Наставниците по физичко од Кисела Вода на обука за работа со деца со посебни потреби


Градоначалничката на Општина Кисела Вода, Бети Стаменкоска-Трајкоска, оствари работна средба со деканот на Факултетот за физичко образование, спорт и здравје, Влатко Неделковски, на која се разговараше за унапредување на наставата по физичко образование во основните училишта и важноста на нејзината инклузивност. Како што информираа од Општина Кисела Вода, оваа средба претставува почеток на институционална соработка …

Наставниците по физичко од Кисела Вода на обука за работа со деца со посебни потреби Read More »

Без струја изутринава дел од корисниците во Центар, Зелениково и Ѓорче Петров


Без струја изутринава ќе бидат дел од корисниците во општините Центар, Зелениково и Ѓорче Петров, соопшти РЦУК – Скопје.  Според информации од ЕВН Македонија АД во периодот од 08:30 до 10:00 часот без струја ќе бидат дел од корисниците од улиците „Самоилова“ и „Јоаким Крчовски“, како и објектот на Музејот на Современа Уметност во општина …

Без струја изутринава дел од корисниците во Центар, Зелениково и Ѓорче Петров Read More »

Речиси 500 се избркани од тие што не доаѓале на работа – ќе треба и парите да ги вратат?


Над 300 милиони евра е, според нашите пресметки, вкупниот долг на јавните претпријатија на Скопје, а не како што очекував околу 200 милиони. Ќе треба посериозен ангажман, но тоа е дополнителен предизвик и мотив во намерата да изградиме метропола со која сите ќе се гордееме за кратко време, изјави градоначалникот на Скопје Орце Ѓорѓиевски. Во …

Речиси 500 се избркани од тие што не доаѓале на работа – ќе треба и парите да ги вратат? Read More »

Герасимовски ќе отстранува дивопоставени објекти на плоштадот и Старата чаршија


Инспекциските служби на Општина Центар спроведоа вонредни инспекциски надзори на плоштадот „Филип Втори“ и на влезот на Старата скопска чаршија, соопштуваат од Општина Центар. „При контролата беше утврдено постоење на повеќе диво поставени и заградени објекти. За истите се донесени решенија за нивно отстранување, во рок од 5 дена. Доколку сопствениците не ги отстранат објектите …

Герасимовски ќе отстранува дивопоставени објекти на плоштадот и Старата чаршија Read More »

Чистење на резервоарот Рашче, без вода Рашче, Копаница и Бојане


Чистење на резервоарот на вода во селото Рашче ќе се врши денеска поради што без вода ќе бидат населените места Рашче, Копаница и Бојане.  Од „Водовод и канализација“ информираат дека водоснабдувањето ќе биде прекинато од 9 до 13 часот.  Исто така, поради водоводен приклучок на улицата „Христо Смирненски 13“ од 9 часот до завршување на …

Чистење на резервоарот Рашче, без вода Рашче, Копаница и Бојане Read More »

Над четири и пол илјади тони отпад собрани во акцијата за чистење на Скопје


Над четири и пол илјади тони отпад се собрани во акцијата за чистење на Скопје што ја почна новиот градононачалник на Скопје, Орце Ѓорѓиевски веднаш по преземањето на градоначалничката функција.  (Видео) „Ѓубре офанзива“ во Скопје Во изјава дадена вечерва на плоштадот „Македонија“ по изминувањето на 72 часа, Ѓорѓиевски рече дека акцијата е успешно реализирана и …

Над четири и пол илјади тони отпад собрани во акцијата за чистење на Скопје Read More »

Градоначалникот Ѓорѓиевски информира за акцијата за чистење на Скопје (во живо)


Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски вечерва информира за текот на акцијата за чистење на градот, на истекот на 72 часа од нејзиното започнување. Ѓорѓиевски ја најави акцијата уште во предизборната кампања, а ја почна кога ја презема градоначалничката функција. 

Градоначалникот Ѓорѓиевски вечерва ќе информира за акцијата за чистење на Скопје


Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски вечерва во 20 часот ќе информира за текот на акцијата за чистење на градот којашто завршува денес.  Ѓорѓиевски ја најави акцијата уште во предизборната кампања, а ја почна кога ја презема градоначалничката функција.  Во објава на Фејсбук, Ѓорѓиевски попладнево напиша дека во акцијата биле вклучени повеќе од 2.500 луѓе …

Градоначалникот Ѓорѓиевски вечерва ќе информира за акцијата за чистење на Скопје Read More »

Механизација влезе во коритото на Вардар – се чисти од наноси


Екипи на ЈП „Улици и патишта“ – Скопје деновиве спроведуваат интензивна акција за чистење на коритото на реката Вардар. Според претпријатието, ангажирана е целата расположлива механизација, а работата ќе продолжи сè додека не се заврши целосното расчистување на кејот. Од теренските снимки и фотографии може да се забележи машинско отстранување на насобраниот кабаст и земјан …

Механизација влезе во коритото на Вардар – се чисти од наноси Read More »

