Љутков: Домот на културата во Ченто функционален до крајот на годината, до 2028-ма во Скопје уште неколку културни центри


Министерот за култура и туризам Зоран Љутков заедно со градоначалникот на Општина Гази Баба, Бобан Стефковски денеска изврши увид во реконструкцијата на Домот на културата „11 Октомври“ во скопската населба Ченто. Објектот кој е нефункционален од 1985 – 1986 година, сега, со реконструкцијата, треба да добие современ лик и да стане центар за одржување најразлични […]

Од вторник температури над просекот за овој период од годината


Управата за хидролошки работи соопшти дека од вторник во земјава ќе преовладува стабилно време со дневни температури малку над просекот за овој период од годината. Времето утре ќе биде променливо облачно со слаб до умерен, а вдолж Повардарието и во источните делови засилен северен ветер. Во североисточните делови ќе има услови за локален слаб дожд. […]

Кисела Вода добива нова и современа поликлиника


Кисела Вода ќе добие поликлиника, која ќе се гради во расадник, спроти кафулињата, а со парите од унгарскиот кредит.  „Денес сме тука да најавиме проект кој долго време беше еден од најголемите приоритети и најголемите барања на жителите на нашата општина. Кисела Вода конечно ќе добие нова, современа поликлиника во населбата Расадник, здравствен објект што […]

Есенски базар „Креативна есен во срцето на градот“ во Скопје Сити Мол за поддршка на современите занаетчии


Дваесет современи занаетчкии ќе се претстават со свои уникатни креации на Есенскиот базар, што ќе се одржува од денеска на приземјето во Скопје Сити Мол. На дводневниот базар ќе бидат претставени еко производи, рачно изработен накит и кожни аксесоари, чанти, дрвени садови и украси, еќоксидни уникати и рачно насликана керамика, ароматични свеќи и природна козметика. […]

Општина Центар испрати протестна нота до Амбасадата на Австрија поради непрописно паркирање


Општина Центар – Скопје испрати протестна нота до Амбасадата на Република Австрија поради непрописно паркирање и загрозување на безбедноста на пешаците. Во целост ја пренесуваме протестната нота, потпишана од градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски. Општина Центар – Скопје упатува најостар протест поради непрописното паркирање на дипломатско возило на австриската амбасада со регистарски таблици 22-CMD-01, […]

Натпревар за млади музичари и бендови со авторска музика „Imagine Macedonia 2025“ вечер во МКЦ


 Во организација на Музичка младина на Македонија (МММ) вечер во концертната сала на Младинскиот културен центар (МКЦ) ќе се одржи натпревар за млади музичари и бендови со авторска музика „Imagine Macedonia 2025“ Настанот е во рамки на фестивалот „Здраво млади“, а во соработка со МКЦ. – По три успешни онлајн изданија, кога македонските победници беа […]

Герасимовски и советниците спречија изградба на зграда, безбедноста на граѓаните на прво место!


  На предлог на градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, Советот на Општина Центар со 19 гласа „за“ и и еден воздржан донесе одлука за суспендирање на примената на градежна парцела во рамки на ДУП „Буњаковец 1. Причината за суспензијата е изградба на објект чија реализација може да предизвика сериозни безбедносни и правни импликации. Градежната […]

„Стоп за Вардариште“ блокираат уште денеска и утре – депонијата нема да се оградува!


Уште денеска и утре, жителите на Аердором, кои повеќе од еден месец ја блокираа крстосницата кај мостот „Киро Глигоров“, ќе продолжат со протестот, затоа што од сите надлежни преземена е обврска за почеток на санација на неформалната депонија Вардариште, која ги труе скопјани. Имено, деновиве, претставници на „Стоп за Вардариште“, се сретнаа со претставници на […]

Во недела во Парк – Јубилејниот десетти традиционален настан за поддршка на лицата со Вилсонова болест


Под слоганот „Подај рака“, во недела (12.10.2025) на летната сцена „Лепеза“ во Градскиот парк во Скопје со почеток во 10.30 часот ќе се одржи јубилејниот десетти по ред хуманитарен хепенинг за поддршка на лицата заболени од ретката болест Вилсон, под слоганот „Подај рака“. Целта на настанот е подигнување на јавната свест за ретките болести вклучувајќи […]

(ВИДЕО) Професорката Татјана Стојаноска Иванова: Герасимовски е најдоброто решение за Центар


„Горан Герасимовски како градоначалник е најдоброто решение за Центар“. Ова го порача неговата поранешна професорка по социологија од Филозофскиот факултет, која се огласи преку видео објава на неговиот официјален профил на социјалната мрежа Facebook. Универзитетската професорка Татјана Стојаноска Иванова, која го познава Герасимовски уште од студентските денови, вели дека уште тогаш се истакнувал по своите знаења, […]

