Поранешната градоначалничка на Арачиново назначена за нова директорка на АД „Аеродроми“


    Миликије Халими, поранешната градоначалничка на Арачиново од редовите на СДСМ, е назначена за генерален директор на акционерското друштво во државна сопственост Аеродроми на РСМ, пишува Фокус. Халими доаѓа на местото на досегашниот прв човек Трајче Ангеловски со одлука на Надзорниот одбор на 25 октомври на друштвото кое управува со имотот на двата македонски аеродроми […]

Македонија гласаше воздржано за резолуцијата на ОН за итно хуманитарно примирје во Газа


  Генералното собрание на ОН со големо мнозинство повика на „итно, трајно и одржливо хуманитарно примирје“ меѓу Израел и Хамас и побара непречен пристап на помош до опколениот Појас Газа. Предлогот подготвен од Јордан не е обврзувачки, но има политичка тежина, одразувајќи го степенот до кој САД и Израел се меѓународно изолирани додека Израел ги […]

Лајен во четиридневна посета на земјите од Западен Балкан


Претседателката на Европска комисија, Урсула фон дер Лајен на 29 октомври ќе ја почне четиридневната посета на Западен Балкан при што ќе претстави детали од Планот за раст на Европска Унија за регионот. – Ова ќе биде можност да се разговара за билатералната соработка, а особено подетално да им се претстави на регионалните лидери Планот […]

Гаши вели дека тие што поднеле оставки не биле дел од Алтернатива


  Претседателот на Алтернатива, Африм Гаши, денеска на прес-конференција, коментирајќи го соопштението испратено до медиумите дека две третини од членовите на огранокот на партијата во Чаир се откажуваат од партијата, рече дека се работи за членови кои подолг период не се дел од Алтернатива. „Јас можам да зборувам само за членови на Алтернатива. Но, во […]

Еврокомесарот за правда изненаден и загрижен од измените на Кривичниот законик


  Изненаденост и загриженост искажа еврокомесарот за правда, Дидие Рејндерс, на денешниот форум на ЕУ со Западен Балкан што се одржува во Скопје, околу измените на Кривичниот законик со кои застареа повеќе судски случаи во Македонија, затоа што Брисел не бил консултиран за нив, а беа изгласани со европско знаменце. Најавувајќи дека крајната оценка сепак […]

Ковачевски го повика ВМРО-ДПМНЕ да учествува во работната група за изборите


  Премиерот и лидер на СДСМ, Димитар Ковачевски од Дојран потврди дека во текот на вчершаниот ден имал средби со претседателите на четири политички партии, кои се дел од владината коалиција, меѓу кои и со Али Ахмети лидерот на ДУИ, а темата им била датумот за изборите во 2024 година.  „На тие средби разговаравме за […]

Две третини од членовите на огранокот на Алтернатива во Чаир се откажуваат од партијата


  Огранокот на Алтернатива – Чаир соопшти дека  2/3 од неговите членови се откажуваат од партијата поради како што наведуваат, акумулираното незадоволство од некои членови кои ја узурпирале партијата. „Вечерва, ние членовите на огранокот на Алтернатива – Чаир, 2/3 од членовите на огранското собрание, симпатизери и поддржувачи, се собравме овде да ја изразиме нашата загриженост […]

Усвојувањето на Деловникот на Собранието во забрзана фаза


  Собраниската Комисија за деловнички и мандатно-имунитетни прашања денеска ќе ја започне амандманската расправа за новиот Деловник на Собранието. Претседателот на Собранието Талат Џафери, како негов предлагач поднел неколку амандмани, а поднеле и Левица, ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ.  Според информациите од Собранието, Комисијата ќе работи по амандманите доколку е потребно и за време на викендот, а […]

Османи во официјална посета на Финска


Министерот за надворешни работи Бујар Османи денеска ќе престојува во официјална посета на Република Финска, на покана на финската министерка за надворешни работи. Како што соопшти МНР, во рамки на посетата Османи ќе оствари средби со својот хомолог, министерката Елина Валтонен и со претседателот на финскиот Парламент, Јуси Хала-ахо. -За време на престојот во Хелсинки, […]

Почнува амандманската расправа за новиот Предлог Деловник на Собранието


 Собраниската Комисија за деловнички и мандатно – имунитетни прашања денеска ќе ја започне амандманската расправа за Предлог на Деловник на Собранието. Претседателот на Собранието Талат Џафери, како негов предлагач поднел неколку амандмани, а поднеле и Левица, ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ.  Според информациите од Собранието, Комисијата ќе работи по амандманите доколку е потребно и за време на […]

