Прекинато водоснабдување во дел од Шуто Оризари


Поради уличен дефект на улицата „Галичица 30“, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од улиците Галичица, Гвадалахара, Јован Хаџи Шишко, Дринска и Јуриј Розентал. Водоснабдувањето, како што информира „Водовод и канализација“, ќе биде прекинато од 15:25 часот до санирање на дефектот. 

Еколошки, чисти и климатизирани автобуси ветуваат приватните превозници од понеделник


Од понеделник 55 автобуси од приватните превозници се вклучуваат во јавниот градски сообраќај во Скопје, а до нова година ќе бидат вклучени уште 20 возила, што би требало да го подобри градскиот превоз во главниот град. Како што најави и Јовица Зафировски, претставник на приватните превозници, имаат еколошки автобуси, а се надева дека ќе се […]

За БРТ системот во Скопје ќе треба и нов мост на Вардар


  Воведувањето на железницата како дел од јавниот превоз и почетокот на БРТ системот претставуваат клучен чекор кон модерно и еколошко Скопје, смета премиерот Христијан Мицкоски, кој денеска беше на увид на ремонтот на првата линија на градскиот воз од Зелениково до Железничката станица во Скопје . „Овој систем ќе ја растовари гужвата, но уште […]

Даме Димитровски нов претседател на Советот на Град Скопје


 Даме Димитровски е избран за претседател на Советот на Град Скопје. Тој доби 23 гласа на денешната конститутивна седница на Советот, а беше предложен од  советникот Луке Галески, координатор на советничката група на ВМРО-ДПМНЕ. Димитровски доби поддршка од коалицијата „Твоја Македонија“, ЗНАМ и ВРЕДИ, но за него не гласаа советниците на Левица и СДСМ иако […]

„Генералката“ ќе продолжи, не е маркетинг, уверува Ѓорѓиевски


 Завршува времето кога Скопје беше град на депонијата. „Генералката“ нема да трае само 72 часа, туку ќе продолжи во континуитет, буквално секој ден, порача денеска градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски. Во обраќањето на првата конститутивна седница на Советот на Град Скопје, Ѓорѓиевски истакна и дека акцијата за чистење што почна синоќа, не е маркетинг. […]

Ѓорѓиевски: Очекувам Советот на Град Скопје да биде извор на идеи, визии и решенија, а не на поделби


Денес стоиме пред почеток на едно ново, убаво поглaвје за нашиот главен град. Оваа прва конститутивна седница на Советот на Град Скопје е чин со кој испраќаме силна порака дека демократијата живее преку одговорноста, соработката и визијата за подобро Скопје. Овој Совет, избран со доверба од граѓаните, има историска задача да го насочи Скопје кон […]

Од Зелениково до Железничка за 25 – од Драчево за 11 минути


  Перфектна синхронизација на градскиот воз и автобусите од градскиот сообраќај ќе треба да се направи за скопјани да имаат оптимални услови да стигнат од оддалеќените краеви на Скопје, до неговиот центар. Денеска во Драчево, директорот на Железници транспорт Синиша Ивановски, заедно со градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски и министерот за транспорт и врски Александар […]

Багери влегоа во Вардариште


Од вчера попладнето, багери и тешка механизација влегоа во неформалната депонија Вардариште, да го исчистат површинскиот слчој од ѓубре.  Со вклучени светла, по темница, се расчистуваше дел од Вардариште, депонијата заради која жители на Аеродром и Гази Баба, протестираа и затвораа крстосници 40 дена, затоа што честото потпалување на насобраното ѓубре предизвикуваше пожари, а чадот […]

Поради изведување зафат за водоводен приклучок без вода дел од корисниците од улица „Христо Смирненски“


Заради изведување на водоводен приклучок ф-100мм на ул. „Христо Смирненски“ 13, денеска прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од истата улица (потегот од Зур маркет до бул. „Партизански Одреди“). Како што информираат од ЈП „Водовод и Канализација“ Скопје водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување со работните активности.

