Владата, туку на сите кои се согласуваат дека земјата треба да биде дел од Европската Унија. Земјата се наоѓа на критичната точка и секој кој сака да види напредок треба да преземе одговорност,изјави министерот за надворешни работи, Бујар Османи при денешно гостување во емисијата „Клик Плус” на […]

Мицкоски „има чувство“ дека дискусијата во Уставната комисија ќе заврши денеска


  Прво координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Мицевски, во својата дискусија на Комисијата за уставни прашања рече дека по него нема да има други дискутанти од партијата, а потоа неговиот партиски лидер Христијан Мицкоски од Битола изјави дека има „чувство“ оти расправата ќе заврши денеска. „Четириесет и четири пратеници на ВМРО–ДПМНЕ и коалицијата […]