Министерот за правда редовно ќе информира за функционирањето на работната група, тврди Ковачевски


Работната група ќе биде транспарентна во работењето. Не би се мешал во нејзината работа, верувам дека министерот за правда редовно ќе информира за тоа како функционира зашто таа е во рамки на тоа Министерство, изјави премиерот Димитар Ковачевски прашан за неговите очекувања од групата што од денеска треба да почне да работи на амандмани за …

Министерот за правда редовно ќе информира за функционирањето на работната група, тврди Ковачевски Read More »

Пендаровски не смета дека уставните измени се „нешто страшно“


Претседателот Стево Пендаровски потврди денес дека со свој претставник учествува во работната група за уставните измени и оти со тоа јасно го кажува неговиот политички став, дека е за промена на Уставот со внесувањето на Бугарите во него. -Јас учествувам преку мој претставник и со тоа јасно го кажувам мојот политички став, дека сум за …

Пендаровски не смета дека уставните измени се „нешто страшно“ Read More »

Вјоса Османи побара да се цени придонесот на Албанците во Македонија за евроинтеграцијата


  Претседателката на Косово, Вјоса Османи, ја искористи денешната посета за да побара, по малку патронатски, граѓаните во државава да го ценат повеќе придонесот на Албанците од Македонија за евроатлантската иднина на земјата, нарекувајќи ги браќа и мои сонародници.  „Почестена сум што сум во државата што многу мои сонародници ја нарекуваат своја земја. Освен придонесот …

Вјоса Османи побара да се цени придонесот на Албанците во Македонија за евроинтеграцијата Read More »

Османи во ЕП: Многумина во Македонија не се убедени дека ќе има проширување


По бројни предизвици на патот кон полноправно членство во Европската Унија и неверојатни 22 години од потпишувањето на Спогодбата за стабилизација и асоцијација, Република Северна Македонија минатата година направи историски исчекор и ги започна преговорите за пристапување во ЕУ, кои означуваат почеток на новата и квалитативно највисока фаза во односите со ЕУ пред полноправното членство. …

Османи во ЕП: Многумина во Македонија не се убедени дека ќе има проширување Read More »

Пендаровски ја пречека Османи во „Вила Водно“


 Претседателката на Косово Вјоса Османи-Садриу претпладнево со највисоки државни и воени почести беше пречекана од претседателот на Северна Македонија Стево Пендаровски во „Вила Водно“. Пендаровски и Османи-Садриу, која е во официјална посета на земјава, ќе има тет-а-тет средба, по што предвиден и пленарен состанок на двете делегации. По средбата Пендаровски и Османи-Садриу ќе положат венци …

Пендаровски ја пречека Османи во „Вила Водно“ Read More »

БЕСА нема да гласа за уставните промени ако не се избрише „20 отсто“


Беса не е против вклучувањето на Бугарите во Уставот, но е против претставувањето на Албанците со проценти во највисокиот правен акт, изјави потпретседателот на партијата, Фатмир Лимани, вчера во емисијата „200“ на телевизија „Алсат. – Ние не сме против вклучување на Бугарите во Уставот. Ние не сме против вклучувањето на секоја заедница во Уставот. Но, …

БЕСА нема да гласа за уставните промени ако не се избрише „20 отсто“ Read More »

ДУИ ја поздравува поддршката на ВМРО за коридорите 8 и 10-Д


Демократската унија за интеграција ја поздравува поддршката на ВМРО ДПМНЕ за изградбата на коридорите 8 и 10-Д искажана од страна на Христијан Мицкоски. -Процесот до потпишување на договорот за изградба на коридорите помеѓу Владата и конзорциумот Бехтел и Енка трае веќе повеќе од две години и во јавниот процес беа вклучени сите. Договорот е обврска …

ДУИ ја поздравува поддршката на ВМРО за коридорите 8 и 10-Д Read More »

Косовската претседателка Османи-Садриу во посета на Северна Македонија


 Косовската претседателка Вјоса Османи-Садриу денеска ќе допатува во официјална посета на земјава на покана на шефот на државата Стево Пендаровски. Според најавата, по пречекот со највисоки државни и воени почести на официјална церемонија во кабинетот на претседателот, Османи-Садриу ќе има тет-а-тет средба со Пендаровски, по што предвиден е и пленарен состанок на делегациите на двете земји. …

Косовската претседателка Османи-Садриу во посета на Северна Македонија Read More »

Апелациските судии ветуваат дека ќе бидат поажурни


  Истиот ден кога јавноста дозна за острото писмо на американската амбасадорка во кое наведува дека е „загрижена и разочарана“ од состојбите во судството и вратените предмети на повторно судење, Апелацискиот суд се огласи со соопштение во кое наведува дека – пораката е разбрана. Не само на Ангела Агелер, туку и на македонската јавност која …

Апелациските судии ветуваат дека ќе бидат поажурни Read More »

Агелер вознемирена и разочарана од неспособноста на судовите и вратените пресуди


  Со зборови полни со прекор американската амбасадорка во Скопје, Ангела Агелер, им испратила писмо на највисоките владини и судски раководители во кои наведува дека случувањата во Апелацискиот суд во Скопје и вратените пресуди за неколку високопрофилирани случаи го тенчат трпението и довербата на стратешкиот сојузник на Македонија – САД. Агелер го испратила писмото уште …

