Без вода корисниците од улицата „Даме Груев“ до Рекорд


Прекинато водоснабдување денеска од 10:30 часот ќе имаат корисниците на дел од улица Македонија (односно потегот од улицата „Даме Груев“ до Рекорд), соопшти ЈП Водовод и канализација – Скопје. Прекинот на водознабдувањето ќе трае до завршување со активностите.  Причина за прекинот на водоснабдувањето е промена на вентил во шахта од Ф-2“на ул. Македонија бб (кај …

Без вода корисниците од улицата „Даме Груев“ до Рекорд Read More »

Можни поплави во западните и северните краишта на земјава


Делови од државата денес влегуваат во нестабилен хидролошки период, откако Управата за хидрометеоролошки работи издаде предупредување за можни излевања и локални поплави на 26 и 27 ноември. Нови, поинтензивни врнежи од дожд се очекуваат на целата територија, а земјата веќе е заситена со влага, што значи дека секој дополнителен литар дожд може многу побрзо да …

Можни поплави во западните и северните краишта на земјава Read More »

Ученици со стомачни болки – труење со храна во едно скопско училиште


Инспекциски служби на Агенција за храна и ветеринарство (АХВ) во соработка со Државниот санитарен и здравствен инспекторат, Институтот за јавно здравје и Центарот за јавно здравје, во моментов спроведуваат вонреден инспекциски надзор во кујната на операторот со храна во ООУ „Димо Хаџи Димов“, утрово по добиено известување од нив, дека поголем број на ученици имаат …

Ученици со стомачни болки – труење со храна во едно скопско училиште Read More »

Ресторанот „Мечка“ во Дебар Маало го узурпирал тротоарот, Општина Центар ја урна дивоградбата


  Во рамките на акцијата за отстранување дивоградби, Општина Центар ја урна нелегалната доградба на ресторанот „Мечка“ во Дебар Маало во Скопје. Сопственикот го проширил ресторанот на целиот тротоар и го заградил со цврсти материјали.  „Нема да дозволиме узурпирање на јавен простор поради приватни интереси. За секој објект каде што ќе утврдиме нерегуларности ќе издадеме …

Ресторанот „Мечка“ во Дебар Маало го узурпирал тротоарот, Општина Центар ја урна дивоградбата Read More »

Континуирано ќе се врши чистење на кејот на Вардар


Се чисти кејот на реката Вардар.  – Континуирано се врши темелно чистење на кејот на реката Вардар, заедно со нејзиното корито, информираа од Град Скопје.  Како што информираше граодначалникот Орце Ѓорѓиевски, екипите на јавните претпријатија во координирана и организирана акција, ги расчистуваат пешачките и велосипедските патеки – сè она што со години беше занемарено и …

Континуирано ќе се врши чистење на кејот на Вардар Read More »

Силен ветер одложи и пренасочи неколку летови на скопскиот аеродром


Силниот ветер и лошите временски услови синоќа повторно го нарушија авиосообраќајот на Меѓународниот аеродром Скопје, што доведе до одложување и пренасочување на неколку летови. Според првичните информации, најмалку два авиолета – од Истанбул и од Венеција – не успеале безбедно да се приближат до пистата и биле пренасочени кон аеродромот во Приштина. Летот од Франкфурт, …

Силен ветер одложи и пренасочи неколку летови на скопскиот аеродром Read More »

Тренд да се напуштаат кучиња! – „Лајка“ повикува на одговорност кај сопствениците на миленици


Се забележува континуиран и загрижувачки тренд на кучиња пронајдени на улица со активен микрочип, односно со јасно идентификувани сопственици. И покрај тоа, дел од сопствениците одбиваат да ги преземат своите кучиња, оставајќи ги во ЈП „Лајка“ и создавајќи дополнителен притисок врз капацитетите на прифатилиштето.   Ова се само девет од кучињата заловени во последниот период, …

Тренд да се напуштаат кучиња! – „Лајка“ повикува на одговорност кај сопствениците на миленици Read More »

Деблокиран е процесот за клучката кај Момин Поток


По неколкумесечен застој, повторно се работи на една од најстратегиските сообраќајни точки во Скопје, место каде што се спојуваат неколку клучни градски правци. Во тек е изградбата на атмосферска канализација Ф1200 на булевар „Никола Карев“ во должина од 550 метри, од мостот на Серава до булевар „Словенија“. Паралелно, се гради и новиот мост на Серава …

Деблокиран е процесот за клучката кај Момин Поток Read More »

„Лајка“ со апел: Донирајте топли подлоги за кучињата во прифатилиштето


ЈП Лајка има потреба од ќебиња, дебели престилки, чаршафи, јамболии, черги или други топли подлоги за кучињата кои го поминуваат хуманиот третман и транзитираат постојано во прифатилиштето, информираат од претпијатието.  – Секој од нас во својот дом има застарени ќебиња, па наместо да завршат во отпад, направете хумано дело и донирајте ги за кучињата згрижени …

„Лајка“ со апел: Донирајте топли подлоги за кучињата во прифатилиштето Read More »

Општина Кисела Вода урна дивоградба во населбата 11 Октомври


Општина Кисела Вода денеска  уриваше дивоградба во населбата „11 Октомври“ по донесено решение за отстранување на објект кој не поседува соодветни технички акти. Станува збор за поранешен деловен објект во сопственост на ГП „Пелагонија 5 – Градилиште механизација“ во стечај, за кој не постои потребната техничка документација и кој никогаш не бил евидентиран во Агенцијата …

