Без струја делови од општините Ѓорче Петров и Аеродром


Без електрична енергија денеска ќе бидат корисниците од дел од општините Ѓорче Петров и Аеродром. Од ЕВН Македонија информираат дека во периодот од 09.00 до 16.00 часот, без електрична енергија ќе останат дел од корисниците во Кисела Јабука, улиците „44“,„46“,„54“,„62“,„64“,„66“ и „68“. Во периодот од 12.00 до 14.00 часот, без струја ќе бидат корисниците од […]

Дел од скопските општини Гази Баба и Карпош без вода


Без вода денеска од 09:00 часот ќе бидат корисниците од ул. „Благоја Стефковски“ и населбата Хиподром во Општина Гази Баба. Како што информира Јавното претпријатие „Водовод и канализација“ – Скопје, прекинот е поради изведување на водоводен приклучок ф-100 мм на ул.„Благоја Стефковски“ бр.152. Исто така, од 09:00 часот без вода ќе бидат корисниците од булеварот […]

Без вода утре дел од општина Карпош


 Без вода за пиење во текот на утрешниот ден ќе остане дел од општина Карпош, информираат денеска од Јавното претпријатие „Водовод и канализација“ – Скопје. Водоснабдувањето ќе биде прекинато поради уличен дефект за дел од корисниците од булеварот „Илинден“, односно потегот од „Бледски договор“ до „Манапо“ и улиците „Драгиша Мишовиќ“, „Роберт Кох“, „Трифун Пановски“, „Радика“, […]

Нов плоштад кај „Стела“ во Аеродром


Општина Аеродром добива нов и современо уреден сквер меѓу кулите кај поранешната слаткарница „Стела“, во внатрешниот дел покрај булеварот „АСНОМ“ во населбата Јане Сандански. Станува збор за целосна реконструкција на плочникот меѓу зградите на површина од околу 2.800 м2, со што овој простор ќе добие нов сјај со содржини приспособени за сите генерации. Покрај замената […]

Ленче Нелоска именувана за нов директор на Геронтолошкиот завод во Скопје


Докторката Ленче Нелоска е поставена за нов директор на Геронтолошкиот завод во Скопје, откако претходниот директор беше приведен во полициска акција поради сомнежи за примање поткуп.​ Нелоска веќе ја извршувала оваа функција во минатото, што укажува на нејзиното искуство и познавање на работата на установата. До неодамна, таа беше и претседателка на Советот на Општина […]

Инспекторатот на Општина Карпош провери 50 градби и изрече 26 казни


 Општина Карпош продолжува со засилен инспекциски надзор врз сите градилишта на своја територија, со цел да се обезбеди законска, безбедна и одговорна урбана изградба. Во текот на изминатата недела, од страна на градежен и комунален инспектор, како и со активно присуство на комуналните редари, беа спроведени над 50 контроли на терен.   Како резултат на […]

Главната улица во Волково девет месеци стои раскопана – жителите бараат да се асфалтира


Жителите на скопската населба Волково јавно ја алармираат јавноста и надлежните институции за катастрофалната состојба на главната улица во населбата, која веќе подолг временски период претставува извор на секојдневни проблеми, материјални штети и небезбедност. Иницијативата бара итно асфалтирање на улицата и директно ги повикува Општина Ѓорче Петров, Градот Скопје, Министерството за надворешни работи, пратениците во […]

Без струја дел од Волково и Сопиште


 Без електрична енергија денеска од 09.00 до 13.00 часот ќе бидат дел од корисниците од ул. „103“  – Волково во близина на кружниот тек во Волково, а од 09.00 до 14.00 часот, дел од корисниците од ул. „100“ и „21“ во село Волково, општина Ѓорче Петров, информира РЦУК – Скопје. Прекин во снабдувањето со електрична […]

Карпош, Ѓорче Петров и Сопиште денеска без струја


Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат: · Oд 08:00 до 16:00 часот, дел од корисниците во Стопански Двор. (Општина Ѓорче Петров); · Oд 09:00 до 13:00 часот,ул.24 с.Сопиште КАЈ ИЦЕ МАК (Општина Сопиште); · Oд 09:00 до 14:00 часот, дел од корисниците на ул.Ванчо Мицков,во Долно Нерези (Општина Карпош) […]

Од попладне посебен сообраќаен режим во Центар, Ѓорче Петров и Аеродром поради верскиот празник Велигден


По повод верскиот празник „Воскресение Христово-Велигден” од попладне ќе биде воведен посебен сообраќаен режим на одредени сообраќајници во централното градско подрачје и во општините Ѓорче Петров и Аеродром. Како што соопшти МВР, во периодот од 18 часот во центарот на Скопје по потреба за сообраќај ќе бидат затворени бул.„Партизански Одреди” од крстосницата со ул.„Франклин Рузвелт” […]

