Премиерот Ковачевски во официјална посета на Германија


Премиерот Димитар Ковачевски денеска е во официјална посета на Берлин, Сојузна Република Германија, на покана на германскиот канцелар Олаф Шолц. Во седиштето на Владата на Сојузна Република Германија, како што е најавно, е предвиден официјален пречек со државни почести, средба меѓу премиерот Ковачевски и канцеларот Шолц, заедничка прес-конференција на премиерите, како и работна билатерална средба …

Премиерот Ковачевски во официјална посета на Германија Read More »

Уставните измени се уште во Владата, Собранието ги чека подготвено


Владата вчера одржа седница, но не расправаше за иницијативата за уставни измени. Премиерот Димитар Ковачевски пред неколку дена рече дека ќе и се даде простор на опозицијата да одлучи дали ќе се приклучи кон носењето на одлуката за уставните измени и евроинтеграцискиот процес. Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски со дел од раководството на партијата беше …

Уставните измени се уште во Владата, Собранието ги чека подготвено Read More »

Заев до австрискиот амбасадор: Ќе се видиме на суд!


  Поранешниот премиер Зоран Заев реагира на јавното обраќање на австрискиот амбасадор Георг Вуцас околу спречување на судска наплата на штета во интерес на австриска компанија во која, како што тврди амбасадорот, е инволвирана членка од неговото пошироко семејство. „Целосно се оградувам од било каква моја инволвираност во споменатиот деловен спор што се води во …

Заев до австрискиот амбасадор: Ќе се видиме на суд! Read More »

Груби не верува во капацитетите на ДКСК


Првиот вицепремиер Артан Груби не верува на Државната комисија за спречување на корупцијата. – Па, вo нивниот мандат (од четири, пет години), немаат ни еден случај кој им поминал – рече Груби на интервју во вестите на „Сител“. Потврди дека тој бил дел од комисијата кога се бирале членовите на овој состав на ДКСК, вршел …

Груби не верува во капацитетите на ДКСК Read More »

Пендаровски не може да замисли сами да се блокираме на патот кон ЕУ


  Претседателот Стево Пендаровски се надева оти до ноември ќе бидат направени уставните измени, за да се избегне државата сама да се блокира за влезот во ЕУ. Тој тоа го изјави одговарајќи на новинарско прашање во рамки на Самитот на шефови на држави и влади на Процесот за соработка во Југоисточна Европа (ПСЈИЕ), што се …

Пендаровски не може да замисли сами да се блокираме на патот кон ЕУ Read More »

Алтернатива прашува: Колку внуци генијалци има Ахмети?


Партијата Алтернатива реагира на најновите случувања во кои се инволвирани внуците на лидерот на ДУИ, Али Ахмети. – Само неколку дена откако 24-годишниот внук на Али Ахмети го купи комерцијалниот центар „Соравија“, уште еден внук на Али Ахмети е именуван за прв секретар во амбасадата на Северна Македонија во Брисел. По Дрин Ахмети,за кој се …

Алтернатива прашува: Колку внуци генијалци има Ахмети? Read More »

Спасовски смета дека може да се отвори истрага за купувањето на „Соравија“


Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски смета дека има можност да се отвори постапка за проверка на финансиските текови околу продажбата на ТЦ „Соравија“, со која како што беше објавено вчера, со 39 проценти удел ќе се стекне Дрин Ахмети.   -Ова се податоци и информации коишто даваат можност да се отвори постапка за проверка, …

Спасовски смета дека може да се отвори истрага за купувањето на „Соравија“ Read More »

Мицкоски од Брисел изјави дека Владата таму ја кодошела опозицијата


  Лидерот на ВМРО- ДПМНЕ денеска по разговорите со Манфред Вебер, претседател на Европската народна партија, ги повтори старите ставови дека „ВМРО-ДПМНЕ нема да прифати никаков договор којшто ќе биде под бугарски диктат“. Христијан Мицкоски во изјавата не ги споменува уставните измени, туку зборува за договор. Тој реше дека целта на разговорите на вмровската делегација, …

Мицкоски од Брисел изјави дека Владата таму ја кодошела опозицијата Read More »

Милатовиќ: Европската интеграција е главниот катализатор на реформите во регионот


Претседателот на Црна Гора Јаков Милатовиќ е домаќин на Самитот на Процесот за соработка во Југоисточна Европа (ПСЈИЕ) во Подгорица, со кој завршува претседавањето на таа земја со оваа регионална иницијатива. На отворањето, Милатовиќ рече дека денешната средба ја потврдува годината која донесе бројни предизвици, со што, како што рече, уште поочигледна е важноста на …

Милатовиќ: Европската интеграција е главниот катализатор на реформите во регионот Read More »

Ковачки: Дрин Ахмети е најпосакуваниот бизнис партнер


Дрин Ахмети, со вчерашното признание дека презема 39% од сопственоста на деловниот центар Соравиа без да даде ниту еден денар за тоа, само затоа што има претприемачки дух, фрла сомнеж и дополнително го инкриминира Али Ахмети, дека тој лично стои позади целата оваа зделка,  вели Драган Ковачки, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ и пратеник.   …

Ковачки: Дрин Ахмети е најпосакуваниот бизнис партнер Read More »

