Градските автобуси за Богојавление по неделен возен ред


Од Јавното сообраќајно претпријатие Скопје информираат дека во понеделник, 19 јануари 2026 година, поради верскиот празник Богојавление – Водици, јавниот превоз во главниот град ќе функционира по неделен возен ред. Исклучок од овој режим ќе бидат автобуски линии 18А, 32, 51, 56, 56А, 70, 74, 81, 118 и 180, кои на празничниот ден ќе сообраќаат …

Градските автобуси за Богојавление по неделен возен ред Read More »

За викендот променливо време со дожд, снег и магла – температурите во опаѓање


 За време на викендот на пониските места се очекуваат слаби локални врнежи од дожд, а на повисоките места врнежите ќе бидат од снег. В понеделник и во вторник ќе има преодно стабилизирање на времето, со повеќе суви периоди. Од среда повторно се најавуваат врнежи, претежно од снег, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи. Во текот на …

За викендот променливо време со дожд, снег и магла – температурите во опаѓање Read More »

Без вода дел од Чаир


Без вода во моментов е дел од општина Чаир, соопштија утрово од Јавното претпријатие „Водовод и канализација“ – Скопје. Причината била уличен дефект, а прекинато е водоснабдувањето за корисниците од улиците „Алберт Станиќ“ и „Јосиф Михајлов“. Водоснабдувањето ќе биде прекинато до завршување на работните активности.

ЈСП ги потсетува студентите и пензионерите да ги продолжат билетите


ЈСП Скопје сподели потсетување за корисниците на студентски годишен билет за бесплатно користење на јавен превоз дека неопходно е да го продолжат/заверат билетот за 2026 година. „ЈСП Скопје излегува во пресрет на потребите на студентите и ќе има разбирање, и во таа насока ќе прави отстапки за казнени санкции до 20.01.26 година. Замолуваме до посочениот …

ЈСП ги потсетува студентите и пензионерите да ги продолжат билетите Read More »

Се расчистува депонијата во Карпош – ќе се става и рампа


Од Општина Карпош денеска информираа дека општинските служби задолжени за хигиената на јавниот простор во текот на вчерашниот ден започнале со расчистување на мини депонијата која се наоѓа во близина на СЦ „Борис Трајковски“. „Оваа мини депонија веќе некој период несовесно се полни со шут и друг отпад и имаше тенденција да прерасне во сериозен …

Се расчистува депонијата во Карпош – ќе се става и рампа Read More »

Оглас за закуп на шанк во паркот „Авионче“


Општина Аеродром објави оглас за давање под закуп на урбана опрема – покриен шанк, по пат на електронско јавно наддавање, што ќе се спроведе преку електронскиот систем www.e-stvari.mk.   Предметот на закуп е покриен шанк со вкупна површина од 118,76 квадратни метри, лоциран во паркот „Авионче“ во Ново Лисиче. Објектот располага со кафе-бар, кујна, тоалети, …

Оглас за закуп на шанк во паркот „Авионче“ Read More »

УХМР: Викендов постудено – дожд и снег во пониските и снег на повисоките места и на планините


 Сончево време со мала до умерена облачност ќе се задржи и утре. По одделни котлини во утринските часови ќе има услови за појава на магла. Како што соопшти Управата за хидрометеоролошки работи, во деновите од викендот ќе преовладува променливо облачно и постудено време. Според прогнозата, викендов ќе има локални слаби врнежи од дожд и снег …

УХМР: Викендов постудено – дожд и снег во пониските и снег на повисоките места и на планините Read More »

Без струја делови од Бутел, Чаир и Карпош


 Без електрична енергија денеска од 09.00 до 12.00 часот, ќе бидат дел од корисниците од ул. 1550 место викано Гериз во индустриска зона Визбегово, Општина Бутел, а од 09.00 до 14.00 часот, корисниците од ул. Стојна Стевкова, како и дел од корисниците од ул. 393 во населба Чаир, информира РЦУК – Скопје. Струја од 09.00 …

Без струја делови од Бутел, Чаир и Карпош Read More »

Целосно се обновува фонтаната „Лотос“


Градоначалникот на град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, денеска објави видео во кое вели дека е почната целосна реконструкција на фонтаната „Лотос“ на влезот од Градскиот парк.  – Култната фонтана „Лотос“ повторно го добива својот сјај. Започната е целосна реконструкција на фонтаната која се наоѓа на влезот од Градскиот парк – место што со децении претставува препознатлив …

Целосно се обновува фонтаната „Лотос“ Read More »

Стипендиите во основните училишта во Центар зголемени за 1.000 и 1.500 денари


Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, најави серија мерки за унапредување на образованието и поддршка на учениците во училиштата во локалната самоуправа. „Донесовме одлука за зголемување на стипендиите за талентираните ученици во областа на науката, техниката и посебните вештини, како и за спортските стипендии, за 1.000 денари. Водејќи се од принципот на еднакви можности, стипендиите …

Стипендиите во основните училишта во Центар зголемени за 1.000 и 1.500 денари Read More »

