Нема истекување на линдан во ОХИС, уверува Министерството за животна средина


Министерството за животна средина и просторно планирање (МЖСПП) вечерва информира дека нема никакво истекување на линдан од поранешниот индустриски комплекс ОХИС, уверувајќи дека процесот на негово чистење се одвива континуирано и безбедно. -МЖСПП континуирано работи на решавање на еден од најголемите еколошки предизвици во земјата, чистењето на линданот во поранешниот индустриски комплекс ОХИС, се наведува […]

Парада за најмладите по повод роденденската прослава на Diamond Mall


Денес се одржа улична парада по повод вториот роденден на Diamond Mall. Парадата, која е наменета за најмладите, ја предводеа 20 добро познати маскоти на популарни ликови од детските анимирани филмови. Парадата под мотото „Да зборуваме и да покажеме дека ни е грижа“, стартуваше од градскиот плоштад, а заврши кај Diamond Mall, каде се одржа […]

Герасимовски со граѓаните и хигиеничарите во акција за чистење на Општина Центар


Градоначалникот на Општина Центар Горан Герасимовски, заедно со граѓани, млади и хигиеничарите го чистеа сметот во Општина Центар, стои во соопштението на Општината. Изминативе неколку дена, хигиеничарите се постојано на терен, во две смени за да го исчистат хаосот што го остави ЈП „Комунална хигиена“ и градската власт откако сите општини во Скопје беа преплавени […]

Петто издание на саемот Скопје Air Fair во Градски парк


Под мотото „Делуваме денес — за воздухопловството утре!“ денеска во Градскиот парк во Скопје, ќе се одржи петтото издание на воздухопловно-едукативниот саем – Скопје Air Fair 2025, во организација на Здружението за подобро воздухопловство „Авикон“. Посетителите на саемот, што ќе почне во 11 часот на локацијата „Вембли“ во Градскиот парк, ќе можат да се запознаат […]

Мециновиќ вели дека состојбата со ѓубрето во Скопје е апсурдна


  Кандидатот за градоначалник на Град Скопје од Левица, Амар Мециновиќ, денеска изјави дека состојба со отпадот во градот е „најапсурдна што Скопје некогаш ја имало“. Мециновиќ оцени дека ситуацијата со преплавувањето со отпад и колапсот на комуналните претпријатија е резултат на крахот на локалната власт, која во последните четири години била под контрола на […]

Набљудување на две комети вечер од Козјак


Скопското астрономско друштво, ги кани сите заљубеници во астрономијата, вечерва на козјак, каде ќе постават телескоп и ќе може да се набљудуваат кометите Лемон и Свон.   Скопското астрономско друштво ќе постави телескоп во близина на ресторанот „Аурора“ кај браната Козјак, на околу 40 километри јужно од Скопје. Телескопот ќе биде поставен на приближно 100 […]

Герасимовски: Со директорите на училиштата и градинките договоривме конкретни мерки, дератизација, дезинсекција и дезинфекција на сите училишни објекти


Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, денес одржа работна средба со директорите на основните училишта и градинките, на која беа договорени конкретни активности за одржување на хигиената во образовните установи на највисоко ниво. Договорено е во текот на викендот да се спроведе повторна дератизација, откако веќе имаше една пред изборниот процес. Веднаш потоа ќе следат […]

„Градски воз“ во Скопје ќе почне да сообраќа од почетокот на следното лето


Првата линија од проектот „Градски воз“ во Скопје ќе почне да сообраќа од почетокот на следното лето, а нашата идеја e да воспоставиме редовен сообраќај на три линии – истакна во денешното гостување во Радио Лидер, вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски.   „Идејата на проектот ‘Градски воз’ е постојаната железничка инфраструктура да се […]

  Diamond Mall слави роденден со хуманитарен концерт и донаторски настан за „Лајка“


Од 20 до 25 октомври во просториите на Diamond Mall е отворена Зона за донации, каде што сите посетители што сакаат да се вклучат во хуманитарните активности што трговскиот центар ги организира по повод својот втор роденден, можат да остават храна и опрема за бездомните животни. Собраните донации се наменети за поддршка на активностите на […]

Излетал камион кај клучката Хиподром – сообраќајот во прекин


Поради излетано товарно моторно возило на клучката Хиподром на патниот правец Скопје – Куманово, сообраќајот е во прекин, соопштија од АМСМ. „На 24.10.2025 година од 09.00 часот на патниот правец Скопје – Куманово, на клучка Хиподром (обиколница Скопје) кон Куманово, поради излетано ТМВ на патот, собраќајот е во прекин“, стои во објавата на АМСМ.

Герасимовски: Ги мобилизираме сите служби и ресурси во Општина Центар и на ПОЦ!