Општина Кисела Вода урна дивоградба во населбата 11 Октомври Read More »

Тендерот за изведувач на Универзална сала не поминал и идната недела ќе биде одново објавен


Тендерот за изведувач на Универзална сала не поминал и идната недела ќе биде одново објавен. Според министерот за култура и туризам Зоран Љутков, процесот ќе се одолговлечи за дополнителни два месеца односно до средината на јануари.   -За жал, добивме известување од Комисијата за жалби дека тендерот за Универзална сала не помина бидејќи имаше жалба …

Тендерот за изведувач на Универзална сала не поминал и идната недела ќе биде одново објавен Read More »

Скопје е најголем загадувач на Вардар, затоа треба да се доврши колекторскиот систем и пречистителната станица


Само преку активна и посветена вклученост на сите засегнати страни ќе го заштитиме од загадување и нерационално користење сливот на реката Вардар и ќе изградиме одржлив и ефикасен систем за управување со сите подземни и површински води во државата, е главната порака од настанот „Денови на Вардар 2025“. Преку дискусии, работилници и тренинзи, првиот настан …

Скопје е најголем загадувач на Вардар, затоа треба да се доврши колекторскиот систем и пречистителната станица Read More »

Се затвораат дупките на улиците во Скопје, се ослободуваат тротоарите за пешаци


Во овој момент се работи паралелно на повеќе локации низ целата територија на Скопје и тоа на затворање на ударните дупки на коловизите, а паралелно се редат столпчиња, со кои ќе се отворат тротоарите за движење на пешаци, а не да бидат паркинзи за автомобили. „Екипите на градот интервенираат со ладен асфалт за затворање на …

Се затвораат дупките на улиците во Скопје, се ослободуваат тротоарите за пешаци Read More »

Стефковски потпиша договор за бесплатна градинка на дечиња Роми – ќе влезат ли и децата од Вардариште?


Градоначалникот на Општина Гази Баба, Бобан Стефковски утрово сподели дека потпишале важен договор за поддршка на проектот „Инклузија на деца Роми во јавните општински детски градинки“, со кој обезбедуваат целосно бесплатен престој и инклузија на овие дечиња во предучилишното образование. „Инклузијата се спроведува во клоновите на ЈУДГ 25 Мај, каде што родителите се целосно ослободени од …

Стефковски потпиша договор за бесплатна градинка на дечиња Роми – ќе влезат ли и децата од Вардариште? Read More »

Со 70.000 евра новогодишно ќе се украсува Скопје – 13 метарска елка, светлосни декорации…


Скопје одвојува 70.000 евра за празнично украсување и новогодишна програма. Нови декорации, елка од 13 метри и големи светлосни инсталации ќе го разубават градот оваа зима. Градот Скопје и годинава влегува во трка со времето за да успее навреме да го подготви главниот град за празничниот декор кој традиционално се поставува во декември. Само пред …

Со 70.000 евра новогодишно ќе се украсува Скопје – 13 метарска елка, светлосни декорации… Read More »

„Комунална хигиена“ ги едуцираше стопанствениците за одлагање на отпадот


Во текот на минатата седмица, екопатролата при ЈП „Комунална хигиена“-Скопје реализираше работни средби со  претставници на 102 стопански субјекти – маркети, ресторани, бурекџилници, слаткарници, кафетерии и бутици, со цел нивно запознавање и едукација за начинот на правилно одлагање на отпадот. Во рамките на работните средби, претставниците на Еко-патролата презентираа на кој начин и каде комуналниот …

„Комунална хигиена“ ги едуцираше стопанствениците за одлагање на отпадот Read More »

Без струја село Јаболци и Горно Нерези


Без електрична енергија денеска од 09.00 до 11.00 часот ќе останат корисниците од цело с. Јаболци, во општина Сопиште, информира РЦУК Скопје. Струја од 11.00 до 15.00 часот ќе немаат и дел од корисниците од Горно Нерези во општина Карпош.

Без вода ул. „Георги Казепов“ и Герантолошки завод „13 Ноември“ во Ѓорче Петров


Поради дефект на ул.„Георги Казепов“ бр.16 во населба Ѓорче Петров денеска во 14 прекинато е водоснабдувањето на корисниците на дел од ул. „Георги Газепов“ и Герантолошки завод „13 Ноември“. ЈП „Водовод и канализација“ Скопје најави дека водоснабдувањето ќе биде прекинато до санирање на дефектот.

Без струја ул „Партение Зографски“ во Центар


– Без електрична енергија денеска од 09.00 до 15.00 часот ќе биде дел од ул.„Партение Зографски“ од крстосницата со ул.„Рилски Конгрес“ до бул.„Тодор Александров“ во општина Центар, информира РЦУК Скопје. 

Најмногу дожд во Лазарополе и Гевгелија


Најмногу дожд во изминатите 24 часа наврна во Маврови Анови,  18 литри на метар квадратен, по што следуваат Гевгелија со 17,  Пожаране и Попова Шапка, 16,  Берово, 15, Тетово, 14, покажуваат мерењата на Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).  Во Лазарополе наврнале 10 литри на метар квадаратен,  девет во Струмица, пет во Куманово и Крушево,  четири …

Најмногу дожд во Лазарополе и Гевгелија Read More »