Под влијание на влажен бран во следните два дена ќе има повремени локални врнежи од дожд, а на планините снег


Под влијание на влажен бран во следните два дена ќе има повремени локални врнежи од дожд, кои наместа ќе бидат пообилни (над 25 l/m² за 24 часа). На планините врнежите ќе бидат од снег и ќе се формира снежна покривка до 15 cm, информираат од УХМР.  Поради спуштање на постуден воздух од север, во четврток […]

Укинати мерките за загадување и покрај тоа што Скопје е на врвот на најзагадени градови


Мерките и препораките за заштита од аерозагадување престануваат да важат, откако е прекината епизодата со надминување на прагот на алармирање за ПМ10 честичките во Скопје и Струмица. Како што соопшти Министерството за животна средина и просторно планирање, според податоците од Државниот автоматски мониторинг систем, на 22 декември 2025 година среднодневните концентрации на ПМ10 честички се […]

Аеродром преку анкета до мислење за нејзината работа – првото прашање е „дали денеска сте контактирале?…“


Општина Аеродром воведува нов, транспарентен и целосно анонимен начин преку кој граѓаните ќе можат да дадат оцена и мислење за квалитетот на работењето на Општината, како и за работата на секој вработен поединечно. Целта на оваа иницијатива е директно вклучување на граѓаните во процесот на унапредување на локалната самоуправа, преку идентификување на позитивните практики, како […]

Четири тетовски села денеска без струја


Дел од тетовските села Цепчиште, Јажинце, Доброште и Слатино утре, 23 декември 2025 година, ќе бидат без електрична енергија поради планирани прекини во дистрибутивната мрежа. Според најавата, прекинот ќе трае од 09:00 до 14:00 часот. Во селото Џепчиште без струја ќе останат објекти кои се наоѓаат кон центарот на селото, додека во Јажинце прекинот ќе […]

Без струја корисниците на улицата „Христо Татарчев“ во Кисела Вода


Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат: – во периодот од 9:00 до 15:00 часот корисниците на улица „Христо Татарчев“ бр. 14 кон објект со куќен број 30 (Општина Кисела Вода).

Без вода делови од „Октомвриска револуција“, „Партизански одреди“ и „Наум Наумовски Борче“


Без вода денеска од 08:30 часот ќе бидат корисниците на потегот од  улицата „Наум Наумовски Борче“ бр.63 во Општина Центар. Како што информира Јавното претпријатие „Водовод и канализација“ – Скопје, прекинот со водоснабдување е поради водоводен приклучок од ф 100мм на ул.„Наум Наумовски Борче“ бр.63. Без водоснабдување денеска од 09:00 часот ќе бидат коисниците од […]

Без вода делови „Октомвриска револуција“, „Партизански одреди“ и „Наум Наумовски Борче“


Поради промена на вентил, прекинато водоснабдување од 09:00 часот ќе имаат корисниците од зградите 10,12 и 14 на ул. „Октомвриска револуција“ и дел од бул. „Партизански одреди“, потегот од „Никола Тесла“ до „Октомвриска револуција“), соопшти РЦУК Скопје. Без вода од 08:30 часот ќе бидат и корисниците од ул.„Наум Наумовски Борче“ бр.63. Водоснабдувањето ќе биде прекинато […]

Скопјанец нападнат на Средно Водно по недоразбирање во сообраќајот


Скопјанец пријавил дека бил нападнат на Средно Водно по недоразбирање во сообраќајот.  – На 21.12.2025 во 16:15 часот во СВР Скопје, Х.Т.(31) од Скопје пријави дека околу 12:40 часот на Средно Водно, по претходно недоразбирање во сообраќајот, бил физички нападнат од едно лице, информираа од полицијата.  Се преземаат мерки за расчистување на случајот. 

ЗОО Скопје доби нова Стратегија, кубури со директори


Денеска беше презентирана Стратегијата за развој на Зоолошката градина во Скопје, документ што носи јасна визија за модерна, одговорна и хумана институција. Деновиве Зоолошката градина во Скопје беше тема во медиумите, затоа што од новиот градоначалчник на Скопје, Орце Ѓорѓиевски се очекуваше да постави нов директор, кој би ги средил работите во оваа градска институција, […]

Хуманитарна предновогодишна забава во „Капитол мол“


Општина Аеродром, Capitol Mall и Ротари клуб Аеродром ве покануваат на хуманитарна предновогодишна забава, која ќе се одржи на 27 декември (сабота) со почеток во 11 часот. За најмладите подготвивме богата и весела програма: – настап на детскиот хор „Поточиња“ – танчерска изведба на Балетското студио „Лебед“ – музички настап на Пајак Настанот е од […]

Без струја дел од општина Кисела Вода


Без електрична енергија денеска од 9 до 11 часот ќе останат дел од корисниците лоцирани на улица „368“ број 3 во општина Кисела Вода.  Како што информира Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, прекинот е поради технички зафати во електродистрибутивната мрежа. 

