Дел од Општина Бутел без вода


 Без вода денеска се дел од корисниците лоцирани на улиците „Душко Поповиќ“, „Томе Пуре“, „Боца Иванова“ и „Бутелска“ во Општина Бутел.  Како што информира ЈП „Водовод и канализација“ –  Скопје, прекинот е поради уличен дефект на „Душко Поповиќ“ 27. Водоснабдувањето ќе биде прекинато до санирање на дефектот. 

Над 50 учесници од креативните сектори на Саемот на креативни индустрии


Во индустрискиот амбиент на едукативниот културен центар „Лабораториум“ денеска се одржува Саемот на креативни индустрии, настан кој ги обединува креативците. Организиран од здружението „Балкан синема ситис“ и Унијата на македонски организации во креативните индустрии (УМПАКИ), со поддршка од Министерството за култура и туризам и Британскиот совет, саемот обединува над 50 учесници од различни креативни сектори. […]

Приватните автобуси повторно на скопските улици


Во јавниот градски превоз од денеска се вклучуваат и приватните превозници, но не со целиот капацитет. Во сообраќај, како што најавија во саботата, ќе се вклучат оние превозници кои имаат финансиски можности. Автобусите на ЈСП – Скопје од петокот сообраќаат во редовните термини, но Владата во четвртокот им позајми нафта само за седум дена, за колку […]

Мицкоски предвидува нови 100 до 120 електрични автобуси по локалните избори


 Премиерот Христијан Мицкоски очекува до следната летна или есенска сезона во земјава да има нови 100 до 120 електрични автобуси кои ќе сообраќаат во јавниот градски превоз во градовите кои имаат организирано таков превоз. -Во моментов го скенираме пазарот и анализираме за колкав најбрз период можат да дојдат помеѓу 100 и 120 автобуси, но истовремено […]

„Бербер шоу“ во Скопје по повод месецот на машкото здравје


Секцијата на фризери при Занаетчиска комора – Скопје денеска во Скопје традиционално ќе одржи „Бербер шоу“ на фризери по повод месецот на машкото здравје „Movember“, каде ќе учествуваат мајстори – бербери од од целата држава, кои ќе се погрижат за изгледот на оние, кои ќе дојдат за да им се средат брадата и мустаќите. – […]

Приватните превозници од понеделник се вклучуваат во сообраќај, но не со целиот капацитет


 Од понеделник во јавниот градски превоз се вклучуваат и приватните превозници, но не со целиот капацитет. Нивни претставници денеска изјавија дека во сообраќај ќе се вклучат оние превозници кои имаат финансиски можности. Апелираат до градоначалничката на Град Скопје, советниците и Владата на заеднички состанок да најдат заеднички прифатливо решение за нивното барање за зголемување на […]

Повик за донација на книги во рамките на иницијативата „Сподели Авторка“ во „Лабораториум“


Здружението за еднакви можности „Мрежа Стела“ денеска напладне во „Лабораториум“ организира настан за донација на книги во рамките на иницијативата „Сподели Авторка“. Целта на иницијативата, која започна пред три години, е промовирање на женското литературно творештво и достапноста до феминистичката литература во јавните библиотеки. – Но, „Сподели авторка“ е многу повеќе од ширење и поддржување […]

Владата анализира проект за набавка на 100-120 електрични автобуси за јавниот градски превоз во Скопје и во други градови


Премиерот Христијан Мицкоски вечерва најави нов предлог проект кој е во фаза на анализа за набавка на 100-120  електрични автобуси кои што нема да бидат распределени само за ЈСП-Скопје, во контекст на одржливо решавање на проблемот со јавниот градски превоз во Скопје, туку  и за општини каде што има организиран јавен градски превоз. – Анализираме […]

Да се обезбедат автобуси од Шуто Оризари – оти за еден месец пак ќе има протест


Автобуси од Шуто Оризари кон центарот на Скопје немало и денеска, а состојбата е таква речиси секојдневно, во последните месеци, рече градоначалникот на Општина Шуто Оризари, Курто Дудуш, кој денеска со голем број жители на оваа скопска општина се појави на протест пред канцелариите на Град Скопје. – Бараме итно да постапите по возниот ред […]

(Во живо) Протест на жители од Шуто Оризари пред Град Скопје


Пред канцелариите на Град Скопје попладнево се одржува протест поради состојбата со јавниот превоз и недостиг на автобуси во главниот град.  Во Скопје два дена не сообраќаа автобуси поради тоа што ЈСП Скопје немаше нафта. Возеа само триесетина автобуси од кои 25 возат на гас. Состојбата беше надмината откако Владата донесе одлука на ЈСП да […]

