Состанок на експертските работни групи на МНР на Северна Македонија и на Бугарија


Во Скопје вчера се одржал состанок на експертските работни групи на Министерствата за надворешни работи на Северна Македонија и Бугарија, објавено е на сајтот на македонското МНР. -Во текот на состанокот, двете страни заемно се информираа за текот на реализацијата на преземените ангажмани согласно Договорот за пријателство, добрососедство и соработка и Протоколите од одржаните средби […]

Уште една иницијатива Западен Балкан да биде геостратешки императив за ЕУ


По австрискиот нон-пејпер испратен до ЕУ-инстутициите минатата недела за конкретни чекори за интеграција на Западен Балкан во ЕУ, вчера во заедничка изјава словенечката министерка за надворешни и европски работи Тања Фајон, министерот за европски и меѓународни прашања на Австрија Александар Шаленберг и хрватскиот министер за надворешни и европски работи Гордан Грлиќ Радман, нагласија дека интегрирањето […]

Квалификуваното мнозинство во ЕУ ја намалува опасноста од евентуални нови условувања


  Реформскиот приод што го нуди француско – германскиот предлог ја зајакнува позицијата на ЕУ како глобален играч. Во делот на проширувањето, за нас, уставните измени остануваат услов кој мора да биде исполнет за да можеме да ги продолжиме евроинтеграциите, но при тоа воведувањето на одлучување со квалификувано мнозинство драстично ја зголемува сигурноста дека по […]

Јанкулоска не гледа што би разговарала со екслидерот


Актуелното раководство на ВМРО-ДПМНЕ е легитимно избрано и поддржано на партиски конгрес, така што ја има целосно мојата поддршка, вели поранешната министерка за внатрешни работи Гордана Јанкулоска. Во интервјуто за „360 степени“ на МРТ 1, прашана за став за судирот на актуелниот и поранешниот лидер на партијата, Христијан Мицкоски и Никола Груевски, Јанкулоска вели дека […]

Ѓорчев: Ќе станеме територија без население, сите размислуваат за иселување


Ни се случува демографска катастрофа каква што Македонија наназад 100 или 200 години немала. Од Македонија секогаш имало иселување, печалбарство, имавме економска миграција, но ова што го имаме од 2017 година наваму откако дојде оваа влада, не е иселување туку буквално егзодус, изјави Влатко Ѓорчев член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ за Тема на денот во […]

Османи ќе ги посети Киргистан и Туркменистан


Претседавачот со ОБСЕ и министер за надворешни работи на Северна Макеоднија Бујар Османи ја продолжува посетата на земјите од Централна Азија (ЦА). После  реализирањето на посетите на Узбекистан и Казахстан во август оваа година, Османи од утре ќе престојува во дводневна посета на Киргистан, а наредната недела се очекува да го посети и Туркменистан, соопшти […]

Спасовски вели дека во СДСМ не се разговарало за претседателски кандидат


Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, прашан денеска во врска со шпекулациите за кавга во СДСМ околу номинирањето кандидат за претстојните претседателски избори изјави дека нема такво нешто – затоа што на оваа тема сè уште не ни било разговарано во партијата. Спасовски, чие име се споменува во политичките кулоари како можен кандидат за шеф […]

Маричиќ очекува и негативни реакции за предлогот за укинување на ветото во ЕУ


  Сите наши обврски со Бугарија се напишани на хартија и се вградени или во Преговарачката рамка или во заклучоците што ги имаме од Советот на ЕУ од минатата година, така што она што можеме да го очекуваме е предвидливо, изјави денеска вицепремиерот за европски прашања и главен преговарач со ЕУ, Бојан Маричиќ, кој потенцира […]

Стратешкиот тим ќе ја прави изборната програма на СДСМ, вели Маричиќ


 Вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ го нарече „многу важно тело“ стратешкиот тим што го промовираше деновиве СДСМ со фотографија од првата средба, на која седеа заедно премиерот Димитар Ковачевски и екс премиерот Зоран Заев. Според Маричиќ во него се собрани многу луѓе со големо политичко искуство кои треба да дадат придонес за градење на […]

Пријателство што трае – Ципрас на гости кај Заев во Струмица


  Двајцата премиери кои беа архитекти на Преспанскиот договор и воспоставувањето на новите односи меѓу Македонија и Грција – Зоран Заев и Алексис Ципрас – денеска ќе се дружат во Струмица. Заев, кој често изјавуваше дека со Ципрас изградиле извонредни пријателски односи, го поканил поранешниот лидер на Сириза да му дојде на гости во Струмица […]

