СДСМ: Во кое својство Орце Ѓорѓиевски го отвори Скопскиот маратон?


Орце Ѓорѓиевски, актуелен градоначалник на Кисела Вода и кандидат на ДПМНЕ, како и 17 други кандидати за градоначалник на Скопје, денеска го отвори Скопскиот маратон. Во кое својство и зошто токму Орце е одбран кога нема никаква врска со маратонот, реагира СДСМ. „Одговорот е јасен кога е во прашање валканата кампања и злоупотребите на ВМРО-ДПМНЕ. […]

Македонецот Дарио Ивановски и Кенијката Ирене Џеруто најуспешни на Скопскиот маратон 2025


Најдобриот македонски атлетичар Дарио Ивановски во машка и Кенијката Ирине Џеруто во женска конкуренција победија на годинашниот 21. „Визер скопски маратон“, кое оваа година бележи рекорден одѕив – повеќе од 14.000 тркачи од 58 земји низ светот. Ивановски патеката долга 42 километри ја истрча за 2:14:50 часа, додека Џеруто истата траса ја помина за 2:38:31 часа.Ивановски […]

Цаневска: Кога вложуваме во училиштата, вложуваме во иднината на Скопје


На Денот на просветните работници, носителката на советничката листа за Град Скопје од СДСМ, Катерина Цаневска, порача дека образованието е темелот врз кој се гради напреден град и дека иднината на Скопје се создава преку училиштата, наставниците и младите луѓе, наведува СДСМ во соопштение кое МИА го пренесува интегрално.  „Денес не сме тука само да […]

Герасимовски: Поставуваме пристапни рампи во секој новоизграден објект, се грижиме за сите граѓани


  Кандидатот за градоначалник на Општина Центар од редовите на СДСМ Горан Герасимовски, синоќа беше со жителите на Кале кадешто дискустираа за проектите што треба да се реализираат во новиот мандат. Граѓаните кои живеат на Кале му се заблагодарија на Герасимовски за поставувањето на ново игралиште кадешто децата и младите од оваа населба рекреираат и […]

Александар Рашковиќ, независен кандидат: Модернизација на зелениот пазар-нова градска гордост


  Зелениот пазар ќе добие нов, модерен лик — четирикатна зграда со современ дизајн, која ќе го задржи духот на традицијата, но ќе понуди чист, функционален и урбан пазарен простор достоен за европска престолнина, најавува Александар Рашковиќ,  кандидат за градоначаник и носител на листа за град Скопје. Новиот комплекс предвидува: Подземна гаража со капацитет за […]

Скопскиот маратон го блокира Скопје


Учесниците се радуваа, а возачите негодуваа денес, од утрото со првите зраци на сонцето над главниот град, кога започна 21. издание на Виз Ер Скопскиот маратон, кое оваа година бележи рекорден одѕив – повеќе од 14.000 тркачи од 58 земји низ светот. Трките започнаа пред Собранието, а целта за сите категории е поставена на Плоштад […]

Привремен сообраќаен режим за време на одржувањето на 21. Виз Ер Скопски маратон


Поради претстојното 21. издание на Виз Ер Скопски маратон, што ќе се одржи денеска, а на кој ќе учествуваат рекордни над 14.000 натпреварувачи од 58 земји, ќе важи привремен режим на сообраќај во главниот град. Како што посочува организаторот, одредени улици ќе бидат целосно или делумно затворени за сообраќај во периодот на одржување на маратонот, […]

Герасимовски заедно со советниците и хигиеничарите ја чистеа дивата депонија во Крњево


Кандидатот за градоначалник и актуелен градоначалник на Центар Горан Герасимовски, денеска заедно со тимот на советници и хигиеничарите заеднички ја чистеа дивата депонија во населбата Крњево. „Не само што секојдневно чистиме по улиците и околу контејнерите, денеска сме и во Крњево, за да ги исчистиме и дивите депонии. Заедно со нашиот тим, ќе ни бидат потребни […]

Шукова од Кисела Вода: Имаме решенија загадувањето да не биде зимска судбина за Скопје


Кандидатката за Градоначалничка на Град Скопје од СДСМ, Каја Шукова, денеска при посетата на општина Кисела Вода ја претстави програмата за справување со загадувањето на воздухот, со посебен фокус на решавање на проблемот со затоплувањето во домаќинствата.   Таа истакна дека над 50% од загадувањето и понатаму потекнува од индивидуалните домаќинства кои се греат на дрва, […]

Фестивал на Биодиверзитетот: Здрави корења, полни трпези


Слоу Фуд Водно со поддршка од Слоу Фуд Македонија, по четврти пат денеска го организира Фестивалот на биодиверзитетот – празник на автентичноста, локалното производство, здрави корења и полни софри. – Ова ќе биде ден кога храната ќе раскажува приказни за зачувани сорти, за вредните раце што нежно ги негуваат, и за трпези кои се полнат […]

