Левица бара итен ветинг во МВР


Партијата Левица побара денес итен ветинг во МВР, како реакција на приведувањето на членот на обезбедувањето на премиерот христијан Мицкоски кој за пари продавал службени тајни. -Последниот скандал со припадникот на обезбедувањето на премиерот Мицкоски, кој од просториите на СВР Велес изнел службени документи со доверлив карактер, е само уште една потврда за длабоко вкоренетата […]

Муцунски во посета на Брисел


Министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски од денеска до петок ќе престојува во посета на Брисел, во чии рамки ќе учествува и на дводневната средбата на шефовите на дипломатиите на земјите членки на НАТО.  Денеска, на првиот ден од посетата, Муцунски ќе се обрати на настанот „Проширувањето на ЕУ во новата ера: […]

Чкрипи ли во владејачката коалиција: Пратеникот Милошоски против министерот Игор Филков


Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ и потпретседател на Собранието, Антонио Милошоски синоќа му даде лоша оцена на министерот за правда Игор Филков, велејќи дека има слаб придонес во областа со која раководи. На ова министерот Филков возврати кон Милошоски нарекувајчи го „Кусурот на Груевски, познат под прекарот ‘Џуџето од Небрегово’“. Дали е ова најавува дека нешто чкрипи […]

Се очекува Филипче да соопшти повеќе детали за лидерската средба, партиите чекаат детали по што ќе заземат став


Претседателот на СДСМ, Венко Филипче денеска се очекува на прес-конференција да ги соопшти деталите за лидерската средба што ја побара минатата недела. Партиите ја чекаат поканата од Филипче и да ги слушнат деталите за лидерската средба по што ќе се знае каков став ќе заземат по ова прашање. Лидерот на СДСМ на Донаторската вечер за […]

Милошоски незадоволен од министерувањето на Филков


Министерот за правда Игор Филков има слаби перформанси и слаб придонес во областа, оцени во ТОП Тема на Телма, Антонио Милошоски пратеник од ВМРО-ДПМНЕ и потпретседатеч на Собранието. Филков е министер од редовите на ЗНАМ, најмалиот коалиционен партнер во владата предводена пд ВМРО-ДПМНЕ. -Ова е мој личен став. Јас сметам дека министерот за правда има […]

ВМРО-ДПМНЕ не дава да се формира анкетна комисија за Кочани, барањето било „противуставно“


Координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ Никола Мицевски вечерва изјави дека се уште нема официјално барање за лидерската средба што ја иницира претседателот на СДСМ, Венко Филипче и дека ваквата средба тој ја гледа како начин за факторизација на лидерот на опозицијата.  – Ирелевантно е местото на кое што би се одржало нешто такво. Она […]

ДУИ ја поднесе иницијативата за формирање анкетна комисија за Кочани


Од Кабинетот на претседателот на Собранието, Африм Гаши информираа дека од страна на 16 пратеници од „Европски фронт“ поднесена е иницијатива за формирање на Анкетна комисија за истражување на селективен и едностран пристап на правосудниот систем во третманот на трагедијата во Кочани. Оттаму појаснуваат дека предлог за основање на Анкетна комисија можат да поднесат најмалку […]

Oбезбедувачот на Мицкоски требало да земе 50.000 евра за документите од МВР, соопшти Обвинителството


Обвинителство отвори истражна постапка против самостоен инспектор, припадник на Единицата за лично обезбедување на премиерот Христијан Мицкоски, осомничен дека од користољубие сторил кривично дело „оддавање службена тајна“. Тој се сомничи дека сторил достапни службени документи што претставуваат службена тајна, со цел да прибави паричен износ од 50.000 евра од лицето за кое се однесувале документите. […]

СДСМ: Како добивал тајни информации членот на обезбедувањето на Мицкоски?


Портпаролката на СДСМ Богданка Кузеска, во изјава за медиумите, реагира дека МВР не кажува дека членот на обезбедувањето на премиерот Христијан Мицкоски, кој е уапсен поради издавање тајни информации на група од Грчец, нема никаков пристап до тајните информации, кој му ги доставувал и до каде ќе оди истрагата. Според Кузеска, од она што досега […]

Таравари прави простор да ја напушти Вреди?