Посебен режим на сообраќај утре во Скопје по повод Велигден


По повод верскиот празник „Воскресение Христово-Велигден” утре (19.04.2025), Единицата за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје ќе воведе посебен режим на сообраќај на одредени сообраќајници во централното градско подрачје на град Скопје, како и во општините Ѓорче Петров и Аеродром.   Имено, утре во периодот од 18.00 часот па до завршувањето на настанот по […]

Работно време на Управните служби на МВР за време на Велигденските празници


Министерството за внатрешни работи во пресрет на претстојните Велигденски празници, соопшти дека денеска сите Отсеци за управни работи при Одделот за управни работи на МВР, освен Одделението за управни работи Скопје, ќе работат во периодот од 08.00 до 16.00 часот. Одделението за управни работи Скопје, пак, односно неговите организациони единици денеска ќе работат со следниот […]

Дел од Аеродром без струја


Поради технички зафати во дистрибутивната електромрежа, денеска без електрична енергија ќе останат дел од корисниците од Општина Аеродром, соопшти РЦУК – Скопје. Во периодот од 09:00 до 12:00 часот без струја ќе останат корисниците од Булеварот „Видое Смилевски Бато“, делот кај што се вкрстува „Фебруарски Поход“ карши „Рамстор“ во Ново Лисиче во Општина Аеродром.

Паркирањето во Општина Центар за време на Велигденските празници ќе биде бесплатно


Паркирањето во Општина Центар за време на Велигденските празници ќе биде без наплата за сите граѓани, информираат од ЈП Паркинзи на Општина Центар. – На 18, 20 и 21 април граѓаните ќе можат да паркираат без надомест на сите паркиралишта со кои стопанисува ЈП Паркинзи на Општина Центар. Од ова исклучок се затворените паркиралишта Дилајла […]

Паднато дрво оштети три автомобили и скина кабли од бандерите кај „Млечен ресторан“ во Скопје


Во Центарот за управување со кризи (ЦУК) преку Единствениот повикувачки број за итни случаи 112 е добиена пријава за паднато дрво на улицата „Анкарска“ во Скопје кај  популарно именуваниот реон „Млечен ресторан“. Паднатото дрво има оштетено три автомобили, а при паѓањето има скинато и кабли од бандера, информираат од ЦУК.  Нагласуваат дека полиција е на […]

По повод Велигден автобусите од ЈСП во петок и понеделник ќе сообраќаат по неделен возен ред


по повод верскиот празник Велигден, за време на продолжениот викенд од 18.04.2025 год. (петок) до 21.04.2025 год. (понеделник), автобусите од јавниот превоз ќе сообраќаат по неделен возен ред. Работно време на билетарници и центри за персонализација Во сабота (19.04.2025 год.) билетарниците и центрите за персонализација ќе работат со редовното работно време. Во петок (18.04.2025 год.) […]

Нелегална градба во Козле – наместо потпокрив, си граделе станови


Инспектори во Козле открија нелегална градба. Станарите добиле одобрение зза градба за кос покрив, но наместо тоа почнале со градба на четири нови стана. Градоначалникот на Општина Карпош, Стевчо Јакимовски, им порача на граѓаните да не влегуваат во вакви авантури затоа што инспекторите се на терен, а вложените пари ќе завршат во ветер. „Денес, заедно […]

ПОЦ нема да наплатува на паркингзите за време на Велигденските празници


Паркирањето во општина Центар за време на Велигденските празници ќе биде без наплата за сите граѓани. Во петок, недела и понеделник граѓаните ќе можат да паркираат без надомест на сите паркиралишта со кои стопанисува ЈП Паркинзи на Општина Центар. Од ова исклучок се затворените паркиралишта Дилајла и Трготекстил. Согласно програмата за неработни денови за 2025 […]

Шалтерите на ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје утре ќе работат до 15.30 часот, понеделник е неработен ден


 Утре (петок), шалтерите за наплата, шалтерите за рекламација и операторите во Дирекцијата на ЈП Водовод и канализација – Скопје ќе работат од 07:30 до 15:30 часот, известуваат од јавното претпријатие. Оттаму додаваат дека 21 април 2025 година (понеделник) е неработен ден. 

Општина Карпош издаде 24 прекршочни платни налози на градежниците


Општина Карпош информира дека во последнава недела Инспекторатот изрече 12 прекршочни платни налози од комуналните редари, 8 Прекршочни платни налози за правно лице и одговорно лице во правното лице од комунален инспектор и 4 прекршочни платни налози за правно лице и одговорно лице во правното лице од градежниот инспектор, или вкупно до денес 24 прекршочни платни налози. […]