Максимална казна од три години затвор добија тројцата обвинети за Вардариште


Максимална казна од три години затвор добија денеска тројцата обвинети Мајсут Мемиши, Алмир Асани и Флорин Арифи за создавање диви депонии на дел од локацијата во Вардариште. Како што беше посочено на денешното судско рочиште во Основниот кривичен суд, тројцата обвинети се виновни затоа што создале депонија спротивно од прописите, иако знаеле дека немаат дозвола […]

Автокоманда добива зонско паркирање


Градоначалникот на Општина Гази Баба, Бобан Стефковски, вчера извести дека е донесено Решение за утврдување на режим на сообраќај во Автокоманда, со што и официјално се одобрува воведувањето на зонско паркирање. Според Стефковски, ваквото решение жителите на Автокоманда го очекуваат повеќе од една деценија. Тој информираше дека во моментов интензивно се работи на изработка на […]

Крњево и делови од Аеродром и Ѓорче Петров, утре без струја


 Без струја утре ќе останат дел од жителите на скопските населби Аеродром и Ѓорче Петров, соопшти РЦУК по добиено известување на АД ЕВН. -На ден 08.10.2025 (среда) без електрична енергија ќе останат: во периодот од 08.10 до 15.00 часот, корисниците на дел од ул.с. Долно Лисиче (општина Аеродром); во периодот од 08.10 до 15.00 часот, […]

Приватните автобуси од утре ќе возат по редовен возен ред, ЈСП попладнево улати дел од долгот


Приватните автобуски превозници во Скопје од утре ќе сообраќаат по редовен возен ред. ЈСП попладнево уплатила по 6 милиони денари на трите компании, потврди  сопственикот на Јофи Бус, Јовица Зафировски. – Денеска во 16 часот добивме информација дека ни се уплатени по 6 милиони денари по пакет и после кординацијата со превозниците утре се враќаме […]

(Фото) Сообраќајка кај Цветен пазар, метеж во Капиштец


Мала сообраќајка попладнево се случи на влезот кај Цветен пазар во Скопје. Како што покажуваат фотографиите, нема поголема материјална штета, но сепак овој застој, како и во многу други случаи, беше причина за создавање метеж на влезот во блискиот паркинг, но и автобуската станица во близина на Цветниот пазар. (Фото: Независен)

Приватните автобуси се исклучија од сообраќај


Приватните автобуски превозници што сообраќаат во Скопје денеска во 10 часот ги повлекоа возилата од линиите. Тие најавија дека ќе работат скратено – само од 5 до 10 часот – сè додека ЈСП не им го подмири долгoт за изминатите шест месеци, проценет на 90 милиони денари. Според превозниците, вкупниот долг на ЈСП кон нив […]

Вработените во „Флораком“ и „Луна“ ќе ја добијат августовската плата


Стојанче Кашиковски, претседателот на СУТКОЗ, апелира до раководството на ЈП „Паркови и зеленило“ веднаш да почне со правење напори за обезбедување средства за исплата на септемвриската плата, со цел овие вработени да не бидат повторно принудени да протестираат, барајќи да им биде исполнето нивното основно работничко право – исплата на плата Вработените во „Флораком“ и […]

Есенски базар на поддршка на современите занаетчии во Скопје сити мол од 10-12 октомври


Од 10 до 12 октомври, приземјето на Скопје Сити Мол ќе оживее со боите, мирисите и енергијата на Есенскиот базар. На едно место ќе се сретнат 20 талентирани современи занаетчии, кои ќе се претстават со уникатни креации – од еко производи, рачно изработен накит и кожни аксесоари, чанти, преку дрвени садови и украси, епоксидни уникати и рачно насликана керамика, до ароматични свеќи и природна козметика. Есенскиот базар – „Креативна есен […]

(ФОТО) Прекини на струја ја предизвикаа хаваријата во Влае – половина Скопје остана без вода


  Причина за синоќешниот голем дефект на водоводната мрежа во Скопје биле повеќе краткотрајни прекини во снабдувањето со електрична енергија кај бунарите на Лепенец, информираат од Јавното претпријатие „Водовод и канализација“. Прекините предизвикале варијации на притисокот во пумпниот систем, што резултирало со пукање на главната водоводна цевка со дијаметар од 600 милиметри на улицата „Франце […]

(Видео) Пукна цевка во Влае, половина Скопје без вода


Една од главните водоводни цевки вечерва пукна во населбата Влае. Порталот „24news.mk“, објави видео на кое се гледа дека е поплавена цела улица, а како што јавува порталот, водата навлегува во дворови и во подруми од куќи. Во меѓувреме, жители јавуваат дека нема вода во Хром, Ѓорче, Влае, Карпош… додека во Центар и Аеродром значително […]