Изет Меџити, Билал Касами и Зекирија Ибрахими се оградија од Арбен Таравари дека имаат канали за комуникација со лидерот на ДУИ, Али Ахмети. Демократско движење, Беса и Алтернатива се децидни дека немаат никаква соработка со ДУИ и со Ахмети. Со ова трите партнери дополнително се дистанцираа од Таравари, откако со него се разидоа за тоа […]

Таравари: Мицкоски со право ги условува уставните промени


Премиерот Христијан Мицкоски со право има одредени услови кои што ги бара за да се случат Уставните промени и мислам дека сосема е во право за тоа. Без согласност од ВМРО-ДПМНЕ не можат да се случат Уставни промени, истакна министерот за здравство Арбен Таравари, одговарајќи на новинарско прашање. -Треба да видиме кои се можни опции […]

ВМРО-ДПМНЕ го нападна Трендафилов, ја направил ССМ приватна фирма


ВМРО-ДПМНЕ тврди дека ССМ станала приватна фирма на Слободан Трендафилов и дека  за само една година луѓето околу него земаат „милиони“ во вид на плати и додатоци. Ваквата реакција уследи откако ССМ најави голем протест поради немањето слух на власта за барањата на синдикалците околу платите.  -Синдикалците на батерии, на чело со Трендафилов, земаат над […]

СДСМ: Во обезбедувањето на Мицкоски се најголемите криминалци во државата


Дали Христијан Мицкоски е лично вклучен и ги диригира криминалните процеси во земјата – прашуваат од опозицискиот СДСМ откако вчера беше приведен полициски службеник, член на обезбедувањето на премиерот, поради оддавање службена тајна. Обвинија оти обезбедувањето на Мицкоски е составено од најголемите криминалци во државата кои, како што велат, тој лично ги одбрал на овие […]

Собранието продолжува со редовна работа, денеска нова пленарна седница


Македонското Собрание денеска треба да ја започне 42. седница, а претходно пратениците во рамки на 38. седница треба да гласаат за единствената точка која остана неразгледана – Предлог законот за изменување и дополнување на Законот за пензиското и инвалидското осигурување, по скратена постапка. За пратениците ова ќе бидат први собраниски заседанија по двонеделната пауза по […]

Законски измени за забрана за употреба на пиротехнички средства во затворен простор


Забрана за употреба на пиротехнички средства во затворен простор и зголемување на глобите за физички и правни лица се предлага во измените и дополнувањата на Законот за прекршоците против јавниот ред и мир кој е на дневен ред на денешната нова 42. собраниска седница.  Законското решение се предлага од неколкумина пратеници од ВМРО-ДПМНЕ по тргедијата […]

Јавна расправа за избор на член на Комисијата за заштита од дискриминација


 Во македонското Собрание денеска седници ќе одржат комисиите за прашања на изборите и именувањата, за транспорт, дигитална трансформација, животна средина и просторно планирање и Законодавно правната комисија. На дневен ред на седницата на Комисијата за прашања на изборите и именувањата е Јавна расправа за утврдување на предлог листа од пријавените кандидати по Одлуката за објавување […]

Таравари: Впечаток е дека ВЛЕН има слаба позиција во Владата


Министерот за здравство и еден од лидерите во коалицијата ВЛЕН настапи со јавна критика за функционирањето на партиите на Албанците во Владата. Според него, коалицијата функционира „тромо“ и треба да се најде модел за подобра синхронизација. „Јас мислам дека имаме многу недостатоци. Тоа не е толку до премиерот Мицкоски, колку што е до нас. Постои […]

Уапсен припадник на обезбедувањето на Мицкоски за оддавање службени тајни


Полицаецот Ангел Сарамаков, припадник на обезбедувањето на премиерот Христијан Мицкоски, е уапсен поради сомнеж дека оддавал службени полициски тајни. Министерството за внатрешни работи (МВР) потврди дека е спроведена координирана полициска акција и дека против Сарамаков ќе биде поднесена кривична пријава за кривично дело „оддавање службена тајна“ по член 360 од Кривичниот законик. Според официјалните информации […]

СДСМ објави нова тендер афера во министерството на Андоновски


СДСМ објави денес дека Министерството за дигитална трансформација, предводено од министерот Стефан Андоновски, повторно се нашло во центарот на сериозни сомнежи за судир на интереси и непотизам. На денешната прес конфернеција СДСМ покажа документи со кои тврди дека министерството му доделило тендер во вредност од 600.000 денари на правното лице „БОКИ СИМПЛ ТЕК СОЛУШНС“ ДОО […]