Османи: Главни забелешки на ЕК се политичката поларизација и блокирањето на Собранието
Политичката поларизација и блокирањето на парламентот, кој го има забавено реформскиот процес на државата, според министерот за надворешни работи Бујар Османи се главните забелешки во Извештајот на Европската комисија. Како виновник за тоа ја посочи опозицијата, која, како што рече на денешната прес-конференција, ја блокирала работата на Собранието во донесувањето законски и реформски решенија. […]