Се откажува наставата во некои училишта во Скопје поради немање парно


Утрово без парно греење останаа повеќе делови на Скопје. АД ЕСМ Снабдување информира дека е поради зголемени загуби на вода во топлификациската дистрибутивна мрежа. Поради овој дефект првиот училишен ден од второто полугодие поминува со скратени часови. А, во музичкото училиште „Илија Николовски-Луј“ попладнево нема да има настава, јавува Градска.мк. Од ЕСМ Снабдување со топлина […]

Ќе има послабо парно од ЕСМ Снабдување поради зголемени загуби на вода


АД ЕСМ Снабдување информира дека поради зголемени загуби на вода во топлификациската дистрибутивна мрежа кај дел од потрошувачите ќе има намалена испорака на топлинска енергија. – Екипите на Дистрибуција на топлина се на терен и активно работат на изолирање на проблемот, со цел воспоставување стабилен хидрауличен режим во системот и нормализација на снабдувањето со топлинска […]

Од утре дожд и снег


Времето до крајот на денот ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. По одделни котлини во поголем дел од денот со магла и ниска облачност. Ќе дува слаб ветер од променлив правец. Максималната температура во котлините со магла ќе биде во интервал од -3 до 2, а во останатиот дел од земјата од 6 до […]

Турски туристи спасени кај Кањонот Матка откако пријавиле дека се изгубиле


Турски туристи кои се наоѓале спроти ресторанот „Кањон Матка“ синоќа безбедно се префрлени преку езерото. Центарот за управување со кризи денеска информираше дека вчера на бројот 112 е добиена пријава од нив дека не можат да се движат во мракот и дека им е потребна помош за да преминат од другата страна каде се наоѓа […]

Левица ја исклучи од партијата директорката на библиотеката „Браќа Миладиновци“, шурувала со ВМРО-ДПМНЕ


  Левица соопшти дека ја исклучила од партијата директорката на Градската библиотека „Браќа Миладиновци“ во Скопје Снежана Стојчевска поради наводно коруптивно и клиентелистичко влијание, како и несоодветно и своеволно раководење со институцијата. Од партијата велат дека таа во соработка со ВМРО-ДПМНЕ местела конкурси за вработување. „Дисциплинската одлука е донесена бидејќи таа, во дослух и таен […]

Посебен сообраќаен режим во Скопје за Водици


По повод верскиот празник Богојавление-Водици, утре ќе има посебен режим на сообраќај на одредени сообраќајници во централното градско подрачје на Скопје, како и во општините Ѓорче Петров, Кисела Вода и Аеродром.  СВР Скопје соопшти дека во центарот на градот за сообраќај ќе биде затворена улицата „Филип Втори Македонски“ на потег од крстосница со булеварот „Гоце […]

Пријавени над 220 граѓани кои ќе се обидат да го фатат крстот во реката Вардар во Скопје


Над 220 граѓани утре ќе се обидат да го фатат крстот што ќе биде положен во реката Вардар во Скопје, по повод празникот Богојавление-Водици. Осветувањето на водите на реката Вардар и чинот на положување на Чесниот крст и оваа година традиционално го организира Скопската православна епархија при МПЦ-ОА. Како што изјавија за МИА од Скопската […]

Еко-автобусите што ЕУ ги донираше на Скопје речиси два месеци паркирани во депото на ЈСП


Безмалку два месеци поминаа откако во депото на Јавното сообраќајно претпријатие Скопје, пред десетици новинарски екипи и многубројни политичари, беа промовирани шест еко-автобуси кои се донација од Европската Унија. И покрај тоа што помина толку време, скопјани сè уште не се возат во нив, иако директорот Драги Кушовски на настанот на 26 ноември, кажа дека […]

Без вода корисниците од улицата „Ванчо Мицков“


Поради дефект во шахта (промена на вентил од ф3/4“ – цол) на ул. „Ванчо Мицков“ бр.18 (општина Карпош), прекинато водоснабдување ќе имаат дел од корисниците од оваа улица. Како што информираат од ЈП „Водовод и канализација“ прекинот во снабдувањето со вода ќе биде од 09:00 часот до завршување на санација на дефектот. 

Од понеделник автобусите ќе возат по вообичаен возен ред и во зголемен број


Од понеделник Јавното сообраќајно претпријатие „Скопје“ ќе вози по вообичаен ред и со зголемен број на автобуси. Оттаму потенцираат дека јавниот превоз во Скопје во текот на зимскиот распуст за учениците сообраќаше по редуциран делничен зимски ред, а тоа ќе важи до крајот на зимскиот училиштен распуст.

