Скендер Реџепи ќе гласа само за разрешувањето на Беким Сали


Независниот пратеник Скендер Реџепи Зејд упати критики  кон лидерот на Алтернатива, Африм Гаши, велејќи дека не може да се дозволи само заради Министерството за здравствои Беким сали да „изгори“ цела партија. Зејд, кој по напуштањето на Алтернатива во јуни минатата година дејствува како независен во парламентот, синоќа во дебатниот магазин „Клик плус“ на ТВ 21 …

Скендер Реџепи ќе гласа само за разрешувањето на Беким Сали Read More »

ВМРО-ДПМНЕ тврди дека математиката на власта не се остварува


Пратеникот Бране Петрушевски од ВМРО-ДПМНЕ смета дека математиката на власта околу засилување на новото парламентарно мнозинство не се остварува и дека на ред да излезат се пратениците на „огнената група“.  „Ништо драстично нема да се смени, суштината на двоецот ДУИ – СДС беше да го зголемат собраниското мнозинство и да си обезбедат комодитет во носењето …

ВМРО-ДПМНЕ тврди дека математиката на власта не се остварува Read More »

Османи во Молдавија: Војната ги замрзна напорите за решавање на проблемот со Приднестровје


  Претседавачот со ОБСЕ министерот Бујар Османи за време на својата официјална посета на Молдавија оствари средба со молдавскиот вицепремиер и министер за надворешни работи и европска интеграција, Нику Попеску. Toj ја истакна важноста на теренските мисии на ОБСЕ и нивното директно влијание на животот на луѓето и изрази благодарност за поддршката која Молдавија ја …

Османи во Молдавија: Војната ги замрзна напорите за решавање на проблемот со Приднестровје Read More »

Собранието треба да ја продолжи дебатата за разрешувањето на министрите од Алтернатива


Во Собранието денеска на пладне треба да продолжи дебатата за реконструкцијата на Владата, со која во владината коалиција влегува Алијансата за Албанците, која има осум пратеници, а излегуваат Алтернатива и како што синоќа најави и Демократскиот сојуз.   Пратениците во рамки на 104. седница треба да продолжат со расправата по точката за Предлогот за разрешување …

Собранието треба да ја продолжи дебатата за разрешувањето на министрите од Алтернатива Read More »

Ковачевски: Ратификацијата на Договорот за ФРОНТЕКС и спогодбите од Отворен Балкан го отвораат патот кон евроинтеграциите


Собранието денеска ратификува клучни закони, кои уште повеќе ќе го отворат патот на државата кон евроинтеграциите, објави вечерва премиерот Димитар Ковачевски на Фејсбук. – Со изгласувањето на предложениот Закон за ратификација на Договорот за Фронтекс се ратификува првиот договор кој Северна Македонија го потпишува со Европската Унија, на кој стои чист македонски јазик, без какви …

Ковачевски: Ратификацијата на Договорот за ФРОНТЕКС и спогодбите од Отворен Балкан го отвораат патот кон евроинтеграциите Read More »

Се случи очекуваното: Демократски сојуз ја напушти Владата


  По подолго време подготвување, Демократскиот сојуза вечерва и официјално реши да ја напушти владината коалиција и да дејствува како опозиција. Уште кога во текот на денот ДС најави дека попладнето (кога почна расправата во Собранието за реконструкцијата на Владата) ќе одржи состанок на Централниот совет, изгледаше сосема сигурно дека партијата на Павле Трајанов ќе …

Се случи очекуваното: Демократски сојуз ја напушти Владата Read More »

Дебатата за разрешувањето на министрите од Алтернатива продолжува утре на пладне


Во Собранието пратениците попладнево дебатираа по предлогот за разрешувањето на министрите од редовите на Алтернатива, кои не поднесоа оставки на функциите пред изборот на нови членови на Владата, кои генерално доаѓаат од новиот коалициски партнер Алијанса за Албанците. Седницата вечерва беше прекината и ќе продолжи утре на пладне. 

Николоски истури куп навреди и обвинувања за довчерашниот сојузник Таравари


  Александар Николоски од ВМРО-ДПМНЕ на денешната расправа за реконструкција на владата изнесе куп навреди на сметка на довчерашниот политички партнер  во опозицијата, Алијансата за Албанците, и за нејзиниот лидер Арбен Таравари кој дури го обвини и за корупција. Пред сѐ, тој тврдеше дека Таравари на претходните избори го избојкотирал Зијадин Села за да доживее …

Николоски истури куп навреди и обвинувања за довчерашниот сојузник Таравари Read More »

Нова енергија и крај на приказните за брзи избори: Ковачевски за реконструкцијата


  Две работи се важни со реконструкцијата на Владата за која денеска почна расправа во Собранието: тоа ќе внесе нова енергија и ќе ги заврши приказните за предвремени избори. Премиерот Димитар Ковачевски во говорот објасни дека се создава обединување на политичките сили во проевропски фронт, додека наспроти него останува „ВМРО-ДПМНЕ и неговите инструктори од Левица“, …

Нова енергија и крај на приказните за брзи избори: Ковачевски за реконструкцијата Read More »

Алтернатива до Ковачевски: Ве спасивме кога бевте во клиничка смрт


Пратеничката Сафије Садики-Шаини од Алтернатива на расправата во Собранието околу новата влада изрази жалење што како партија соработувале со  СДСМ бидејќи ги прекршила  договорите. За министрите и замениците министри од нејзината партија, чии имиња сега се на седница за разрешување, пратеничката рече дека покажале големи резултати. „Имавме политички и кадровски договор. Сите точки од тој …

Алтернатива до Ковачевски: Ве спасивме кога бевте во клиничка смрт Read More »

