Ганиу: 13.000 дивоградби наследи Изет Меџити во 2005, по 2011 Данела има легализирано некои


Градоначалникот на Чаир, Висар Ганиу, жестоко ѝ возврати на градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска, која преку фејсбук-статус неодамна побара негово апсење поради, како што наведе, „злосторничко здружување, фалсификување јавни исправи, перење пари, злоупотреба на службена должност и загрозување на безбедноста на граѓаните на Чаир“. Арсовска ги повика полицијата и институциите да преземат итни мерки за […]

Џиновска крофна во центарот на Скопје – нова герила порака против корупцијата


По Гостивар и Струмица, третата и последна герила акција од проектот „Младите луѓе во С. Македонија: Клучна алка во градењето општество без корупција“ се реализираше во Скопје на улица „Македонија“. Овојпат, активистите поставија визуелна инсталација во форма на џиновска крофна, со порака „Една четвртина од јавните пари се трошат на коруптивен начин“. „Четвртината што недостасуваше […]

Доцниме две години, правиме сѐ Скопје да не ја изгуби титулата за Град на културата во Европа за 2028, вели Љутков


На програмата со која Скопје ја доби титулата за европска престолнина на културата во 2028, која ја дели заедно со Ческе Будјејовице во Чешка и Бурж во Франција, Град Скопје, како носител на проектот, работи, а формирано е и Координативно тело од 13 членови кои одржаа веќе неколку состаноци, брифираше денес, министерот за култура и […]

Љутков очекува Универзална сала да биде реновирана до крајот на 2027


Запрашан до каде е постапката за Универзалната сала во Скопје и кога можеме да очекуваме таа да биде целосно санирана и пуштена во употреба, министерот за култура, Зоран Љутков денес ги брифираше медиумите дека пред две недели поднел информација на седница на Влада за постапките. Вели дека се завршени сите заклучоци и сите процеси кои […]

Утревечер, поради снимање филм, затворена улицата од Црвен крст до Градска болница


На 31.07/01.08.2025 година во периодот од 20 до 4 часот, поради снимање на филм затворен ќе биде во двете насоки на движење бул.„11-ти Октомври“ на потегот од крстосница со ул.„Даме Груев“ до крстосница со бул.„Кочо Рацин“ во Скопје. Од тие причини Единицата за безбедност на патниот сообраќај ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќај, […]

Без вода неколку улици во Скопје


Поради менување вентил во шахта, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од улиците „Антоние Грубишиќ“, „Пиринска“, „Наум Наумовски – Борче“ и „Ленинова“. Предвидено е водоснабдувањето да биде прекинато од 8:30 часот до завршување со работните активности.

По 2.000 денари еднократно ќе добијат 525 пензионери од Општина Бутел


Градоначалникот на Oпштина Бутел денеска го потпиша решението за исплата на еднократна финансиска помош и поддршка на пензионерите. 525 пензионери од оваа скопска општина ќе добијат финансиска помош во висина од 2000 денари. – Финансиската поддршка значи повеќе сигурност и достоинство за нашите највозрасни сограѓани! Средства што за многумина значат покривање на секојдневните трошоци.  Комисијата продолжува со […]

Меџити: Најверојатно ќе бидам кандидат на ВРЕДИ за градоначалник на Чаир


Првиот вицепремиер и министер за животна средина и просторно планирање Изет Меџит денеска истакна дека најверојатно тој ќе биде кандидат за градоначалник на Чаир на ВРЕДИ на престојните локални избори. Меџити денеска на потпишување на договор за набавка на опрема за управување со отпад за 18 општини од Југозападниот и Пелагонискиот регион, одговарајќи на новинарско […]

Обвинетиот за нападот на градоначалничката Арсовска не се чувствува виновен


На денешната главна расправа пред Основниот кривичен суд во Скопје, обвинетиот Сулејман Јамалари изјави дека не се чувствува виновен за нападот врз градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска. Сулејман Јамалари, поранешен вработен во ЈП „Паркови и зеленило“, е обвинет дека извршил грубо насилство врз градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска. Инцидентот се случил на 11 јули […]

Јавниот превоз во Скопје на почек – поништен тендерот за набавка на 120 еколошки автобуси


Министерството за транспорт го поништи тендерот за избор на понудувач за набавка на 120 електрични еколошки автобуси за јавен превоз и станици за полнење, откако надлежната Комисија утврдила дека единствената пријавена компанија не ги исполнува условите од објавениот повик.  Прес-службата на Министерството за транспорт најави дека во следниот период ќе се направат дополнителни анализи околу […]

Tри улици од Карпош ќе останат околу шест часа без струја


Во периодот од 08.15 до 13.30 часот, без струја ќе бидат корисниците од улиците Иван Цанкар – парни броеви, Франц Прешерн – непарни броеви и Вангел Дину ( општина Карпош ), информира ЦУК по известување добиено од ЕВН.