Џафери подготвен за уставните амандмани, тие никако да дојдат во Собранието


Собранието уште ги нема добиено амандманите за измените на Уставот и вметнување на Бугарите. Владата треба да ги испрати како овластен предлагач, а собранискиот спикер Талат Џафери денес изјави дека откога ќе стигнат кај него, тогаш почнуваат да течат роковите. „Собранието е подготвено во секој момент откога ќе постапат надлежните институции, односно овластените предлагачи, ние …

Џафери подготвен за уставните амандмани, тие никако да дојдат во Собранието Read More »

МНР се „пере“ од дипломатската кариера на внукот на Ахмети


МНР веќе втор ден праќа исто соопштение со кое сака да се исклучи од одговорноста за именувањето на „брза лента“ на внукот на Али Ахмети, Бесиан Ахмети, за економски промотор и прв секретар во амбасадата на Македонија во Брисел. Таа амбасада и втората за ЕУ се полни со кадри промовирани од ДУИ, а професионални дипломати …

МНР се „пере“ од дипломатската кариера на внукот на Ахмети Read More »

Неизвеност за евроинтеграциската иднина на земјата


  Се уште нема конкретни информации кога иницијативата за уставни измени ќе се најде на владина седница и кога би можела да започне собраниската процедура. Разговори меѓу работните групи на СДСМ и ВМРО – ДПМНЕ, според премиерот Димитар Ковачевски, се уште нема. Лидерот на опозициската партија Христијан Мицкоски, пак, замина на разговори во Брисел. Ковачевски …

Неизвеност за евроинтеграциската иднина на земјата Read More »

Обвинители и судии ги контролираат струшките колеги за предметите поврзани со Мерко


Тим државни обвинители од вчера ги контролираат предметите за струшкиот градоначалник Рамиз Мерко во ОЈО Струга и во Вишото јавно обвинителство во Битола, а денеска од Судскиот совет ќе вршат проверки во Струшкиот суд, откако минатата недела тој е ставен на црната листа на САД поради сомнежи за корупција. Мерко, пак, вчера преку социјалните мрежи …

Обвинители и судии ги контролираат струшките колеги за предметите поврзани со Мерко Read More »

Румен Радев влезе во конфликт со ЕУ – имало преголема поддршка за Македонија


  Во долго писмо до европските лидери и институции бугарскиот претседател Румен Радев се жали и на однесувањето на ЕУ спрема европските аспирации на Македонија, и на некои земји-членки, и на лобирањето на Скопје во Брисел, и на усвоената резолуција на германскиот Бундестаг, и дека македонските власти не исполнувале ништо од она што било договорено …

Румен Радев влезе во конфликт со ЕУ – имало преголема поддршка за Македонија Read More »

Дрин Ахмети: Али ми е мотивација, но нема ништо со моите бизниси


  Дрин Ахмети, внукот на лидерот на ДУИ, Али Ахмети, денес на прес-конференција тврдеше дека со „нула“ пари добил 39 проценти од акциите во конзорциумот што ќе ја раководи „Соравија“ во Скопје и дека неговата вредност не е тоа што му е чичко лидерот на ДУИ, туку тоа што добро ги водел работите на компанијата …

Дрин Ахмети: Али ми е мотивација, но нема ништо со моите бизниси Read More »

Министерот за правда Кренар Лога се сретна со координаторите на пратеничките групи во Собрание


Наредната недела за прв пат со физичко присуство ќе се одржи седница на Советот за реформи во правосудниот систем на која ќе се рагледува Стратегијата за развој на правосудството 2023-2027. Министерот за правда Кренар Лога упати покана до ВМРО ДПМНЕ да присуствуваат на седницата и да  дадат  забелешки за Стратегијата. На состанокот со координаторите на …

Министерот за правда Кренар Лога се сретна со координаторите на пратеничките групи во Собрание Read More »

Мерко: Ќе соработувам со правосудните органи


Градоначалникот на Струга Рамиз Мерко, кој од неодамна е ставен на црната листа на САД, денеска соопшти дека ќе биде отворен за соработка за секој процес пред правосудните органи и оти и општината и тој ќе ја достават навреме и што е можно поскоро секоја потребна документација.  -Од претседателот Вилсон па сѐ до ден денес, …

Мерко: Ќе соработувам со правосудните органи Read More »

Борел: Во ЕУ веќе нема пречки за членството на Македонија


  Високиот претставник за надворешна политика и безбедност на блокот, Жозеп Борел, смета дека нема пречка за пристапување на Македонија во ЕУ, објави БНР. „Македонија добро напредува и од европска страна нема ништо што би го блокирало нејзиниот пристап во ЕУ. Во овој пристап строго ќе се почитуваат европските принципи и стандарди. За ова дефинитивно …

Борел: Во ЕУ веќе нема пречки за членството на Македонија Read More »

Мицкоски на средби со високи преставници на ЕУ во Брисел


Делегација на ВМРО-ДПМНЕ предводена од претседателот Христијан Мицкоски, а во состав на потпретседателите Александар Николоски и Тимчо Муцунски денес и утре престојува во официјална посета на Брисел, при што ќе оствари средби со голем број високи претставници на ЕУ и ЕПП. Денес попладне предвиден е состанок и со Симон Морду, главен советник за надворешни работи …

Мицкоски на средби со високи преставници на ЕУ во Брисел Read More »