Не паркирајте под високи или суви стебла, апелираат од „Паркови и зеленило“ ќе има невреме


Поради најавите од УХМР за засилен ветер во попладневните часови, проследен со врнежи од дожд, од ЈП Паркови и зеленило апелираат до граѓаните да не ги паркираат возилата под високи или суви стебла, со цел да се избегнат несакани последици.  Од УХРМ со предупредување за обилен дожд. – Денес времето ќе биде претежно облачно со врнежи […]

Засадени 40 илјади садници во Општина Ѓорче Петров


Општина Ѓорче Петров денеска спроведе масовна акција за пошумување во атарот на село Кучково, со која се опфатени опожарените површини од пред неколку години. На површина од 20 хектари засадени се 40.000 садници од црн бор, чемпрес и јасен.  Во акцијата, како што информира Општина Ѓорче Петров, учествуваа екипи на ЈП „Национални шуми“, градоначалникот Александар […]

Дел од Карпош без вода


Поради ефект на приклучна цевка, без вода од 09:30 часот ќе бидат корисниците од улиците „Стокхломска“, „Његошева“, „Петар Драганов“, „Софиска“ и „Бриселска“ во општина Карпош. Водоснабдувањето ќе биде прекинато до санирање на дефектот, соопшти ЈП Водовод и канализација – Скопје.

Започна новогодишното украсување, Центар е прва општина што украсува


  Градоначалникот на Општина Центар Горан Герасимовски информира дека синоќа почна новогодишното украсување на улиците во Општина Центар. „И оваа година со празнично украсување внесуваме новогодишна магија во секое катче на нашата општина. Со внимателно одбрани декорации, елки, светлосни фигури и уникатни украси, целта е да создадеме атмосфера што ќе ги инспирира и обедини сите […]

За денеска најавено нормализирање на автобускиот превоз во Скопје


Според синоќешните најави, денеска се очекува да се нормализира автобускиот сообраќај во Скопје, откако вчера Владата донесе одлука на јавното сообраќајно претпријатие да му позајми нафта за следните седум дена од државните резерви.  Директорот на Јавното сообраќајно претпријатие Скопје Драги Кушовски синоќа за МИА потврди дека нафтата пристигнува во базните станици на претпријатието во Автокоманда […]

Советот на Град Скопје побара да продолжат разговорите за нормализирање на состојбите во градот


Координаторите на советничките групи на Советот на Град Скопје, вечерва, на 15. вонредна седница постигнаа консензус и донесоа заклучок со којшто ја поздравија одлуката на Владата за позајмување на нафта од државните резерви за потребите на Јавното сообраќајно претпријатие (ЈСП) и побараа заедно во координација со ЗЕЛС, да продолжат разговорите со Град Скопје за нормализирање […]

Нафтата стигна до базните станици на ЈСП – изутрина нормализиран автобуски превоз во Скопје


Нафтата од државните резерви е на пат кон базните станици на Јавното сообраќајно претпријатие и се очекува утре изутрина да има нормализиран автобускиот превоз во Скопје, најави пред вонредната седница на Советот на Градот Скопје советникот од ВМРО-ДПМНЕ Мартин Стојановски.   – Според нашите информации, моментално се доставува нафтата до базите во Автокоманда и Ѓорче Петров, […]

(Во живо од седницата на Советот) – Град Скопје ја поздрави одлуката на Владата да обезбеди гориво за ЈСП


Откако два дена скопјани мака мачат со автобусите на ЈСП, кои изостанаа од сообраќај поради недостиг на гориво, проблемот времено го реши Владата која дозволи гориво да се точи од државните резерви во следните седум дена, а од Град Скопје ја поздравија оваа одлука.    – Ја поздравуваме одлуката на Владата со која конечно се […]

Арсовска го нарече „небулозно“ образложението на Бирото за јавни набавки при регулирана цена на горивата


Градоначалничката Данела Арсовска го нарече „небулозно“ образложението на Бирото за јавни набавки за поништената набавка на гориво еуродизел за автобусите на ЈСП „Скопје“, поради што колабираше јавниот превоз во главниот град. Арсовска, во интревју за Телма, вели дека не може да се зборува за подобра или полоша понуда за набавка на гориво во ситуација кога […]

Додека скопјани мрзнеа на автобуските, Арсовска била на семинар во Бразил


Додека граѓаните на Скопје се соочуваат со недостиг на јавен превоз, градоначалничката Данела Арсовска минатиот викенд учествувала на семинар во Бразил, без тоа да биде најавено од  нејзиниот тим, објави порталот „Рацин“.   Во периодот од 14 до 17 ноември, Арсовска била дел од состанок на „Urban 20“ во рамките на Г-20, каде дискутирало за […]