Без струја корисници од делови во Аеродром, Карпош, Петровец и Илинден


Од 8.30 до 12.30 часот денеска без електрична енергија ќе бидат корисниците од ул. „Тодор Чангов“ – крак 49 во општина Аеродром и корисниците од селата Кожле, Летевци, Бадар, Горно Блаце, Катланово и Градманци во општина Петровец. Како што соопшти РЦУК по известување добиено од ЕВН Македонија АД, без струја денеска од 9 до 12 […]

Корисниците од неколку улици во Скопје попладнево без вода поради улични дефекти


Дел од корисниците од ул.Славејко Арсов, ул.Рилски  Конгрес и ул.Христо Чернопеев денеска од 16:30 ќе имаат прекинато водоснабдување, поради уличен водоводен дефект Ф 80мм на ул.Славејко Арсов бр.12а, информира ЈП Водовод и канализација – Скопје. Прекинот, како што додава ЈП Водовод и канализација – Скопје, ќе трае се до остранување на дефектот. Без вода од […]

Во следните денови нѐ очекуваат поројни дождови, ќе се намалат и температурите


Поројни дождови со грмежи во повеќе делови од земјата нѐ очекуваат попладнево и во следните неколку денови. Според прогнозата на Управата за хидрометеоролошки работи, денеска времето ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност, попладне, во северните делови, ќе има услови за локален развој на нестабилна облачност со пороен дожд и грмежи, […]

Водовод продолжува со апел за рационално користење на водата за пиење


ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје во текот на вчерашниот ден повторно констатира енормно зголемена и неконтролирана потрошувачка на водата, која на дневно ниво изнесува околу 360.000 кубни метри. Како последица на сето ова, градскиот водоводен систем функционира со намален притисок и со повремени прекини на вода во делови од градот, велат од јавното градско […]

Политичарите за 26 јули: Никогаш да не се повтори, солидарноста нема да се заборави


Делегација на Град Скопје предводена од Градоначалничката Данела Арсовска, оддаде почит на жртвите од катастрофалниот земјотрес кој пред 62 години главниот град го остави во урнатини. Скопје се сеќава на 26 јули 1963 година, ден кој засекогаш го промени ликот на градот, трагедија која одзеде над илјада животи. Никогаш да не се повтори! Овој ден […]

Скопје одбележува 62 години од катастрофалниот земјотрес


Скопје денеска ја одбележува 62. годишнина од катастрофалниот земјотрес што се случи на 26 јули 1963 година, кога животот го загубија 1.070 лица, а 3.000 беа повредени. Во знак на почит и сеќавање на жртвите во катастрофалниот земјотрес, денеска во 10 часот делегации од Собранието и од Градот Скопје ќе положат цвеќе пред Споменикот на […]

Ќе се испитува статиката на „Влајко“, „Партизанска“ ќе се затвора дел по дел


Во вторник, на 29 јули, ќе започнат работните активности за статичко испитување на надземниот премин „Влајко“ во населбата Влае. Поради изведување на стручните мерења ќе биде воведена времена измена на сообраќајниот режим, која ќе се реализира во две фази, информираат од Општина Карпош. Во првата фаза се предвидува затворање на дел од сообраќајницата, односно булеварот […]

Шукова: Железница на кеј на Вардар – Уште еден од низата на проекти без стратегија за урбано Скопје!


„Идејата за железница покрај кејот на Вардар е исклучително погрешна. Тоа е последното нешто што му треба на Скопје. Кејот на Вардар е едно од ретките места што им преостануваат на граѓаните за мир и рекреација од хаосот на секојдневието во градот. Да се уништи тој простор со шини и бучава би било културен и […]

Фото вест: Не престануваме да се сеќаваме и на сеќавањето!


Во својата долга историја, главниот град на македонија, Скопје, повеќе пати пропаѓал и одново се раѓал. Една таква девастирачка катаклизма се случила при катастрофалниот земјотрес во Скопје, на 26 јули 1963 година во пет часот и 17 минути, а помали потреси имало до пет часот и 43 минути. Биле урнати 15.800 станови, а оштетени 28.000. […]

Калето „страдало“ за 8 милиони денари (130.000 евра)?