21. „Бела ноќ“ во Скопје


Мултимедијалнии изведби, изложби, концерти, литературни читања и перформанси ќе бидат организирани вечер во рамки на 21. манифестација „Бела ноќ“ која традиционално се одржува во првата сабота од октомври. Организатори се Универзална сала и Град Скопје кои најавија разновидна културна програма и настани за кои влезот за посетителите е слободен. -Целиот град ќе се претвори во […]

Розов Пикник Појaдок за поддршка на жените со рак на дојка


ХЕМА-ОНКО, здружение посветено на пациентите со рак и нивните негуватели и Mediсus Help денеска во Градскиот парк во Скопје организираат Розов Пикник Појaдок, настан организиран во партнерство помеѓу ХЕМА-ОНКО здружение посветено на пациентите со рак и нивните негуватели и Mediсus Help. Главната цел на настанот е да им оддадеме признание и поддршка на жените кои […]

Герасимовски најави три капитални проекти: Нова општинска зграда, дом за стари лица и градинка


Кандидатот за градоначалник на Општина Центар од редовите на СДСМ Горан Герасимовски, во вечерашното соочување во „Топ Тема“ со останатите кандидати за градоналници на Центар информираше дека програмата за работа за вториот мандат е донесена заеднички со граѓаните, а како главни капитални проекти ги издвои изградбата на административната зграда, новата градинка и домот за стари […]

Карпош со најголема отвореност кон граѓаните


Општина Карпош има најдобри резултати од сите локални самоуправи во главниот град според Индексот на отвореност. Мерењето за 2025 година го спроведе фондацијата за интернет и општество „Метаморфозис“ преку програмата Цивика мобилитас, во партнерство со Рурална коалиција, со поддршка од Владата на Швајцарија.  Отворените податоци се клучни за доброто управување на локално ниво, бидејќи овозможуваат […]

Ако не биде исплатена августовската плата, од понеделник вработените во „Флораком“ и „Луна“ повторно на протест


Вработение од ДООЕЛ „Флораком“ и ДООЕЛ „Луна“, фирми-ќерки на ЈП „Паркови и зеленило“ денеска повторно протестираа блокирајќи го булеварот „Илинден“ од 10 до 12 часот поради се уште неисплатената плата за август, изјави за МИА претседателот на Синдикатот на СУТКОЗ (Синдикатот на работниците од угостителството, туризмот, комунално – станбеното стопанство, занаетчиството и заштитните друштва на […]

Приватните превозници во Скопје од понеделник ќе возат само од 5 до 10 часот поради неисплатен долг од ЈСП


До понеделник 6 октомври 2025 година доколку не биде исплатен долгот кон приватните превозници во Град Скопје, нивниот возен ред ќе биде намален за 70 проценти. Тие ќе возат само прва смена од 5 до 10 часот, соопшти денеска опственикот на „Јофи Бус“, Јовица Зафировски. – Приватните превозници „Јофи Бус“, „Вестор Транс“, „Радос Компани“ кои […]

Владата се правда за немањето греење, имало дефекти


Владата денес испрати соопштение во кое објасни зошто одредени региони во градот немаат греење иако температирите се многу ниски во Скопје. „Грејната сезона 2025/2026 за потрошувачите приклучени на системот за централно греење во градот Скопје официјално започнува на 15 октомври. Согласно постојните прописи, испораката на топлинска енергија може да започне и порано – конкретно, од […]

Мултимедијален спектакл и диџеј сет „Скопје-Берлин-Париз“ на Бела ноќ во Сули ан


Францускиот институт во Скопје и Амбасадата на Франција, заедно со Институтот Гете, Амбасадата на Сојузна Република Германија, Универзална Сала и град Скопје имаат чест да ве поканат на затворањето на француско-германскиот проект „Старата скопска чаршија: визии за иднината”, кое ќе се одржи во сабота, 4 октомври 2025 година, од 20:00 часот, во Сули Ан, Стара чаршија, Скопје. […]

Арсовска: Вработени во Општина Гази Баба организирале создавање и палење депонии


Градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска обвинува дека локалните власти од Гази Баба, сами ствараат нелегални депонии, затоа што, тврди, комуналните општински камиони го одлагаат отпадот во близина на Јурум,лери. Општината Гази Баба и нејзиното јавно претпријатие се затекнати во незаконски активности кои директно ја загрозуваат животната средина и здравјето на граѓаните. Возила со општински ознаки, […]

Во недела посебен режим на сообраќај во Скопје поради одржување на „Скопскиот маратон 2025“


На 05.10.2025 (недела) со почеток во 08:00 часот, ќе се одржи „Скопскиот Маратон 2025“ со следните траси на движење: траса на движење на трката од 5км – Старт на ул.„11-ти Октомври“ (кај зелен пазар), право по ул.„11-ти Октомври“, лево по бул.„Крушевска Република“, десно по бул.„3-та Македонска Бригада“, полукружно на крстосница помеѓу бул.„3-та Македонска Бригада“ и […]