Градоначалникот Горан Герасимовски, денеска одржа состанок со Штабот за заштита и спасување кадешто се донесоа итни одлуки за справување со кризата со сметот во Центар. Тој потенцира дека се прави мобилизација на сите служби и ресурси на општината и на ПОЦ. „Од денес, сите вработени во Општината Центар и во ЈП „Паркинзи на Општина Центар“ […]

Герасимовски свика итен состанок на Штабот за заштита и спасување поради ѓубрето


Во тек е итен состанок на Штабот за заштита и спасување кадешто носиме одлуки за справување со кризата со сметот во Центар. Градот Скопје денес се соочува со сериозна еколошка криза. Целиот град е затрупан со отпад, што веќе не е само хигиенски, туку здравствен и епидемиолошки проблем. Оваа состојба е крајно алармантна! Не може […]

Арсовска: Ако не ви е јасно какo кадрите на Мицковски се одговорни за ѓубрето низ Скопје, ќе ви појаснам уште еднаш


По бројните шпекулации истакнати од кадри на ВМРО ДПМНЕ во обид да се амнестираат за состојбата за работата на ЈП Комунална хигиена – Скопје, на социјалните мрежи Градоначалничката на град Скопје, Данела Арсовска, објави појаснување за надлежностите и одговорностите поврзани со управувањето на претпријатието, велат од град Скопје во своето соопштение кое го пренесуваме во […]

Посебен режим на сообраќај во центарот на Скопје поради атлетска трка


МВР информира дека денеска ќе има посебен режим на сообраќај во центарот на Скопје поради одржување атлетска трка. Се работи за траса на движење од паркот „Жена борец“ преку Камени мост, улица „Иљо Војвода“, тротоарот на мостот „Гоце Делчев“ и по кејот на реката Вардар и обратно, за сообраќај ќе биде затворена улицата „Иљо Војвода“, пешачките […]

Герасимовски: Во две смени работат нашите хигиничари, Комунална хигиена мора да се освести ни се спрема катастрофа


Градоначалникот Горан Герасимовски, во изјава за медиуми пред почетокот на средбата со претставниците на ЗЕЛС за хаосот со сметот во Општина Центар, но и на територија на градот Скопје потенцираше дека мора да се најде итно решение за овој проблем кој веќе ги помина сите граници на нормално живеење.    „Изминатите пет дена немаше воопшто […]

Вработените во „Паркови и зеленило“, „Флораком“ и „Луна“ на штрајк ако до 28 октомври не им се исплати септемвриската плата


Доколку до 28 октомври не им биде исплатена платата за септември и додатоците на плата, вработените во Јавното претпријатие „Паркови и зеленило“ и фирмите ќерки „Флораком“ и „Луна“ најавија дека ќе ја активираат одлуката за шрајк. Тие денеска повторно протестираа на булеварот „Илинден“ во Скопје и побараа исплата на платата за септември и почитувањето на […]

Зошто Орце Ѓорѓиевски одржа координативен состанок со мнозинската советничка група во Скопје?


  Денеска, кандидатот за градоначалник на Скопје, од ВМРО-ДПМНЕ, Орце Ѓорѓиевски одржа координативна средба со советничкото мнозинство во Град Скопје, предводено од носителот Даме Димитровски. Тој е претседател на ЗЕЛС, но одржувањето ваква средба, додека течат роковите пред вториот круг на локалните избори, каде тој треба да се соочи со противникот Амар Мециновиќ од Левица […]

Реконструкцијата на салата „Работнички“ во завршна фаза


  Градоначалник на Општина Центар, Горан Герасимовски, изврши увид во градежните активности во спортската сала „Работнички“, придружуван од Атлетската федерација на Македонија, Велосипедската федерација, Училишниот спортски сојуз, Шаховската, Одбојкарската, Карате, Џудо и Кајак федерациите, како и од ЗСД „Работнички“ и ОК „Работнички“. При увидот, констатирано е дека 80 проценти од реконструкцијата се завршени. Поставен e […]

Синдикатот во „Комунална“ го викна директорот на состанок – тој не дојде


СУТКОЗ – единствениот репрезентативен синдикат за комунални дејности и ССМ ја известуваат јавноста дека на 21.10.2025 година во 11:30 часот, Извршниот одбор на Синдикалната организација на СУТКОЗ при ЈП Комунална хигиена Скопје, одржа состанок на кој се разговараше за состојбата во претпријатието, се наведува во соопштението од СУТКОЗ. На состанокот беа поканети раководството на претпријатието, […]

Без струја делови од Аеродром, Карпош, Кисела Вода, Центар, Сарај и Студеничани


Без електрична енергија денеска ќе бидат делови од неколку населби во градот Скопје и од околните населени места. -Како што соопшти РЦУК Скопје, по известување од ЕВН Македонија АД, во периодот од 08.00 до 14.00 часот, без струја че бидат дел од корисниците од село Долно Лисиче ( општина Аеродром), од 08.30 до 14.30 часот, […]