„Државната лотарија“ ќе ја организира новогодишната прослава – Каролина и Тамара Тодевска на плоштад


Град Скопје со скромни средства ќе се обиде да го накити градот предновогодишно, а за дочекот на Нова година, прославата ја организира „Државната видео лотарија“.  Како што рече градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, на денешната седница на Град Скопје, „Дражавна лотарија“ ќе ја организира прославата, а негов услов бил на новогодишната ноќ да настапуваат  македонски […]

„Комунална“ и „Паркови“ ќе ја завршат годината со половина плата


Со половина плата ќе ја завршат годината вработените во јавните претпријатија „Комунална хигиена3 и „Паркови и зеленило“, затоа што состојбите во нив уште не секонсолидирани. Другите јавни претпријатија изминатиов период зеле и по две плати во еден месец, за да се надополнат заостанатите, соопшто градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, на денешната седница на Советот […]

Современ и клинички супериорен пристап во кардиохирургијата: Во Клиника Жан Митрев изведена минимално инвазивна операција на срце без сечење на градната коска


Во Клиника Жан Митрев, кардиохируршкиот тим предводен од д-р Митрев, успешно изведе современа минимално инвазивна операција на срце, позната како MIDCAB (минимално инвазивен директен коронарен артериски бајпас). Операцијата се изведува преку мал засек меѓу ребрата, без сечење на градната коска и без употреба на апарат за вонтелесна циркулација. Со оваа техника се постигнува реваскуларизација, односно се подобрува крвотокот кон срцето, додека останатите […]

Без вода утре делови од Сарај и високата зона во Ѓорче Петров, без струја делови од општина Бутел


Прекинато водоснабдување утре од 7:30 часот ќе имаат корисниците од населените места Лака, Крушопек, Грчец, Шишево, Глумово, Горна и Долна Матка, Арнакија, Љубин и село Сарај во Општина Сарај, како и повисоките катови од зградите во населба Ѓорче Петров. ЈП Водовод и канализација-Скопје соопшти дека прекинот на водоснабдувањето ќе биде поради дефект на затворач со […]

Аеродром почнува селекција на пластика со 50 домаќинства


Општина Аеродром станува прва општина што започнува реализација на проект за системска селекција на пластичен отпад директно од домаќинствата!, се пофалија денеска од оваа скопска општина.   „Секое пластично шише и пластично пакување отсега ќе имаат своја вредност, а сите ние заедно ќе придонесеме за почисто, поодговорно и поздраво општество. Проектот ќе опфати 600 домаќинства, […]

Така се реконструира во Кисела Вода: Колите на тротоари, пешаците на улица


  Општината Кисела Вода ги избрка пешаците на улица и им ги додели тротоарите на автомобилите на реконструираната улица „Георги Димитров“. Тоа е изгледа некаков нов стил во сфаќањето на безбедноста на луѓето, особено откако почна пробниот период на системот на МВР „Безбеден град“. Улицата „Георги Димитров“, кој оди од студентскиот дом „Пелагонија“ и надолу […]

Ангелов: Има загрозени објекти на Водно, проблемот е сериозен – некој може да настрада


На Водно има загрозени објекти и проблемот со свлечишта треба да биде сфатен сериозно, предупреди директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов, во емисијата „Тема на денот“. — Јас верувам дека има загрозени објекти на падините на Водно и дека треба многу сериозно да биде сфатен овој проблем и да не чекаме да […]

Герасимовски: Општина Центар го отвори електронскиот Анкетен прашалник за креирање на Буџетот за 2026 година


Општина Центар стави на располагање електронски Анкетен прашалник преку кој граѓаните директно може да се вклучат во процесот на креирање на Буџетот за 2026 година. Градоначалникот Горан Герасимовски ги повикува жителите активно да ги доставуваат своите предлози и да укажат на потребите во своите маала. „Ги повикувам сите граѓани да ја искористат алатката Анкетен прашалник […]

За пет години граѓаните на Скопје должат 36 милиони евра за даноци – Градот ги повикува да платат


Даноците на имот и Комуналните такси се основните извори на приходи на Градот Скопје. Средствата остварени од овие приходи овозможуваат финансирање на основните функции на Градот, изведбата на инфраструктурните проекти, ко-финансирање на услугите што ги даваат комуналните претпријатија и јавните установи како и финансирање на трошоците на средните училишта во Градот Скопје. Според евиденцијата на […]

Ќе исчистат ли повторно барем за Мицкоски?