Дел од жителите на „Ленинова“ без вода поради дефект на приклучна цевка


Поради дефект на приклучна цевка денеска без вода ќе бидат дел од жителите на улица „Ленинова“, на потегот од булеварот „Митрополит Теодосие Гологанов“ до улицата „Никола Тримпаре“. Како што соопштуваат од ЈП „Водовод и канализација“, прекинот ќе биде од 9 часот до санирање на дефектот. – Поради дефект на приклучна цевка од Ф 1” (цол) […]

Карпош субвенционира замена или поправка на покриви


Согласно Програмата за уредување на градежно земјиште за 2025 година, Општина Карпош денеска за своите сограѓани објави Јавен повик за доделување финансиска подршка за поправка и санација на кровни покривачи на станбени згради за колективно домување и замена на азбестни кровни покривачи на индивидуални станбени објекти (куќи), на своја територија. Во таа насока, за колективните […]

Прекин во водоснабдувањето на повеќе улици во Општина Карпош


Од ЈП Водовод и канализација информираат дека денеска ќе има два прекини во водоводната мрежа во Општина Карпош.  Поради промена на вентил од ф 2 на ул. „Никола Парапунов“ бр.5 прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од истата улица. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 10:00 часот до завршување на работните активности. Поради дефект на приклучна цевка […]

Поради снегот, Итната помош во Скопје деновиве имала 254 интервенции


Поради снегот и појавата на голомразица, од 11 јануари до вчера, скопската Итна медицинска помош имала вкупно 254 интервенции. Доктор Рихад Реџепи, шеф на смена во скопската Итна медицинска помош, за МИА изјави дека во овие 254 интервенции имало и сообраќајки, повредени граѓани кои паднале лизнувајќи се по мразот, лица во алкохолизирана состојба кои се […]

Нападнат контролор на ЈСП „Скопје“


Контролор во автобус на ЈСП „Скопје“ синоќа бил физички нападнат на подрачјето на Центар од едно машко лице кое немало билет. Како што се наведува во МВР-билтенот, се работи за С.А.(44) од Скопје, кој синоќа во 19:20 часот случајот го пријавил во СВР Скопје. Според пријавата, инцидентот се случил во 19:02 часот. Полицијата презема мерки […]

Снег до среда, а потоа стабилно и студено време


Утре во земјава ќе има повремени врнежи од претежно слаб снег во западните и југозападните делови. Ќе дува слаб до умерен северен ветер. Утринските температури насекаде ќе бидат негативни. Како што најавуваат од Управата за хидрометеоролошки работи во деновите потоа ќе преовладува стабилно и понатаму студено време, со ниски утринските температури кои поради разведрувањето дополнително […]

Потрошени 3,5 милиони евра за снегот и мразот по улиците, без тендер за одржување на патиштата


За оваа зима, државните институции во земјава склучиле договори за јавни набавки за зимско одржување на улиците и патиштата во вредност од 219 милиони денари, односно 3.569.106 евра, соопшти Центарот за граѓански комуникации (ЦГК). „Склучени се вкупно 49 поединечни договори, коишто, покрај изнајмување возила и работници за зимско одржување, вклучуваат и набавки на сол и […]

Карпош остана без електрична енергија, екипи на ЕВН работат на поправка на дефектот


Поради испад во трафостаница во општина Карпош, поголем дел од општината е без електрична енергија, соопштија од Општина Карпош. Во известувањето наведуваат дека без електрична енергија е поголем дел од општината, односно населбите Карпош 1, Карпош 2, Карпош 3, Карпош 4, Тафталиџе, како и делови од Влае и Злокуќани, додека во моментот веќе се излезени […]

Снешковци го чуваат Градскиот парк


Денешниот снег во Скопје, радост за децата и возрасните. Дел од оние кои викендов останаа во главниот град, побрзаа во Градскиот парк да му се радуваат на снегот, а направија и куп снешковци. Сите со различна големина, со различен дизајн на нос, капа, раце… Весело се насмевнуваат на минувачите и будно го чуваат Градскиот парк.  […]

Снежната радост стигна и во Скопје (галерија)


Скопје виде снег – првпат зимава, а и по подолго време, главниот град се разбуди под снежна прекривка. Снегот, кој од синоќа почна да паѓа во Скопје, ги прекри улиците, тревниците, дрвјата и покривите. Наликува на зимска бајка. Одличен е и тајмингот! Викенд е, а повеќето деца, кои се останати дома, се израдуваа на белилото […]