Мицкоски бара промена на условите од човекот што ги напиша во францускиот предлог


  Главниот пишувач на решението за спорот меѓу Македонија и Бугарија – кај нас популарно наречен „француски предлог“, Александар Адам, стана заменик-шеф на кабинетот на претседателката на Европската Комисија, Урсула фон Дер Лајен. На оваа позиција Адам е именуван еден ден пред претседателката на ЕК да дојде во Македонија и практично беше дел од нејзиниот …

Мицкоски бара промена на условите од човекот што ги напиша во францускиот предлог Read More »

Жолтите комбиња станаа дронови: Филипче за обвинувањата на Мицкоски


  Претседателот на СДСМ денеска го обвини премиерот Христијан Мицкоски дека измислувал лажни приказни затоа што не можел да се справи со водењето на државата. Одговарајќи на новинарско прашање за наводно следење со дронови на Мицкоски кога бил лидер на опозиција, Филипче на денешната прес-конференција во Собранието рече дека тоа не се единствените измислици од …

Жолтите комбиња станаа дронови: Филипче за обвинувањата на Мицкоски Read More »

Меџити смета дека предвремени избори би биле губење време


Нема логика да се организираат предвремени парламентарни избори кога има стабилна влада, а оваа Влада е најстабилна од 90-тите години до сега и има мнозинство од 78 пратеници, кое наскоро ќе надмине и 80, оцени денеска првиот вицепремиер и министер за животна средина Изет Меџити. -Од 90-тите до сега немало постабилна влада и немало поголемо …

Меџити смета дека предвремени избори би биле губење време Read More »

Филипче: Над 65 отсто од граѓаните не се задоволни од владата


  СДСМ е подготвен за предвремени избори, рече денеска лидерот на партијата, Венко Филипче, на прес-конференцијата во Собранието. Филипче беше прашан за понудата на премиерот за предвремени парламентарни избори заедно со локалните. „Тоа што има најава за предвремени избори само три месеци по формирањето значи дека на Владата навистина не ѝ оди. Теренска анкета покажува …

Филипче: Над 65 отсто од граѓаните не се задоволни од владата Read More »

Меџити: Нелогично е да има предвремени парламентари избори кога има стабилна влада


Нема логика да се организираат предвремени парламентарни избори кога има стабилна влада, а оваа Влада е најстабилна од 90-тите години до сега и има мнозинство од 78 пратеници, кое наскоро ќе надмине и 80, оцени денеска првиот вицепремиер и министер за животна средина Изет Меџити. -Од 90-тите до сега немало постабилна влада и немало поголемо …

Меџити: Нелогично е да има предвремени парламентари избори кога има стабилна влада Read More »

Сиљановска свика конститутивна седница на Советот за безбедност


Претседателката Гордана Сиљановска Давкова  свика конститутивна седница на Советот за безбедност, што ќе се одржи денес попладне. Членови на Советот за безбедност се Африм Гаши, претседател на Собранието, Христијан Мицкоски, претседател на Владата, Панче Тошковски, министер за внатрешни работи, Владо Мисајловски, министер за одбрана, Тимчо Муцунски, министер за надворешни работи и надворешна трговија, Џевдет Хајредини, …

Сиљановска свика конститутивна седница на Советот за безбедност Read More »

Харис вети поддршка за македонските идентитет и јазик, Трамп најави економска соработка и безбедност


Доколку биде избрана за претседател на САД, потпретседателката и демократска кандидатка Камала Харис кажа дека ќе ги штити правата на граѓаните и земјите слободно да го изразуваат својот национален идентитет, вклучително и македонските идентитет и јазик, додека поранешниот претседател и републикански кандидат Доналд Трамп вети економска соработка и безбедност на Западен Балкан ако тој победи …

Харис вети поддршка за македонските идентитет и јазик, Трамп најави економска соработка и безбедност Read More »

Ратификувани повеќето меѓународни инструменти за човекови права, предизвик останува спроведувањето


Иако соработката со Европскиот суд за човекови права (ЕСПЧ) е оценета како добра, државава треба да реши системски прашања поврзани со слободата на здружување, полициското малтретирање и дискриминацијата. Условите во затворите и полициските станици остануваат проблематични, а корупцијата и пренатрупаноста се сериозни проблеми. Недостатокот на напредок во заштитата на личните податоци, правата на сопственост и …

Ратификувани повеќето меѓународни инструменти за човекови права, предизвик останува спроведувањето Read More »

Ахмети: Не бараме учество во Владата за да избегаме од каква било измислена одговорност во континуитет во овие 22 години


– Ние сме подготвени, како што побаравте од говорницата на Собранието, граѓаните да го кажат својот збор за сите овие прашања и да утврдат по една и пол година од вашата влада ЗА кој пат се!, напиша претседателот на ДУИ, Али Ахмети на неговиот фејсбук профил како одговор на денешната изјава на премиерот Христијан Мицкоски …

Ахмети: Не бараме учество во Владата за да избегаме од каква било измислена одговорност во континуитет во овие 22 години Read More »

Мицкоски им порача на ДУИ да се подготват за одговорност


Премиерот Христијан Мицкоски денеска им порача на ДУИ да се подготват за одговорност, а за избори кога ќе дојде време ќе се подготвуваме. Пораката од премиерот Мицкоски беше по барање од новинарите за коментар на изјавите на претседателот на ДУИ, Али Ахмети, дека е подготвен за предвремени парламентарни избори заедно со локалните во октомвгри идната година.  …

Мицкоски им порача на ДУИ да се подготват за одговорност Read More »

Ахмети: Самиот Мицкоски вчера побара оддржување на предвремени парламентарни избори со локалните во октомври


