Град Скопје објави оглас за членови на Скопје ЕПК 2028


Град Скопје во согласност со одлуката на Советот на Град Скопје го објави јавниот повик за избор на независни стручни лица – членови на телото Скопје ЕПК 2028, чија цел е водење, спроведување и координација на активностите кои произлегуваат од титулата Скопје 2028 Европска престолнина на културата.   Јавниот повик е отворен за учество за […]

Без вода селото Грчец


Поради реконструкција на водоводна мрежа денеска без вода ќе биде селото Грчец, информираат од јавното претпријатие „Водовод и канализација“.  Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 10 часот до завршување на работните активности. 

Без струја дел од потрошувачите во општините Гази Баба и Аеродром


Без електрична енергија во одреден временски период денеска ќе останат дел од потрошувачите во општините Гази Баба и Аеродром. Од ЕВН Македонија АД информираа дека без струја во периодот од 09.00 до 12.00 часот, ќе останат дел од потрошувачите на ул. „Панче Пешов“ бр.1,3,5 и 7, во општина Гази Баба, а во периодот од 08.30 […]

Пуштање во употреба на пешачката и велосипедската патека Матка – Шишево


Во рамки на проектот „Сарај и Лебане заедно за зелениот туризам – Green Tour“, денеска во општина Сарај ќе бидат пуштени во употреба пешачката и велосипедската патека Матка – Шишево. Како што информира Општина Сарај, ова е прва директна инвестиција од Европската Унија во кањонот Матка преку Програмата за прекугранична соработка Србија – Северна Македонија. […]

Николоски: Автобусите за ЈСП ќе се плаќаат на осум рати во четири години


 Министерството за транспорт  во соработка со Генералниот секретаријат и Владата прави испитување на пазарот за најавената набавка на електрични автобуси за јавниот градскиот превоз. -Не е на ниво на желба. Во соработка со Генералниот секретаријат и Владата правиме испитување на пазарот. Ова беше работа која требаше да ја прави ЈСП, но за жал состојба е […]

Жичницата на Водно нема да работи утре


Јавното сообраќајно претпријатие – ЈСП Скопје известува дека утре жичницата на Водно нема да биде во функција поради предвидени технички зафати. Во четврток објектот ќе продолжи да работи со вообичаено работно време.

Скопје ќе се украсува, а како ќе се знае следната седмица


Скопје ќе добие новогодишно украсување, но сѐ уште не се знае точно кога би почнало да се поставува. Според градоначалничката Данела Арсовска, постапките се веќе отпочнати и повеќе информации за јавноста најави од наредната седмица. -За тогаш ќе имаме и информации и за новогодишната ноќ и за сето останато, рече денеска Арсовска на прес-конференција по […]

Со 20 милиони евра, ќе се гради подземна гаража под плоштадот „Скендербег“ во Скопје


Владата донесе одлука да одвои 20 милиони евра за изградба на подземна гаража под плоштадот „Скендербег“. Овој повеќегодишен проект кој предвидува изградба на 371 паркинг-место, распоредени на две нивоа ќе се простира на повеќе од 13.000 метри квадратни. Соодветно, ќе има обезбедено места за лица со посебни потреби, рече министерот за животна средина и просторно […]

Меџити: Владата пак ќе даде нафта за ЈСП-Скопје доколку не успее тендерот


Владата ќе излезе во пресрет на потребите на ЈСП-Скопје доколку не успее тендерот за набавка на нафта, вели министерот за животна средина и просторно планирање Изет Меџити. -Целта на оваа Влада е децентрализација и тоа се покажува и со средствата што се издвоени – оваа година 100 милиони евра за општините, наредната 250 милиони евра, […]

Арсовска: Долгот кон ЈСП ќе биде 10 милиони евра – веќе не можеме да дискутираме за бесплатен јавен превоз


Долгот на централните власти кон Јавното сообраќајно претпријатие (ЈСП) Скопје од јануари идната година ќе изнесува десет милиони евра и Советот треба да дискутира дали воопшто ќе има бесплатен превоз за сите, а не само за студентите од приватните универзитети, изјави денеска градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска. Превозот за студентите, вкучително и за оние […]

Скопје доби шест еколошки автобуси, донација од Европската унија (Фото)


