Вработените во Општина Центар учеа како да користат ПП апарат


По повод Светскиот ден за безбедност и здравје при работа, Општина Центар организираше обука за ракување со противпожарни апарати. Безбедноста и здравјето на вработените се наш врвен приоритет. Обуката ја спроведе лиценцирана фирма за сервисирање на противпожарни апарати „Пламстоп“. Со знаење и навремена реакција не само што спасуваме човечки животи, туку и ја подигаме свеста […]

Без струја делови од неколку скопски општини


 Корисниците од ул. „Црноризец Храбар“ во општина Аеродром денеска од   8 до 13 часот ќе останат без електрична енергија, соопшти РЦУК-Скопје по известување добиено од ЕВН Македонија АД. Од 8.30 до 13 часот струја ќе немаат дел од корисниците од с.Сарај – пат за Љубин (кај џамијата) во општина Сарај, а од 9 до 11.30 […]

Горан не е само спомен, тој е присуство – одбележан 73-тиот роденден на големиот драмски автор Стефановски


Во Дебар Маало, на местото каде што спомените оживуваат, денеска беше одбележан 73-тиот роденден на големиот драмски автор Горан Стефановски.   Настанот ,,Горан е тука“ што се одржа кај спомен клупата посветена на уметникот, беше исполнет со одлични уметнички изведби кои силно потсетија на неговото дело и на неговата трајна вредност за македонската култура.   […]

Одбележување на 73. роденден на нашиот драмски автор Горан Стефановски


По повод 73. роденден на големиот драмски автор Горан Стефановски, денеска, напладне, кај спомен-клупата во Дебар маало ќе се одржи настанот „Горан е тука“. Како што стои во соопштението на Општина Центар, на одбележувањето ќе настапи музичката група „Аудио Скопје“ и ќе се читаат одбрани текстови од и за Горан, во изведба на Саша Димитриевска, […]

Учениците од „Лазо Ангеловски“ шампиони во шах на екипното првенство во Аеродром


Денеска во ООУ „Љубен Лапе“ се одржа Екипно првенство во шах меѓу основните училишта Секое од осумте училишта беше претставено со по две екипи, во две различни категории, една екипа составена од ученици од прво до петто одделение и една екипа составена од ученици од шесто до деветто одделение. Сите учесници беа генијални во настапите, […]

Општина Аеродром ќе набави нова механизацијата за одржување на јавните површини


Екипите на Јавното комунално претпријатие на општина Аеродром се секојдневно на терен и покрај неповолните временски услови периодов проследени со дожд, интензивно работат на одржување и косење на јавните зелени површини, соопштија од локалната самоуправа.  – Механизацијата со која располага комуналното претпријатие е постојано активирана, како и голем број работници кои се ангажирани за косење […]

Општина Центар аплицира со 8 проекти за унгарските пари – за општинска зграда не стигна


Општина Центар ќе аплицира со осум проекти за парите од унгарскиот кредит што Владата преку ресорните министерства ги распределува низ општините, но меѓу нив не е новата општинска зграда. – Ќе аплицираме со осу проекти. Имаме подготвени апликации за изградба на 4 пјацети, две реконструкции на фекална и атмосферска канализација, партерно и хортикултурно уредување на […]

Сообраќајка го парализираше центарот на Скопје


Тешка сообраќајна несреќа со учество на повеќе возила попладнево се случи на раскрсницата помеѓу улиците „Даме Груев“ и „Димитрие Чуповски“ во центарот на Скопје. Несреќата предизвика голема гужва и долги колони возила, поради што се апелира до возачите да го избегнуваат овој дел од градот додека трае увидот и расчистувањето на патот. Повеќе информации се […]

Салата „Работнички“ во септември ќе биде пуштена во употреба


Градоначалникот на Општина Центар Горан Герасимовски и претседателот на СДСМ Венко Филипче, денеска извршија увид во градежните активности за реконструкција на спортската сала „Работнички“ во Градскиот парк.   Првата фаза од обновата е комплетно завршена, и отпочната е реконструкција на втората фаза која предвидува целосна реконструкција и проширување на теренот, поставување нова еластична подлога според […]

Кисела Вода аплицира со 16 проекти на вториот владин повик, во финална фаза се уште неколку


Општина Кисела Вода денес поднесе нови 10 апликации за проекти на вториот повик на Владата за финансирање на капитални инфраструктурни инвестиции, со што вкупниот број на поднесени апликации достигна 16. И овие, како и проектите кои беа одобрени со првиот повик и чија релизација е во тек, се насочени кон модернизација и развој на клучната […]