„Отпуштени“ 371 лице од „Комунална хигиена“ – не работеле, а земале плата


Новата градска администрација започна со чистење и во институциите — градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, денеска соопшти дека од ЈП „Комунална хигиена – Скопје“ се отпуштени 371 работник кои, според утврдените податоци, со години примале плата без да се појавуваат на работа. „Тоа се луѓе кои сите ние, скопјани, ги плаќаме со години наназад, а […]

(Видео) „Ѓубре офанзива“ во Скопје


Вечерва, од паркингот кај хотелот „Александар Палас“ новиот градски татко на Скопје, Орце Ѓорѓиевски со поддршка на сите скопски градоначалници и премиерот Христијан Мицкоски, со бројни хигиеничари од „Комунална хигиена“, како и тешка механизација тргна во„ѓубре офанзива“, да го исчисти и да го ослободи Скопје од наталожениот смет. Во рамките на акцијата ќе се работи […]

На градскиот воз од Зелениково до Железничката станица во Скопје веќе се работи – Мицкоски утре на увид


Премиерот Христијан Мицкоски, утре ќе направи увид во градежните работи поврзани со проектот градски воз. Како што соопштија од Владата, веќе е потпишан договор за линија 1 Зелениково – Драчево – Лисиче – Кисела Вода-Аеродором – Железничка станица Скопје, а вредноста на договорот e 360 милиони денари. Согласно проектот ќе се изврши целосна реконструкција и […]

Околу 60 автобуси на ЈСП ќе се вратат на скопските улици


Новиот скопски градоначалник Орце Ѓорѓиевски најави дека очекува околу 60 автобуси на ЈСП  деновиве да се вратат на скопските улици. – Веќе разговараме со дел од стручните служби на ЈСП Скопје, што не го опфаќа директорот и раководството за кои во изминатиов период видовме дека нивниот капацитет како да не постои односно, дека е деструктивен […]

Герасимовски додели 82 стипендии до 3.500 денари месечно на најдобрите ученици


Градоначалникот на Општина Центар Горан Герасимовски, во изминатите два дена додели 82 стипендии на ученици од областа на науката, техниката, посебните вештини и културата. Тој, потенцира дека овие ученици од основните општински училишта во Центар според утврдените критериуми покажале највисоки резултати и успеси на државните и меѓународните натпревари. „Доделувањето на стипендии ми е секогаш најдраг […]

Од вечерва во 20.30 часот почнува големата акција за чистење на Скопје


Орце Ѓорѓиевски го прими уверението за градоначалник на Скопје и најави дека од вечерва од 20.30 часот почнува долгонајавуваната акција за чистење на главниот град, што според него треба да тратае 72 часа.   „Денешното уверение е симбол на довербата што ми ја дадоа граѓаните на Скопје. Но, истовремено е и голема обврска да работам […]

Градоначалничката на Кисела Вода Стаменкоска-Трајкоска на акција за пошумување


Градоначалничката на Општина Кисела Вода, Бети Стаменкоска-Трајкоска, денеска учествуваше во акција за пошумување во непосредна близина на Паркот на шахот, во населбата 11 Октомври – Бараки. Како што информираат од општината, во рамките на активноста беа засадени дваесет нови дрвја, како почеток на серија акции за дополнително зазеленување и унапредување на животната средина во општината. […]

Орце Ѓорѓиевски официјално стана градоначалник, од денес течат „72-та“ часа за чистење на Скопје


По две изборни недели и неколку прегласувања, Државната изборна комисија утрово ги објави конечните резултати таму каде што до рокот не пристигна ниту една жалба – со што Орце Ѓорѓиевски и официјално е новиот градоначалник на Град Скопје. Заедно со него, уште 32 избрани градоначалници ги добиваат уверенијата и можат да отпочнат примопредавање на функциите. […]

Без вода делови од булеварот „Борис Трајковски“


Без вода денеска ќе останат корисниците од булеварот „Борис Трајковски“ крак 1, 3 и 5. Како што информира ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје, прекинот е поради дефект на булевар „Борис Трајковски“ 1/18. Водоснабдувањето ќе биде прекинато до санирање на дефектот.

Вработените во „Паркови и зеленило“ продолжуваат со штрајк – ништо од платата


Независниот синдикат на „Паркови и зеленило“ попладнево соопшти дека протестите ќе продолжат и следните денови затоа што не им е исплатена септемвриската плата иако така им било ветено на денешниот состанок со директорот на претпријатието.   – Платата за месец септември сè уште не е исплатена на вработените во Ј.П. „Паркови и зеленило – Скопје“. Ова […]