Сите министри за надворешни работи на ЕУ на состанок во Киев


  Додека во Македонија се води исцрпувачка дебата дали уставните промени биле „според бугарски диктат“ Украина, иако е во војна, се приближува на уште еден чекор во декември официјално да почнат преговорите на оваа земја со ЕУ. Министрите за надворешни работи на ЕУ и шефот на европската дипломатијата Жозеп Борел се состануваат денеска, понеделник, на […]

Заедничка изјава на Фајон, Шаленберг и Радман за Западен Балкан


Словенечката министерка за надворешни и европски работи Тања Фајон, министерот за европски и меѓународни прашања на Австрија, Александар Шаленберг и хрватскиот министер за надворешни и европски работи Гордан Грлиќ Радман, во заедничка изјава наведуваат дека интегрирањето на Западен Балкан треба да биде геостратешки императив. Посочуваат дека сегашната геополитичка ситуација е можност и за ЕУ и […]

Мицкоски пред ветераните: Силата на ВМРО-ДПМНЕ не е во имотот туку во народот


Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, на конференцијата на Унија на ветерани порача дека партијата не е градена врз елити, пари и блескава моќ, туку врз кауза, верба и борба која му припаѓа на народот. Силата на партијата, рече тој, не е во имотот што го има, туку во народот, иако во јавноста се препознава токму […]

Министерство за правда: Законот за амнестија нема да се носи со европско знаменце


Министерството за правда ги нарече неосновани тврдењата на претстедалот на ВМРО – ДПМНЕ Христијан Мицкоски дека Законот за амнестија ќе се носи во скратена процедура со европско знаменце.   -Министерот за правда Кренар Лога уште од првиот ден, а исто така и на брифингот со медиуми кој се одржа минатата недела јасно кажа дека овој закон […]

ВМРО-ДПМНЕ ќе го напушти Собранието ако амнестијата се носи со европско знаменце


ВМРО – ДПМНЕ нема да го поддржи Законот за амнестија, a бидејќи нема европско знаменце и е во стандардна процедура, најавува дека ќе го блокира. -Доколку законот за амнестија се носи по скатена постапка и со европско знаменце, лидерот на партијата, Христијан Мицкоски, најави дека ќе побара од највисоките партиски тела подршка за одлуката  да […]

Османи загрижен поради зголемувањето на српските воени трупи меѓу Косово и Србија


Министерот за надворешни работи Бујар Османи, во својство на претседавач со ОБСЕ денеска изрази загриженост за зголемувањето на српските воени трупи долж границата меѓу Косово и Србија.  На својот профил на Фејсбук тој напиша дека денеска го контактирал српскиот министер за надворешни работи Ивица Дачиќ за да ја изрази нашата загриженост. -Ги поздравувам изјавите за […]

МД „Илинден“ – Тирана бара од албанските власти да го прогласат Виктор Стојанов за персона нон грата


Македонското друштво „Илинден“-Тирана побара од властите на Република Албанија бугарскиот државјанин Виктор Стојанов, претседател на Фондацијата Македонија, да го прогласат за персона нон грата. – Во време на актуелен попис, одредени бугарски лица слободно се шетаат по градовите и селата населени со Македонци низ Република Албанија, со единствена цел да се присилуваат да се изјаснуваат […]

Касами: Нема да гласаме за уставните измени без тргање на 20 отсто


Лидерот на Движењето Беса, во неделното интервју за Радио Слободна Европа порача дека пратенците од неговата партија нема да гласаат за измените на Уставот, се додека не се исполни нивниот предуслов за промена на формулацијата јазикот што го употребуваат 20% од граѓаните во албански јазик. Касами во интервјуто вели дека не е возможно предизборно коалицирање со ВМРО-ДПМНЕ, […]

За Левица концесијата за ХЕЦ „Чебрен“ и „Тиквеш“ е штетна како продажбата на „Окта“


Политичката партија Левица смета дека за најважниот енергетски проект во државата, хидроцентралата „Чебрен“, која ќе ја гради грчкиот инвеститор ,,Архиродон”, Македонија нема да даде пари за изградба, а својот удел во инвестицијата ќе го „плати” со отстапување на уште едно енергетско богатство – ХЕЦ „Тиквеш“. За Левица станува збор за скандалозна одлука бидејќи двете хидроелектрани […]

Спасовски смета дека е непотребно носење на закон за амнестија


Министерот за внатрешни работи Оливер Сапсовски денеска изјави дека е непотребно донесувањето на законот за амнестија и оти неговата примена нема да ја промени состојбата со пренатрупаноста во затворите.   -Мојот став е дека апсолутно не е соодветно ниту времето ниту моментот за носење на закон за амнестија. Второ, опфатот кој што е барем соопштен дека […]