Општина Ѓорче Петров по прв пат доделува субвенции за набавка на клима-уреди и топлотни пумпи


Во насока на промовирање на енергетската ефикасност и заштитата на животната средина, Општина Ѓорче Петров за прв пат распишува јавен повик за доделување субвенции за граѓаните кои набавиле клима уред или топлотна пумпа за затоплување на своите домаќинства. Право на аплицирање имаат сите жители на територијата на Општина Ѓорче Петров кои: – имаат пријавено живеалиште […]

Угина мајмунка од редок вид во ЗОО, се бара одговорност


Од Зоолошката градина во Скопје информираат дека угинала женка од загрозениот вид сијаманг. Смртта на животното се случила неодамна, а причините ќе бидат официјално соопштени веднаш по добивањето на резултатите од обдукцијата, која е извршена од стручњаци од Факултетот за ветеринарна медицина. „Со цел поголема транспарентност, како што тоа е пракса и од минатото, јавноста […]

Ѓорѓиевски: Бесплатно летување за најуспешните спортисти


И оваа година, продолжуваме со успешната пракса на наградување на младите спортски таленти со бесплатно летување како дел од стратегијата за поддршка на спортот и здравиот начин на живот. Победниците во Лигата на училишен спорт, која опфаќа натпревари во кошарка, фудбал, одбојка и ракомет во машка и женска конкуренција, ќе имаат можност да летуваат во […]

Герасимовски: Центар со финансиска помош за Кочани, кога е најтешко да си подадеме рака


Општина Центар ќе помогне со финансиски средства на Општина Кочани. Ова вчера беше договорено во Кочани на средбата помеѓу градоначалникот на Центар Горан Герасимовски и В.Д градоначалникот на Кочани Венко Крстевски. „На вчерашната средба договоривме да му помогнеме на Кочани со финансиски средства што ќе искористат онаму кадешто е најпотребно. Кога е најтешко мора да […]

Пречистителната станица во Скопје во напредна фаза од изградбата


Град Скопје кој започна во исто време со градовите во регионот како Подгорица, Приштина и Бања Лука, е во најнапредна фаза на изградба на новата пречистителна станица за отпадни води, најголемиот еко-капитален проект во регионот. Проектот го имплементира ЈП „Водовод и канализација“ Скопје, со силна поддршка од Европската Унија преку Европската банка за обнова и […]

Базар на користена уникатна облека и предмети „Artisan Sunday“ со над 30 изложувачи повторно во „Лабораториум“


Во Културно- едукативниот центар „Лабораториум“ денеска од 12 до 18 часот ќе се одржи ново издание на „Artisan Sunday“, во организација на Re:store маркет. „Artisan Sunday“ е уникатно искуство за креативци и љубителите на одржливата мода со тоа што го комбинира духот на бувјак со современи базари и цели кон создавање на инклузивна, креативна и […]

Герасимовски има план центарот на Дебар Маало да биде затворен за возила во викендите


  Денеска, во рамки на караванот „Се гледаме во маало“, градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, и тим од општинската администрација се сретнаа со жители на плочникот кај Зелен пазар. На маалската средба се дискутираше за сите досега реализирани проекти со кои Општина Центар значително го подобри секојдневието на центарци. Покрај тоа, беа споделени и […]

Арсовска: Претседателката на УО на „Комунална“ е осудена за убиство – 3 години саботира нова опрема


Градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска, денеска остро ја обвини Јулијана Спировска, претседателка на Управниот одбор на ЈП „Комунална хигиена“, дека ја саботира работата на претпријатието и со години опструира одлуки од витално значење за функционирањето на службите за одржување на јавната чистота. Во  објава на Фејсбук, Арсовска вели дека Спировска е осудено лице за кривично […]

Екипи на Општина Кисела Вода расчистуваа „мини депонии“


Градоначалникот на Општина Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски сподели дека нивните екипи од Секторот за местни заедници изминативе денови интензивно работеле на расчистување на мини депониите кои беа создадени на територијата на општина Кисела Вода, од страна на несовесни граѓани. Генерално, како што соопшти, се работело за кабаст отпад и шут. Правилното складирање и управување со […]

Општина Карпош обезбеди нови противпожарни апарати за сите училишта и градинки


Оваа година локалната самоуправа од општинската каса издвои 1.440.000 денари за набавка на нови противпожарни апарати, наменети за сите основни училишта и детски градинки на територија на Карпош. По тој повод, градоначалникот Стевчо Јакимовски, денеска беше во обиколка на ООУ „Христијан Тодоровски Карпош“, каде непосредно ја констатираше фактичката состојба со оваа училишна установа од аспект […]