Одамна поминаа 72-та часа најавени од новиот градоначалник на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, за чистење на Скопје – главниот град затрупан во ѓубре денови пред локалните избори.  Со силна механизација и со сите луѓе кои беа на располагање, поддржани од сите општини во Скопје и некои од републикава, тргнаа во акција за чистење на главниот град, […]

Без струја повеќе делови Студеничани и Сопиште


Без струја денеска од 08.00 до 16.00 часот ќе бидат корисниците од Ловиште Јасен, селата Осинчани, Држилово, Патишка Река, Елово, Малчиште, викендици Патишка Река, Сателитски центар Нова Брезница, Каменолом Вардар Градба, викендици Држилово, Јаболци, Црн Врв, Рудпроект, Карст Јаболци, Викенд Населба Јаболци и село Нова Брезница во општините Студеничани и Сопиште, информира ЕВН Македонија. 

Денеска бесплатен паркинг во Центар


По повод државниот празник „Св. Климент Охридски“, од Паркинзи на општина Центар известија дека денеска, паркиралиштата со кои стопанисува јавното претпријатие ќе бидат бесплатни за користење од страна на сите граѓани. Исклучок од ова се затворените паркиралишта „Дилајла“ со автоматска наплата и „Трготекстил“, каде што наплатата ќе се одвива согласно редовниот режим. Редовната наплата за […]

Скопје ќе се кити со 53.000 евра


Град Скопје ќе ја чини 3.260.000 денари – околу 53 илјади евра – новогодишната декорација за претстојните празници, а работата ќе ја изведе фирмата „Линк Медиа Плус ДООЕЛ“ од Скопје, единствениот понудувач на распишаниот тендер. Според објавените податоци, компанијата и претходно добивала слични ангажмани за празнично украсување во Општина Центар и во Штип, а во […]

Отстранет и првиот билборд од Железничката станица во Скопје


„Во насока на ослободување на просторот и оригиналниот изглед на Железничката станица, започнавме со отстранување на сите билборди, светлосни реклами и останати информативни реклами кои години и декади наназад го нарушуваат автентичниот изглед на станицата. Ова ќе биде фазен процес кој ќе заврши со генерално чистење на надворешниот изглед на станицата како и соодветна илуминација. […]

ЈСП: Во понеделник јавниот превоз ќе сообраќа по неделен возен ред


ЈСП информира дека во понеделник на 8.12.2025 год. поради државниот празник Св.Климент Охридски, јавниот превоз ќе сообраќа по неделен возен ред.   „Дежурна од 8 до 14 часот ќе биде билетарницата на Транспортен центар, а Жичарницата вообичаено како и секој понеделник нема да работи. Потсетуваме дека секој понеделник и секој последен вторник во месецот, за Жичницата се неработни денови“, велат од ЈСП.

„Работнички“ добива модерна сала по ФИБА стандарди!


Нов паркет се поставува на теренот од 700 м², во салата „Работнички“, во Општина центар. Следната недела се очекува да биде завршен подот, а во тек е и доинсталација на семафорите, додека осветлувањето и озвучувањето се веќе финализирани.   Салата е целосно енергетски ефикасна, со подно греење, современ систем за ладење, греење и проветрување, нови […]

Пешачкиот пред училиштето „Јахја Кемал“ на улица Варшавска е црна точка – Родителите бараат итна реакција


  Дел од родителите од Карпош чии деца минуваат пред училиштето „Јахја Кемал“ на улица Варшавска реагираат за небезбедниот пешачки премин.  Родител во фејсбук групата „Тафталиџе“ сведочи дека за малку тој и неговиот син ќе биле прегазени од два автомобили.  Овој родител јавно се обрати и до градоначалникот на карпош Сотир Лукровски.  – Втор пат […]

Поради дефект без вода неколку улици во Козле


Поради уличен дефект ф 80мм на ул.„Крчин“бр.4 а и 4 б, денеска од 9:40 часот прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од улиците „Крчин“, дел од „Леринска“, дел од „Милан Марковиќ“ и „Пијанец“ во населба Козле.  

Ставен под контрола пожарот во близина на црквата „Свети Спас“


Под контрола е пожарот кој избувна вечерва во стара куќа во близина на црквата „Св.Спас“на влезот на Старата скопска чаршија. Засега не е позната причината за пожарот, а екипи на МВР ќе вршат увид. -Во 19:43 часот добиена е дојава за настанат пожар во напуштена куќа на улица „Самоилова , веднаш беа испратени трои противпожарни […]

Голем пожар избувна во објект кај скопското Кале


Голем пожар избувна вечерва во близина на угостителскиот објект „Пивница“ на скопското Кале, каде што гори друг објект. Противпожарните екипи се на терен, а причните за пожарот засега не се познати. Се очекуваат повеќе информации од надлежните институции. Граѓаните се повикуваат да се држат подалеку од местото на настанот.