Вработените од „Паркови и зеленило“ добиле ветување дека денеска ќе им биде исплатена септемвриската плата


Вработените од „Паркови и зеленило“ очекуваат во текот на денот да ја добијат септемвриската плата и здравствено осигурување. Вакво уверување добиле од директорот на претпријатието. Претседателот на Гранковниот синдикат на државна администрација Горан Ристески вели дека оствариле средба со директорот на која им било кажано дека се очекува да бидат префрлени пари од Град Скопје […]

Обновени фискултурната и свечената сала во „Димитар Миладинов“


Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, денеска изврши увид во целосно обновените простории во ООУ „Димитар Миладинов“, свечената и фискултурната сала. Реконструиран е подот на фискултурната сала, поставен е нов паркет, обновени се ѕидовите и покривната внатрешна површина, поставени се нови прозорци, обележан е спортскиот терен, а ставено е и ново енергетски ефикасно осветлување. Во […]

До четврток магливо, потоа со локален дожд


Утре и во четврток во утринските часови има услови за појава на магла, а од четврток до понеделник повремени локални врнежи од дожд. Како што информираат од УХМР под влијание на влажна воздушна маса, од четврток од вечерните часови, па се до понеделник, следува период на променливо облачно време со повремени локални врнежи од дожд, […]

Герасимовски: Во следните денови поставуваме мерачи за бучава на 30 локации


Градоначалникот на Општина Центар Горан Герасимовски, на средбата со раководителите на сектори дискутираа за проектите што е предвидено да се реализираат во наредните четири години.  Тој најави дека, во месец ноември ќе се одржат буџетските форуми кадешто граѓаните се добредојдени да дадат што поголем број на идеи и предлози за развој на општината.  „Буџетските форуми […]

Што вети Орце Ѓорѓиевски пред скопјани, освен чистење на отпадот


  Орце Ѓорѓиевски е нов градоначалник на Град Скопје, па сега треба да почне со остварување на предизборните ветувања. Тој досега беше  градоначалник на Кисела Вода и претседател на Заедницата на единиците на локалната самоуправа (ЗЕЛС), функција која веројатно и понатаму ќе ја задржи, како градоначалник на Скопје. За победата во Скопје уште синоќа рече […]

„Пајакот“ крена 136 непрописно паркирани возила во Центар


ЈП Паркинзи на Општина Центар во соработка со Сообраќајната полиција-Скопје со помош на специјалните возила „Пајак“ санкционираа 136 непрописно паркирани возила кои го попречувале нормалното и безбедно одвивање на сообраќајот. -За трајно решение на сообраќајниот метеж и проблемот со неправилното паркирање неопходна е поголема сообраќајна култура, затоа ЈП ПОЦ и СВР Скопје во наредниот период […]

Митески се заблагодари за довербата во Аеродром: „Од утре почнуваме со работа!“


Актиелниот градоначалник на Аеродром останува во градоначалничката фотелја, и прогласи голема победа со 18.000 гласа.   „Благодарам за можноста што ми ја дадовте! Ова за мене е голема одговорност и ве уверувам дека ќе ја оправдам вашата доверба! Уште утре почнуваме со работа да го направиме Аеродром место на кое сите ќе се гордееме!“, ветува […]

Сотир Лукровски слави во Карпош (видео)


Сотир Лукровски, кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ за градоначалник на општина Карпош, слави. -Драги мои карпошани, сакам да ви се заблагодарам на сите на огромната поддршка и да ја објавам историската поддршка на ВМРО-ДПМНЕ во Карпош, изјави вечерва Лукровски. „Драги мои карпошани, вечерва зборувам со срце полно гордост и благодарност. Во оваа кампања не се борев за […]

Дејан Митески останува градоначалник на Аеродром?


По пребројани гласови од 71 гласачко место во Аеродром, во двојно водство е актуелниот градоначалник Дејан Митески, од ВМРО-ДПМНЕ. Тој има псвоено 59,64 отсто од гласовите или 13.626 гласале за него, наспроти Александар Трајановски поддржан од СДСМ, кој има 30,29 отсто од гласовите или за него гласале 6.921. Остануваат да се сумираат и гласовите од […]

Ќе го „даде“ ли Јакимовски Карпош? Лукровски води со 800 гласови предност


По пребројани речиси 58 отсто од гласовите во скопски Карпош во водство е кандидатот за градоначалник на ВМРО-ДПМНЕ Сотир Лукровски. Досегашниот градоначалник Стевче Јакимовски во неколку мандати, заостанува зад својот противкандидат за 800 гласови. Сепак, засега пребројани се 46 од 74 гласачки места, односно  35.375 од 56.856 гласачи.

