Филипче не се откажува од лидерска средба за патот кон ЕУ


  Иако беше отфрлена неговата идеја од страна на владејачката ВМРО-ДПМНЕ, претседателот на СДСМ, Венко Филипче, не се откажува од предлогот за одржување лидерска средба на која ќе се разговара за македонскиот пат кон ЕУ. Филипче, по денешната седница на Националниот совет за евроинтеграции со кој претседава во Собранието, во одговор на новинарски прашања подетално […]

Италијанскиот претседател Матарела ја прими Сиљановска


  По аудиенцијата кај папата Лав XIV, претседателката Гордана Сиљановска-Давкова беше на средба со палатата Квиринале со италијанскиот претседател Серџо Матарела. Од прес-службата на Матарела објавија соопштение во две реченици за посетата и разговорот: „Претседателот на Републиката, Серџо Матарела, утрово во Квиринале ја прими претседателката на Република Северна Македонија, Гордана Силјановска-Давкова. Присутна беше и државната […]

Сиљановска на аудиенција кај папата Лав 14


Претседателката Гордана Сиљановска – Давкова денеска, во рамки на посетата на Рим и Ватикан по повод чествувањето на Денот на сесловенските просветители, имаше аудиенција кај папата Лав 14., јави известувачот на МИА. По завршувањето на аудиенција, претседателката Сиљановска – Давкова во Апостолската библиотека на Папата му ги претстави членовите на македонската државно-црковна делегација, каде што […]

Муртезани тврди дека реформите се спроведуваат, се чекаат милионите од ЕУ


Министерот за европски прашања, Орхан Муртезан, денеска на седницата на Националниот совет за евроинтеграции порача дека Реформска агенда за периодот 2024 – 2027, која произлегува од Планот за раст за Западен Балкан повеќе не е документ на хартија, туку дневна обврска на институциите и техничка рамка на конкретни реформи во повеќе сектори. Муртезани истакна дека […]

Левица: Како фирми со блокирани сметки, со повисоки цени и со обвиненија за криминали добиваат тендери?


Левица го прашува јавно министерот за внатрешни работи Панче Тошковски како е можно фирми со блокирани сметки, со повисоки цени и со обвиненија за криминали да добиваат државни тендери?  -Помина цел месец откако Левица ја алармираше јавноста за тендерот склучен помеѓу Министерството за внатрешни работи, предводено од Панче Тошковски, и фирмата „Дон Холдинг“ – компанија […]

СДСМ: Кои мостри доставила фирмата што не постоела пред тендерот?


СДСМ оценува дека министерот за внатрешни работи Панче Тошковски е фатен жив во огромна корупциска шема. -Откако вчера јавно призна дека МВР доделило тендер вреден 4 милиони евра и на фирма основана само 20 дена пред распишување на тендерот се скри и не одговори на клучните прашања кои ги поставивме. Наместо да се крие и […]

Муцунски од Дејтон: Водството на Америка не е само добредојдено, тоа е незаменливо


Три децении подоцна, наследството на Дејтонскиот договор не потсетува дека дипломатијата, поддржана со единство и решителност, може да ги сопре куршумите и да започне обнова на човечки животи. Мирот не е крајна дестинација – тој е дисциплина. Процес. Одговорност. Одговорност која мора постојано да се негува, брани и обновува пред новите безбедносни закани. Ова го […]

Претседателката Сиљановска – Давкова на аудиенција кај папата Лав 14 и на средба со италијанскиот претседател Матарела


Претседателката Гордана Сиљановска – Давкова денеска, во рамки на посетата на Рим и Ватикан по повод чествувањето на Денот на сесловенските просветители, ќе има аудиенција кај папата Лав 14, јави известувачот на МИА.  По аудиенцијата, претседателката Сиљановска – Давкова ќе има средба со државниот секретар на Светата столица, кардиналот Пјетро Паролин. На средбата ќе присуствува […]

Фетаи потврди дека останува во ВЛЕН


Zаменик претседателот на Владата задолжен за добро владеење Арбен Фетаи, кој е дел од коалицијата „Влен“, придружуван од поранешниот министер за информатичко општество и администрацијана Азир Алиу на денешната прес-конференција официјално соопшти дека тој останува дел од Владата. – Не дозволуваме волјата на членството и гласот на граѓанинот да бидат шверцувани. Продолжуваме да работиме таму […]

Тошковски возвраќа на СДСМ: Тендерот е чист!


Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, одговори на обинувањата од СДСМ дека доделил милионски тендер на мала фирма. Тој посочува дека сѐ е според законот, а милионите кои ги посочуваат не се пари кои ќе се потрошат, туку максимална рамка до која може да се набавува, во наредните три години. „Во однос на обвинувањата поврзани со тендерот […]

Фетаи не добил покана за лидерска средба од СДСМ


Заменик претседателот на Владата задолжен за добро владеење Арбен Фетаи кој е дел од коалицијата „Влен“ на денешната прес-конференција рече дека нема добиено покана за лидерска средба од лидерот на СДСМ Венко Филипче, но дека доколку има дојде таква покана дека ќе ја разгледаат.  – Средбите на лидерско ниво се традиција во нашата земја. Се […]

Алиу не знае дали ќе биде министер за здравство


Поранешниот министер за информатичко општество и администрација и член на Алијансата за Албанците која останува во коалицијата „Влен“, Азир Алиу денеска изјави дека се уште не е разговарано во партијата дали тој ќе биде новиот министер за здравство откако ова место остана празно по оставката на досегашниот министер за здравство Арбен Таравари. – Се уште […]

Данела се закани, ќе објавува скандали со непостапување на државните органи


Градоначалничката на Скопје Данела Арсовска објави пост на Фејсбук во кој најави дека од понеделник ќе објавува скандали со непостапување на државните органи. „Од понеделник ви најавувам фељтон, во кој ќе ги објавуваме едно по едно СИТЕ ОД НАША СТРАНА констатирани и спречени незаконски постапувања и криминал, со аргументи и докази, за кои сеуште никој […]

ВМРО-ДПМНЕ не гледа потреба од нова лидерска средба


Валентин Манасиевски, член на ЦК на ВМРО-ДПМНЕ, на денешната прес-конференција во партиското седиште прашан за коментар за изјавата на лидерот на опозициската СДСМ Венко Филипе дека ќе предложи точки за лидерска средба, изјави дека нема потреба од такво нешто. -Првенствено би сакале Венко Филипче да не ги користи приликите за лидерска средба за да си […]

СДСМ: Нема ништо од гордоста на ВМРО-ДПМНЕ, се е бизнис за мала група луѓе


„Системска корупција ја јаде земјата. Се е бизнис интерес на мала група луѓе околу центрите на моќ на ВМРО-ДПМНЕ. На поддржувачите на ВМРО-ДПМНЕ полека им станува јасно. Нема ништо од гордоста, нема ништо од националните интереси, лажниот патриотизам на ВМРО-ДПМНЕ бил само за лично богатење на поединци. Додека тие се удираат в гради, нивните шефови […]

ВМРО-ДПМНЕ бара одговорност и за Филипче околу Онкологија


ВМРО-ДПМНЕ го повика Јавното обвинителство да ја испита улогата на Филипче за случајот Онкологија, втор случај во кој, по тој со Модуларната болница, каде не се бара негова одговорност.   „За краток период од недела дена македонската јавност е сведок како судско обвинителскиот систем, односно поединци во него, го покажаа својот поданички и клиентелистички однос […]

ДУИ oбвинува дека во Царинската управа биле унапредени само Македонци


Демократската унија за интеграција најостро реагира на најновото унапредување на 26 службеници во Царинската управа, сите од македонска етничка припадност, без ниту еден Албанец. Според нив, ова не е изолиран случај, туку продолжубање на систематската политика на етничко исклучување, која директно го поткопува соживотот и меѓуетничката рамнотежа во државата. ДУИ потсетува дека институциите се должни […]

Сиљановска ја фали културната дипломатија, останала „без зборови“


Претседателката Гордана Сиљановска Давкова, која синоќа присуствуваше на концертот на пијанистот Симон Трпчески во Рим во рамки на манифестацијата „Македонија во чест на Свети Кирил“, изјави дека никој нема да ја заборави таа вечер и дека тоа е уште една потврда за моќта на културната дипломатија. -Без зборови сум, прво амбиентот на ‘Хорти Салустијани’ е […]

Таравари го разреши Арбен Фетаи од партиската функција, најави соработка и со ДУИ и со ВЛЕН


На вонредното собрание на Алијансата за Албанците  од  крилото на Арбен Таравари беше разрешен шефот на собранието на партијата, Арбен Фетаи. Состанокот на собранието, како што рече Таравари, го иницирале 2/3 од членовите, а доаѓа неколку дена откако дел од високите функционери на оваа партија се спротивставија на неговата одлука да ја напушти Владата и […]