„Пајакот“ крена 104 непрописно паркирани возила во Центар


Санкционирани биле 104 непрописно паркирани возила во општина Центар за една недела. – Јавното претпријатие „Паркинзи на Општина Центар“ во соработка со Сообраќајната полиција – Скопје во периодот од 8 до 14 декември, со помош на специјалните возила „пајак“ отстранија 104 непрописно паркирани возила што го попречувале нормалното и безбедно одвивање на сообраќајот, соопштија утрово […]

Одборот за традиционална прослава на Бадник ќе ги претстави кумот и здравичарот


Здружението на граѓани Одбор за традиционална прослава на Бадник денеска ќе ги претстави кумот и здравичарот за Бадник 2026. На настанот што ќе се одржи во салата за состаноци на Советот на Општина Центар, поканети се и кумови и здравичари од изминатите манифестации, како и долгогодишни спонзори и симпатизери на традиционалното скопско Бадникување.

Утрово, почувствуван земјотрес на северот од Македонија


Утрово во 7 часот и 20 минути беше почувствуван земјотрес на територијата на Македонија, објави ЕМСЦ. Според ЕМСЦ земјотресот бил со јачина од 3.1 степени според Рихтер. Епицентарот на земјотресот бил на 35 километри од Приштина, на границата меѓу Косово, Србија и Македонија. Жители на Скопје и околината сведочат дека почувствувале кусо, но силно тресење. Некои велат […]

Без струја денеска Горно Нерези, Глуво и Мирковци


Од 9 денеска без електрична енергија ќе бидат корисниците од селото Горно Нерези во општина Карпош и корисниците од селата Глуво и Мирковци во општина Чучер Сандево. Прекинот, како што информира РЦУК повикувајќи се на информација од ЕВН Македонија, ќе трае до 15 часот. 

Без вода дел од Сопиште


Без вода попладнево од 14:25 часот ќе бидат корисниците од улицата 23 во Сопиште. Како што информира ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје, причина е уличен водоводен дефект од Ф2 ” (Цола) на улицата 23 бб, а прекинот ќе трае до завршување на зафатот.

Поради дефект без вода дел од населба Драчево


Поради уличен водоводен дефект од Ф100мм на ул. „Партизански Пат“ – 2 населба Драчево (кај резерварот) со прекинато водоснабдување ќе бидат корисниците од оваа и од улицата „Илија Ристовски“. Како што информираат од ЈП „Водовод и канализација“ Скопје прекинот во снабдувањето со вода ќе биде од 09:30 часот до завршување на санацијата на дефектот. 

Скопје ќе добие нов Луна парк, почнува јавната набавка за проектирање и монтажа


Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски информира дека денеска почнува јавната набавка за проектирање и монтажа на новиот Луна парк.  Како што се посочува во соопштението на Град Скопје, со почнувањето на јавната набавка за проектирање и монтажа, градот влегува во нова фаза на урбана трансформација која ќе понуди современи атракции, целосна пристапност и нови […]

Орце Ѓорѓиевски се прогласи ненадлежен за забрана на огномет за празнициве


  На последната седница на Советот на Град Скопје, градоначалникот Орце Ѓорѓиевски ја отфрли иницијативата на Зелен хуман град (ЗХГ) за забрана на огномет на територија на градот велејќи дека Советот бил „ненадлежен“. ЗХГ вели дека тоа најомиленото образложение на функционерите во Македонија, државата во која никој не е надлежен за ништо. Споредбата за наводната […]

„Зимзоленд“ продолжува без или со дозвола?


Откако Општина Аеродром потврди дека ќе се отстранува забавниот парк „Зимзоленд“ во Ново Лисиче, а скопскиот градоначалник Орце Ѓорѓиевски објави дека паркот речиси две недели работел без дозвола од Град Скопје, организаторите на манифестацијата соопштија дека не е точно дека „Зимзоленд“ се затвора и дека ќе продолжат со работа. „Во последните часови на одредени медиуми […]

Дел од корисниците на општина Карпош без струја


– Корисниците од улиците „Урош Џудовиќ“, „Осло“, „Будимпештанска“ и „Љубица Георгиева“ во Општина Карпош денеска ќе бидат без електрична енергија, соопшти РЦУК-Скопје по известување од ЕВН Македонија АД.  Како што е најавено, електрична енергија ќе немаат во периодот од  9 до 12 часот. 