Без вода корисници на ул. „Пиринска“ во Центар и на крстосницата Тајмишка/ Зеничка во Железара


Корисниците на ул.„Пиринска“ бр. 52 во општина Центар денеска од 09:00 часот ќе имаат прекинато водоснабдување поради менување вентил на шахта на улицата, информира ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје. Водоснабдувањето ќе биде прекинато до завршување со работните активности. Од ЈП „Водовод и канализација“ известуваат и дека поради уличен дефект ф-80 мм на крстосницата Тајмишка/ […]

Изменет сообраќаен режим кај надвозникот „Влајко“ поради испитување на статиката


Во населбата Влае кај надвозникот „Влајко“ од денеска ќе биде воведен изменет сообраќаен режим поради започнување на активности за статичко испитување на конструкцијата. Како што соопштуваат од Општина Карпош, работите ќе се реализираат во две фази, со затворање на делови од булеварот „Партизански одреди“ по принципот лента по лента. -Во првата фаза се предвидува затворање […]

Со скрининзи навреме ќе се откриваат и лекуваат болестите на црниот дроб


Со примена на современи дијагностички методи преку скрининзи навреме ќе се откриваат и лекуваат болестите на црниот дроб. Тоа е целта на националната јавно-здравствена кампања за подигнување на свеста, превенција, рана дијагностика и елиминација на вирусните хепатити и црнодробниот карцином што се спроведува по повод 28 јули, Светски ден на борба против хепатитис. Околу 40.000 […]

Арачиново се заштитува од поплави: Исчистен ободниот канал


Ободниот канал за заштита од поплави во Арачиново е целосно санира и исчистен од вегетација во должина од 295 метри, за што од Министерството за животна средина и просторно планирање потрошени се 63 милиони денари (нешто повеќе од милион евра). Министерството за животна средина и просторно планирање само во изминатите месеци инвестираше уште дополнителни 93 […]

До крај на септември ќе профункционира зонското паркирање во Ново Лисиче и Реонски центар


Најдоцна до крај на септември треба да почне зонското паркирање во Ново Лисиче и во Реонски центар, во скопската Општина Аеродорм.  „Зонското паркирање во Реонски центар ќе почне паралелно со зонското паркирање во Ново Лисиче. Општината изготви проект, чека одобрување од Град Скопје и МВР, а бидејќи сме во координација со „Градски паркинг“, подготвени се […]

Мултимедијалниот центар со кино-сала и изложбен простор во Ново Лисиче треба да е готов до 2027 година


Во наредниве две, две и пол години Ново Лисиче ќе добие мултифункционален простор, со кино-сала изложбен простор и мултимедијален дел, објект кој треба да послужи најмногу на независната сцена уметници. За таа цел, денеска министерот за култура Зоран Љутков и в.д. градоначалникот на општина Аеродром Дејан Митески потпишаа договор и најавија дека центарот ќе биде […]

Гази Баба собира хаварисани возила – сопствениците казнети


Општина Гази Баба започна акција за подигнување на отпадните возила оставени на јавни површини, кои подолг период ги узурпираат тротоарите, улиците и паркинг местата во општината.   Акцијата ја спроведува Инспекторатот на Општина Гази Баба и ќе трае сè до целосно отстранување на сите возила за кои се води постапка согласно Законот за постапување со […]

Полноќно враќање на Ќосето пред „Континентал“


Во текот на ноќта, на кружниот тек кај хотелот „Континентал“ во Скопје беше повторно поставен споменикот на Андон Лазов Ќосето, кој пред шест години беше отстранет од пред зградата на Врховниот суд од страна на тогашната градска власт, предводена од поранешниот градоначалник Петре Шилегов. Одлуката за враќање на споменикот беше донесена од Советот на Град […]

Ќе се испитува статиката на надземниот премин „Влајко“, од утре привремен сообраќаен режим


Од утре во 7.30 часот ќе почнат работни активности – стручни мерења за статичко испитување на надземниот премин „Влајко“ во населбата Влае и заради безбедност ќе биде воведен привремен сообраќаен режим. Се очекува да трае седум работни дена и да се реализира во две фази. Како што соопшти Општина Карпош, во првата фаза се предвидува […]