Претседателот на Демократската Унија за Интеграција, Али Ахмети, синоќа на средбата со граѓаните на општина Боговиње изјави: „Самиот Мицкоски вчера побара оддржување на предвремени парламентарни избори со локалните следната година во октомври, тогаш нека се подготви добро за догодина“. Ахмети меѓу другото рече дека ја поддржува идејата на премиерот Мицковски во октомври следната година заедно …

Ахмети: Самиот Мицкоски вчера побара оддржување на предвремени парламентарни избори со локалните во октомври Read More »

Новинарката Симоновска следена и снимана неовластено, ЗНМ бара истрага


Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) и Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници (ССНМ) изразуваат сериозна загриженост поради последното прекршување на основните права на нашата членка, новинарката Мирослава Симоновска, поради неовластеното снимање и дистрибуција на видео на кое таа наводно прима документ. Ова видео, кое беше проследено до национална телевизија од страна на шефот …

Новинарката Симоновска следена и снимана неовластено, ЗНМ бара истрага Read More »

Рокас: За да го унапредите процесот треба да ги усвоите уставните измени


Евроамбасадорот во земјава Михалис Рокас денеска на заедничка прес-конференција со министерот за европски прашања Орхан Муртезани, истакна дека Северна Македонија ќе ја добие поддршката на ЕУ и одржува високо ниво на амбиција да се придвижи кон пристапните преговори, но за да го унапреди процесот треба да ги усвои уставните измени, со цел, како што кажа, …

Рокас: За да го унапредите процесот треба да ги усвоите уставните измени Read More »

СДСМ ќе бара премиер, вицепремиери, министри и пратеници да имаат само македонско државјанство


 СДСМ денеска ќе поднесе иницијатива за законски измени со кои услов за избор на највисоките функционери во државата – премиер, вицепремиери, министри и пратеници – да биде лицата да поседуваат единствено македонско државјанство. СДСМ ќе бара ваквите измени да важат веднаш, односно и за актуелните функционери. „Бидејќи Мицкоски вели дека имало поголеми и помали Македонци, …

СДСМ ќе бара премиер, вицепремиери, министри и пратеници да имаат само македонско државјанство Read More »

Може ли министерката Божиновска да заработи кривична пријава од Бугарија?


Во националистичките кругови на Бугарија, кои ја одржуваат во живот сторијата за бугарскиот пасош и за бугарска самосвест на министерката Сања Божиновска, се шпекулира со можноста таа да заработи кривична пријава од страна на таможното јавно обвинителство – бидејќи сега тврди дека дала лажна изјава за потеклото – само за да добие пасош од Бугарија.  …

Може ли министерката Божиновска да заработи кривична пријава од Бугарија? Read More »

Ќе се гради и пругата и тунелот кај Деве Баир, се договорија Скопје и Софија


  Македонската и бугарската делегација, заедно со претставници на Европската комисија, вчера во Софија се договорија не само да продолжи изградбата на пругата од Коридорот 8, туку и тунелот на Деве Баир да го гради еден изведувач. На средбата присуствуваа бугарскиот заменик-министер за транспорт и врски, Бисер Минчев, државниот секретар во македонското министерствот, Стефан Волкановски, …

Ќе се гради и пругата и тунелот кај Деве Баир, се договорија Скопје и Софија Read More »

Филипче до Мицкоски: ‘Рбетот го свиткавте, плукнавте на сите ветувања!


  На првата седница наменета за пратенички прашања во новиот парламентарен состав, прв прашања кон премиерот Христијан Мицкоски постави лидерот на СДСМ, Венко Филипче. Во своето обраќање, Филипче се осврна на однесувањето на Мицкоски како премиер, наспроти неговите ставови кога беше опозиционер. „Вашата Влада се движи во целосно спротивен правец од ветувањата што ги дававте …

Филипче до Мицкоски: ‘Рбетот го свиткавте, плукнавте на сите ветувања! Read More »

Груевски „фатен“ во друштво на госпоѓа во ресторан во Будимпешта


Поранешниот премиер, Никола Груевски после подолго време повторно бил виден во главниот град на Унгарија, Будимпешта. „Никола Груевски повторно беше виден во Будимпешта. Никола Груевски, кој побегна во Унгарија во ноември 2018 година од последната затворска казна, беше фотографиран во ресторанот Токио во центарот“, пишува на социјалните мрежи на Радио Слободна Европа на унгарски јазик, …

Груевски „фатен“ во друштво на госпоѓа во ресторан во Будимпешта Read More »

Гаши го попречува правото на пратенички прашања на Левица


Во процедуралното обраќање пратеникот Борислав Крмов се пожали дека анти-демократските постапки на СДС ги продолжува ВМРО-ДПМНЕ со засилено темпо. Според нив исто како и Талат Џафери, новиот собраниски спикер Гаши повторно го ускратува правото на опозициската Левица да поставува пратенички прашања.  „Кога ние се договоривме за редоследот на координација?  Не се договоривме! Или требаше во …

Гаши го попречува правото на пратенички прашања на Левица Read More »

Сања Божиновска тврди дека сега нема бугарски пасош, но не го оспорува потписот од изјавата за „бугарската самосвест“


  Документот што денеска го објави бугарскиот медиум БГНЕС, на кој се гледа дека министерката за енергетика, Сања Божиновска, во 2004 наводно своерачно потпишала изјава дека има бугарска самосвест и бугарско потекло повторно ја зовре ситуацијата околу нејзиниот бугарски пасош. За тоа се расправаше и во Собранието за време на пратеничките прашања, а писмено реагираше …

Сања Божиновска тврди дека сега нема бугарски пасош, но не го оспорува потписот од изјавата за „бугарската самосвест“ Read More »