Крушево со над 50 отсто излезност во 15 часот – Скопје се буди


Во попладневните часови излезноста во сите општини каде се гласа во втор круг на локалните избори, вклучително и Град Скопје, се зголемува, но Чаир и Сарај уште покажуваат комплетна незаинтересираност за избор на татко на градот. До 15 часот излезеноста за локалните избори во земјава е 30,26 проценти, а за Скопје 29,94 отсто, соопшти Државната […]

Утре наутро – магла, попладне – дожд


Времето утре ќе биде променливо облачно, претпладне по одделни котлини со појава на магла. Попладне и во текот на ноќта ќе има повремени локални врнежи од дожд и услови за ретки грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец.   Во Скопје, променливо облачно, претпладне во делови од котлината со појава на слаба […]

Скопје, Аеродром, Карпош, Центар и Шуто Оризари избираат градоначалници во втор круг


Во четири од десет скопски општини и Градот Скопје градоначалник ќе се избира во вториот круг. Градоначалници, во втор круг на Локалните избори 2025 денеска избираат граѓаните на Аеродром, Карпош, Центар, Шуто Оризари и на Градот Скопје. Шест скопски општини избраа градоначалници во првиот круг, од кои тројца добија втор мандат, и тоа акутелните градоначалници […]

Условна казна затвор од две години за напаѓачот на градоначалничката Арсовска – таа му прости


Условна казна затвор од две години, која нема да се реалзиира ако не стори друго кривично дело во следните пет години, му изрече Основниот кривичен суд Скопје денеска на Реџеп Нуредини, врз основа на признание на вина, за нападот врз градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска, во јуни годинава во Чаир.  Бранителот на Реџеп Нуредини, […]

„Сите за Палестина“ утре во 12 часот организира протестен марш во Скопје


Иницијативата „Сите за Палестина“ утре, во 12 часот ќе организира протестен марш чија цел е изразување солидарност со палестинскиот народ и осуда на геноцидот во Газа. Настанот ќе започне пред споменикот „Симфонија на мирот“ на плоштадот Слобода, ќе продолжи по централното градско подрачје, минувајќи пред зградата на Собранието и завршувајќи пред зградата на Министерството за […]

Хотел со 4 ѕвезди во центарот на Скопје крадел струја


Откриена голема кражба на електрична енергија во центарот на Скопје. Хотел со четири ѕвезди на улицата „Луј Пастер“ бил нелегално приклучен на електромрежата, објави Електродистрибуција на социјалните мрежи. „При техничка контрола во станбена зграда која граничи со хотел на улицата „Луј Пастер”, нашите екипи пронајдоа три нелегални и изгорени кабли како последица на преголема оптовареност. […]

Арсовска денеска на суд со вториот што ја нападна во Чаир


Денес градоначалничката Данела Арсовска го соочува вториот насилник кој на 11 јули 2025 година ја нападна вербално, а при обидот за физички напад беше спречен и задржан од полицијата.   „Насилникот има долга листа на сторени сериозни кривични дела и одлежано повеќе години ефективна казна затвор за истите. Системот им дозволува да напаѓаат, да вршат […]

Без струја дел од Кисела Вода, Ѓорче Петров и Карпош


Без електрична енергија денеска ќе бидат дел од корисниците во Кисела Вода, Ѓорче Петров и Карпош, соопшти Регионалниот центар за управување со кризи повикувајќи се на информација од ЕВН Македонија.  Во периодот од 08:30 до 15 часот без струја ќе бидат корисниците од бул. Борис Трајковски бр.1 поточно влез 2 од зградата т.н. Пегла во […]

Дел од Чаир без вода


Без вода денеска од 09:00 часот ќе бидат корисниците од улиците „Челопек“ и бр. „157“ во Општина Чаир. Како што информира Јавното претпријатие „Водовод и канализација“ – Скопје, прекинот со водоснабдување е поради дефект на приклучна цевка од ф – 150 мм на раскрсница меѓу улиците  „Челопек“ и бр. „157“. Водоснабдувањето во овие населени места […]

Досега, никој не се разболел заради несобраното ѓубре во Скопје


Досега не се забележани некои заболувања што се директно поврзани со насобраниот смет во Скопје, но треба да се внимава посебно во овој период, додека не се расчисти сметот, порача доктор Драган Кочински, епидемиолог, раководител на Одделот за епидемиологија во Институтот за јавно здравје. -Се препорачува често миење на рацете, посебно кога се оди да […]