Александар Јовановски е нов директор на ЈП „Комунална хигиена“


Александар Јовановски на позицијата директор на Комунална хигиена Скопје доаѓа од Град Скопје како инспектор во Секторот за инспекторат, а претходно искуство има и во Секторот за локален економски развој. Александар има повеќегодишно искуство во приватниот сектор во трговија како раководител на организациска единица, а со работен ангажман во Здружение за заштита и унапредување на […]

ЈП „Комунална хигиена“ на крај со резервите нафта: Арсовска да назначи в.д. директор!


Од Управниот одбор на ЈП „Комунална хигиена“ бараат градоначалничката на Град Скопје Данела Арсовска  да назначи в.д. директор затоа што претпријатието има мали резерви на нафта. Во прилог ургенцијата од нив: „Почитувана г-ѓо Арсовска, Како Управен одбор на ЈП Комунална хигиена – Скопје ве информираме дека, спротивно на вашите тврдења, сите ингеренции и надлежности за […]

Без вода дел од улиците „Борис Трајковски“ и „Христо Татарчев


Поради изведување водоводен приклучок, без вода од 09:00 часот ќе бидат корисниците на дел од улиците „Борис Трајковски“ и „Христо Татарчев“, информира ЈП Водовод и канализација – Скопје. Водоснабдувањето ќе биде прекинато до завршување на работните активности.

Прекин во водоснабдувањето за корисниците на неколку улици во Карпош


 Корисниците на неколку улици во општина Карпош денеска ќе имаат прекин во водоснабдувањето од 09:00 часот, соопшти ЈП „Водовод и Канализација“ – Скопје.  Прекин во снабдувањето со вода ќе имаат корисниците на улиците „Софиска“, „Бриселска“, „Петар Драганов“, „Његошева“, „Копенхагенска“ и „Стокхолмска“. Прекинот ќе биде поради изведување на водоводен приклучок ф-100мм на ул. „Софиска“ 7 и […]

Арсовска: Мицкоски да каже како ќе функционира „Комунална хигиена“ без директор


Градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска, го повика премиерот и лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, да каже на кој начин ќе функционира Јавното претпријатие „Комунална хигиена“ во наредните денови откако в.д. директорот Сабахудин Рустеми доби 30-дневен притвор поради состојбите со сметот во главниот град. Таа го обвини Мицкоски дека лично го наредил ваквиот хаос и му […]

Општина Карпош: Сите училишта во општината имаат фотоволтаични системи


 Општина Карпош ги опреми десетте основни училишта на своја територија со фотоволтаични централи што произведуваат електрична енергија за свои потреби. Локалната самоуправа ја реализираше оваа иницијатива, откако претходно ја реновираше и кровната конструкција на сите училишни установи, се наведува во денешното соопштение на Општина Карпош. – Во случајов, училиштата и детските градинки во Карпош се […]

Улицата „Васко Карангелески“ во Аеродром добива семафори


Започнува првата фаза градежни активности за поставување на светлосна сигнализација на крстосница улица „Васко Карангелевски” со улица “Ангел Димовски” во населба Аеродром.   Денес екипи на ЈП „Улици и патишта”- Скопје почнуваат со градежните активности од првата фаза за поставување на светлосна сигнализација на крстосницата од улица „Васко Карангелевски” со улица “Ангел Димовски” во населба […]

ПОЦ овозможи плаќање паркинг со QR-код


Јавното претпријатие за јавни паркиралишта „Паркинзи на Општина Центар“- Скопје, на ден 29.10.2025 година успешно реализираше поставување на нови информативни табли со современ дизајн и вграден QR-код кој овозможува едноставно и брзо плаќање на паркинг услугата со платежна картичка. Во рамки на напорите за дигитализација и модернизација, претпријатието денес започнува со замена на сите информативни […]

Постудени утра и повисока дневна температура во периодот што следи


 Постудени утра и повисока дневна температура најавија од Управата за хидрометеоролошки работи во периодот што следи. – Под влијание на висок воздушен притисок, следува период на стабилно и суво време со постудени утра, а дневната температура ќе биде во пораст, особено во деновите од викендот. Претпладне по одделни котлини и речни долини ќе има услови […]

Притворениот директор на „Комунална хигиена“ поднесе оставка


За време на распитот во Кривичниот суд, директорот на ЈП „Комунална хигиена“ Сабахудин Рустеми поднел оставка од челната позиција. – Она што сакам да го изнесам јавно на барање на директорот е дека тој на записник пред судијата на претходна постапка ја депонира својата оставка. Станува збор за неотповиклива оставка од в.д. директор на јавното […]