Адеми: Има доволно мнозинство за гласање на Владата


Пратеникот и координатор на пратеничката група на Демократската унија за интеграција, Арбер Адеми денеска во изјава за медиумите од Собранието тврдеше дека има доволно мнозинство за гласање за реконструкција на Владата. -Секако дека има доволно мнозинство, дури и над она што е потребно за гласање на реконструкцијата на Владата. Тоа суштински значи забрзување на реформските …

Адеми: Има доволно мнозинство за гласање на Владата Read More »

Договорот со Фронтекс ратификуван во Собранието без поддршка од ВМРО-ДПМНЕ


  Со забележливо отсуство на целата пратеничка група на ВМРО-ДПМНЕ и Левица денеска во Собранието со 61 глас беше ратификуван договорот со Фронтекс, прв ваков што македонија го потпиша со сите земји членки на ЕУ и со Европската комисија на македонски јазик. Договорот со Фронтекс Македонија и ЕУ го потпишаа на 26 октомври минатата година. …

Договорот со Фронтекс ратификуван во Собранието без поддршка од ВМРО-ДПМНЕ Read More »

Бугарија ќе ги прати во Турција генераторите што ги одби Македонија


  Бугарија ќе ѝ ги донира на Турција трите електрични генератори кои ги најави министерот за внатрешни работи, но кои беа одбиени од македонските власти на границата. На преминот „Деве Баир“ македонските погранични власти одбија да ги земат генератори за струја што ги најави  бугарскиот министер Иван Демерџиев за време на чествувањето на Гоце Делчев …

Бугарија ќе ги прати во Турција генераторите што ги одби Македонија Read More »

Мицкоски дојде во Собранието да ги координира пратениците на ВМРО-ДПМНЕ


  Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, денеска во Собранието оддржа координативна средба со пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата „За обнова на Македонија“, на која е разговарано за реконструкцијата на владата. На координацијата, како што соопштуваат од ВМРО-ДПМНЕ, било заклучено дека кадровските решенија за владиниот состав се резултат на „Пазар 3” коалицијата каде, како што …

Мицкоски дојде во Собранието да ги координира пратениците на ВМРО-ДПМНЕ Read More »

ВМРО-ДПМНЕ: Левица направи кворум за владина реконструкција


Левица направи кворум за владина реконструкција, го спасува Ковачевски и Ахмети од бламирање, обвинуваат од ВМРО-ДПМНЕ. Во соопштението на оваа партија се вели: Дневниот ред на 103-тата седница е изгласан со 62 гласа, со поддршка од двата пратеника на Левица.Левица гласаше за седницата за владина реконструкција и уште еднаш на дело покажа дека се фолиранти, а …

ВМРО-ДПМНЕ: Левица направи кворум за владина реконструкција Read More »

Собранието ги констатираше оставките на Тупанчевски, Нуредини, Рендевски и Нухиу


 Собранието на Република Северна Македонија денеска ги констатира оставките на министерот за правда Никола Тупанчевски и на министерот за животна средина Насер Нуредини, како и на замениците министри за здравство Владимир Рендевски и за правда Агим Нухиу. Како што соопшти претседателот на Собранието Талат Џафери, Тупанчевски, Нуредини, Рендевски и Нухиу одлучиле да не ги образложат оставките …

Собранието ги констатираше оставките на Тупанчевски, Нуредини, Рендевски и Нухиу Read More »

Порака од Алтернатива до Мицкоски: Не излеговме од Владата за да бидеме со ВМРО-ДПМНЕ


  Откако вчера опизицискиот лидер Христијан Мицкоски, „жалеше“ над политичката судбина на Алтернатива бидејќи била избркана од Владата „на клоци“, партијата на Африм Гаши му одговори да не ги злоупотребува настаните и и дека тие не му прават нему ќеиф. „Апелираме до г-динот Мицкоски да не ја злоупотребува Алтернатива во неговите дневно-политички пресметки со СДСМ. …

Порака од Алтернатива до Мицкоски: Не излеговме од Владата за да бидеме со ВМРО-ДПМНЕ Read More »

Алтернатива до Мицкоски: Не не злоупотребувај, не излегуваме од Влада за твој ќеиф


Алтернатива бара од лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, христиојан Мицкоски , да не ја употребува во својата кампања против власта. -Баранме од господинот  Мицкоски да не ја злоупотребува Алтернатива во неговите дневно политички пресметки со СДСМ. Ниту пред 12 месеци влеговме, ниту пак сега излегуваме од актуелното владејачко мнозинство за да му расипуваме или правиме нему ќеиф. …

Алтернатива до Мицкоски: Не не злоупотребувај, не излегуваме од Влада за твој ќеиф Read More »

Заменик-министерот за култура од Алтернатива не е на листата за разрешување


 Заменик-министерот за култура Даим Лучи, кој е избран на предлог на Алтернатива, не е на листата за смена, со оглед на тоа што Ковачевски предложи разрешување на тројцата министри и двајцата заменик-министри од редовите на партијата на Африм Гаши, пишува порталот „360 степени“. Дали отсуството на предлог за разрешување на Лучи може да се смета …

Заменик-министерот за култура од Алтернатива не е на листата за разрешување Read More »

Мицкоски застана во одбрана на Алтернатива


  Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, денеска се стави во одбрана на Алтернатива, откако таа излезе од Владата. Тој го оцени прекомпонирањето на владиното мнозинство како „неморален и неполитички“ чин. Според Мицкоски, токму Алтернатива и нејзиниот лидер Африм Гаши биле тие кои на крајот на 2021 година ја спасиле владата на СДСМ и ДУИ, овозможувајќи …

Мицкоски застана во одбрана на Алтернатива Read More »