Дел од булевар „Јане Сандански“ денеска без вода


Без вода денеска ќе бидат корисниците од булевар „Јане Сандански“ од зграда бр.32 до бр.64, информираат од ЈП „Водовод и Канализација“ – Скопје. Како што информираат од претпријатието, прекинот на водоснабдувањето е поради дефект на шибер ф 80 мм на бул. „Јане Сандански“ 60 и ќе трае до санирање на дефектот. 

Општина Центар предвиде девет милиони денари за рециклирање


Предлог – буџетот на Општина Центар за 2021 година кој беше предложен и усвоен на 58. седница од страна на Советот на општината, проектиран е основен буџет во износ од 756.100.000 денари, за финансирање на сите надлежности на општината и реализација на развојните програми и активности на секторите. Новите капитални инфраструктурни инвестиции се предвидени за […]

ВИДЕО: „Лајка“ извлече четири кучиња заробени во напуштен автомобил


Четири вознемирени кучиња во скопската населба Аеродром вчера беа извлечени од хаварисан автомобил во кој биле затворени. Јавното претпријатие за згрижување бездомни кучиња „Лајка“  објави видео од извлекувањето на кучињата. „По многубројни пријави од загрижени граѓани, за кучиња кои со месеци константно се затвараат во возило во населбата Аеродром, вечерва на иницијатива на ЈП Лајка […]

„Го сакам Водно” бара стопирање на постапката за прогласување дел од Водно во заштитено подрачје од категорија 5


Овој акт за кој разговараме и сакате да го донесете никогаш не бил, не е, ниту ќе биде суштината на антропогено пошуменото Водно. Ова сега што се предлага и самото зонирање е биодиверзитет кој никогаш не бил суштината што Водно се заштитило. Тоа го нагласи Татјана Стојановска од „Го сакам Водно” на денешната јавна дебата […]

Сопиште утре од 10 часот без вода


 Без вода утре од 10 часот ќе биде Општина Сопиште, информираат од ЈП „Водовод и Канализација“ – Скопје. Како што информираат од претпријатието, прекинот на водоснабдувањето е поради дефект шибер Ф 150 на улица 13 во Сопиште и ќе трае сѐ до санирање на дефект. 

(Видео) Марш „Јавна соба“ е кривично дело


Со пароли „Жртвата никогаш не е виновна”, „Непостапувањето е соучество”, „Нашето Не, не значи Да” започна протестот против насилството врз жените пред Министерството за внатрешни работи. Демонстрантите бараат освен затворање на групите, надлежните да ги пронајдат сите креатори и администратори на „Јавна соба“. Велат дека жртвите на сексуално насилство се плашат да пријават во полиција […]

Стотици садови за отпад две години стојат во „Комунална хигиена“, преголеми се за скопските улици


Уште во октомври 2019 година Градот Скопје на комуналното претпријатие во главниот град му донираше садови за отпад со поголема зафатнина со цел да се реши проблемот со оптадот, но бидејќи повеќето локации каде треба да се постават се направени за помали садови, тие две години стојат во дворот на „Комунална хигиена„. – Во октомври […]

(Видео) Успешно вдомени повеќе кучиња преку кампањата на „Лајка“


Како претпријатие за хуман третман и благосостојба на животни скитници од „Лајка“ се задоволни што со кампањата „Вдоми куче, вдоми љубов” мисијата на прифатилиштето на ЈП „Лајка“ добива нова димензија. – Благодариме до сите граѓани што вдомија куче, што нè одбраа токму нас и што во прифатилиштето на ЈП „Лајка“ го пронајдоа својот миленик. Заедно […]

„Пакомак“ почнува со собирање пластичен отпад од училиштата на 15 февруари


Поради пандемијата од корона вирус „Пакомак“ престана со собирање на пластичниот оптад од повеќе од 60 основни училишта во Скопје, но од компанијата најавуваат дека со оаа активност ќе продолжат од 15 овој месец. „Со почетокот на пандемијата и престанок на работа на училиштата во март 2020, ние ги испразнивме контејнерите и ги известивме училиштата […]

Се поправаат пешачките патеки во Козле


Општина Карпош започна со изведба на четири пешачки патеки во населбата Козле. Имено, во тек е реконструкција на два пристапа – влезови кон зградите на улицата „Јуриј Гагарин“, број 43 и 45. Исто така, се прави една пристапна патека во должина на парковското зеленило, со цел граѓаните да имаат безбедно движење вп овој рекреативен дел, […]