Скопското кале денеска е расчистено, со помош на ЗЕЛС, откако Министерството за култура и туризам, не добило никаков одговор од Град Скопје и „Паркови и зеленило“, тврди министерот за култура Зоран Љутков.  Тој денеска, на прес-конференција заедно со претседателот на ЗЕЛС, Орце Ѓорѓиевски и неколку скопски градоначалници од редовите на владејачката ВМРО-ДПМНЕ, како и со […]

Скопје одбележува 62 години од катастрофалниот земјотрес


Скопје денеска ја одбележува 62. годишнина од катастрофалниот земјотрес што се случи на 26 јули 1963 година, кога животот го загубија 1 070 лица, а 3 000 беа повредени. Во Музејот на град Скопје вечер во 20 часот, во чест и сеќавање на жртвите во катастрофалниот земјотрес, што пред 62 години го остави градот во […]

САД ја осудија објавата на Макрон за признавање на палестинска држава


 Соединетите Американски Држави остро го критикуваа соопштението на францускиот претседател Емануел Макрон дека ќе ја признае палестинската држава, нарекувајќи го овој потег невнимателен и штетен за мировните напори, пренесе ДПА. – Оваа невнимателна одлука служи само за пропагандата на Хамас и го кочи мирот, напиша американскиот државен секретар Марко Рубио на X. – Овој потег […]

Поради технички зафати без струја неколку улици во Гази Баба и Кисела Вода


Поради технички зафати во електродистрибутивната мрежа денеска без струја во одредени временски периоди ќе бидат неколку улици во општините Гази Баба и Кисела Вода, соопшти Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје по ЕВН Македонија АД. Во периодот од 06:30 до 12:00 часот, струја нема да имаат дел од ул. Перо Наков фирмите, […]

Бизнисот побара посебни зони во Скопје и железница на Кејот, Ѓорѓиевски вети поддршка


  Да се елиминира поделбата на надлежностите која создава големи проблеми, особено во урбанистичката сфера, да се одвојат посебни локации за развој на бизнисот во Скопје и да се направи железница покрај кејот на Врадар која ќе ја растовари комуникацијата во центарот и ќе го олесни протокот на луѓе, услуги и стоки. Ова се само […]

Кога миленик станува бездомно животно: Последиците од напуштањето врз градот и општеството


Напуштањето на домашни миленици, особено кучиња, не е само лична или семејна одлука – тоа е чин што остава трајни последици врз целиот град и неговото функционирање. Она што за некого е „само едно куче“, за градот станува проблем со јавно здравје, безбедност, етика и јавна потрошувачка.   Урбани последици: улиците стануваат привремени засолништа   […]

Скопје полно со млади спортисти – се рушат и светски рекорди


Естонката Алика Инкери Мозер е првата олимпијка која, во Скопје, со прескокнати 4,52 метри постави нов светски рекорд, надминувајќи го претходниот од 4,51 метар во скок во височина со стап. Таа настапува на Европскиот младински олимписки фестивал – Скопје 2025, а да го сруши светскиот рекорд ѝ успеа на 40 степени Целзиусови, иако, вели во […]

Скопје кубури за вода, апел за рационално користење


ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје апелира до сите жители на Скопје за рационална и совесна употреба на водата за пиење, како и избегнување непотребно трошење на водата за полевање на зеленило, бавчи и ниви, за перење автомобили, за полнење на базени и сл. Како што соопшти ЈП „Водовод и канализација“ и денеска се продолжува […]

Без струја дел од жителите на неколку улици во Карпош и Кисела Вода


Центарот за управување со кризи по добиено известување од ЕВН Македонија АД информира дека денеска без електрична енергија ќе останат дел од жителите на Карпош и Кисела Вода.   Во периодот од 09.00 до 15.00 часот, без струја ќе бидат дел од корисниците од ул. Бриселска во Општина Карпош, а во од 09.35 до 12.00 часот, […]

Врвулици луѓе во скопската чаршија на +40 степени Целзиусови


Скопје „гори“ на температури од над 40 степени Целзиусови, но Старата скопска чаршија е полна луѓе. На пладне, тесните чашриски улички ги врват бројни намерници. Дел од нив туристи, дел наши граѓани, кои летниот одмор го поминуваат во татковината, а наскоро ќе се вратат на својот живот, некаде преку границите.  Покрај препораките од надлежните, да […]