Паркот „Радост“ се израдува пред избори – две години по помпезниот почеток


Изградбата и уредувањето на новиот парк „Радост“ во Реонски центар во Општина Аеродром е во завршна фаза и во зависност од временските услови, се очекува паркот да го добие својот финален изглед до средината на следниот месец, соопштија денеска од Општина Аеродром. Изградбата на овој парк почна пред две години, со поддршка на Делегацијата на […]

Општина Ѓорче Петров поставува нова сообраќајна сигнализација на 11 улици


Општина Ѓорче Петров продолжува со сериозните напори за подобрување на сообраќајната безбедност, со нови интервенции кои вклучуваат поставување на современа сообраќајна сигнализација. Во рамки на тековните активности, на 11 улици во урбаниот и руралниот дел на општината, беа поставени гумени забавувачи на брзината (легнати полицајци), сообраќајни знаци за ограничување на брзината, како и сферни огледала […]

Герасимовски: Аплицирај за субвенции за велосипед, јавниот повик е во тек


Општина Центар информира дека во тек е јавниот повик за доделување субвенции за велоспеди, е-велосипеди, е-тротинети, како и за дополнителна опрема. На повикот можат да се пријават сите граѓани кои имаат живеалиште во Центар, а проектот се одвива по принципот „прв дојден, прв услужен. Градоначалникот Горан Герасимовски ги повикува сите центарци да аплицираат и да […]

Се јави девојката за која се споделуваше дека е исчезната – тоа е лажна тревога


Девојката Симона Стојкова од Скопје, за која се појави објава на страницата „najdime.org.mk“ дека е исчезната, никогаш не била пријавена како исчезната во полициска станица. Таа самата ја демантираше информацијата преку објава на својата „Фејсбук“ страница. „Драги пријатели, сите што ме познавате лично и оние што не ме познавате – објавата што денес се прошири дека […]

МВР: Зајакнати мерки за непрописно паркирани возила во централно градско подрачје


МВР вчера во центарот на Скопје презеде 20 мерки за непрописно паркирани возила. -Вчера во периодот од 17:00 до 20:00 часот од страна на Одделението за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје преземени се зајакнати мерки за санкционирање на непрописно паркираните возила низ централното градско подрачје за зголемување на безбедноста во сообраќајот при што […]

Без струја делови од општините Ѓорче Петров и Сопиште


 Денеска без снабдување со електрична енергија ќе бидат делови од општините Ѓорче Петров и Сопиште.  -Во периодот од 09.00 до 14.00 часот, без струја ќе бидат делл од корисниците на ул. „100“ и ул. „21“ во Волково, општина Ѓорче Петров, информираат од РЦУК.  Според информациите од АД „ЕСМ“ кои ги пренесува РЦУК, во периодот од […]

Затворен базенот во „Борис Трајковски“ – паднал дел од таванот


Од спортскиот центар „Борис Трајковски“ информираат дека пливачкиот базен привремено да нема да работи. – Поради изведба на технички зафати од поголеми размери, пливачкиот базен нема да работи од 22.04.2025. За повторно отпочнување со работа, навремено ќе бидете известени на веб страната, како и на фејсбук страната. Интензивно работиме на отстранување на дефектот и на […]

Норвешка туристка алармира за нехумани услови во Скопската ЗОО


Норвешка туристка, Елена Хаген Мокошеин, испрати писмо до редакцијата на Мета.мк, заедно со фотографии, при што детално опишува сериозни пропусти во грижата за животните и недостиг на основни стандарди за нивна добросостојба. „Она што го видов не беше само разочарувачко – беше вознемирувачко“, пишува Мокошеин. Таа додава дека смета оти „условите во кои се чуваат […]

Откако жителите се заканија со радикализација, Град Скопје започна да ја реконструира улицата во Волково


По острите реакции на жителите, Град Скопје под раководство на Данела Арсвоска започна со реконструкција на улицата која води до Волково. По реакциите на граѓаните и известувањата на медиумите за главната улица која ги поврзува Ново Село со Волково, а која девет месеци стои раскопана, од вчераутро екипи на ЈП „Улици и патишта“ почнаа со […]

„Горан е тука“ – во Дебар Маало ќе се одбележи роденденот на великанот на македонската драматургија


На 27 април од 12 часот, кај спомен-клупата на Горан Стефановски во скопско Дебар Маало ќе се одржи настанот „Горан е тука“, со кој ќе се одбележи 73. роденден на великанот на македонската драматургија. Стефановски е роден на 27 април 1952, а почина на 27 ноември 2018. Споменикот е поставен во триаголниот парк спроти кафеаните […]