Без вода дел од корисниците на општина Бутел


Дел од корисниците на улиците „Натанаил Кучевишки“, „Краишка“ и „Хо Ши Мин“ во општина Бутел денеска од 10:30 часот ќе бидат без вода. Како што соопшти ЈП „Водовод и канализација“ Скопје, прекинот на водоснабдувањето е поради замена на вентил на улица „Натанаил Кучевишки“ бб, градинката „11 Октомври“, и ќе трае до завршување на работните активности.

Ѓорѓиевски: На 15 декември заедно да го осветлиме Скопје


 Град Скопје најави настан за осветлување на градот на 15 декември во 18 часот на плоштад „Македонија“, за почеток на новогодишните и божиќните празнувања. Градоначалникот Орце Ѓорѓиевски ги повикува скопјани на 15 декември во 18 часот на плоштад Македонија „заедно да го осветлат градот и да споделат празнична магија“. – Почитувани скопјани, драги родители, најдраги […]

„Зимзоленд“ ќе се отстранува – нема инспектор што не нашол неправилности


Општина Аеродром ќе го отстранува Божиќниот базар „Зимзоленд“, откако речиси две недели врти рингишпили без никаква дозвола и потребна документација, јавува „Телма“ откако вчера општната се прогласи за ненадлежна. Денеска пак,  истите тие потврдуваат дека организаторите сепак немале никакви документи и тие ќе ги преземат потребните мерки, почнувајќи од постапка за демонтирање. „Вчера во попладневните […]

Како стана нова Старата чаршија?


Иако со години се најавува дека ќе се заштити автентичниот лик на Старата чаршија, таа е препуштена на самоволие и импровизации, до таа мерка што е претворена во некој вид пластичарска улица. Освен градежната узурпација, пренатрупаност и негрижа, таа се повеќе со декорациите и боите наликува на некои други „чаршии“ во светот и ги губи […]

Ротари клуб Скопје Интернационал: Уметноста безбеден простор за менталното здравје кај младите


Менталното здравје и потребата младите да добијат безбеден простор за изразување беа во центарот на изложбата „Иницирај промена. Креирај гласно!“, што се одржа во галеријата „Драгутин Аврамовски Гуте“ во Сули Ан. Настанот беше организиран од Здружението „Биди човек“, во партнерство со Ротари клуб Скопје Интернационал, кој веќе неколку години континуирано работи на проекти за ментално […]

Се уредува плоштадот „Македонија“: Се заменуваат оштетените плочки, се чистат фонтаните…


Градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски во објава на Фејсбук сподели дека деновиве интензивно се работи на сите страни низ градот. Како што вели, го средуваат она што со години било запоставено, а требало да се одржува секојдневно. „На плоштадот ‘Македонија’ се заменуваат скршените и пропаднати плочки, фонтаните што подолго време беа оставени на забот на […]

Дел од Пинтија без вода


Од ЈП „Водовод и канализација“ денеска известија дека поради уличен дефект на „Саса“ 18, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од Пинтија. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:30 часот до завршување со санација на дефектот.

Без струја делови од Илинден и Ѓорче Петров


Без електрична енергија денеска во периодот од 09:00 до 13:00 часот ќе останат корисниците на улица „Бунарџик“ во Општина Илинден, информира РЦУК-Скопје. Струја од 09:00 до 15:00 часот ќе немаат и дел од корисниците на улиците „Мице Козар“ и „Ѓуро Салај“ во Општина Ѓорче Петров.

Зелен хуман град бара да се забранат огнометите


ЗЕЛЕН ХУМАН ГРАД преку својот претставник во Советот на Град Скопје, Марјан Калевски, поднесе Иницијатива за забрана на огномет на територија на градот со која се забранува употреба на експлозивни материи од страна на физички или правни лица со цел одбележување прослави или каков било вид на забава.   „Oгнометите предизвикуваат значително загадување на животната […]

Мултифункционалниот центар во Ново Лисиче ќе го смени изгледот на маалото


Мултифункционалниот центар во Ново Лисиче, кој треба да биде на располагање на потребите на Скопје Град на културата 2028, треба да биде готов до крајот на 2027 година. Центарот се наоѓа во срцето на ново Лисиче зад спортскиот центар „Марко Божиновски“, а неговата изградба ќе чини 99 милиони денари во прва фаза, доделени од Владата […]