Од 245 казнети возачи во Скопје, 31 се за брзо возење, 23 биле без возачка


На територијата на град Скопје вчера изречени се вкупно 245 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 31 санкција, 23 за возење без возачка дозвола, 14 за технички неисправни и нерегистрирани возила. Во рамки на засилените сообраќајни контроли, информираа денеска од МВР, изречени се 19 санкции за користење мобилен телефон, 11 за непочитување […]

Средното уметничко училиште целосно со онлајн-настава поради заразени наставници и ученици


 Средното уметничко училиште „Лазар Личеноски“ во Скопје од понеделникот е затворено за практична настава за учениците превентивно за да се спречи натамошно ширење на заразата со КОВИД-19 зашто шест наставници и пет ученици се инфицирани и имаат решенија за изолација, а уште 20 ученици се во самоизолација поради контакт со заразените, потврди за МИА директорот […]

Со доградбата на училиштето, се укинува третата смена во ООУ „Лазо Ангеловски“


Со одлична динамика се одвива доградбата на училиштето во рамките на училиштето „Лазо Ангеловски“ во Ново Лисиче. Ова денеска го констатира градоначалникот на Општина Аеродром, Златко Марин, при увидот во градежните активности. „Изградбата на новите училници е од исклучителна важност за учениците, бидејќи не само што ќе се прошири капацитетот на училиштето туку и ќе […]

Полицајците во Центар ќе возат општински возила


 Советот на Општина Центар, на предлог на градоначалникот Саша Богдановиќ,  донесе одлука да ги даде на  времено користење службените моторни возила на Полициската станица „Центар“. „Како локална самоуправа ќе излеземе во пресрет на ПС „Центар“, со цел поефикасно извршување на нивните работните задачи и зголемениот број теренски активности кои ги имаат полициските службеници за време […]

Уште 60 нови контејнери за рециклирање стакло ќе се постават низ Скопје


Градот Скопје, ГИЗ и ЈП „Комунална хигиена“ денеска потпишаа договор за нови 60 контејнери за депонирање отпад од стаклено пакување, што Град Скопје ги доби како донација во рамките на регионалниот проект „Управување со стаклена амбалажа на Западен Балкан”. Градот Скопје е една од шесте единици на локална самоуправа опфатени со овој проект во нашата […]

Училиштето „Владо Тасевски“ до крајот на месецот затворено поради зголемен број заразени со Ковид-19


Скопското основно училиште „Владо Тасевски“ до 31-ви март ќе биде со клуч на врата, а учениците од прво до трето одделение, наместо со физичко присуство, наставата ќе ја следат онлајн. Одлуката е донесена поради зголемениот број на ковид позитивни случаи, потврдуваат за МТВ од Општина Карпош. Досега директорката и десетмина наставници пријавиле дека се заразиле […]

Почна доставата на решенија за данок на имот и фирмарина


Град Скопје ги известува сите даночни и таксени обврзници дека во тек е доставувањето на решенија за данок на имот и комунална такса –фирмарина за тековната 2021 година. Сите даночни и таксени обврзници кои немаат платено данок на имот и комунална такса – фирмарина за изминатата 2020 година ќе добијат опомена за неплатен долг. Даночните […]

Реновирани целосно неупотребливи училници во ООУ „Ѓоргија Пулевски“


Градоначалникот на Општина Аеродром, Златко Марин, денеска изврши увид во реновирањето на училниците во ООУ „Ѓоргија Пулевски“, кои деновиве се целосно обновени. Училниците, кои 15 години не се во употреба, деновиве Општина Аеродром за прв пат целосно ги реновира од кога е изградено училиштето и наскоро ќе бидат приспособени за настава. Тие добија нов под, […]

Анализа: Февруари покажува тренд на намалување на загаденоста на воздухот во Скопје


Од 2017 година наваму има контиунуиран пад на вредностите кои покажуваат колку е загаден воздухот во Скопје, покажува најновата анализа на податоците од пет мерни станици низ главниот град.  По охрабрувачките вести од анализата на резултатите на загадувањето на воздухот во јануари во Скопје, споредено со истиот период од претходните години, изготвена е анализа и […]

Нови 55 пациенти хоспитализирани во ковид центрите во Скопје, вкупно се лекуваат 406 пациенти


Во изминатите 24 часа во ковид центрите во Скопје се хоспитализирани 55 нови пациенти поради компликации од корона вирусот, соопшти денеска Министерството за здравство, од каде информираа дека на инфективните оддели во главниот град се лекуваат вкупно 406 пациенти сомнителни и потврдени за Ковид-19 и голем дел од нив се на кислородна поддршка.   – […]