Агелер вознемирена и разочарана од неспособноста на судовите и вратените пресуди Read More »

Османи во работна посета на Брисел


Утре (среда, 26 април 2023 година) министерот за надворешни работи на Република Северна Македонија, Бујар Османи ќе престојува во работна посета на Брисел, при што ќе се обрати пред членовите на Комисијата за надворешни работи на Европскиот парламент (AFET) и инаугуративната Пленарна сесија 2023-2025 на Европскиот Економски и Социјален Комитет, на дискусија за зајакнувањето на …

Османи во работна посета на Брисел Read More »

Ковачевски и Шарл Мишел разговараа за уставните измени


  Премиерот Димитар Ковачевски и претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел, денеска телефонски разговараа за евроинтеграцискиот пат на Македонија, спроведувањето на потребните реформи и уставните измени.  Ковачевски, како што соопштува владината прес-служба, ја истакнал решителноста на Владата да работи на отворање на првиот кластер од преговорите до крајот на годинава и го запознал Мишел за …

Ковачевски и Шарл Мишел разговараа за уставните измени Read More »

Анкета на „Галуп“: Негативната перцепција за Путин во Македонија е 61 отсто


  Инвазијата на Украина во голема мера го расипа имиџот на руското раководство во светот. Минатата година, мнозинството жители на светот го осудија Владимир Путин – првпат во последните 15 години во кои „Галуп“ спроведува анкети за ставовите кон светските лидери. Дополнително, негативните оценки преовладуваат не само на Западот, кој отворено ја критикува агресијата, туку …

Анкета на „Галуп“: Негативната перцепција за Путин во Македонија е 61 отсто Read More »

Максим Димитриевски бара ЕУ да ја превоспита Бугарија


  Градоначалникот на Куманово, Максим Димитриевски, вели дека тој не бил подготвен да го менува јазикот и културата за да биде член на Европската унија. И побара од Брисел да ја превоспита Бугарија и да најде начин како да го менаџира процесот на преговорите на Македонија со ЕУ. И ако тој сега би бил пратеник …

Максим Димитриевски бара ЕУ да ја превоспита Бугарија Read More »

Гаши нема да коалицира со партиите кои се против уставни измени


Лидерот на Алтернатива, Африм Гаши синоќа истакнал дека се чувствува изневерено, говорејќи за нивната одлука како партија повеќе да не бидат дел од владиното мнозинство. Гаши смета дека Алтернатива е „изневерена“ од партнерите во власта. -Многу беше јасно дека на ДУИ поради внатрешни проблеми, комбинацијата им беше да влезе Алијанса за Албанците, и ниту АА, …

Гаши нема да коалицира со партиите кои се против уставни измени Read More »

НКЕУ-МК ќе одржи сесија за одговорноста во спроведувањето на правдата во Северна Македонија


Националната конвенција за ЕУ во Северна Македонија ќе биде домаќин на Работната група 3 – Правосудство и основни права (Поглавје 23), која ќе ја одржи единаесеттата сесија на тема „Регулација, прагматички контекст и ефекти vis-a-vis Поглавјето 23 и одговорноста на релевантните субјекти во спроведувањето на правдата во Република Северна Македонија“, во организација на Европското движење. …

НКЕУ-МК ќе одржи сесија за одговорноста во спроведувањето на правдата во Северна Македонија Read More »

Ципрас: Преспанскиот договор – пример за Бугарија и за Србија


Поранешниот грчки премиер и лидер на партијата Сириза, Алексис Ципрас, вели дека без Преспанскиот договор, Западен Балкан ќе беше во многу полоша ситуација, а, како што вели „северниот сосед веројатно ќе беше земја во која што ќе доминираа трети сили“.  Ципрас, кој неодамна беше во Берлин, во интервју за грчката редакција на Дојче веле, на …

Ципрас: Преспанскиот договор – пример за Бугарија и за Србија Read More »

Партиите кои се изјаснуваат за ЕУ треба да преземат политичка одговорност, вели Гир


  Огромното мнозинство од политичките партии, вклучително и главната опозициска партија јавно се изјаснија за поддршка на евроинтегративниот пат на земјата. Ова е многу добро и тоа е многу важно, затоа што преговорите за пристапување во ЕУ се главна задача, која бара извонредна посветеност и ангажман од сите – владата, опозицијата, па и општеството во …

Партиите кои се изјаснуваат за ЕУ треба да преземат политичка одговорност, вели Гир Read More »

СДСМ го нарече Мицкоски „последен претставник на црвената буржоазија“


  Обвинувајќи го ВМРО-ДПМНЕ дека води хајка против изградбата на коридорите 8 и 10д, СДСМ, го нарече Христијан Мицкоски како „последен претставник на црвената буржоазија“. „ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски под заложништво на проруската Левица водат хајка против стратешкиот проект за изградба на коридорите 8 и 10д и против реномирана американска компанија. Изградбата на коридорите 8 …

СДСМ го нарече Мицкоски „последен претставник на црвената буржоазија“ Read More »