Анкетната комисија за случајот Онкологија ќе сослушува сведоци и експерти


Анкетната комисија што ја формираше Собранието за утврдување одговорност за скандалот на Клиниката за радиотерапија и онкологија денеска ќе продолжи со работа со сослушување сведоци и експерти, како и разгледување акти и документи. Претседателката на Анкетната комисија за скандалот во ЈЗУ Универзитетска клиника за радиотерапија и онкологија Рашела Мизрахи минатата недела изјави оти очекува до […]

Втор ден од Министерскиот форум ЕУ – Западен Балкан за правда и внатрешни работи


Со Втората сесија посветена на правда, на која ќе се дебатира на теми „Владеење на правото и судски реформи“ и „Напредок во заедничките активности во врска со руската воена агресија врз Украина“, денеска во Скопје продолжува Министерскиот форум ЕУ – Западен Балкан за правда и внатрешни работи. По завршувањето на сесијата, заедничка прес-конференција ќе одржат […]

Jохансон: На маса е нова верзија на Шенген регулативата, би било добро да нема плаќање надоместок за влез ЕУ


На маса е нова верзија на Шенген регулативата за која се очекува преговорите да бидат завршени за време на актуелното шпанско претседателство со ЕУ. Би било добро да нема плаќање надоместок за земјите надвор од ЕУ, ијзави вечерва во Скопје еврокомесарката за внатрешни работи Илва Јохансон. Таа потврди дека од неодамна има се повеќе земји […]

Битиќи остави простор за можно ублажување на казните на Груевски


Вицепремиерот задолжен за економски прашања Фатмир Битиќи во гостувањето во „Само вистина“ на Канал 5 Телевизија изјави дека Груевски треба да се врати и да ја отслужи казната, а ако тоа може да придонесе за иднината на државата – може да има ублажување од правосудните органи.. „Сметам дека мора да се прошири кругот на казнивост […]

Маричиќ од Брисел: Фон дер Лајен ќе порача дека ќе има „повеќе пари за повеќе реформи“


Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен во понеделник ќе допатува во посета на Скопје, за да разговараме за потребните и неопходните реформи, за дополнителните средства што треба да ги добиеме како помош од ЕУ, за мотивација за реформите и секако за оние обврски што ни преостануваат, за да ја комплетираме оваа фаза на […]

Николоски: Во Стразбур има најмалку 17 нови тужби од Македонците против Бугарија


Пратеникот Александар Николоски, кој ја предводи македонската пратеничка група во Стразбур, објави дека во Судот за човекови права има барем уште 17 тужби од Македонците против бугараката држава и дека ако бидат прифатени, бројката на пресудиу ќе надниме 30.  -Во Советот на Европа има огромно разбирање за Македонија. Бугарија во моментов е во пост мониторинг, […]

Ковачевски пред пратениците: Шансата за 2030 е неповторлива


  Одлуките за продолжување на евроинтеграцискиот пат треба да бидат донесени сега низ демократска постапка во нашето Собрание за да можеме во 2030 година да бидеме земја членка на ЕУ, истакна претседателот на Владата Димитар Ковачевски денеска пред пратениците.  „Јас како премиер и СДСМ како партија, како носечки партнер во Владата заедно со коалициските партнери, […]

Џафери ги изброја можните датуми за претседателски избори


Спикерот на Собранието, Талат Џафери, на денешниот брифинг со новинарите зборуваше за можните датуми за распишување на претседателски избори, како и за роковите. Тој сподели три можни датуми за прв и за втор круг од изборите. Според него, од денот на распишување на изборите до денот на гласање треба да поминат не помалку од 70 […]

Во Лондон одбележани 30 години дипломатски односи меѓу Северна Македонија и Обединетото Кралство


На свечена вечер со концерт во Кралскиот колеџ во Лондон, синоќа беше одбележана 30-годишнината од воспоставувањето дипломатски односи на нашата држава со Обединетото Кралство, во организација на Амбасадата на Северна Македонија и со поддршка на Министерството за култура. Пред концертот, на кој настапија пијанистот Дино Имери и хрватскиот пијанист Ведран Јањанин, се обратија министерката за […]

Министерски форум ЕУ – Западен Балкан за правда и внатрешни работи во Скопје


Република Северна Македонија и МВР е домаќин на Министерскиот форум ЕУ – Западен Балкан за правда и внатрешни работи, во рамки на Претседателството на Кралството Шпанија со Советот на Европската Унија, што ќе се одржува денеска и утре во Скопје. Како што соопшти МВР, на дводневниот форум кој ќе се одржува во Собранието, ќе учествуваат […]