Арсовска откри фирма што копа на државно земјиште, а го поткопала и кабелот на далноводот за Скопје


Во општина Гази Баба, фирма затекната од инспекторат на град Скопје при вршење нелегални активности, правење огромна дива депонија со градежен и опасен отпад и бесправна експлоатација на земјиште, без лиценци, елаборати, дозволи и одобренија, што претставува сериозна опасност по здравјето на граѓаните и животната средина. Апелираме до Министерството за внатрешни работи да постапи, бидејќи […]

Град Скопје со по 20.000 денари субвенционира инвертери


Градот Скопје, со цел зголемување употреба на високоефикасни инвертер клима уреди за затоплување, кои се поекономични, енергетски поефикасни и еколошки прифатливи за околината, на жителите кои набавиле уред во 2025 година ќе им ги надомести трошоците до 20.000,00 денари по домаќинство.   Право на учество на јавниот повик имаат жители на градот Скопје кои набавиле […]

Се одложи судењето за убиството на бездомното куче Феликс, активистите в недела излегуваат на протест


Се одложи судското рочиште за свирепото убиство на бездомното куче Феликс. Поради тоа, актвистите за заштита на правата на животните повикаа на мирен протестен марш, што ќе се одржи на 15 јуни (недела), со почеток во 12:00 часот, пред Министерството за внатрешни работи. „Судот немаше друг избор, почитувајќи го начелото на правичност, освен да ја […]

Кражбите на надгробни бисти веројатно се поради нелегална трговија со метали и легури


Во изминатиот период зачестија пријавите до полицијата за кражби на надгробни бисти од гробиштата во Скопје. Во неколку наврати беа пријавувани и кражби на бисти од споменици во училишта и паркови низ Скопје На територија на СВР Скопје во 2025 година, споредбено со 2024 година, овие кражби се зголемени, потврдуваат од полицијата за Скопје Инфо. […]

Се реконструираат дел од сервисните улици на бул. „Јане Сандански“


В. д. градоначалникот на Општина Аеродром, Дејан Митески, заедно со министерот за локална самоуправа, Златко Перински, денеска извршија увид во почетокот на реализацијата на проектот за целосна реконструкција на дел од сервисните улици на бул. „Јане Сандански“. Станува збор за реконструкција на сервисните улици на потегот од зградата со број 40 до зградата со број […]

Викендов „Од нива до трпеза“ на паркот „Авионче“ во Аеродром


Општина Аеродром ве поканува на настанот „Од нива до трпеза – сѐ од нашата општина” на 14 и 15 јуни (сабота и недела), во Парк Авионче, со почеток од 11:00 часот.   Посетителите ќе имаат можност да дегустираат квалитетни домашни производи од сите региони на Македонија, да уживаат во богата музичка програма и да се […]

Томевски: Пожарот кај Вардариште ставен под контрола и се догаснува


Пожарот кај Вардариште е ставен под контрола и во моментов се догаснува. На терен се 25 пожарникари со осум противпожарни возила, изјави за МИА командантот на Територијалната противпожарна бригада на Град Скопје (БППЗ) Звонко Томевски.  Томевски појасни дека превентивно морале да исклучат два далеководи, еден на ЕВН и еден на МЕПСО зошто работат во нивна […]

Гори Вардариште, а Аеродром, Маџари, Хиподром, Јурумлери немаат струја


Два дена гори Вардариште, а во моментот екипи на противпожарната служба повторно го гасат пожарот. Граѓани незадоволни на официјалните Фејсбук страници на општина Аеродром и неформалните групи споделуваат фотографи и испраѓаат повици да се стави крај на оваа практика, на Вардариште да се палат кабли за да се дојде до бакарот во нив. Денеска пак, […]

На Театар комедија осамна мурал за Светскиот ден на рисот


Со мурал од балкански рис и мала прослава, Македонското еколошко друштво денеска го прослави Светскиот ден на рисот. „Конечно најдовме дом за муралот, најдовме и артист кој го нацрта, и најдовме човек кој има визија и кој е отворен за соработка, а тоа е директорот на Театар Комедија – Дарко Спасов. Целта ни е со […]

Арсовска до Ѓорѓиевски: На здравје да ви е кафето со Вики Ганиу – доаѓам и во Кисела Вода


  Градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска, во постови на поранешна новинарка на социјалните мрежи, препозна нарачка од претендентот за нејзината фотелја, Орце Ѓорѓиевски, сегашен градоначалник на Кисела Вода. Исто така, преку пост на Фејсбук Арсовска, му порачува дека штом заврши со Висар Ганиу, градоначалникот на Чаир и дивоградбите за кои обвинува дека ги гради и […]