Утрово откажани сите летови од Скопје


Поради густата магла откажани се сите утрински летови од Скопскиот аеродром. Откажани се летовите на авиокомпанијата „Визер“ од Скопје до Дортмунд, Брисел, Париз, Љубљана, Базел, Меминген и Венеција. Откажан е и летот до Загреб на „Кроација ерлајнс“, како и за Истанбул на „Туркиш ерлајнс“. Во моментов на аеродромот во Скопје нема ниту еден авион. Ниту […]

Скопје утрово е најзагаден град во Европа


Скопје утрово е прв од најзагадените градови во Европа, покажува рангирањето на швајцарската „IQ Air“. Со просечна загаденост од 101, Скопје е прв во Европа, а на 21 место во светот.  Веднаш зад Скопје се Aмстердам и Сараево. -Кога ќе донесеш закон каде деловна тајна е што горат фирмите во печки, резултатот е ова, прокоментира […]

Хуманитарен Божиќен базар „ЕЛА во Погон“


Академијата за странски јазици ЕЛА (English Language Academy ELA) денеска во „Погон бар“ организира хуманитарен Божиќен базар. -Веќе третa година по ред, хуманоста, детската искреност и желбата да се помогне нè обединуваат околу нешто навистина големо. Хуманитарниот Божиќен базар на академијата за странски јазици не е само традиција, тој е приказна за малите херои со […]

Новогодишна претстава „Дедо Мраз дојде со воз“ на Железничката станица во Скопје


Специјална новогодишна театарска претстава за деца „Дедо Мраз дојде со воз“ ќе се одржува  од денеска 30 декември на Железничката станица во Скопје, со почеток од 19 часот.  Претставата ја организираат Училиштето за театар „Од игра до претстава“, Македонски железници Инфраструктура и Македонски железници АД Транспорт. Публиката ќе може да го следи големото доаѓање на […]

Винодонија 2025 – Скопје повторно ќе пулсира во ритамот на виното


Винодонија 2025 – најпрестижниот вински настан во Македонија и годинава ветува незаборавно искуство за сите љубители на виното. Деветтото издание на салонот ќе се одржува денеска и утре во Скопје, а посетителите ќе имаат можност да ги вкусат најдобрите вина од земјата и од странство, додека 15 гастро-изложувачи ќе ги надополнат елегантните вински моменти со […]

Град Скопје со мерки и препораки до граѓаните за заштита на амбиенталниот воздух


Град Скопје издаде препораки и мерки за заштита на амбиенталниот воздух откако утринава Министерството за животна средина и просторно планирање информира дека прагот на алармирање на суспендирани честички со големина до 10 микрометри е надминат на мерните места во Скопје – Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат. Согласно надлежностите на градот Скопје утврдени со […]

Тешко повредена скопјанка – паднала кога закочил автобусот


Скопјанка е тешко повредена во автобус во Скопје.  – На 18.12.2025 во СВР Скопје, З.А.(61) од Скопје пријави дека на 25.11.2025 околу 08:45 часот во Скопје, додека се превезувала како патник во автобус, при кочење на автобусот паднала и се здобила со тешки телесни повреди, констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“, известија од полицијата.  […]

Мерки во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат – загадено е, ама нема бесплатен градски превоз


Министерството за животна средина и просторно планирање информира дека според податоците од Државниот автоматски мониторинг систем за квалитет на амбиенталниот воздух и добиената временска прогноза од Управата за хидрометеоролошки работи, прагот на алармирање на суспендирани честички со големина до 10 микрометри (надминување на вредноста од 150 mg /m3 во текот на два последователни денови) е […]

Магла го зароби источниот дел на Скопје – лисичани не можат да видат што прават комшиите


Македонците најмногу мразат магла затоа што не можат да видат што прават комшиите! Вака некако оди нашата досетка, а лисичани и новолисичани утрово не може да видат кој доцнел за на работа, дали децата заминале в училиште или кога некој се прибрал од корпорациската предновогодишна забава. Маглата го имаше заробено овој дел на Скопје, утрово […]