Притвор од 30 дена за Рустеми и Саити, двајцата раководители од „Комунална хигиена“


Основниот кривичен суд Скопје го прифати предлогот на Основното јавно обвинителство Скопје и определи мерка притвор од 30 дена за двајца раководители од ЈП „Комунална хигиена“ – Скопје, поради основано сомнение за кривично дело „Загрозување на животната средина и природата со отпад“ од член 230 став 1 од Кривичниот законик. Притворот е изречен за Сабахадин […]

Дојави за поставени бомби во сите училишта во Аеродром, Скопје и во Куманово


Вечерва, стигнала дојава за поставени бомби во сите училишта во Општина Аеродром, па откажани се сите активности на децата во попладневните часови. Откажани се тренинзи на клубови, играорни групи и други активности за кои се изнајмуваат салите и атриумите на училиштата. Денеска (28.10.2025) околу 18 часот во СВР Скопје и СВР Куманово било пријавено дека […]

Карпош се промовира како енергетски најефикасна општина


Уште од 2008 година, Општина Карпош ја реализираше својата визија за трансформација на локалната заедница, преку примена на меѓународните регулативи и стандарди при изградба на енергетско – ефикасни објекти. Како резултат на преземените мерки и чекори, Карпош во 2009 година беше прогласен за енергетски – најефикасна општина во Република Македонија. Точно пред 17 години, Карпош […]

ПОЦ собра 120 хаварисани возила


Во изминатата година, ЈП „Паркинзи на Општина Центар“ успешно отстрани над 120 хаварисани возила од јавните површини на територијата на oпштина Центар. Со оваа акција, претпријатието продолжува да придонесува кон создавање на почиста, побезбедна и поурбана животна средина за сите граѓани. „Нашата цел е целосно да го ослободиме Центар од хаварисани возила кои ја нарушуваат […]

Вработените во „Паркови и зеленило“ преку демонстрации бараат плата, К-15 и други надоместоци


Денеска,  се одржа собир на крстосницата пред ЈП „Паркови и зеленило“ – Скопје, каде персоналот од ова претпријатие бара надоместок на септемвриската плата, надоместок на К-15, јубилеен надоместок, новогодишен додаток, надомест за работници со преостанато работно време и надоместок за помош за починат член во семејството. Демонстрации, според Независниот синдикат на „Паркови и зеленило“ – […]

Се бара притвор за директорот и раководителот на „Комунална хигиена“


Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против две лица поради сомненија за сторено кривично дело – Загрозување на животната средина и природата со отпад од член 230 став 1 од Кривичниот законик. Осомничените, од кои едниот в.д. директор, а другиот управител за отпад во ЈП „Комунална хигиена“ – Скопје, заедно постапиле […]

УХМР: Следува период на стабилно и суво време со пониски температури


Следува период на стабилно и суво време. Претпладне по одделни котлини ќе има услови за појава на магла или ниска облачност, најавуваат од Управата за хидро-метеоролошки работи. Поради разведрувањето утринската температура наместа ќе се спушти под нулата, а дневната ќе бележи тенденција на благ пораст.

Скопје во сообраќаен колапс – луѓето не можат да стигнат на работа


Два дена веќе главниот град доживува сообраќаен колапс. Не дека е нешто ново ваквата состојба во Скопје, но утрово автобусите на ЈСП и приватните кои се во оптек доцнеа до еден час. Иста беше состојбата и вчера попладне. Автобусите на крајните постојки пристигнуваа со задоцнување од повеќе од 40 минути, а следниот круг им започнуваше […]

Белчева се жали на окупираните тротоари во Центар од активните градилишта: „Важно се гради, луѓето можат и по коловоз”


Јана Белчева од Шанса за Центар синоќа во објава на Фејсук се пожали за состојбата со тротоарите од активните градилишта и безбедноста на луѓето што се движат, особено за децата. Во прилог на својата објава, таа сподели и повеќе фотографии од активни градилишта низ општина Центар каде се гледа дека во делот пред објектот во изградба, […]

Без струја делови од Гази Баба и Ѓорче Петров


 Од 8 до 14.30 часот денеска без електрична енергија ќе бидат корисниците на обејктот на „Меркур Македонија“ во општина Гази Баба. Како што соопшти РЦУК-Скопје, по известување добиено од ЕВН Македонија АД, од 9 до 14.30 часот денеска струја ќе немаат и корисниците на дел од улицата „Радушка“ во општина Ѓорче Петров.