Без струја дел од Центар и Аеродром


Без електрична енергија денеска во периодот од 09.00 до 11.00 часот, ќе бидат корисниците од ул. Наум Наумовски Борче бр. 65 и околните стамбени објекти околу него во општина Центар, а од 09.00 до 15.00 часот, корисниците од дел од ул.Ѓорѓи Андеевиќ Кун во близина на училиштето Димитар Македонски(општина Аеродром), соопшти РЦУК Скопје по добиено …

Без струја дел од Центар и Аеродром Read More »

Без вода објектите на МНТ, Министерството за транспорт и Управата за матични книги


Од 8 часот денеска без вода ќе бидат објектите на МНТ, Музичкото училиште, Министерството за транспорт и врски и Управата за издавање на матични книги во општина Центар. Причина за прекинот е поврзување на водоводна и хидрантска мрежа за стариот објект на Комерцијална Банка на плоштадот Пресвета Богородица бр. 3 од страна на фирмата Бауер …

Без вода објектите на МНТ, Министерството за транспорт и Управата за матични книги Read More »

Почна површинското чистење на депонијата Вардариште – Ѓорѓиевски лиферува промотивно видео без детали


Градоначалникот на Град Скопје Орце Ѓорѓиевски преку својот фејсбук профил информира дека е почнато површинско чистење на депонијата Вардариште.   – Зборот е збор – депонијата Вардариште заминува во историјата! Започна површинското чистење на повеќедецениската депонија Вардариште. Следува процесот на одгасување, а потоа – изградба на еден од најголемите паркови на површина од 300.000 метри …

Почна површинското чистење на депонијата Вардариште – Ѓорѓиевски лиферува промотивно видео без детали Read More »

Ќе се градат 10 нови детски катчиња во општина Кисела Вода


Општина Кисела Вода денеска почна со изградба на првото од вкупно 10 нови детски катчиња, кои ќе се реализираат во целата општина. Првото катче се гради во кругот на ООУ „Св. Климент Охридски“ во селото Драчево. Како што информираат од локалната самоуправа, на гумирана подлога, која го намалува ризикот од повреди и овозможува сигурна игра, …

Ќе се градат 10 нови детски катчиња во општина Кисела Вода Read More »

Герасимовски: 15 милиони денари за поквалитетен и активен живот на пензионерите во Центар


Градоначалникот Горан Герасимовски на средба со Здружението на пензионери на Општина Центар информираше за проектите и програмските активности за унапредување на животот на повозрасните граѓани во локалната самоуправа во 2026 година „Во Буџетот за  тековната година  се обезбедени 15.000.000 денари за активности и проекти наменети за нашите жители од трето доба. Целта е да им …

Герасимовски: 15 милиони денари за поквалитетен и активен живот на пензионерите во Центар Read More »

Проблемите со билетите за инвалиди да се решат во најблиското продажно место


Јавното сообраќајно претпријатие „Скопје“ (ЈСП) ги информира сите корисници на годишните билети за инвалиди доколку наидат на проблем при валидација на картичките да се обратат до најблиското продажно места на ЈСП за активација и регистрација на билетот за 2026 година. Лица со посебни потреби имаат право на повластено користење на јавниот градски превоз на подрачјето …

Проблемите со билетите за инвалиди да се решат во најблиското продажно место Read More »

Анима Мунди: Глутници кучиња од Албанија преку ноќ се појавија во Скопје


Здружението за заштита на животните Анима Мунди алармира и јавно бара итна, темелна и независна истрага поради сериозни индиции за организирано внесување и дислоцирање на кучиња во град Скопје, појава која, како што наведуваат, директно ја загрозува јавната безбедност, благосостојбата на животните и владеењето на правото. Од здружението информираат дека во изминатите денови, на територијата …

Анима Мунди: Глутници кучиња од Албанија преку ноќ се појавија во Скопје Read More »

Нема вода во населбата Водно


Од ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје известуваат дека поради поврзување од стара на нова водоводна мрежа со пречник од ф-200 мм на улицата „Тодор Александров“ бб, денеска од 8:30 часот до завршување на интервенцијата, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од делови од улиците „Тодор Александров“, „Партениј Зографски“ и „Периша Савелиќ“ во населбата Водно (Општина …

Нема вода во населбата Водно Read More »

Без вода дел од Карпош


Поради уличен дефект, без вода од 09:00 часот се корисницоте од улиците „Дрезденска“, „Њуделхиска“, „Алжирска“, „Каирска“, „Бахар Моис“, дел од „Атинска“, „Римска“, „Панче Пешев“, „Наум Евро“ и дел од „Багдатска“, информира ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје. Прекинот во водоснабдувањето ќе трае до санација на дефектот.

Без струја улица „Ловќенска“ во општина Карпош


Без електрична енергија денеска од 10 до 12 часот ќе бидат корисниците од улицата „Ловќенска“ во општина Карпош. Како што информираат од Регионалниот центар за управување со кризи – Скопје, прекинот е поради зафати во електродистрибутивната мрежа.