Контејнерите за пластика под клуч, „Пакомак“ не собира поради пандемијата


Садовите за пластичен отпад во ООУ „Лазо Ангеловски“ веќе неколку месеци се чуваат под клуч во дворот, а ни едно дете не може пластичната амбалажа да ја фрли во нив и да ја рециклира. Претходно, препознатливите жолти контејнери за собирање пластичен отпад стоеја во дворот на училиштето, а учениците, секојдневно, пластичната амбалажа и од дома […]

Маските соодветно да се фрлаат


Во текот на изминатите неколку месеци, екипите на ЈП „Комунална хигиена“-Скопје се соочуваат со големо количество отпад од заштитни маски и ракавици што граѓаните го исфрлаат на јавните површини или пак несоодветно спакуван го одлагаат во садовите наменети за комунален отпад. Употребените заштитни маски особено претставуваат потенцијален извор на зараза и согласно епидемиолошките препораки, овој […]

Хибридни колектори за вода и за струја во „Мајски цвет“ во Карпош


Во тек е поставувањето на првите хибридни колектори на јавен објект во надлежност на локалната самоуправа. Имено, Општина Карпош ги поставува овие модули на  кровната површина на градинката „Мајски цвет“ (објект „Јасмин“), во населбата Тафталиџе 2.   Овие колектори, преку искористувањето на сончевата енергија, ќе произведуваат 300 литри санитарна топла вода, која ќе се користи […]

Богдановиќ: Постаментот за споменикот на Мајка Тереза треба да се дислоцира


Општина Центар на продолжението на 59 седница го изгласа донесувањето на новиот урбанистички план Градска четврт Ц 04 – Дом на градежници, со кој се предвидува поголемо зеленило во градот. Градоначалникот Саша Богдановиќ на презентацијата на планот истакна дека со новите ДУП-ови во Центар зачувани биле над 13.000 метри квадратни парковско зеленило. Станува збор за […]

Прекинато водоснабдување на булевар „Видое Смилевски Бато“


Поради уличен дефект ф200мм на бул.„Видое Смилевски Бато“ бр.15 , прекинато водоснабдување, денеска од 11:00 часот ќе имаат корисниците на бул.„Видое Смилевски Бато“ од бр.1 до 37 и зградите со бр.51 и 55 висока зона. Како што информираат од РЦУК Скопје, прекинот со водоснабдувањето ќе биде се до санирање на дефектот.

Продолжува акцијата за собирање стакло на „Пакомак“


Друштвото за управување со пакување и отпад од пакување „Пакомак“ и оваа година ја продолжи акцијата за собирање стакло. Целта е да се поттикне население селективно да го одложува стаклениот отпад, елиминирајќи ја оддалеченоста на поединечните домаќинства од соодветните контејнери и олеснувајќи го процесот во корист на граѓаните, а за долготраен бенефит на околината. Граѓаните […]

Општина Карпош: Субвенции за 50 проценти од трошокот за ужинки за основците


Општина Карпош ќе субвенционира 50 проценти од трошоците за ужинки за основците кои посетуваат настава со физичко присуство. На овој начин, велат од Општината, ќе се покрива 250 денари од трошокот, а останатите 250 денари ќе бидат обврска за родителот/старателот. Субвенцијата се однесува на второто полугодие од оваа учебна година, како и за учебната 2021/2022. […]

Хотели, бунгалови, трговски центар треба да се градат околу Езерото Треска


Хотел со 5 ѕвезди, бунгалови, викенд куќи и трговски центри, базени, аквапаркови и друго, превидува новиот ДУП за езерото Треска, беше откриено на денешниот брифинг од градоначалникот на Сарај, Блерим Беџети. Просторот околу езерото ќе биде поделен на четири блокови, при што во првиот се планираат плажи, базени, аква парк, спортски терени, амфитеатар, ботанички градини. […]

Протест за случајот „Монструм“, блокада од Чаир до ОЈО


Семејствата на обвинетите во случајот „Монструм“, за денеска во 13.30 часот најавија протест во Скопје, откако во завршните зборови на последното судско рочиште за случајот, Основното јавно овинителство (ОЈО) побара највиски казни за нив поради петкратното убиство кај Смилковското езеро, јави РСЕ. За петкратното убиство на 12 април 2012 година, обвинети се Агим Исмаиловиќ, Фејзи […]

Коце Трајановски негира дека го дал СРЦ на Општината Сарај


Поранешниот скопски градоначалник, Коце Трајановски, побара од актуелниот Петре Шилегов да го покаже документот, доколку постои, дека СРЦ „Треска“ е дадена на управување од Град Скопје до Општина Сарај. Ваквата реакција на Трајановски во емисијата „Утрински брифинг“ следува по тврдењето на Шилегов дека во 2011 Градот Скопје донел одлука со која што ја префрла надлежноста […]