Скинат кабел на ЕСМ го остави Студеничани без вода


Без вода за пиење во моментов е село Студеничани, информираат вечерва од Јавното претпријатие „Водовод и канализација“ – Скопје. -Поради скинат кабел од електрична енергија од страна на „ЕВН“, пумпата за снабдување со вода не работи поради немање струја. Прекинато водоснабдување имаат корисниците од село Студеничани од 18:30 часот, појаснуваат од претпријатието. Засегнатите ќе останат …

Скинат кабел на ЕСМ го остави Студеничани без вода Read More »

Прекинато водоснабдување во дел од Шуто Оризари


Поради уличен дефект на улицата „Галичица 30“, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од улиците Галичица, Гвадалахара, Јован Хаџи Шишко, Дринска и Јуриј Розентал. Водоснабдувањето, како што информира „Водовод и канализација“, ќе биде прекинато од 15:25 часот до санирање на дефектот. 

Еколошки, чисти и климатизирани автобуси ветуваат приватните превозници од понеделник


Од понеделник 55 автобуси од приватните превозници се вклучуваат во јавниот градски сообраќај во Скопје, а до нова година ќе бидат вклучени уште 20 возила, што би требало да го подобри градскиот превоз во главниот град. Како што најави и Јовица Зафировски, претставник на приватните превозници, имаат еколошки автобуси, а се надева дека ќе се …

Еколошки, чисти и климатизирани автобуси ветуваат приватните превозници од понеделник Read More »

За БРТ системот во Скопје ќе треба и нов мост на Вардар


  Воведувањето на железницата како дел од јавниот превоз и почетокот на БРТ системот претставуваат клучен чекор кон модерно и еколошко Скопје, смета премиерот Христијан Мицкоски, кој денеска беше на увид на ремонтот на првата линија на градскиот воз од Зелениково до Железничката станица во Скопје . „Овој систем ќе ја растовари гужвата, но уште …

За БРТ системот во Скопје ќе треба и нов мост на Вардар Read More »

Даме Димитровски нов претседател на Советот на Град Скопје


 Даме Димитровски е избран за претседател на Советот на Град Скопје. Тој доби 23 гласа на денешната конститутивна седница на Советот, а беше предложен од  советникот Луке Галески, координатор на советничката група на ВМРО-ДПМНЕ. Димитровски доби поддршка од коалицијата „Твоја Македонија“, ЗНАМ и ВРЕДИ, но за него не гласаа советниците на Левица и СДСМ иако …

Даме Димитровски нов претседател на Советот на Град Скопје Read More »

„Генералката“ ќе продолжи, не е маркетинг, уверува Ѓорѓиевски


 Завршува времето кога Скопје беше град на депонијата. „Генералката“ нема да трае само 72 часа, туку ќе продолжи во континуитет, буквално секој ден, порача денеска градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски. Во обраќањето на првата конститутивна седница на Советот на Град Скопје, Ѓорѓиевски истакна и дека акцијата за чистење што почна синоќа, не е маркетинг. …

„Генералката“ ќе продолжи, не е маркетинг, уверува Ѓорѓиевски Read More »

Ѓорѓиевски: Очекувам Советот на Град Скопје да биде извор на идеи, визии и решенија, а не на поделби


Денес стоиме пред почеток на едно ново, убаво поглaвје за нашиот главен град. Оваа прва конститутивна седница на Советот на Град Скопје е чин со кој испраќаме силна порака дека демократијата живее преку одговорноста, соработката и визијата за подобро Скопје. Овој Совет, избран со доверба од граѓаните, има историска задача да го насочи Скопје кон …

Ѓорѓиевски: Очекувам Советот на Град Скопје да биде извор на идеи, визии и решенија, а не на поделби Read More »

Од Зелениково до Железничка за 25 – од Драчево за 11 минути


  Перфектна синхронизација на градскиот воз и автобусите од градскиот сообраќај ќе треба да се направи за скопјани да имаат оптимални услови да стигнат од оддалеќените краеви на Скопје, до неговиот центар. Денеска во Драчево, директорот на Железници транспорт Синиша Ивановски, заедно со градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски и министерот за транспорт и врски Александар …

Од Зелениково до Железничка за 25 – од Драчево за 11 минути Read More »

Багери влегоа во Вардариште


Од вчера попладнето, багери и тешка механизација влегоа во неформалната депонија Вардариште, да го исчистат површинскиот слчој од ѓубре.  Со вклучени светла, по темница, се расчистуваше дел од Вардариште, депонијата заради која жители на Аеродром и Гази Баба, протестираа и затвораа крстосници 40 дена, затоа што честото потпалување на насобраното ѓубре предизвикуваше пожари, а чадот …

Багери влегоа во Вардариште Read More »

Поради изведување зафат за водоводен приклучок без вода дел од корисниците од улица „Христо Смирненски“


Заради изведување на водоводен приклучок ф-100мм на ул. „Христо Смирненски“ 13, денеска прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од истата улица (потегот од Зур маркет до бул. „Партизански Одреди“). Како што информираат од ЈП „Водовод и Канализација“ Скопје водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување со работните активности.