  Јавното сообраќајно претпријатие (ЈСП) од Скопје денеска преку проектот „ЕУ за чист воздух“ доби шест нови еколошки автобуси на компримиран природен гас, донација од Европската унија.   „Оваа активност која денес ја спроведуваме е проект вреден 10 милиони евра којшто ќе придонесе за намалување на загадениот воздух, бидејќи тоа е еколошки проблем што го […]

ЈСП ќе добие шест автобуси на гас донација од ЕУ


Во Дирекцијата на Јавното сообраќајно претпријатие „Скопје“ во Автокоманда денеска ќе бидат примопредадени шест нови еколошки автобуси на компримиран природен гас. Автобусите се донација за возниот парк на ЈСП од Европската Униуја преку проектот „ЕУ за чист воздух“. -Овие автобуси претставуваат значаен чекор на патот на Град Скопје кон намалување на емисиите, подобрување на квалитетот […]

Без струја делови од Бутел, Карпош и Сарај


Корисниците од ул. „Александар Турунџов“ во општина Бутел денеска од 8 до 12 часот ќе останат без електрична енергија. Според известување од ЕВН Македонија АД, од 9 до 12 часот денеска струја ќе немаат и корисниците од ул. „Панче Пешев“ бр. 1, 3, 5 и 7 во општина Карпош и корисниците од селата Глумово, Шишево […]

Без вода дел од корисниците во општина Карпош


 Корисниците на потегот од ул. „Љубљанска“ до ул. „Никола Парапунов“ во општина Карпош денеска од 9 часот ќе немаат вода. Како што соопшти ЈП Водовод и канализација – Скопје, прекинот во водоснабдувањето е поради дефект на приклучна цевка ф 5/4“ на бул. „Илинден“ бб и ќе трае до негово санирање.

Скопје вечерва пак е меѓу најзагадените градови во светот: Осмо место на глобалната листа на IQAir


Скопје, македонската престолнина, вечерва се наоѓа на осмото место на глобалната листа на градови со највисока загаденост на воздухот, со индекс на квалитет на воздухот ((ФОТО) Скопје вечерва пак е меѓу најзагадените градови во светот: Осмо место на глобалната листа на IQAir од 179. Според податоците од IQAir, најзагадениот град во светот е Сараево, Босна […]

Добротворен дипломатски базар во „Мериот“ за најранливите категории


На повеќе од 15 штандови, амбасадите и културните центри во Македонија и други ќе промовираат и продаваат производи и сувенири од своите држави, во рамки на Дипломатскиот добротворен базар DMWC, на Светскиот ден на детето, на 30 ноември, од 11 до 16 часот во хотел Мериот, Скопје, под покровителство на словенечкиот амбасадор во Македонија,  Грегор […]

ЈСП Скопје утре ја добива донацијата од шест електрични автобуси


  Урбаниот транспорт е еден од главните фактори за аерозагадувањето, затоа утре шест електрични автобуси ќе бидат донирани на Градот Скопје, односно на ЈСП, од ЕУ, додека пред одлука сме Владата да купи 100 до 120 електрични автобуси коишто потоа ќе бидат донирани на јавниот транспорт по општините, најави првиот вицепремиер и министер за животна […]

Поставен камен темелник на нова градинка во Расадник со капацитет за 120 деца


Камен-темелник на нова градинка во населбата Расадник со капацитет за 120 деца, беше поставен денеска во присуство на премиерот Христијан Мицкоски, градоначалникот на општина Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски и на заменик министерот за социјална политика, демографија и млади Ѓоко Велковски. Како што беше соопштено на настанот, објектот ќе се протега на површина од 795 квадратни […]

Герасимовски: 1500 пријавени пензионери на повикот за доделување еднократна парична помош


Општина Центар информира дека 1.500 пензионери досега се имаат пријавено на јавниот повик за доделување еднократна парична помош во висина од 2.500 денари за пензионери со старосна, семејна, инвалидска или социјална пензија не повисока од 23.758,00 денари. Градоначалникот на Општина Центар Горан Герасимовски потенцира дека јавниот повик којшто се имплементира трета година по ред се […]

(Во живо) Изјави на Мицкоски и Ѓорѓиевски


– Премиерот  Христијан Мицкоски присуствува на поставување камен темелник за изградба на градинка во рамки на постојната ЈДГ „8 Март“ во Општина Кисела Вода.