По осум години Општина Аеродром повторно ќе субвенционира обнова на фасади


Обнова на фасади, покриви, ефикасна потрошувачка на заедничка електрична енергија, се дел од проектите кои Општина Аеродорм планира да ги спроведе во следните три години, со цел да ја направи општината енергетски ефикасна. За жителите на оваа скопска општина тоа ќе значи дека дел од парите потребни за замена на покрив, поставување нова фасада, лифт […]

По 60 години мечките во ЗОО Скопје ќе добијат ново живеалиште


Мечките во Зоо Скопје ќе добијат ново живеалиште после 60 години, соопштија од Скопската зоолошка градина. „Живеалиштата на мечките се во централниот дел од зоолошката и се многу стари. Сакаме да им направиме нов простор по сите стандарди, каде што мечките ќе живеат во што поприродна и поголема животна средина. Веќе две ипол години баравме […]

Општината бара помош од граѓаните за почист Аеродром


Билјана Богдановска Општина Аеродром изработи веб страница на кој граѓаните ќе може да пријават дека некаде има ѓубре кое не е собрано, а општината интервентно ќе треба да го собере. – Со фотографија или само со информација добиена од граѓаните Општината очекува во иднина, нејзините жители да пријават дека некоја локација не е исчестена, со […]

За создавање еколошки одржлив град потребен е безбеден и евтин јавен систем на транспорт


Јапонски експерти од областа на аерозагадувањето ќе одржат предавање на Машинскиот факултет во Скопје, во насока на споделување искуства и отворање дебата за проблемот со загадувањето на амбиенталниот воздух во земјава. Професорите Шинџи Вакаматсу и Имура Хидефуми, како и Јамада Таизо, кој е постар советник во Јапонската агенција за меѓународна соработка – ЏАЈКА ќе го […]

Автобусите на ЈСП Скопје ќе возат до 22 часот


Од денеска, среда (10.03.2021 год) јавниот превоз ќе сообраќа до 22 часот. Режимот на јавниот превоз е согласно одлуката на Влада на РСМ за забрана на движење на населението во период од 22 до 5 часот, почнувајќи од денеска до 22.03.2021 година, соопштија од ЈСП. Ги потсетуваме корисниците на јавниот превоз, дека и натаму не […]

Ученици од Карпош со нов еко предизвик


  Учениците од основното училиште „Јан Амос Коменски“, од Општина Карпош ќе бидат дел од еко – проект, кој овозможува зголемување на зелениот фонд во општината, преку забрзување на растот на растенијата. Имено, тие ќе ја истражуваат бојата на светлината која најмногу го поттикнува растот на растенијата. Станува збор за проект за кој училиштето доби […]

Општина Центар собира над 2 милиони евра од данок на имот, Арачиново нула


Сите општини во земјава заедно, просечно годишно наплатуваат по 1,3 милијарди денари, односно 21 милион евра за данок на имот од граѓаните и од фирмите. Просечната годишна наплата на овој данок се движи околу 81 процент, стои во извештајот на Центарот за граѓански комуникации (ЦГК). Значително поголем дел од данокот на имот се прибира од […]

Богдановиќ: Инвеститорот сам ја отстрани нелегалната градба на зелениот пазар „Буњаковец“


По претходно издадено Решение од Секторот за инспекции на Општина Центар, денеска инвеститорот самостојно ја отстрани нелегалната градба на зелениот пазар „Буњаковец“, информира градоначалникот на општина Центар, Саша Богдановиќ на својот ФБ профил. Тој во својот фејсбук статус напиша дека откако завршил инспекцискиот надзор констатирано било дека инвеститорот не поседувал одобрение за градбата и согласно […]

Факултетите ќе ги промовираат студиските програми во средните училишта


  Од денеска, па се до 26 март, матурантите од средните училишта на Град Скопје ќе имаат можност да се запознаат со студиските програми на факултетите и на универзитетите, што ќе им помогне полесно да ја изберат својата идна професија и кариерна ориентација. Градот Скопје по четврти пат го реализира проектот „Училиштата на Градот Скопје […]

Водата во Скопје безбедна за пиење


Водата во Скопје е безбедна за пиење, покажуваат анализите од примероците за физичко-хемиска и микробиолошка анализа земени од 38 мерни места во главниот град. Од јавното претпријатие „Водовод и канализација“ информираат дека во периодот од први до петти месецов се земени 182 примероци за анализа. Согласно со добиените резултати од испитувањата, сите примероци одговараат на […]